Што е тоа што може да те држи да бидеш со некој, а немаш чувства?
Хм, не знам, веројатно има луѓе кои би биле и со човек кој ги сака, а они не го сакаат, затоа што се зависни од внимание, затоа што сакаат топлина, сигурност и се плашат да ја прекинат таа врска.
Можеби не знаат како да ја прекинат или сеедно.
Јас со човек кон кој немам апсолутно никакви чувства, не сум била, ниту ќе бидам. Апсолутно невозможно.
Прво, дали е фер да лажеш некого, да му глумиш дека го сакаш? Или ете, не глумиш, а остануваш со личноста само затоа што таа има чувства кон тебе?
Не, не е фер. Тоа е токму тоа што јас постојано го зборам. Емоциите не треба да се искористуваат. Не е фер за човекот, за партнерот кој е со таа особа. Он навистина има чувства и не фер да се прави лице кон него или да се залажува. Со тек на време он уште повеќе ќе се приврзе што ќе направи подоцна да му биде уште потешко.
Не е измачување и за двајцата ако одржуваш една таква врска со сила?
Измачување е. За оној кој има чувства повеќе, затоа што се осеќа кога нема љубов и фактот дека е во врска во која љубовта не му е возвратена, прави да му биде многу тешко. Ама обично оној кој сака, гледа што повеќе да извади од љубовта и се теши дека тоа е само период.
Што можеш да добиеш откако ќе станеш свесен дека не сакаш некого, а не ја прекинуваш врската
Ништо. Ама баш ништо.
Само болка, солзи и нервози.