Име според родители

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Многу од нас имаат име според родителите (или баба, дедо) на таткото или мајката.
Во минатото ова било сосема нормална појава, како знак на почит кон родителите и тоа претежно оние на таткото.
Денес таа традиција скоро и да исчезнува, но сепак понекаде е присутна сеуште.
Дали вие би му дале име на своето дете според нечии родители или роднини? И ако да, спред чии?
Или, што ако сте вие против ова, а вашиот партнер е за? Какво решение би било најпаметно во ситуацијата? Или обратно, вие сакате нечие име да живее преку името на вашето дете, а партнерот сака сосема ново име.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Не сакам такви работи, ,многу ми е глупава работа. И шо ќар ако детето мое се вика според дедо ми/татко ми/не е битно кој?
Ама баш ништо:)
Или, што ако сте вие против ова, а вашиот партнер е за? Какво решение би било најпаметно во ситуацијата? Или обратно, вие сакате нечие име да живее преку името на вашето дете, а партнерот сака сосема ново име.
Ако партерката сака така да биде името океј, нека биде. Ама нека има у план дека ќе раѓа уште едно дете да го крстиме по мое:)
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Јес да сум љубител на традиции и тако даље, ама оваа ептен ме нервира. Воопшто не ја сакам. Јес да можеби ќе му е мило на свекорот ако пример син ми го крстам на него, ама едноставно не сакам ќе живее и без тоа... Особено ако има некое без веза име и да го крстам само ради реда па да ме проколнува детето цел живот после:smir: Мислам дека најпаметно е да си одберат име родителите, и никој да не им се меша во изборот. И не сакам повторување на едни 3 имиња со генерации.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Најпаметно е родителите сами да си го изберат името на детето. Тие ќе го гледаат, нивно е. Најмногу мразам кога по комшии гледам дека бабите и дедовците не само што се мешаат, туку и се закануваат ако детето не биде крстено по некој од нив, или па нивниот предлог за име не биде прифатен.
Името на моето дете ќе го донесеме јас и неговиот татко, па ако не му се допаѓа лично на него, бујрум, има МВР, нека си го смени. Но во никој случај нема некој друг да се вмешува, ниту баби и дедовци, ниту кум и кума. За предлози може секој да даде.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Ако партерката сака така да биде името океј, нека биде. Ама нека има у план дека ќе раѓа уште едно дете да го крстиме по мое:)
Што си ти фина прилика за брак така разбран од прв пат! :vozbud: А ти си ова на сликава??? :pos:

Него на темата: ако името е ептен "бабско" и го унаказиш детето цел живот да му биде срам да се претстави? И тогаш би бил "за"? :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Заеднички договор со сопругот, муабет, предлози на имиња што ни се допаѓаат и оп - ете ти го името на детето.

Не е важно дали ќе се вика по баба, дедо, стрина, чичко - едноставно е битно и двајцата да се сложиме околу името на детето.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Моите двајца дедовци се викаат како мене (едниот никогаш не го запознав а тој и се јавил во сон на мајка ми да стават име според него а мајка ми никогаш не го видела)
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Заеднички договор со сопругот,муабет,предлози на имиња што ни се допаѓаат и оп - ете ти го името на детето.

Не е важно дали ќе се вика по баба,дедо,стрина,чичко - едноставно е битно и двајцата да се сложиме околу името на детето.
Заеднички договор е најубава и најпаметна солуција. Мене ме нервираат случаи кога форсира едната страна.
Јас лично не би крстила дете по никого, затоа што не ми е фер кон останатите членови доколку одберам име на само еден од нив.
Башка, нов човек е тоа и би требало да имав свој, сопствен идентитет, а не копија на име и презиме на веќепостоечки човек.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
41
Воопшто не би сакала да ги крстам децата според баби/дедовци. Сакам јас сама со таткото да си изберам имиња, убави и модерни. Знам за повеќе случки кога свекрвата и снаата се испокарани само оти снаава не сакала ќерка и да се вика Благуна, или пак кога свекорот е лут оти внукот не го крстиле Мирослав, т.е. како него... Мене лично таа традиција, која фала Богу, последниве години се искоренува, воопшто не ми се допаѓа. Имам другарка која се вика Мерџана, само за баба и да не се лути, а уште едно девојче, сестра на моја школска, се вика Роза, оти ако била поинаку баба и немало да ја сака. Мислам...Хелоу!
 
N

NeMiRnA

Гостин
Кој што сака нека рече,јас ќе си одлучам и фала богу мојата посилна половина за името на детето.Јас сум го создала,јас сум го родила,јас ќе си одлучам и нема што да се лутат останатите.Е сега ако маж ми инсистира на името од неговиот родител и е прифатливо ајде некако ќе проголтам или ако не е прифаливо и пак инсиситра ќе го модифицираме малку.
Од такви глупости на еден другар братучетката детето сега треба да си го крсти Квлџм,зошто маж и е турчин и инсистира цела негова фамилија...и ај сеа и што е најлошо и ќе го крсти,зошто толку многу ја напнале...
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Кој што сака нека рече,јас ќе си одлучам и фала богу мојата посилна половина за името на детето.Јас сум го создала,јас сум го родила,јас ќе си одлучам и нема што да се лутат останатите.Е сега ако маж ми инсистира на името од неговиот родител и е прифатливо ајде некако ќе проголтам или ако не е прифаливо и пак инсиситра ќе го модифицираме малку.
Од такви глупости на еден другар братучетката детето сега треба да си го крсти Квлџм,зошто маж и е турчин и инсистира цела негова фамилија...и ај сеа и што е најлошо и ќе го крсти,зошто толку многу ја напнале...
Е баш ова ме вади од кожа. Зошто непотребни тензии и кавги? Зошто па машката страна да е толку битна, па мора име од таа страна? Како тие од страната на жената да не се родители.
Јас или ќе родам онолку деца колку што има имиња (што е невозможно) и секој ќе биде "удостоен", или не ставам ничие. :wink:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Е баш ова ме вади од кожа. Зошто непотребни тензии и кавги? Зошто па машката страна да е толку битна, па мора име од таа страна? Како тие од страната на жената да не се родители.
Јас или ќе родам онолку деца колку што има имиња (што е невозможно) и секој ќе биде "удостоен", или не ставам ничие. :wink:
Зашто невозможно? Две од твоја и две од на мажот страната...четири деца:)

Уствари и уште две по твој и по на мажот кејф 6 деца, еден бенд ќе направите:)

Cheaper by a dozen:pipi:
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Зашто невозможно? Две од твоја и две од на мажот страната...четири деца:)

Уствари и уште две по твој и по на мажот кејф 6 деца, еден бенд ќе направите:)

Cheaper by a dozen:pipi:

Да, да, да и три од карти - там`н. :)
Ќе ги присобереме, ако не, и по комшии. :icon_lol:
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Јас не би му дала... Не дека не ми се свиѓа моето име или на кого и да е, едноставно не сакам....
Ако партнерот сака, ќе збориме и ќе се договориме некако сигурно...
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Не може. :icon_lol: Ја носам женска варијација од името на дедовците (и двајцата исто име :)), aма ја сум имала среќа, разбираш. :icon_lol:

Шала. Не ми е до тоа, до името итселф е. Сеедно дали е од овде или онде, само да е убаво.

И аман, со именден нека е, жива се изедов шо ја неам. :pos: Имам, ама... Друг на Божиќ именден да си слави да го видам. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom