Икање

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Doc Holliday, 10 септември 2011.

  1. Doc Holliday

    Doc Holliday Модератор

    Член од:
    5 ноември 2010
    Мислења:
    4.508
    Допаѓања:
    3.299
    ок,знам дека има тема во општи,ама оваа тема е повеќе од медицинкси аспек.

    Икањето претставува несакана контракција на дијафрагмата - мускулот кој што ги одделува градите од абдоменот и игра значајна улога при дишењето. Секоја контракција на дијафрагмата е проследена со ненадејно затворање на гласните жици, при што се произведува карактеристичниот звук на икање.

    Икањето може да резултира при завршување на голем оброк, консумирање на алкохолни пијалоци или ненадејна возбуда. Кај некои случаи, икањето може да биде знак за некоја медицинска состојба. Кај повеќето луѓе, нападите на икање траат неколку минути. Во ретки случаи, икањето може да трае со месеци. Во тој случај, телото се соочува со недостаток на нутриција и исцрпеност.

    [​IMG]


    Симптоми

    Карактеристичниот звук на икањето е единствениот симптом. Понекогаш, единствениот симптом може да биде чувството на мало затегнување во градите, абдоменот или грлото кое што му претходи на звукот.

    Кога да се посети доктор

    Закажете посета кај докторот ако икањето трае повеќе од 48 часа или ако икањето е толку често што предизвикува проблеми при јадење, спиење или дишење.

    Причини

    Најчестите тригери за појава на краткотрајното икање вклучуваат:

    - Прејадување
    - Пиење на газирани пијалоци
    - Консумирање премногу алкохол
    - Ненадејни промени во температурата
    - Возбуда или емоционален стрес

    Икањето кое што трае повеќе од 48 часа може да биде резултат на неколку фактори кои што генерално можат да се групираат во следните категории:

    Оштетување на нервите или иритација

    Најчестата причина за долготрајното икање е оштетувањето или иритацијата на вагус нервите или френичните нерви кои што се поврзани со дијафрагмата. Факторите кои што можат да предизвикаат оштетување или иритација на овие нерви вклучуваат:

    - Влакно во увото или нешто друго што го допира ушното тапанче
    - Суво грло или ларингитис
    - Тумор, циста или струма на вратот
    - Гастроезофагеален рефлукс

    Нарушувања на централниот нервен систем

    Тумор или инфекција на централниот нервен систем или пак ошетување на централниот нервен систем како резултат на некоја траума може да предизвика пореметување на контролата на телото во однос на рефлексот за икање. Примерите вклучуваат:

    - Мозочен удар
    - Мултипла склероза
    - Тумори
    - Менингитис
    - Енцефалитис
    - Трауматска повреда на мозокот

    Метаболички пореметувања и лекови

    Долготрајното икање може да биде предизвикано и од:

    - Алкохолизам
    - Анестезија
    - Барбитурати
    - Дијабетес
    - Електролитен дисбаланс
    - Откажување на бубрезите
    - Стероиди
    - Транквилизери

    Ризик фактори

    Факторите кои што можат да го зголемат ризикот за појава на икање вклучуваат:

    - Пол. Мажите имаат поголема веројатност да развијат долготрајно икање за разлика од жените.

    - Ментални или емоционални проблеми. Анксиозноста, стресот и возбудата се поврзани со некои случаи на краткотрајно и долготрајно икање.

    - Хируршки зафат. Кај некои луѓе се појавува икање по давање на општа анестезија или по некои хируршки зафати кои што ги вклучуваат абдоменалните органи.

    Компликации

    Продолженото икање може да направи проблеми со:

    - Говорот
    - Јадењето
    - Спиењето
    - Зараснувањето на раната по хируршкиот зафат

    Подготовка за преглед

    Иако најпрво би го консултирале матичниот доктор за Вашето постојано икање, тој може да ве препрати кај невролог или гастроентерохепатолог.

    Што можете да направите?

    Напишете листа која што би вклучила:

    - Детален опис на симптомите
    - Информација за медицинските проблеми кои што ги имате или сте ги имале
    - Информација за медицинските проблеми на Вашите родители или роднини
    - Лекови и суплементи кои што ги земате
    - Прашања кои што сакате да му ги поставите на докторот

    Што да очекувате од докторот?

    Докторот може да Ви ги постави следниве прашања:

    - Кога започнало икањето?
    - Колку често се појавува?
    - Дали нешто ја влошува или олеснува состојбата?
    - Кои лекарства ги примате?
    - Дали имате суво грло или болка во увото?

    Тестови и дијагнози

    За време на физичкиот преглед, докторот може да изврши и невролошки преглед за да ги провери:

    - Рефлексите
    - Силата на мускулите
    - Тонусот на мускулите
    - Чувството за вид и допир
    - Координацијата
    - Балансот

    Ако докторот се сомнева дека постои некоја медицинска состојба која што би можела да го предизвикува икањето, може да препорача да се направат следниве тестови:

    Лабораториски тестови

    Примероците на крвта ќе бидат проверени за знаци на:

    - Инфекција
    - Дијабетес
    - Болести на бубрезите

    Имиџинг тестови

    Овие тестови можат да послужат во детекцијата на анатомските абнормалности кои што би може да го афектираат вагус нервот, френичниот нерв или дијафрагмата. Тестовите вклучуваат:

    - Рентген на гради
    - Компјутерска Томографија
    - Магнетна Резонанца

    Ендоскопски тестови

    При овие тестови се користи тенко и флексибилно црево кое што содржи мала камера и истото преку грлото се внесува во хранопроводот за да се провери постоењето на евентуални проблеми во езофагусот или дишникот.

    Третмани и лекарства

    Повеќето случаи на икање поминуваат сами по себе без каков и да е медицински третман. Ако некоја медицинска состојба го предизвикува икањето, третирањето на истата може истото да го елиминира. Следните третмани се препорачуваат за икање кое што трае повеќе од два дена.

    Лекови

    Лекарствата кои што се користат за третирање на долготрајното икање вклучуваат:

    - Chlorpromazine, класифициран како антипсихотик
    - Metoclopramide (Reglan), лек против мачнина
    - Baclofen (Lioresal), мускулен релаксант

    Хируршки и други процедури

    Ако понеинвазивните процедури не се ефективни, докторот може да препорача инјекција на анестетик која што го блокира френичниот нерв и го запира икањето. Другата опција се состои од хируршко имплантирање на уред со батерии кој што дава мала електрична стимулација на вагус нервот. Таа процедура најчесто се користи за лекување на епилепсија, но се покажала и како добра метода за контрола на постојаното икање.

    Животен стил и домашни лекарства

    Иако не постои 100% сигурен начин за запирање на икањето, ако имате икање кое што трае подолго од неколку минути, следните неколку начини можат да дадат олеснување:

    - Дишете во хартиена кеса
    - Правете гаргара со вода со мраз
    - Задржете го здивот
    - Пијте ладна вода

    Алтернативна медицина

    Кога икањето не запира и покрај употребата на треманите, алтернативните третмани како што се хипноза и акупунктура можат да помогнат.

    Превенција

    Можете да ја намалите честотата на појавување на краткотрајните напади на икање со избегнување на честите тригери како што се:

    - Прејадување
    - Консумирање на газирани пијалоци или алкохол
    - Ненадејни промени на температурата
    За Здравје
    Па колку често икате,што ви помага против икањето?
    јас моментално икам,многу е гадно,а мене ми помага некој да ме исплаши,и кога ќе се напијам вода.
    Вас?
  2. Македонец

    Македонец мразам патетика во натпис

    Член од:
    12 февруари 2007
    Мислења:
    3.300
    Допаѓања:
    2.719
    офф топик

    Ако имаш дозвола,постави го текстов на wikipedia.
  3. WildChild

    WildChild

    Член од:
    26 јули 2011
    Мислења:
    298
    Допаѓања:
    55
    Браво за темава :)
    --- надополнето: Sep 10, 2011 7:10 PM ---
    Па ако нема, ќе направи acc и готово :D, ама сепак мислам дека има :)
  4. Македонец

    Македонец мразам патетика во натпис

    Член од:
    12 февруари 2007
    Мислења:
    3.300
    Допаѓања:
    2.719
    Нема никој од балканциве освен хрватите(а нивното е мало)...
    еве линк од англиското,па после натаму поврзувајте(пошто јас појма немам)...ама прво не е лошо да се праша сопственикот на текстот.
    На WildChild му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Roten 96

    Roten 96 МаРтИнеееЕз

    Член од:
    31 август 2010
    Мислења:
    989
    Допаѓања:
    573
    Друже одлична тема :D
    инаку за икањето голтни 4-ри голтки вода и плунка макар да е ама без да дишеш и ке престане :D
    На WildChild му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildChild

    WildChild

    Член од:
    26 јули 2011
    Мислења:
    298
    Допаѓања:
    55
    Хехех, јас тоа сам го открив без да дишеш ;)
    На DeF LePPaRD му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Roten 96

    Roten 96 МаРтИнеееЕз

    Член од:
    31 август 2010
    Мислења:
    989
    Допаѓања:
    573
    па логично ке почнеш да икаш кога дишеш забрзано бидејќи дијафрагмата се стега и се опушта брзо така да..спротивно .. :) ;)
    На WildChild му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    5.444
    Допаѓања:
    1.296
    Освен да не дишеш на неколку секунди и со пиење вода, дали има и друг некој начин да се запре икањето(освен со таблети)?
    -еднаш во 4 месеци може да ми се погоди да икам, но тоа икање може да трае и до 20 минути...задржувањето на воздухот и водата и не ми помага баш.
  9. Roten 96

    Roten 96 МаРтИнеееЕз

    Член од:
    31 август 2010
    Мислења:
    989
    Допаѓања:
    573
    а баш денес на часот по хемија другарка ми икаше и велам да го задржи здивот и д ане диши 10 секунди не верува види ја :D :D

Сподели преку: