Извршители (легални рекетари).

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Народот го изгради и изгради се што е државно и што некогаш било. Но, народот е државата, државата е на народот. Народот избира кој ја води државата и народот може да избере дали ќе прифати одредена одлука на тие што ја водат државата или не. На секој од нас паѓа одговорноста за тоа во каква состојба е државата, вклучувајќи ги и Бранко, Љубчо и Грујо, зашто и тие се народ.

И порано имаше извршување на судски одлуки, но тогаш тие беа извршувани од државна администрација. Затоа тие не се ни извршуваа или се чекаше со години за извршување. Денес тоа го прават приватни извршители кои мораат да ја извршат пресудата за да земат плата. Ова може да не им одговара само на тие што должат, затоа што обезбедува побрзо извршување.

Следно што би требало да се приватизира е судството. Прво за граѓански спорови, па потоа и за стопански. Тоа е веќе почнато затоа што има Закон за медијација, но не знам колку е познато тоа, а и колку обучени медијатори постојат во Македонија.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Фуерина :pos2:
А иначе со поголемиот дел од постов се согласувам скроз, особено за тоа дека закон дека треба да се носи во согласност со условите во државата. Еве на пример нашиот закон за прекршоци е целосно препишан од шведскиот, заедно со висина на казните. Што значи и јас и ти имаме приближно исто мислење, особено за (не)функционирањето на државава наша, али мене муабетов на темава ми беше за извршителите дека не се тие криви што спроведуваат закон што очигледно не е спремен за ваква држава
Абе пародија чиста.Знаеш ли дека во разговор со еден професор бев зачуден дека во 60 тите шведите пракале во Југославија луге да го проочуваат системот кој во основа е пресликан овде.Е сега во последниве 5-6 години и овде работите тргнаа на полошо а случајно или не заедно со приватизацијата и последиците од продажбата на најголемите компании како Волво и СААБ и тоа баш на американците.Извршители има и овде и тоа многу построго него во Македонија,само што има една разлика.Во државава има еден закон кој е над сите други закони ,а тоа е егзистенцијален минимум.Значи ти според закон имаш право на приходи во месецот кои ти се неопходни за нормален живот и изнад таа сума ке ти ја земат секоја банка што ке ти дојде ако си должен.Од друга страна испод таа сума не смее ни да помисли некој да чепне во финансии или одземање на работи кои ти се потребни за нормален живот ,па бил и милион евра должен,а кај нас?? и гаките ке ти ги соблече не го интересира .Сега ке си помислиш дека секој може да се задолжи до гуша и после само да им покаже прст на побарувачите.Не е така ,постои систем ,институција која на секое твое барање за кредит прави моментална анализа за твоите можности и дава или не дава дозвола за задолжување ,таа институција е на служба на сите банки и сите фирми во целата држава,и они не смеат да ти дадат ништо без писмена потврда од таму. Исто така ако некогаш го пробиеш рокот за плаќање и закасниш и за еден денар ,тогаш си на црна листа во следните 3 години од како ке биде вратен долгот.Црната листа е заебана работа ,и ако си на нејзе ,не можеш да купиш ништо на рати ,не можеш ни да земеш број телефонски на предплата ,ни интернет ,ништо ,све ти е блокирано.После 3 години си чист ,све се брише и никој нема да за ништо да те одбие.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
^Ама па ова се нормално е, и така би требало да биде. Кај нас проблемот настанува што секогаш се трга од гранките а не од коренот. Значи се што е изградено на трула основа, неможе да цвета..
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
^Ама па ова се нормално е, и така би требало да биде. Кај нас проблемот настанува што секогаш се трга од гранките а не од коренот. Значи се што е изградено на трула основа, неможе да цвета..
Како се поделени извршителите? Дали по реони, општини, дејности, фирми...? Ти или ако друг е информиран, би сакал да знам како технички функционира.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Извршители има и овде и тоа многу построго него во Македонија,само што има една разлика.Во државава има еден закон кој е над сите други закони ,а тоа е егзистенцијален минимум.Значи ти според закон имаш право на приходи во месецот кои ти се неопходни за нормален живот и изнад таа сума ке ти ја земат секоја банка што ке ти дојде ако си должен.Од друга страна испод таа сума не смее ни да помисли некој да чепне во финансии или одземање на работи кои ти се потребни за нормален живот ,па бил и милион евра должен,а кај нас??
И тука мислам дека не смеат да ти задржуваат повеќе од една третина од платата.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Како се поделени извршителите? Дали по реони, општини, дејности, фирми...? Ти или ако друг е информиран, би сакал да знам како технички функционира.
Поделени се по реони на подрачјата на основни судови, значи одлуки на скопските судови (нотарски акти на скопски нотари) ги извршуваат извршители за подрачјето на Скопје, е сеа за помали градови да речеме, еден извршител има надлежност од 3 или 4 судови http://www.kirm.mk

Овде најубаво е покажано http://www.kirm.mk/mak/izvrsiteli.asp
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
И тука мислам дека не смеат да ти задржуваат повеќе од една третина од платата.
Не бе друже ,не се работи за плата овде.Ако законски има да кажеме за едно 4 члено семејство 20 000 денари ,пропишани за минимум пари за егзистенција тогаш целиот приход над таа сума може да ти се одземе во корист на должникот.Значи сега јас сумата ја треснав без врска ,ама потребна е анализа каде што ке се израчуна колку треба месечно минимално да располага семејството за храна ,основни хигиенски потреби,и одредена сума за тековните сметки.Сега не можеш ти ако има само една плата од 10 000 денари да му земеш 3000 затоа што толку е дозволено законски.Ако сака (а знаеме дека не сакаат) државата да воведе ред ,тогаш треба да пресече.Тие кои се задолжиле до сега повеке од своите можности да ги покрие државата и да направи договори со истите за можниот начин на вракање на ратите али према државата сега ,и тоа без камати и на повеке рати ,зависно од ситуацијата.Од друга страна треба истовремено да се донесе инструмент кој ке спречи било каква можност да без соодветно покритие и можност некој се задолжи повеке .Решение има ,не треба топла вода да се измислува .Овој начин кој се практикува сега е најлошото решение .Од една страна можеби е практично за прибирање пари пошто едноставно се кријат позади закон ,а тоа не е ништо поразличбно кога Бранко и компанија за да не може никој да го суди си направи закони по кои легално ја опљачка државата.Само ова со извршителите можеби е практично ама во исто време не се свесни дека си ја сечат гранката на која седат.Све повеке има сиромашни ,све повеке ке има задолжени ,забораваат дека тоа е нивниот народ и гласачко тело кое утре треба да ги избере.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Поделени се по реони на подрачјата на основни судови, значи одлуки на скопските судови (нотарски акти на скопски нотари) ги извршуваат извршители за подрачјето на Скопје, е сеа за помали градови да речеме, еден извршител има надлежност од 3 или 4 судови http://www.kirm.mk

Овде најубаво е покажано http://www.kirm.mk/mak/izvrsiteli.asp
Е сега, дали извршителот задолжен за општина Бутел или Чаир влегува во секој дом или поинаку
- каква е наплатата по населени места и општини?
- дали вработените во охис, киро чучук и слични фирми може да ангажираат извршител и дали ќе си ги земат платите и уплатат придонесите
- дали фирма може да ангажира извршител за да си наплати побарувања од државен буџет
- што со оние граѓани кои немаат трансакциски (или ги имаат со симболична сума), а во кеш вршат бизниси десетпати поголеми од граѓанин кому ќе се извлечат пари по основ на долг од трансакциска?

не сум правник, но логички ми изгледа да сето ова мора да функционира двосмерно, а не само кон граѓаните (и тоа одредени граѓани, не сите).
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
^Па секако дека мора да функционира двострано, ама тоа е утопија во сегашнава поставеност на работите (значи мислам општо за се, не само за извршителите). Инаку до детали како работат извршителите неможам да знам, знам дека највише сакаат фирма или физичко лице да им донесе предмет против РМ, пошто е најлесно за наплата.
Е сега проблеми има од милион причини, на пример за овие што кажуваш што работат на црно, и реално на тие неможеш да им наплатиш, тука треба УЈП да реагира, а не сме свесни колку такви фирми во државава постојат, лебдечи, со блокирани сметки со години, мува не ги лази... Што значи проблемов ни е многу подлабок
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Ова е еден од најновите "легални" методи на ограбување на граѓаните.

Па мора некако да се наполнат дупките во буџетот, мора некако да се плати за спомениците и за Скопје 2014.

Џандарите никако да се вратат назад во станица со бараниот минимален број на пишани казни, изгледа граѓаните ги почитуваат законите и прописите, па сега ќе ги ограбуваат на легален начин.

Баш вака размислувал и Хитлер, откако не му успеал државниот удар од 1923 година, одлучил да дојде легално на власт, па така да го направи теророт легален, па да ја спроведува својата диктатура по пат на тероризирање на народот.

И оваа власт не тероризира со законски мерки, куршумите се скапи, а од мртов човек нема профит, па живи ќе не убиваат со вакви "легални" грабежи.
 
Ова не ти држи вода, како ќе се полни буџет ако ти однесеш предмет на извршување против комшијата твој? Што корист има државата од тоа? Или па буџетот? Кога би наплатил извршителот тебе ќе ти ги даде парите, а не на државата. Инаку, за останатото си во право ;)
 
Член од
2 август 2010
Мислења
100
Поени од реакции
38
Интересно, Стопанската комора законот за извршители и блокирање на сметките позитивно го поздрави во смисла на запазување на ликвидноста. Од кога почнаа со блокади на сметки мнг мали фирми испоумреа, не додржаа. Малите и средните претпријатија се стожер на стопанството и едни од најважните индикатори за економски раст. Мене лично ми беше блокирана сметката заради радиодифузна такса, а ниту сакам да имам ТВ во фирма, ниту сакам да гледам МТВ.
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Реално ако ги гледаме работите, извршителите треба да постојат од проста причина што таков ни е менталитетот за подмирување на тековните обврски. Ако треба 5 пати ќе одам на одмор, ама сметката за струја не ја плаќам :). Е тој начин на размислување треба да се смени, и гледам дека полека се менува.

Факт е дека тарифите се многу големи, но најавено е и во брзо време тоа ќе се случи - законско намалување и регулирање на тарифата на извршителите, со цел да се заштит граѓаните од големите износи кои ги плаќаат за извршителските услуги.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Ова не ти држи вода, како ќе се полни буџет ако ти однесеш предмет на извршување против комшијата твој? Што корист има државата од тоа? Или па буџетот? Кога би наплатил извршителот тебе ќе ти ги даде парите, а не на државата. Инаку, за останатото си во право ;)
како нема буџетот фајде од ова? па извршителите наплаќаат екстра пари од долгот, кој за нив е приход. а на база на тој приход се пресметува и данок кој оди каде ако не во буџет... понатака не ретко за некој да си го плати долгот зима кредит од банка за да не изгуби кола или стан... банката работи со интерес и нормално на тој интерес од заработената камата се плаќа данок... или пак се продава недвижност за да се наплати долг и при таа продажба пак има данок кој иде во буџет...

плус да не заборавиме една битна работа... еден извршител никогаш не е еден и сам... туку се нај малку 4 вработени... тоа се 4 плати, 4 осигурувања, 4 извори за данок во буџет и 4 лица помалку заведени во завод... а може и да не се 4.. има еден извршител во скопје што го знам и има вработено 27 луѓе кај него.... значи...?

значи кратко и јасно и државата-буџетот има фајде од извршителите, а и народот има фајде од извршителите...
 
Значи во буџет иде само ДДВ-то и тоа само од трошоците на извршување, што не викам дека е малце, ама за полнење на буџетот е незначително. Тоа ти е исто како да ги мразиш продавнициве пошто на секој прозвод ти наплаќаат ДДВ. Сакам да кажам дека и пред да се оформат приватните извршители, ДДВ-то веќе беше воведено. Кај нас постоеа судски извршители, ама не си ја вршеа работата, и затоа мораше да се приватизира тој сектор, за да можеш да си наплатиш долг.
Инаку не сфакам што сакаш да кажеш со вработениве, демек да не се отвараат нови работни места, пошто со секоја плата се префла на име данок?! А инаку те уверувам дека ти е грешна информацијата за извршител што има 27 вработени.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom