Има некој шофер?

alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
Ме интересира дали има некој тука што има Ц и Е категорија и возел шлепер со полуприколка во странство?

Малку да раскаже за искуствата и дали е тоа добар бизнис?
 
како што гледам 96 луѓе ја провериле темава, но никој не реплицирал - значи нема шофери на форумов. тоа значи само едно, за сите што се невработени: земете положете Ц и Е и вработете се како шофери.

но, како што исто видов на форумов, овде има многу малку што бараат работа, така да приказните за 35% невработени во македонија се лага, како и многу други работи.

овде работа бараат но молат бога да не најдат, сигурно 9 десетини од горните 35%....
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Колку што претпоставувам, од муабети по Автомобилизам, тука, на форумот, има 2-3 шофери, кои возат по странство...
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
напиши... што поточно те инересира околу за возењето во странатво, како турист, или за профит како бизнис.:toe:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
напиши... што поточно те инересира околу за возењето во странатво, како турист, или за профит како бизнис.:toe:
Камионџија да станува изгледа...или го интересира околу тоа...
 
alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
Ме интересира дали има некој тука што има Ц и Е категорија и возел шлепер со полуприколка во странство?

Малку да раскаже за искуствата и дали е тоа добар бизнис?
напиши... што поточно те инересира околу за возењето во странатво, како турист, или за профит како бизнис.:toe:
како турист со Ц и Е категорија со шлепер? не!

повеќе ме интересира колку време месечно се во македонија, колку во странство. што прават додека се таму. како и колку се плаќа (на процент или на плата) и колку заработуваат. кои земји се подобри (граници, шпедиции,...) дали одат за италија со брод или преку хрватска итн....
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
како турист со Ц и Е категорија со шлепер? не!

повеќе ме интересира колку време месечно се во македонија, колку во странство. што прават додека се таму. како и колку се плаќа (на процент или на плата) и колку заработуваат. кои земји се подобри (граници, шпедиции,...) дали одат за италија со брод или преку хрватска итн....
  1. зависи од турата за каде одиш- која држава
  2. што товар носиш
  3. зависи од договорот помегу сопственикот и возачот
  4. зависи од вредноста на тоа колку се исплака сувоземен транспорт или траект (брод)сето тоа го диктира вредноста на турата - транспортот на стоката која ја трнспортираш до одредена дестинација и тоа дали имаш повратна тура од местото на истовар .......
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
како што гледам 96 луѓе ја провериле темава, но никој не реплицирал - значи нема шофери на форумов. тоа значи само едно, за сите што се невработени: земете положете Ц и Е и вработете се како шофери.

но, како што исто видов на форумов, овде има многу малку што бараат работа, така да приказните за 35% невработени во македонија се лага, како и многу други работи.

овде работа бараат но молат бога да не најдат, сигурно 9 десетини од горните 35%....
Преферираат шофери со Бугарски пасоши бе,Македонците шофери ни на таквото не ги ставаат со визните ограничувања.Така да со темава сакаш да алудираш повеќе Македонци да аплицираат за Бугарски пасош,доколку сакаат да се вработат како шофери во странство.Плус сега со новиве коруптивно-непотистички избрани комисии за полагање на возачки испити,побрзо ќе родиш еж одколку да положиш за Б,а па камо ли за Ц и Е категорија,одкако ќе се отцепиш од пари давање само за пријавување и лекарско.Првата пријава од 2 000 денари ја зголемија на 7 000,а секоја следна што обавезно ќе ја има,е по 3 000 денари наместо поранешните 500 денари.Сакаш ли во државава да се појават повеќе “Спаски“ или што е работава?
 
N

n/a

Гостин
Ме интересира дали има некој тука што има Ц и Е категорија и возел шлепер со полуприколка во странство?

Малку да раскаже за искуствата и дали е тоа добар бизнис?
како турист со Ц и Е категорија со шлепер? не!

повеќе ме интересира колку време месечно се во македонија, колку во странство. што прават додека се таму. како и колку се плаќа (на процент или на плата) и колку заработуваат. кои земји се подобри (граници, шпедиции,...) дали одат за италија со брод или преку хрватска итн....
1.Многу е падната вредноста на турите.
Огромна е конкуренцијата,бројот на турите од ден на ден се повеќе се намалува,така да мој совет е да размислиш и провериш два пати за кого и дали сигурно ќе возиш пред да влезеш у инвестиција.
Да не ти напомнуем дека шофер (камионџија) или се раѓаш,или бате извини... ама не си.
2.а.Зависи што,за кого и на која релација возиш.
Другарче е профи камионџија од 18 год.
Последниве две години вози Германија-Шпанија и Германија-Норвешка, па дома се врти два пати годишно по десет дена.
б.Возат,имаат ограничени саати у ден (колку смеат да извозат дневно),дремат у камион,гледаат филмови и шпараат пари за да вратат дома.Пошто ако поебат по една курва дневно (а вика дека има многу) и влезат у кафана ддва пати неделно,нема да вратат никаква пара дома.Тешко е дремењето у камион,не возењето!)
в. У делот со плаќањето битен и најважен е договорот.
Ако сам си свој газда,што ќе си понесеш-тоа ќе си заработиш.
Ама тоа е тешко и станува се потешко,заради конкуренцијата.
Ако возиш за газда,зависи од вашиот интерен договор.
А тој дел (како и обичните луѓе платата) никој нејќе многу-многу да го кажуе,ниту пак да го прашуеш.
г.Обично за Италија возат преку Хрватска за да ја заобиколат ферибот картата.
д.Ако мислиш да `тераш работа` возејќи интерни ралации низ Македонија и чат пат да скокнуеш до Србија,Грција и Бугарија...
извини другарче,ама одма да ти кажам-не ти чини есапот!
Многу слабо се плаќа!
 
фала за деталниот опис, ќе ти кажам некои работи, ама да не влијаам на мислењето на другите - ќе почекам уште малку.

заклучокот уште ми стои - дека нема невработен шофер, барем не на форумов.
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Најисплатливо е доколку возиш со свој камион,а додека ако возиш за фирма и не е некоја добра пара(се зависи од работодавецот).Проблемот е тоа што кога ќе отидеш на пат може да не си дома со недели.Друга работа,самотијата убива!Да возиш со денови сам во камион може да те удри на психа!Бугарскиот пасош е доста важен(мада има и доста со наши пасоши и преку фирма полесно вадат виза).
Најчесто се вози од Македонија до Германија,Русија,Италија....Требаат и многу нерви за таа работа,терминали,граници може и со денови...

Сепак мислам дека е исплатливо да возиш камион има и недостатоци ама според мене е добра работа.
Знам шофери што со свој камион извезуваат,а во истата тура и увезуваат.Камионите одат доста скапо,влекачот е околу 65 000-70 000 евра а приколката(во зависност каква) е околу 20 000-25 000 евра.Збориме за Волво камиони купени 2008 година.

Треба добро да знаеш каде возиш(патишта,мапи...),треба да си и солиден механичар за недај боже ситуации,тука влегува внимателно возење за помала потрошувачка,секогаш треба да имаш и Ad-Blue пошто казните за такви недостатоци не се простуваат.
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
582
Неколку најважни работи се:
1. Кога бараш фирма да не те фаќа паника и да не се плашиш од големите градови
2. Добро познавање на сообраќајните правила и прописи и законите за возење, колку паузи треба да правиш од 9 часа и колку од 11 часа неделно, викенд паузите се досадни со новиот закон бидејќи те тераат да правиш 45 а некогаш и 66 часа
3. Добро познавање на механиката, спремен да си за секој дефект и што побрзо да го отстраниш, ако ти дојде шлеп служба не поминуваш под 1.500 евра
4. Што се однесува до парите сега и не се толку големи бидејќи нема толку работа а многу од Македонските газди и не се редовни плаќачи, возачите го финансираат нивниот возен парк
5. Често се патува со воз и со брод, треба да си отпорен на морска болест или ако патуваш за Англија со воз под тунелот Ла Манш можно е да имаш проблеми со притисокот
6. Ќе запознаеш во оваа професија многу интересни и глупави луѓе, ќе видиш и многу интересни работи па пожелно е да имаш некој по солиден фото апарат, ќе посетиш и многу интересни места
7. Ќе ти се случи некогаш и да ти ја крадат стоката од приколката или нафтата од резервоарот, не треба да те фаќа паника а не треба и да се правиш херој, не знаеш кој на што е спремен?!
8. Интересна работа ама треба да си имаш вродена дарба за оваа работа, да ги знаеш страните на светот и во секој момент да знаеш кај возиш, сето искуство се стекнува со време
9. Што се однесува до пасошот сето тоа со Бугарскиот пасош е срање, еве од Нова Година ќе можеме да патуваме без визи
10. Гледам дека имаш голем мерак, најди некој со кој ќе ги направиш првите чекори во овој занает за кога ќе почнеш да возиш сам да имаш некоја сигурност, со тек на времето ќе сватиш што сум сакал да кажам со ова последното. Доколку имаш некое прашање слободно постави го, јас веќе не сум возач ама сум пак во овој бизнис, можам да ти дадам совет за било што...
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Алек за шофер и за тури во ЕУ треба да имаш мадиња во права смисла на зборот :) Имаме еден пријател,трга со свое возило до Словенија,таму си зима влекач товарен,му се качува и 3 месеца го нема да се врати...некогаш се враќа за месец дена,ама некогаш и над 3 месеца знаат да ги задржат...За пари убави-се зимаат,ама на тие луѓе газот им е плускавци направен од седење...Мачна работа е,опасна....на еден другар татко му сакале да му го крадат товарот додека спиел...Се е тешко во друга држава,ама ете кај нас многу транспорт компании се затворија,и шоферите го печалат лебот во ЕУ...
-Од друга страна пак,ќе ти испаднат прилики да прошеташ по европскиве метрополи(зависи од слободно предвидено време),и тоа е нешто...овие во ЕУ си возат нови камиони,со навигација и 300 удобности....
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
582
Не знам дали има пелени за возрасни ама Алек нека си земе за секој случај ако некаде има проблеми со мафијата!
Во Италија можат и цел камион да ти го земат, епа кој сака да биде шофер треба да има мадиња од слон а не од петел :vozbud:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Не знам дали има пелени за возрасни ама Алек нека си земе за секој случај ако некаде има проблеми со мафијата!
Во Италија можат и цел камион да ти го земат, епа кој сака да биде шофер треба да има мадиња од слон а не од петел :vozbud:
Абе тој не ти вози камион......според од него напишаното тој сака паметот да ни го вози!

како што гледам 96 луѓе ја провериле темава, но никој не реплицирал - значи нема шофери на форумов. тоа значи само едно, за сите што се невработени: земете положете Ц и Е и вработете се како шофери.

но, како што исто видов на форумов, овде има многу малку што бараат работа, така да приказните за 35% невработени во македонија се лага, како и многу други работи.

овде работа бараат но молат бога да не најдат, сигурно 9 десетини од горните 35%....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom