Името повторно на маса?

Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.572
Поени од реакции
26.094
Името повторно на маса?

Медијаторот Метју Нимиц е подготвен одново да почнат преговорите меѓу Македонија и Грција за спорот со името, но прво да се состави новата Влада, пренесува грчкиот весник „Катимерини“. На почетокот од новата 2017- ма година Нимиц со план да го посети Скопје за да ги чуе новите планови на Владата, па Атина. Откако ќе ги добие потребните сознанија, весникот пренесува дека ќе се произнесе со конкрети ставови и предлози.
„Медијаторот на ОН, кој во септември се сретна со министрите за надворешни работи на двете држави, од искуство знае дека предуслов за да има напредок во преговорите е да постојат силни влади и во двете држави“, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Според весникот, западните дипломати стравуваат дека доколку се формира слаба и нестабилна Влада во земјава, тешко ќе се справи со затворање на спорот со името.

„Катимерини“ пренесува дека каков договор и да биде постигнат ќе биде неопходно да биде одобрен од широко мнозинство во парламентот.

Западните дипломати, како што пренесува весникот, велат дека грчкиот Министер за надворешни работи Никос Коѕијас е умерен за прашањето со името и дека направил позитивни чекори како Мерките за градење на доверба.

Тој во август годинава дојде во Скопје на средба со шефот на дипломатијата Никола Попоски. Тогаш тема на средбата не беше спорот со името, затоа што на Коѕијас му беше несоодветен момент порати тоа што наидуваа изборите.

„Прво, сум навивач на компромисите. Но, како што кажав на добрите компромиис а не на расипанирте компромиси. Компромис којшто ќе ни ослободат со почитување секогаш на историјта. Не можеме да ја менуваме историјата, но и не може да се продолжи и понатаму за да се напише нова историја“, изјави шефот на грчката дипломатија во август годинава.

Пред две години македонскиот преговарач за спорот со името Васко Наумовски, заедно со грчкиот Адамантиос Василакис беа на средба со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк, но немаше напредок.

Двајцата министри за надворешни работи, Попоски и Коѕијас во април во 2015 беа на средба во Будимпешта каде што разменија листи за мерките за градење на доверба, две недели подоцна во Њујорк грчкиот шеф на дипломатијата се сретна медијаторот Метју Нимиц и со тогашниот генерален секретар на обиденитете нации Бан Ки Мун кои разговарале за прашањето со името.

По средбите Македонија и Грција официјално ги затоплија заемните односи со меѓусебни посети.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
За отварање на било каква политичка тема мора да постои одобрение од супермодератор или админ.

едит:

Темата е одобрена и преместена во друг подфорум.

Линк до темата.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom