Извршители (легални рекетари).

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309
Чекајте малце ние мајмуни сме што плаќаме сметки ? Каде во свет ќе поминеш несанкционирано ако не си покриваш долгови, сметки и слично ?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Сепак значи ќе треба да цркнеме за леб...Автоматски заостанување на сметки и ред други работи...Тешко нас! Само тоа е тоа,сепак ако има нешто или некој кој е правно упатен во овие работи би ми било во голема предност.Сепак благодарам на мислењето.. :)
Прочитај член 105
http://www.pravdiko.mk/wp-content/uploads/2013/11/Zakon-za-Izvrshuvan-e-prechisten-tekst-05-04-2011.pdf
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
21
Поени од реакции
1
Денес ми стигна налог за извршување 1/3 од плата за долг кон ВИП оператор. Ги примив и двата налога, и замене и за фирмата на која и се наложува да ми сопира од плата. Што се прави сега, се дава налогот во сметководство или банката веќе сама ке врши трансфер на пари од моја сметка кај извршителот при секоја добиена плата?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Чекајте малце ние мајмуни сме што плаќаме сметки ? Каде во свет ќе поминеш несанкционирано ако не си покриваш долгови, сметки и слично ?
Реално кој не сака да плати сметка и да му тежи долг на совест? Малку се тие луѓе кои што немаат гајле и не плаќаат. Повеќето се должни затоа што и нив им должат, колку луѓе има стечајци со стари неплатени сметки ама и со 20-30 ненаплатени плати од старите фабрики? Ами од таму е долгот, едноставно луѓето водат борба за живот. Колку и денес не можат да платат, заради тоа што секој ден мислат што да јадат што да купат за да преживеат?

А од спротивната страна ги имаме фирмите на Камчеви и на Панделевци без ниту еден вработен, без дејност со по милион евра годишно добивка. Тоа само една по една фирма, а сигурно имаат уште по дваесет.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Извршителите само ги спроведуваат судските одлуки. Не треба нив да ги наоѓаме за виновни. Секој сака да си наплати долг. И нам некој ако ни должи, сакаме да си го наплатиме истото. Друго прашање е дали судот донел исправна одлука, дали долгот што го побарува е реален и сл.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Извршителите само ги спроведуваат судските одлуки. Не треба нив да ги наоѓаме за виновни. Секој сака да си наплати долг. И нам некој ако ни должи, сакаме да си го наплатиме истото. Друго прашање е дали судот донел исправна одлука, дали долгот што го побарува е реален и сл.
Секој сака да си наплати долг али извршителот зема долг ПЛУС награда за него шо ти зел долг.
Порано во старите добри времиња, ќе најдеше некој набилдан, или некоја банда и ќе му речеше “тој и тој ми борчи 10 наполеони, ојте претепајте го земете му ги парите и ќе ви дам награда“
Денес тоа извршители прават помодерно, ќе ти блокираат сметки ќе ти земат третина плата, иако и цела плата не ти стига за да преживееш месецот, ќе ти одземат предмети покуќнина, стан...
Најолем дел од заборчени граѓани се со потрошувачки кредити кои ги зедоа да поминат некој месец и да вратат рати и борчеви од предходни кредити кои земаа за да поминат некој месец и да вратат рати од предходни кредити...
Не се заборчуваше народот за луксузи туку да преживее. А банките до пред неколку години даваа капом и шаком кредити малце да се снајдеш, на работа да ти пишат тро поголема плата двајца колеги жиранти и оп ете ти 5000 или 10000 евра кредит.
Без кредит не можеш ни стар татко да погребаш, ни син да ожениш ни покрив кој ти капи да санираш ни машина за алишта да купиш кога ќе пропадне старата.
Работи кои на запад луѓето си ги плаќаат нормално од свои примања, овде мораш да се зајмиш по банки и лихвари.
Долгот секако треба да се плати али ај најди некаде од извршител акт па види колку награда тој зема за да ти ги земе парите. И тоа неговиот труд е да седне на компјутер провери каде се имаш сметки и имот, каде работиш и ти ги блокира парите. Не треба ни да те тепа ни да се бори со тебе.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
А колку е наградата за нотарот? Без да ги сметаме другите трошоци кои се придружни (асистенција на полиција, копирање на документи...)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.081
Извршителите само ги спроведуваат судските одлуки. Не треба нив да ги наоѓаме за виновни. Секој сака да си наплати долг. И нам некој ако ни должи, сакаме да си го наплатиме истото. Друго прашање е дали судот донел исправна одлука, дали долгот што го побарува е реален и сл.
И ЈП Шуми и МРТВ и други буџетски институции се должници. Само 3 ЈП вели, должат над 12 милиони евра...

Коментари
Ohrid, 18.06.2009 00:57:19
So da komentiram, toa ti e strasna rabota, za dolg od 3.200,00 den.izvrsitelkata od Bitola barase naplata od cirka 9000,00denari. Ne mi e jasno po koja tarifa rabotit koga pogore pisuvate deka treba da naplatit vkupno 40 evra? Druga pak od Ohrid za dolg od 9000,00 denari bara za nejze da i se platit 8.229,00 den. isto po koj tarifnik??? Nema da i platam zatoa sto ova go nema nikade. Molam za pojasnuvanje, kade da se obratam i da baram pravda???

Наплатата пет пати поскапа од долгот
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Треба да се погледа дали тие 9,000 денари се со придружни трошоци или „чисто“ за нотарската работа. Веќе пишав погоре дека многу други трошоци има.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
А колку е наградата за нотарот? Без да ги сметаме другите трошоци кои се придружни (асистенција на полиција, копирање на документи...)
Сите трошоци на извршувањето ги сноси кутриот должник, извршителот од свој џеп нема ни банка да даде, секое ископирано ливче, асистенции, секој трошок кој извршител ќе го има во извршувањето - оди на терет на граѓанинот ПЛУС наградата на извршителот.
Или отприлике то ти е вака, одиш на работа со кола, на паузата ручаш во ресторан, пиеш кафе, и сето то ти се надокнадува, заедно со чевли кои ги тршиш одејќи низ работно место, паналони кои ги носиш на работа, сакото.. и ПЛУС плата шо ја земаш
колку шо знам јас наградата му е 12% од долгот, па ти види колку е тоа, ако сакаш поконкретно еве ти сума, во 2015 година извршители наплатиле скоро 80 милиони евра долг и спрема пропис зеле “награда“ од околу 9.500.000 евра.
Во македонија има се вкупно околу 100 извршители
9.500.000 евра / 100 = 95.000 евра награди просек по глава извршител
и тоа е на годишно ниво.
Жан Митрев да знаеше за овој бизнис ќе завршеше право и ќе положеше за извршител.
 
Последно уредено:
M

Moon Child

Гостин
На баба ми пред некој месец и блокираа пензија од УЈП заради неизмирен долг радиодифузна такса.
И сето тоа ќе беше во ред, ако долгот не беше во куќата која ја продаде во 2009та година, а долгот се натрпал до 2013, кога она веќе никаква врска немаше со таа куќа. Имаше и доказ купопродажен документ, дека нели, куќата не е веќе нејзина т.е. дека во 2009та година ја продала, ама не, тоа немало врска што куќата ја продала во 2009та а долгот е од 2013та година, она требала да оди во мртв и таму да се одјави дека повеќе не е нејзина таа куќа :tapp:
Неможеше да си ја подигне пензијата никако додека не плати 4000 денари за одблокирање, па мораше да се задолжи жената за да плати 4000 денари да може пензијата да си ја подигне. Плус го плати долгот за радиодифузна такса во куќата која ја продаде.:tapp:
Да испоцркаат до 7мо колено им посакувам.
 
долг за радиодифузна такса застарева во рок од 12 месеци доколку не е тужено во рок, така да требаше писмено да дадете приговор.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Македонските „право“, „закони“ и „институции“ не постојат, пари и само пари.
Шокантно е и известувањето што го добила од адвокатската канцеларија во Скопје, во кое нема никакви детали ниту за долгот ниту за сумата што треба да ја плати, туку е известена дека е тужена и бројот на предметот. Единствено дека треба да се јави на телефонски број, на кој ќе ја информираат која сума да ја впише во уплатницата.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=43534144A7105B4BBE7D897DEF15781D[DOUBLEPOST=1465251018][/DOUBLEPOST]
Чекајте малце ние мајмуни сме што плаќаме сметки ? Каде во свет ќе поминеш несанкционирано ако не си покриваш долгови, сметки и слично ?
А тие што буквално насилно се принудени да платат неколкукратно, што се? Амеби?
 
M

Moon Child

Гостин
долг за радиодифузна такса застарева во рок од 12 месеци доколку не е тужено во рок, така да требаше писмено да дадете приговор.
Мислам дека си грешка. Она во 2009та година кога ја продаде куќата плаќањето рдт не беше задолжително, т.е. уште не беше донесен законот дека мора да се плаќа, затоа е и целата иронија во случајот. Незнам точно која година стапи на сила тој закон за морално плаќање, кога она немаше веќе никаква врска со таа куќа. Неможеше никако да ја одблокира пензијата, сестра ми трчаше со неа по банките и ујп, единствено беше само да си плати 4000 денари за да може да ја одблокираат, немаше начин женава до својата пензија да дојде. И кога ја одблокира мораше да го подмири долгот. А како да застарева за 12 месеци, ами женава без пензија ли требаше 12 мееци да седи, не те разбрав ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom