Игротека (за прослава на роденден)

Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Пребарував низ форумот и не успеав да најдам ваква тема!
Ја отворам оваа тема за да се споделиме искуства во врска со Игротеките во Скопје, да дадеме предлози за добри Игротеки за прослава на роденден и слично.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Во Џунгла да изнајмиш само простор 3500 ден за 2 часа со сопствено јадење и пиење. Некоја друга ваква поголема што има место за околу 50 возрасни со деца и дали треба да се закаже 5-6 месеци однапред?

Во една игротека кога бев на роденден кај внук ми имаше чипс што останал од друг роденден и само еден сок Синалко на 6 души на масата. :LOL:
 
Член од
17 март 2014
Мислења
600
Поени од реакции
1.662
Вчера баш правев муабет на оваа тема со братучед ми - има мало дете и вика
брат се мислам дали да славам роденден на малиот во игротека пошо 15 000 денари ќе ме фати све .... :shook: :tapp:
Пијачки како во кафич ...
е*ати и игротеки и све за 15 000 ден на 2 годишно дете(за внук ми зборам :D)
3 години ќе му славам роденден и Биди и Бади ќе ги викнам ако треба :aplauz:...

Али има деца си слават во игротека , зошто да не :coffee:
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Измешани се работите од славење роденден на мало дете до частење на возрасни за роденденот на мало дете. Игротеката би требало да биде забава 2часовна за малите деца да се одбележи денот на детето, а не да викнеш милион пријатели роднини у “кафич(игротека)“ и да ги частиш пијачки и јадење (ко на слава). Така може и 1000евра да те фате не 15000 ден.
Изгубена е смислата на прослава на роденденот во игротека.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
99% од игротеките, мене од секогаш ми личеле на место каде детето неможе да добие некоја добра забава за својот роденден, а притоа неговиот родител ќе даде повеќе пари одколку прославата на роденденот да ја прави дома.
Порано најдобро место за прослава на роденден за едно дете, од аспект забава, храна и дружба помеѓу родителите на децата, беше или А/Екшн парк и Мекдоналдс.
Имам наминато покрај една игротека во Лисиче, не сум влегол во неа, но вака од надвор ми личи Ок. Незнам како стојат цените, но можеш таму да прашаш. Позади бензиската е, тука негде:)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Измешани се работите од славење роденден на мало дете до частење на возрасни за роденденот на мало дете. Игротеката би требало да биде забава 2часовна за малите деца да се одбележи денот на детето, а не да викнеш милион пријатели роднини у “кафич(игротека)“ и да ги частиш пијачки и јадење (ко на слава). Така може и 1000евра да те фате не 15000 ден.
Изгубена е смислата на прослава на роденденот во игротека.
Па ако децата се под 3 години нормално дека мора да дојдат со некој возрасен.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Па друго е да го донесат детето и да почекаат да се напијат кафе и торта а друго е тука да фрчат пијачки, ордевери, кифли...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Па друго е да го донесат детето и да почекаат да се напијат кафе и торта а друго е тука да фрчат пијачки, ордевери, кифли...
Епа добро ти на детето му прави роденден само со сок, смоки и торта. 1 или 2 роденден вака да го славиш мислам дека е срамота. :D

Јас за првиот роденден се заебав платив за 30 деца и 10 возрасни по 170 ден и плус што дојдоа дома најблиските и некои пријатели. Игротека+дома е поскапа опција, вака изнајми простор и сите таму заедно.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Па тоа сакам да кажам се губи смисла, ако е за јадење пиење викни си дома гости или кафана, изгубена е смислата на игротеката и баш од тој примитивен муабет “срамота е“. Не гледам што има срамота покануваш деца на роденденот за тие малце да си поиграат да се порадуваат, а родителите се таму за да ги “пренесат“ а не и они да слават да јадат да пијат, како што кажав, едно кафе додека чекаат...
лани славевме иначе во игротека, па додека наместиш ордевер, пијачки, па секој како доаѓа да го пречекаш да го поздравиш, да го послужиш со пиење и поминал цел роденден во глумење келнер.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
600
Поени од реакции
1.662
А бе закажи си во ресторан ( во Рагуза на пример ) :D
- славеникот/славеничката ќе пречекува гости на врата (со помош од родител )
- ќе се поделат масите : лево младите :pivo2: десно старите :anco:
- професионални келнери вршат услуга наместо ти да изиграваш келнер
- кловнови нема да треба затоа што гарант некој ќе се направи ЌОР ПИЈАН :ајнапиво:
па ќе ги засмејува децата :jeeee:

и ЗАБАВА ДО НЕСВЕСТ ! xD
:oleee:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Во кафана е како да правиш матура или веридба. Дома цела вечер си келнер и плус местење на маси, расфрлање на играчки. Еден час порано им носиш што сакаш да има и они се ти средуваат. Завршува славењето си одиш и не се замараш со чистење и со тоа дали некој гости останале до сабајле.

Јадење и пиење се знае какво ќе е, сигурно нема да е како на слава со печени прасиња, зелка и компир салата, кифли. И секој гостин да трча по келнерот донеси ова донеси она, па на крај да се чудиш кога ќе ја видиш сметката. :D
Си ќе има на масата нема што да се служи цела вечер.

Интересно ми беше на еден роденден каде наместо шишиња сокови и пиво пред секој гостин имаше лименки и на нив слика од спајдермен и името на детето. :) Секаде балони и слатките беа во колички направени од хартија и имаше нешто пуканки и гумени бомбони. А ние родителите си игравме на плејстејшен :icon_lol:

Тоа плус место за возрасни ми е затоа што јас не сакам цела недела да правам роденден и затоа сите на едно место и во една вечер. Сигурно кумот или брат/сестра нема да го послужите само со кафе. :D
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
...препорака за добра игротека во реоните Автокоманда, Н.Лисиче, Аеродром, Ченто ...???
 
S

silmarillion

Гостин
Во наше време по кафани и ресторани правеа богаташите :D и тие родендени беа ладни и неинтересни. Се знаеше како се прави, ако си предшколска возраст се собираат дома најблиските се прави торта се удираат неколку слики за у албум и тоа е тоа. Ако си до 6-7мо одделение, ги собираш сите другарчиња во школски во 5 и ги носиш дома. А дома, мајка спремила три овали со сендвичиња (канапеи по ново) од француски леб со путерче, саламче и рендан кашкавал и по можност кисела краставичка. Се пушта касета некоја и се маваат од земја сите додека не се направат жива вода и да дојде 8 саат да дојде родителот да си го прибере детето. Па се затвараа женските по вециња по соби се бркаа се правеа. Па на крај вадиш касато торта со свеќи и дуваш, тие што беа поимотни купуваа од 511, Канела или Моцарт : ))

Поклони се носеа исклучиво купени од книжара (тетратка и молив, папка за англиски, филџан за чај, а не денес чекај во Окаиди маичка од 3000 МКД, и чувајте ја сметката ако не му е точна или не му се свиѓа. Не му се свиѓале боите а он 4 години пуни. Па у наше време ако на 4 години има сенс за тоа што му стои што не, се знаеше дека женските ќе му бидат само другарки во животот. Незнам искрено кога прекина сперма да се користи за правење деца и место тоа почна мочка да се упражњава пошто децава денес се таква лигавештија да им ги жалиш годините што им ги трошат родителите.

И не, немојте модерни мајки да зборите дека немате време за вакви работи пошто имате време за 3 саати нокти да печете, афтерворк да не пропуштите, и со празни џебови низ Ситимол да шетате со кокошките другарки и да оговарате некоја курава од работа што успеала во животот а вие сте заглибени со вашата средношколска љубов кој не искочи баш паметна инвестиција.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
И богатите прославуваа дома, а во кафана само прв роденден. Јас скоро на сите деца од школо имам идено дома на роденден, а учев во клас во кој пола и повеќе беа деца на богаташи.

На таа возраст се собиравме дома затоа што тогаш немаше игротеки, а можам да се кладам и тогаш да постоеа и ние ќе напињавме да е таму. И таму има музика, неограничени играчки и трескање од земја. Игротеките се најдобар избор и затоа има и најголем хејт.
Ние пораснавме и ни изгледа дека во игротека воопшто не е интересно, ни фали детството и мислиме дека не е тоа што беше порано, кога родендените се прославуваа дома. Оваа година и за двајцата ни беше во зоолошка градина. Децата премногу беа радосни, се изнатрчаа, изнаскокаа и го хранеа животните.

Не дека денешниве мајки сите се мрзеливи и поважно и е да шетаат со другарките (има и такви де како што ги наброја) и не знаат да направат кифли, ордевери и сендвичи, туку големо олеснување е и плус на роденденот си релаксиран, а не како умрен. Би сакал да видам ти со две мали деца дали ќе прифатиш да го правите дома во работен ден.
Си доаѓаш од работа во 4 часот и да спремаш роденден за во 5 часот, да ги земеш децата од закаженото место, нели некои не знаат каде живеете и цела вечер да посветуваш внимание и да одговараш за други 20-30 деца.

Тоа со поклоните е од оние лигавите мамички, само тие се замараат дали маичката треба да се замени или не. Истите тие детето од мала возраст го имаат научено да носи само бренд и дека од целиот роденден поколонот треба да му е најважен. Се` уште се носат такви поклони како тетратки, рамки за слики, парфеми и др. Знам внук ми се фалеше дека добил чаша, моливи и пенкала од овие со фудбалски клубови.
 
S

silmarillion

Гостин
Не викам дека не е олеснување само сакав споредба да направам со колку малце сме се задоволувале ние и сме си проаѓале еве во најмала рака поеднакво добро. А за тоа со мајките пак ке кажам, можела и мајками да праи нокти по 3 саата, ама едноставно решила на друг начин да го помине своето време за да можам денес да ја зборам. Во секој случај повеќе ценето него ли, ме однесоа во игротека ми нарачаа пица, баба ми ми направи кифли и пројдовме супер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom