Знаеме ли што јадеме и зошто не? (Декларациите во Македонија)

Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Секој произовд без декларација треба да биде повлечен од пазарот без разлика дали амбалажата е на самиот производ етикетирана или на окрупнувањето на стоката со еден декларативен лист :) :)
 
T

templar55

Гостин
Адитиви/емулгатори кои предизвикуваат канцер и треба да се избегнуваат по секоја цена.
Со болдот се оние кои што се најопасни

Е102
Е104
E110
E220
E407
E430- (потенцијален предизвикувач)
Е432 ( потенцијален предизвикувач )
Е433
Е434
Е435
Е436
Е466
Е122
Е123
Е124
Е127
Е128
Е129
Е131
Е132
Е133
Е151
Е154
Е155
Е173
Е180
Е211
Е230
Е231
Е236
Е239
Е249
Е250
Е251
Е252
Е310
Е320
Е321
Е407
Е430
Е431
Е432
Е435
Е433
Е436
Е466
Е507
Е518
Е553
Е625
Е903
Е905
Е924
Е926
Е950
E951
Е952
Е1202

Има преку 3000 адитиви во исхрана но овие 100% предизвикуваат рак а знам дека на големо се употребуваат посебно во слатките работи, гумените бонбони,лижавчиња, тортите шо ви ги носат за крштевка, матурска, дипломска :)
( обоените )... држете се до растителна исхрана само ако сакате долг век, јас веќе на големо се спремам да бидам вегетаријанец и да баталам овие гомна.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Месото што се пушта во малопродажба во Македонија, дури и кога го има поминато легалниот пат на процесот на производство, не е секогаш од сосема здрави животни, пишува дневниот весник „Вест“.


Во денешниот број весникот наведува дека некои од животните имаат рак на црниот дроб, други на цревата и други внатрешни органи, или пак се заболени од леукозни и и туберкулозни болести. Бидејќи не станува збор за заразни заболувања, при колењето на овие животни им се отстрануваат заболените органи и се уништуваат, а останатите делови од трупот кои не се метастазираат или не се зафатени од друга болест, се пуштаат во промет.
Според извештајот на Агенцијата за храна и ветеринарство, за заклани животни и добиено месо лани ветеринарните инспектори во легалните кланици во државата конфискувале над 481 тон заболени дропчиња и цели трупови. Најмногу неупотребливо месо и органи имало кај свињите и прасињата, над 48 тони. Закланите телиња биле речиси здрави, со само 151 килограм неупотребливо месо и органи, а од говедското нездраво било над три тона од месото и внатрешните органи.

Онколози за весникот велат дека не постои медицински доказ за тоа дека може да се добие рак ако се јаде месо заболено со карцином, но истовремено велат дека не постои ниту студија што го негира тоа. Апелираат да не се купува месо заклано по дворови, бидејќи тоа не го видел инспектор, ниту пак пред колењето некој ветеринарен доктор го прегледал животното.
Директорот на Клиниката на онкологија, д-р Милан Ристески предупредува дека опасност од пренесување на канцерогени клетки постои само кога месото што се јаде не е добро термички обработено.
Според онколозите, пишува весникот, можностите за заболување од карцином на дебелото црево се поголеми кај оние луѓе кои почесто и во поголеми количини јадат месо бидејќи секундарните жолчни соли кои се создаваат при разградувањето на храната подолго од вообичаеното се задржуваат во дебелото месо. Поради тоа и Светската здравствена организација препорачува црвеното месо да се јаде еднаш неделно.

+
Ги имате ли овие отровни производи дома?
Многу од производите кои ги користите во домот се опасни по вашето здравје, посебно доколку ги користите често и долг период. Кои од нив ги користиме најчесто, а не би требало? Време е да направите сериозни промени.


Пуканки за микробранова
Иако се вкусни, овие пуканки содржат штетни хемиски супстанци кои се поврзуваат со низа болести, вклучувајќи ги и најопасните - карциномите. Пуканките сами по себе не се штетни, посебно доколку ги подготвувате оние кои се органски одгледани и тоа на масло кое поднесува високи температури. Но, овие за микробранова треба да ги избегнувате.

Антибактериски сапуни
Триклосанот, хемискиот пестицид кој е составен дел од антибактериските сапуни, се поврзува со оштетувањата на штитната жлезда и хормоните, како и со разни инфекции. Наместо антибактериски сапуни, одберете ги обичните кои со редовна и правилна употреба ќе ги исчистат вашите раце одлично.


Хемиски отрови
Можеби си мислите дека не ги користите во вашето домаќинство, но размислете уште еднаш. Хемиските отрови се спрејовите против инсекти, средствата за чистење на печка, како и разните прашоци против мравки или лебарки. Сето ова е исклучително штетно и отровно, па подобро одберете природни производи кои ќе ја завршат задачата. Можеби ќе им треба повеќе време и се поскапи, но нема да ве разболат.

Облека која не се гужва
Идејата за облека која не мора да ја пеглате бидејќи не се гужва звучи одлично, но таквата облека е отровна. Содржи формалдехид кој лошо делува на здравјето и предизвикува разни болести, па дури и карцином. Подобро да ја земете пеглата во раце и да ја избегнувате ваквата облека.

Освежувачи на воздухот
Без разлика дали станува збор за оние во спреј или оние кои се приклучуваат на струја, освежувачите за воздух не се пријателски. Содржат низа хемикалии кои, замислете иронија - всушност го загадуваат воздухот. Овие хемикалии се поврзуваат со појава на карцином, астма, алергии и хормонални пореметувања. Наместо освежувачи за воздух, отворете ги прозорите и пуштете да влезе свеж воздух.

Садови за кои не се лепи храната
Садовите со дно на кое не се лепи храната се хит бидејќи лесно се чистат, но опасни се за здравјето. Содржат хемикалии кои се исклучително канцерогени и доколку ги користите подолго време можат сериозно да ви наштетат.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
За месото,доколку болеста не е зоонозна,т.е не се пренесува од животни на луѓе не гледам причина да не се употребува,доколку само ако се замрзне,па се пече,тогаш не е штетно.
Ќе познаете во месара такво месо(тоа месо се нарекува условно употребливо месо) по тоа што има квадратен печат,наместо стандардниот овален печат :)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Не знам зошто се возбудувтае. Одамна е кажано, ако сакаш да јадеш колбаси, и ја почитуваш науката, не прашувај од што се направени...

:)
да не испадне ова :pos:
уствари, би било смешно доколку не е жалосно
а во случајов е ова второво:sick:

http://www.foxnews.com/scitech/2011/06/17/japanese-scientists-create-meat-from-poop/
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
штом романците успеале да им протурат на англичаните производи божем со телешко месо ( лазањи со коњско месо)
којзнае што се’ се увезува во МК или пак од домашните производители се нуди на пазарот

http://www.24chasa.bg/Article.asp?ArticleId=1763968
--- надополнето: 9 февруари 2013 во 22:13 ---
.
.
.
.
Skandal u Britanji zbog konjskog mesa

Afera sa konjskim mesom do sada je najviše pogodila Irsku, Veliku Britaniju, Francusku i Poljsku, a osim Findusa i Aldo, sporni smrznuti proizvodi povučeni su sa rafova maloprodajnih lanaca "Iceland" i "Lidl".

http://www.pressonline.rs/svet/globus/262087/skandal-u-britanji-zbog-konjskog-mesa.html
 
Член од
7 декември 2011
Мислења
283
Поени од реакции
83
Адитиви/емулгатори кои предизвикуваат канцер и треба да се избегнуваат по секоја цена.
Со болдот се оние кои што се најопасни

Е102
Е104
E110
E220
E407
E430- (потенцијален предизвикувач)
Е432 ( потенцијален предизвикувач )
Е433
Е434
Е435
Е436
Е466
Е122
Е123
Е124
Е127
Е128
Е129
Е131
Е132
Е133
Е151
Е154
Е155
Е173
Е180
Е211
Е230
Е231
Е236
Е239
Е249
Е250
Е251
Е252
Е310
Е320
Е321
Е407
Е430
Е431
Е432
Е435
Е433
Е436
Е466
Е507
Е518
Е553
Е625
Е903
Е905
Е924
Е926
Е950
E951
Е952
Е1202

Има преку 3000 адитиви во исхрана но овие 100% предизвикуваат рак а знам дека на големо се употребуваат посебно во слатките работи, гумените бонбони,лижавчиња, тортите шо ви ги носат за крштевка, матурска, дипломска :)
( обоените )... држете се до растителна исхрана само ако сакате долг век, јас веќе на големо се спремам да бидам вегетаријанец и да баталам овие гомна.

Каде можам да ги сретнам овие броеви ?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Млекото на Дукат e канцерогено!
Добиените резултати од лабораториските испитувања спроведени од Факултетот за ветеринарна медицина, потврдија зголемено присуство на афлатоксинот М1 во млекото „Лагано јутро” на хрватскиот производител „Дукат”
-Станува збор за анализираните мостри од 360 литри трајно млеко од овој бренд, кои се наоѓаат под надзор во магацините на увозникот, односно кои не се пуштени во промет. Овие количини, со наредба на Агенцијата ќе бидат нештетно уништени, велат од Агенцијата.
Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со вршење на засилени инспекциски контроли на домашниот пазар, како и со задолжително испитување на афлатоксини при увоз на млеко и производи од млеко.

Наздравје :mad:
Прво не убедуваа дека во млекото на дукат за македонски пазар нема канцерогени супстанци, после тоа ни викаа дека не вршеле такви испитувања, за на крај - после две недели да излезат со соопштение дека млекото е канцерогено.

 
Член од
9 март 2012
Мислења
175
Поени од реакции
249
Млекото на Дукат e канцерогено!
Добиените резултати од лабораториските испитувања спроведени од Факултетот за ветеринарна медицина, потврдија зголемено присуство на афлатоксинот М1 во млекото „Лагано јутро” на хрватскиот производител „Дукат”​
-Станува збор за анализираните мостри од 360 литри трајно млеко од овој бренд, кои се наоѓаат под надзор во магацините на увозникот, односно кои не се пуштени во промет. Овие количини, со наредба на Агенцијата ќе бидат нештетно уништени, велат од Агенцијата.
Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со вршење на засилени инспекциски контроли на домашниот пазар, како и со задолжително испитување на афлатоксини при увоз на млеко и производи од млеко.

Наздравје :mad:
Прво не убедуваа дека во млекото на дукат за македонски пазар нема канцерогени супстанци, после тоа ни викаа дека не вршеле такви испитувања, за на крај - после две недели да излезат со соопштение дека млекото е канцерогено.

A jas na malo dete mu davam mleko dukat, kakva sovest imat tie od agencijata, samo pari da zimat nisto drugo.(n)(n)
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Ни да јадеме ни да пиеме ни да облакаме....се е канцорегено...
Кога ќе ми текне пред 20 и нешто години колку слатко јадевме.;)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.662
Поени од реакции
6.528
Јас си јадам 80% домашна храна, едино леб, овошје и зеленчук шо купуваме, ама во лето и тоа е од бавча, па процентот можда оди и до 100 % :D
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Компарација на вистини

Со други зборови, еве како не дупат во здрав разум.

Или како што вели еден мој пријател и член на форумов:

Во замислениот, паралелен универзум, директоров ќе даде ваква изјава:
- „Со голема загриженост ги примивме резултатите од анализите на млекото кои покажаа трикратно зголемена коцнентрација на исклучително канцерогените афлатоксини. Агенцијата за храна и ветеринарство, веднаш по добивањето на резултатите, формира стручна комисија чија задача ќе биде да осмисли и спроведе соодветни системски измени во процедурите за контрола на квалитетот на прехрамбените производи, а се со цел ваков опасен инцидент повеќе никогаш да не се повтори. Исто така, во итниот состанок кој ги имавме со претставниците на другите засегнати државни институции, заклучивме дека одговорноста за овој превид мора да се лоцира во најкус можен рок. На крај, сакам и да ве информирам дека поради чувството на лична одговорност, веќе му ја понудив својата оставка на министерот“.

Во овој универзум: „Млекото не е канцерогено“.
 
T

templar55

Гостин
Каде можам да ги сретнам овие броеви ?
Позади секој производ што се продава има од што е составен и како е направен. Имај лист со овие бројки кога пазариш и нема да имаш проблем. Можеш да ги сретнеш од сувомеснати производи, гумени бомбони, сокови со сомнително потекло, како и млеко ( моментално тоа е актуелно ).
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Од 35 тестирани примероци на млеко, 29 имале покачена вредност на афлатоксин. Ова вчера го објави покраинскиот секретар на Војводина за земјоделие Горан Јешиќ на неговиот Твитер профил.

“Ситуацијата е алармантна и не гледам ниту една причина или приватен интерес млекото да не се повлече од продажба” напишал Горан Јешиќ на Твитер.

Во минстерството за земјоделие на Србија велат дека примероците со гранични вредности на афлатоксини дополнително се испитуваат.

Испитувањето на присуството на афлатоксините на пазарите во Србија започна минатиот викенд, кога министерството за земјоделие на Хрватска нареди повлекување од продажба на четири вида трајно пастеризирано млеко кое го произведуваат загрепски Дукат и вараждинска Винџија.

Босна и Херцеговина и Црна Гора веќе го забранија увозот на млека од Дукат и Винџија.

Извор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom