Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
- Член од
- 1 ноември 2011
- Мислења
- 8.603
- Поени од реакции
- 15.403
ЗАБОРАВЕНИ-ИЗГУБЕНИ ПРОФЕСИИ
Се сеќавате на времето кога работева и мама и тате, и чичо и стрина,море и бате ако завршил школо и тоа уште пред да оди во славаната ЈНА. Ова важи не само за во Скопје,туку и за во другите градови.
Се сеќавате ли дека на школските екскурзии не носеа баш во тие големи гиганти како „Порцеланка“ или „Македонка“ или „Стаклара“.
На пример во Велес и Штип,не само мажите туку и сите жени беа скоро запослени,бидеиќи баш во тие градови имаше повеќе такви женски фабрики.
Е ама... ама помина тоа време,се што е убаво кратко трае,а богами ова и потрае,а не беше многу одамна, поточно тогаш бевме во склоп на една поголема држава, но некому тоа не му се допаѓаше и почна да ја руши.
Сакавме самостојност,ја добивме, и ...сами си го баравме. Па еве што бидна.Се затворива тие големи фабрики,се уништива,се прогласија за загубари, се приватизираа и т.н. (за сето набројано читај „се украдоа“.
Се пратива вредните работници на улица.
А во тие фабрики кој веќе ги нема,имаше разни професии а и нив повеќе ги нема, и нема да ги има за подолго време или пак никогаш.
Некој млади и да изразат желба да го научат тој Еснаф,веќе нема каде а и нема од кого.Старите мајстори си заминуваат полека.
Баш за еден таков заборавен Еснаф овде станува збор.
СТАКЛО-ДУВАЧ
Кваливикуван работник во скопската стаклара. Кога би имале сега некоја слика од него (портрет од лицето)и од работните обврски на неговата професија некој ќе помислат дека е тоа еден од музикантите при изведба на орото „Тешкото“. Неговите надуени образи од двете страни тоа го потврдуваат.Дури некој ќе оди до таму што ќе тврди дека е тоа стара снимка од прославите на Прочка на скопското Кале.
Тие вешти работници стакло дувачи,го обликуваа предметот од вжештената стаклена маса со дување во долгата цевка и постојано вртење со рацете на истата. И така знаева да направат и уникатни предмети.
КРИСТАЛОГРАВЕР или КРИСТАЛОБРУСАЧ
незнам кое е поправилно.
и овој заборавен Еснаф е од скопската стаклара,единствена во државава.
На оваа работна позиција имаше доста,поточно повеќето беа жени што се гледа и на фотографијата.
Тие вешти раце знаева да направат од парчето кристал скапоцена вазна или пепелник,таа работа бараше стрпливост и прецизност. Кој знае тоа денес да го работи.
И дали некој воопшто сака да го научи.
Кој се заборавени професии од вашето место,кој веќе ги нема.
-