Идеи и примери за Алманаси

Дискусија во форумот 'Образование' започната од reactive89, 14 мај 2008.

  1. reactive89

    reactive89 Гостин

    Ја отворам оваа тема, за малку смеење, и идеи за пишување нешто во алмасите, знам малку касно е, али сепак нека остане за идните генерации, нешто како идеи што да сторат, што да измислат и да добијат бар малку идеја како би било интересно...
    Ќе дадам пример одма, што ние оваа година направивме т.е. што ставивме...
    Пошто учам компјутерска техника и автоматика, одлучивме цел клас, нашето изведување да е посебно и поспецифично... Земавме лист хартија, и тие што знаевме повеќе програмирање, земавме и пишавме програма за сите овие 4 луди години што ни се деси...

    Еве ја како пример, па вие додавајте работи што вашиот алманах содржи, пишете што се ќе се најде :)

    Инаку, одлучивме за целиот клас ништо да на пишеме, зашто повеќето немавме што да пишеме, и затоа направивме за цел клас поврзано со професори

    Еве како изгледа тоа :) п.с. не е баш се ситаксички точна, зашто немаше да го има тој шемк на смеење...
    _________________________________________________

    Program INTEL OLIVERA_i_30-te_pinovi;
    VAR OLE : klasna;
    30 ucenici : ... (no comment);
    profesori : virusi;
    ocenki : short;
    izostanoci : longint;

    BEGIN
    Writeln (‘Storija IV-4’);
    Readln (Mission Imposible);
    Writeln (‘Godina I 2004/2005’);
    IF 30 ucenici begat od casovi
    THEN OLE
    Writeln (‘Eve vi po eden gratis ... NEOPRAVDAN’);
    ELSE profesori
    Writeln(‘Eve vi po eden gratis ... KEC’);
    WHILE I-4 := odgovara fizika DO
    Writeln (‘Spomenka : Ako ova e odgovaranje togas jas sum Pamela Anderson’)
    Writeln (’10-ti JUNI’);
    Writeln (‘Sepak se znae koi se najdobri – I-4’);
    OLE := OSMEH;
    Writeln (‘Godina II 2005/2006’);
    IF 30 ucenici begat od casovi
    THEN OLE
    Writeln (‘Eve vi po dva gratis ... NEOPRAVDANI’);
    IF fizika sme otsutni THEN
    SPOMENKA := SE DERE;
    ELSE
    Writeln (‘Spomenka : Sakate da se soncame zaedno vo AVGUST ? ’);
    Writeln (‘Juni …’);
    Writeln (‘ Vrti suci pak najdobar klas’);
    Writeln (‘Godina III 2006/2007’);
    WHILE Drzavna matura (uste ne oficijalno) DO
    III – 4 := 26+4 novi pinovi;
    IF 30 ucenici OUT THEN
    OLE := epten luta , DANIELA := srekna;
    IF III – 4 na cas gi nema THEN
    III – 4 := nagradi zema;
    OLE := srekna , DANIELA := :(;
    Writeln (‘Juni Again …’);
    IF III – 4 najdobri THEN
    OLE := Epten srekna;
    Writeln (‘Godina IV 2007/2008’);
    CASE posledna godina OF
    SEPTEMVRI : Writeln (‘IV – 4 := odat na strajk za matura’);
    OKTOMVRI : Writeln (‘OH MY GOD nema ekskurzija
    IV – 4 := :(’);
    DEKEMVRI : Writeln (‘IV – 4 := popravaat ocenki’);
    MART : Writeln (‘IV – 4 := I mesto za hartija sobiranje’);
    APRIL : Writeln (‘IV – 4 := obrazovno randevu’);
    {IV – 4 := Obrazovno randevu zema III mesto za poster
    Mirjana := epten luta za izostanoci (naredi 3 - ki)
    Daniela := isto taka luta (Daj be odite ednas na cas)
    Spomenka := sizna
    Sofce := bara nacin da gi opravda “MLADINCITE” :)}
    MAJ : Writeln (‘IV – 4 := Pak najdobri’);
    END;
    IF Efto ne ne nosi vo Belgrad THEN
    Bivso IV – 4 := HAKIRANJE na novite kompjuteri vo septemvri;
    ELSE
    IV – 4 := Drugari so Efto;
    REPEAT Celava programa;
    UNTIL Ne ja razberes programava;
    {ako nesto stvarno ne Vi e jasno togas ... probaj sam}
    END.

    {ZA SEKOGAS ZGODNI I NEOPHODNI VASI IV – 4 J}

    P.S. Decki koj ke odi da go odlozi testot ? :):):)

    _________________________________________________________

    Иначе, Оле - класна/математика, Споменка - физика, Даниела - програмирање, Софче - процесно управување (задолжителна за Младинците во МЕТА), Ефто - Директор, пробај сам (Спасо) - задолжителна математика (знаеше да каже, ако нешто заглави на некоја задача или го мрзи да пише, ќе земе кредата и до задачата ќе пишеше пробај сам...:pos:)
    __________________________________

    Темава ако не е за туика преместете ја :)
  2. VeS

    VeS .

    Член од:
    16 мај 2008
    Мислења:
    4.258
    Допаѓања:
    568
    hmmm abe aj nie vaka neso razbirame ama da mu dades na nekoj starec da go cita ova ke se zagubi uste vo prviot zbor
  3. TraLaLaLa

    TraLaLaLa Eternal Pessimist

    Член од:
    26 јануари 2008
    Мислења:
    182
    Допаѓања:
    7
    Баш ми се допадна... ако не друго, оригинално е:aplauz:
    Кај нас веќе досадно стана - секоја година се исто:lut:
  4. курајбер

    курајбер млад, потентен

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    9.512
    Допаѓања:
    4.845
    “во прва/последна клупа седеше и петки/глупости редеше’’

    оваa гачка ке живее додека имаме образование во држава hihi
    На Фокси му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Срцуфка

    Срцуфка

    Член од:
    2 септември 2007
    Мислења:
    2.158
    Допаѓања:
    174

    “беше главна шема и на машките/женските вечна тема“

    иначе, Реактив, браво за алманахот. Многу интересна реализација :)
  6. Ханзо

    Ханзо Гостин

    Ова мојов алманах ко да го правеа деца со посебни потреби. :(
    Драма во која се расправаме каков да ни биде алманахот... Оригинално, да. Добро...не...:uvo:
  7. Word$haker

    Word$haker

    Член од:
    21 ноември 2005
    Мислења:
    4.576
    Допаѓања:
    211
    Aлманахов ме асоцира на 1-ва година средно кога со овие IF, THEN итн. работевме по информатичка технологија и ден-денес не ги запаметив :pos: Навистина интересна замисла :)

    Инаку ние имавме песнички, ни ги смисли едно дете од клас т.е Офчар од форумов, и беа ептен интересни, инаку јас сум за нешто поедноставно од типот на: Познат/а по..., Омилена фраза..., и слично.
  8. IronTrooper

    IronTrooper The King of Cool

    Член од:
    27 март 2007
    Мислења:
    1.499
    Допаѓања:
    31
    во прва клупа седеше
    саде петки редеше
    по ходници шеташе
    на часови не ометаше
    ПС: Може да одговарам

    или

    многу убава беше
    да се насмее сакаше
    со Трпана се дружеше
    и често препишуваше
    ПС: Кога ќе ѕвони

    вака налик беше од основно алманахо, а сега демек орЃинални нешо теЏт пишавме, ама не верувам дека нешто добро ќе искочи (искочено е више ама ја не су го зел)
  9. курајбер

    курајбер млад, потентен

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    9.512
    Допаѓања:
    4.845
    Пола фаци Фото Мите кај 7ица( у мојот случај) ги напраил на ништо да не личат,па пичиците од клас се враќаат на репете па специјални фризери за сликањее ехееее ѓаол и пол

    ....и на крај обавено //п.с некоја интерна гачка што ако не си бил у клас со дечките нема да ја разберешsd

    топ е алманах вчера ме фати носатлгија го читав мојон,убаво се осеќаш после некое време онака е...
  10. reactive89

    reactive89 Гостин

    Ме немаше мене малку, простете... инаку Ves, алманах ко алманах претставува навраќање на работите кои ти се десија во средно, а не дали старците ќе разберат... ако не разберат ние сме пак тука да објасниме... хехехе
    Срцуфка, фала :)
    Итар Пејо... знам за што збориш... и нас не испратија кај фото мите и скоро сите сме испаднале ко женчиња... хахаха
    инаку таа ми е 2ра слика која ја засакав во мојот живот од мене... зашто стварно испаднав меѓу добрите слики кои беа многу ретки и кои не беа на лик на мамини детенца... :pos: :)

    друго, дајте параграфи од вашите алманаси за да се смееме... темава е за алманаси, кој што како и зашто така му било напишано и незнам што ти не... :)
    да не биде само на мојот клас тука, него фората ми беше да имаме удел сите во темава со делови од алманаси :)
    Поздрав!
  11. ФлоуБТ

    ФлоуБТ Потпис: Clever Bastard

    Член од:
    17 февруари 2008
    Мислења:
    1.584
    Допаѓања:
    66
    Паскал код, а
    Јако е :pos2::pos2:

    п.с. И јас бев IV-4 и учев компјутерска техника и автоматика :)
  12. elena_e

    elena_e

    Член од:
    20 мај 2008
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    40
    Се почна пред четири лета,
    1-4 клас во Гимназијата влета
    и уште од првиот “гимназиски“ миг
    “In English, please!” се чу вик.
    “Да не доаѓате на училиште,
    како да сте на шеталиште!“-
    велеше класната наша,
    но зарем некој нешто ја праша?
    Од тој ден “пресуден“,
    за “бубање“ бран не носеше чуден.
    Класниот час беше посебна песна,
    за класната не многу интересна.
    “Каде беше минатиот петок на трети час?“
    И сите знаевме – ни немаше спас.
    “Професорке, ми пука глава од историја,
    паметот ми се врти од биологија.
    На хемија што да се прави нема,
    а на музичко од пеење ме фаќа трема!“
    Се слушаа оправдувања разни, и само
    “Negative!” значеше крај за сите сказни.
    Експерти бевме за кинење живци
    и пред класната -најголеми кривци.
    На нервозите нејзини им немаше крај,
    па тетка Пенка брзаше да донесе кафе и чај.
    Често велеа: “Ќе следат казни“,
    но, зарем некој верува на зборови празни?
    Четири години “војни“ ученички водевме,
    мачниот гимназиски пат успешно го изодевме.
    И затоа голема благодарност на професорите сите,
    што долги и мачни ни ги правеа дните.

    Најпрвин благодарност до класната наша,
    која се обидуваше да не вади од секоја каша.
    На англиски комуницира вешто,
    не смее на друг јазик да се каже нешто.
    Понеделник, суд страшен на класен час,
    таа велеше “This is happening only in your class!”
    Цитираме: “Do you understand? Or I should say this in Spanish?”
    “You know what I mean?”
    “Everything is possible in 4-4!”

    ..........

    Мора да учиме, тоа не шега,
    а од часот по латински активно се бега.
    Проф. Лилјана “Сите сте tabula rasa” велеше,
    и заслужените оценки во дневник ги редеше.
    Цитираме: “Имаме време за уште една вежба.“

    ...................

    На биологија се надоврзува предметот хемија,
    сите присутни на час – па тоа е премија!
    Дека “се е хемија“, проф. Ранка не уверуваше,
    да воспостави дисциплина залудно се обидуваше
    и секако, “атомот е како кромид“ не убедуваше.
    Цитираме: “Па сите знаат дека варта е најдобра во Нежилово.“
    J “Нешто не станува ништо и ништо не станува ништо“.
    “Тапите агли се поголеми од правите, од 120 степени.“
    ..............

    На спорт ретко кој беше активен на час,
    Злате се закануваше ќе не запишел нас.
    Затоа нашиот клас силен крена глас:
    “Добро професоре, обавезно наредниот час!“.
    Но не успеа ни таа фора,
    нашиот клас на клупите да гувее мора.
    Не можеше со нас да се разбере тој,
    затоа не остави да го “тераме“ животот свој.
    Цитираме: “Не се расправај со мене!!!“
    .................

    Во музиката бевме прави ветерани,
    со проф. Ване, пеење на сите страни.
    Часот по музичко - вистинска атракција,
    а клавирот, наша омилена дестинација.
    Често се случуваше професорот да свика
    бидејќи кој-како сака си “рика“.
    Цитираме: “Ајде, одиме... до-ми-сол-ми-до!“
    ...................

    Во 4. година славни филозофи станавме ние,
    на овој час не беше дозволено да се спие.
    Тања нуркаше во своите мисли,
    а кога не знаевме, не можеше да не смисли.
    Цитираме: “Читајте, идиоти мои непреболени!“
    J“Што е волунтаризам? – Одгледување на волови сигурно не е!“
    “Вујко му, на мајка му сестра, така ли?“
    ...............................

    4-4 клас, 2007/2008, Велес

    има уште многу но ова е поинтересното
  13. Miss Retro

    Miss Retro

    Член од:
    17 јуни 2008
    Мислења:
    30
    Допаѓања:
    2
    Идеи за алманах

    Бидејќи се близат деновите за пишување алманах дајте некои интересни идеи да не биде со класичните песнички со рима
  14. Ханзо

    Ханзо Гостин

    Во прва клупа седеше
    Професорите ги слушаше
    Редовно учеше
    Петки добиваше.
    ...
    Во последна клупа седеше
    Професорите ги нервираше
    Девојките на него се палеа
    Во „Љубовни совети“ се жалеа.

    Што им фали на песничкиве? :)
  15. Срцуфка

    Срцуфка

    Член од:
    2 септември 2007
    Мислења:
    2.158
    Допаѓања:
    174
    Ама коа видов од Јбт една песничка, се ваљавме од смеење со другарка ми:

    Трпе беше дете вредно,
    се што сакаше беше да заврши средно. :pos:

    Стварно многу бил вреден бил дечкото.
    На negisakamonnet му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: