Името повторно на маса?

Дали некогаш (хипотетички) би гласале за промена на името? (како услов за влез во НАТО и ЕУ)

  • Да.

    Гласови: 43 29,7%
  • Не.

    Гласови: 87 60,0%
  • Можеби.

    Гласови: 15 10,3%

  • Вкупно гласачи
    145
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
За темата-едно големо не. Чудно е некој да се повикува на храброст и пожртвуваност на Делчев, Александров, Чоосто, разни револуционери, а да сака да смени име на држава.
дрн дрн... Добија имот овде, добија пензии овде многу поголеми од овдешните Македонци, добија работни места овде, пошта и слични јаки фирми беше тешко да се вработиш ако немаш егејски врски. Не сум против нив, Македонци се, ама многу го отупе со нешто што е вишок муабет. Запрашај се што добија Македонците од Арачиново, Матејче, Ропаљце, Опае...
А ти би гласал да се смени уставното име на државата?
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
Егејците биле паразити и ни ги рушеле односите со Грците. Иселениците не требале да се мешаат во ова зошто не праќале доволно пари. Селаните биле субвенционирани и потплатени. Провинција биле доселеници во Скопје. Остана Македонија-Општина Центар да се вика. Ако не си "стар" скопјанец и голубар и рибар да немаш право на глас. Инаку она "стар" е во наводници зошто во 1912 Скопје имало 20000 жители од кои пола биле Турци и киднале кога дошле србите. Останавме на 10000 скопјани. Ај да не оди во друг правец. Толку.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.717
Поени од реакции
15.590
За темата-едно големо не.
дрн дрн... Добија имот овде, добија пензии овде многу поголеми од овдешните Македонци, добија работни места овде, пошта и слични јаки фирми беше тешко да се вработиш ако немаш егејски врски. Не сум против нив, Македонци се, ама многу го отупе со нешто што е вишок муабет. Запрашај се што добија Македонците од Арачиново, Матејче, Ропаљце, Опае...
А ти би гласал да се смени уставното име на државата?
доста егејци се жртва на политиката на ФНРЈ... намамени беа да учествуваат во ДАГ, за подоцна Тито да сфати дека не може да добие и Истра и Егејска Македонија, бидејки Грција беше држава од победничката алианса, за разлика од Италија... И не само тоа, на Јалта се беше скроено, па Стаљин го повика и ликвидира секретарот на грчката комунистичка партија, а англичаните извршија бомбардирање на прокомунистичката работничката четврт во Атина ПО капитулација на германците...
По падот на ДАГ егејците кој учествуваа ( а многумина беа иу насилно мобилизирани од Удба на територијата на ФНРЈ), мораа да емигрираат во ФНРЈ или источноевропските држави. Не добија тие ништо друго освен сместување и работа, а сето тоа го добија и во другите држави каде емигрираа. Всушност испаѓа дека се излажани тие што ги напуштија становите и кариерата во 60-тите, во Полска, Чешка, Блгарија, држави што се одамна членки на ЕУ
Прикаските за егејски врски се смешни, јас мислам повеќе беа застапени галичански или други врски.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Прикаските за егејски врски се смешни, јас мислам повеќе беа застапени галичански или други врски.
да бе директоре, смешни се. Не да се смешни...туку не кажа што добија раселените лица од поновата историја.
И не кажа дали би гласал да се смени уставното име на Македонија.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Егејците биле паразити и ни ги рушеле односите со Грците. Иселениците не требале да се мешаат во ова зошто не праќале доволно пари. Селаните биле субвенционирани и потплатени. Провинција биле доселеници во Скопје. Остана Македонија-Општина Центар да се вика. Ако не си "стар" скопјанец и голубар и рибар да немаш право на глас. Инаку она "стар" е во наводници зошто во 1912 Скопје имало 20000 жители од кои пола биле Турци и киднале кога дошле србите. Останавме на 10000 скопјани. Ај да не оди во друг правец. Толку.
Ако меѓу овие што шират такви муабети има еден стар Скопјанец частам пиво.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.717
Поени од реакции
15.590
да бе директоре, смешни се. Не да се смешни...туку не кажа што добија раселените лица од поновата историја.
И не кажа дали би гласал да се смени уставното име на Македонија.
не држи споредбата меѓу раселените лица и егејците, па меѓу раселените лица од западна Македонија веројатно има и егејци по потекло... за тоа не би навлегувал, таткоми е дојден во Скопје по барање од влада на СРМ за стручен кадар, си имал и работа и смештај предходно во друга ехЈу република... а зошто пак јас да гласам за промена на уставното име на РМ ???
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
не држи споредбата меѓу раселените лица и егејците, па меѓу раселените лица од западна Македонија веројатно има и егејци по потекло... за тоа не би навлегувал, таткоми е дојден во Скопје по барање од влада на СРМ за стручен кадар, си имал и работа и смештај предходно во друга ехЈу република... а зошто пак јас да гласам за промена на уставното име на РМ ???
А ти си прав фиромјанин...ашкол сун.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
не држи споредбата меѓу раселените лица и егејците, па меѓу раселените лица од западна Македонија веројатно има и егејци по потекло...
има и срби. И едните и другите се/биле раселени, без имот .... и етничкиот состав е променет, исчистени се делови од независна Македонија. Што добија тие луѓе кои служеа како тампон зона меѓу терористите од учк и Македонските квартови? Ништо, ниту боречки пензии ниту стан. И тоа во независна Македонија, македонски власти, македонска држава.
... а зошто пак јас да гласам за промена на уставното име на РМ ???
не ти велам да гласаш туку те прашав дали би гласал за промена, затоа што таква е темата.
 
Z

zlaki

Гостин
никој и никогаш нема да се осмели да го смени,промени или со додавки да смени името.Самиот тој е осуден на линч.Иако ќе се пробува со разни ветувања од разни политички субјекти и бараат подршка од народот тоа нема да му успее на никој или ако на некој не му е мил неговиот живот и животот на неговото семејство.Со грците единствен договор е само како тие сакаат нека не викаат а за останатиот свет каде од мнозинство на држави сме признаени под уставното име така и ке си остане Република Македонија.Им даваме големо значење на грците а со тоа и самите паѓаме во клопка,едноставно треба да бараме почитување од сите кои не признаа под уставното име тоа и да го испочитуваат.
 
F

Flatter

Гостин
За темава едно големо Да и Да.

Фиром па и убаво е името, креативно пред се. Дали фиром дали Македонија ме заболе к*ро. Само бугарски пасош и чао пријатно, овде нема леб само политика натпреваруват се кој да седне прв на фотелјата ги заболе к*рот за државата и грујо и зајко.

Поздрав, Чао, Пријатно.
Останите си патриоти, тоа многу ќе ви помогне лебот да си го заработете, да си го наранете семејството со 10000/15 ден плата, к*р се тресе на вода.
Моето сочуство.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Е не зимам 30000 али ако дадам и двојазичност може некој ќе ми даде. Се за у еУ и пато у нато.
Така, затвори се во ќош, македонец сум, зеам 13к ќе го профучкам цел живот така и на сите околу ќе им велам дека никој не може ништо да смени сите исти се.
 
Z

zlaki

Гостин
За темава едно големо Да и Да.

Фиром па и убаво е името, креативно пред се. Дали фиром дали Македонија ме заболе к*ро. Само бугарски пасош и чао пријатно, овде нема леб само политика натпреваруват се кој да седне прв на фотелјата ги заболе к*рот за државата и грујо и зајко.

Поздрав, Чао, Пријатно.
Останите си патриоти, тоа многу ќе ви помогне лебот да си го заработете, да си го наранете семејството со 10000/15 ден плата, к*р се тресе на вода.
Моето сочуство.
во право си а може и до некаде си во право,еве зошто... ако се откријат сите криминали од осамостојувањето до денес многу работи ќе се сменат,ако сега се подржи СЈО и сите заедно дадеме подршка да разоткријат СЕ а не да се расправаме за закончиња дали е ок или не СЈО тогаш ништо не правиме.Само сложно и подршка на СЈО со излевање на улица или некој друг начин,спречиме криењето на огромните пари кои си ги вртат денешниве патриоти надвор од земјава по странски банк тогаш нештата ќе се променат на подобро.Лесно е да се замине во странство но им оставаме на крадците кои се сместени во власта а богами и претходните власти да управуваат со нас и ни ја крадат иднината.Затвор за криминалците и враќање на украденото на народот и земјата.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
Така, затвори се во ќош, македонец сум, зеам 13к ќе го профучкам цел живот така и на сите околу ќе им велам дека никој не може ништо да смени сите исти се.
Кој не е ист? И што и кој ќе промени не ми е јасно?
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Можеби
И така повеќето држави не го признаваат нашето име, подобро да се има едно константно име отколку понижување да ни се случува на секој меѓународен настан. Ми пречи наставката ФИРОМ и сакам да се стави крај на тоа.
Стварно ми се смешни вмровчињата со нивните ставови, но што ќе кажат за овој разговор??
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Кој не е ист? И што и кој ќе промени не ми е јасно?
било кој, било што да е поразилчно од сеа, бидејќи вака како што е, мизерно е. :)
ова го извлекувам од твојот став дека ќе продадат федерализавија и име ако се смени власта во мк. или пак дека ако дојди другата страна истото ќе го прави како досеа. или дека сеа како што е е убаво.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom