Знаеме ли што јадеме и зошто не? (Декларациите во Македонија)

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Колку месо, а колку маст, вода и останато?

Декларациите на производите претставуваат изјава од производителот за нивниот состав. Но, зошто голем дел од македонските производители на преработки од месо на декларациите од своите производи не наведуваат колку проценти од составот е месо, а колку проценти е маст, вода, соини протеини и други додатоци?



Ваквата пракса е вообичаена кај месните производи од македонските производители, па потрошувачите воопшто не знаат што купуваат - дали производот кој го купуваат содржи на пример 70% месо, 10% маст, 5% вода и останати додатоци, или пак можеби содржи само 20% месо, а останатото е соја, маст, вода, зачини и други додатоци? Или, колку проценти од вкупниот состав е на пример свинско месо, а колку проценти пилешко?





Две логични прашања кои се наметнуваат:
1) Зошто производителите го практикуваат ова?
2) Зошто практиката на производителите се толерира?







Виа Кајгана
 
R

Randy

Гостин
Добро е да се стават декларации. Сепак поважно е да сме доволно информирани за одредени производи да не ги купуваме ниту со декларација ако се. Се знае отприлика што и како се става во производите. Ако има бели делчиња во сувомеснатото тоа е маст, сувомеснатите и некои конзервирани производи (паштети) содржат покрај големото количество маст и многу сол. Така да со ум треба да се купува и да не се верува на секакви реклами.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
....проблемот е многу поширок.....често пати декларацијата не соодетствува со составот....најчесто пишува средство за желирање без да се наведе кое (желатин, пектин, агар-агар....) ова е многу важно за вегани, вегетеријанци, луѓе што постат, муслимани, евреи итн итн....многу од состојките воопшто ги нема на декларацијата....или глпуости од типот посна супа а во составот пишува 2% кокошкина маст

проблемот е што нема никаква контрола врз она што се произведува и продава како храна....се произведува и пакува храна по подруми и гаражи без минимални санитарни услови....никаде не е наведено потеклото на состојките....па потоа имаме случаи како мувлосаната српска пченка која можеби се наоѓа во десетици македонски производи....но нигде не пишува од каде потекнува пчпенката во тие производи

потоа месото од прехрамбени државни резерви се откупува за багателна цена (старо со години) и се преработува за паштети и сувомеснати производи....без да се наведе од каде потекнува месото

бизнисот со храна и тоалетна хартија се меѓу најсомнителите бидејќи луѓето можат да се откажат од многу работи но не и од јадење и с***ње....така да сегогаш ќе има побарувачка за храна и тоалетна хартија (иако за некои постои алтернатива....тоалетна вода)
 
H

HITCH

Гостин
Браво, одлична тема!

Немојте само да се лажете дека и на странските производи има точно наведено што содржат. Проблемот е до дирекцијата за храна, оние кои што се грижат за продуктите на пазарот. Не е проблемот само прехранбените производи, туку и со хигиенските производи е буквален хаос.

Јас сум разговарала со оние кои ги произведуваат и продаваат на големо овие производи и нивниот одговор е дека доколку се стави на декларацијата вистинското потекло и составот на прозводот на народот ќе му се згади.
Како пример ќе го дадам куленот од Римес. Јас обожавам кулен!!! Знаете куленот како се подготвува? Се меле месото со рскавицата и се додава лут црвен пипер за да му се земе мирисот од додатоците кои ги користат, а се многу штетни. Не се штеди на додатоци, ама и местото е крајно сомнително. Римес го имаат најквалитетното месо кај нас, е сега замислете како е кај другите фирми кои преработуваат месо.
2012-12-17 14.01.12.jpg
Батаците кои влегуваат во Македонија се само леви и се полни со хормони, ама нема кој да ги испита и да ги повлече од пазарот. Јунците во Македонија се забранети да се колат, па има само телешко, јунешкото е од увоз, ако сте доволно среќни и финансиски помоќни да земето од Австрија, другото е од сомнителни одгледувачи.
Последен пример беше со брашното од Србија.

Кечапот „Македонија“ се полни во бараките пред кванташки, смоките исто се полнат по гаражи...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Не знаеме што јадеме, всушност мислиме дека го јадеме она што е наведено на декларациите. На пример, кај пченкарното брашно увезено од Србија, што го купив пред една недела, а кое не го отворивме, пишува дека е од висококвалитетна пченка, потоа Certified Quality, HACCP, Certifikate No. F-056 SIQ, и слично, што треба мене како муштерија да ме убеди во неговиот неспорен квалитет. А што има во оние виршли што одат на рефус по пазарите, колку е стар осличот што го чуваат во картонски кутии, немам појма и не купувам.
Проблематични се и конзервансите. Дали сите оние конзерванси што се наведени се безопасни? Многу од нив се канцерогени. Ако не се штетни, дали се наведени баш тие конзерванси кои ги содржи производот?
Што е со рокот на траење? Којзнае колку и како се манипулира со него.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Интересно, пред година дена отприлика купив нудлс во Македонија и на декларацијата пишуваше: употребено Е347(во ЕУ Е346).После гледам на нет, тој конзерванс што го користат во Македонија е канцероген, а тој во ЕУ не е канцероген. :confused:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Ниеден (или речиси ниеден) колбас не се произведува од чисто месо, сите се произведуваат од мелени коски и остатоци од месо (она што не може да се отстрани од коските), сечен мраз и милион и еден додаток за да се подобри вкусот. На пример, во белиот минхенски колбас има и кожа и мал милион микроорганизми (габички и бактерии).
Производителите го практикуваат тоа затоа што ако напишат дека паштетата е направена од уши, тртици и копита никој нема да ја купи, затоа пишуваат "разни делови", а зошто се толерира - не знам, тоа треба да се праша некој од Агенцијата за квалитет на храна.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.806
Пазам многу и читам што пишуе, од пред едно пет години така.

Углавно избегавам производи со E и конзерванси, колку што можам.

А тоа што не го пишуе, јеби га, не ни можам да го прочитам.
Да. Гарант (како и сите вие) сум јадел месо од мутирани научни експерименти на ЦИА, од некоја тајна лабораториа у бразилска недоѓија.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Не знам зошто се возбудувтае. Одамна е кажано, ако сакаш да јадеш колбаси, и ја почитуваш науката, не прашувај од што се направени...

:)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.806
Не знам зошто се возбудувтае. Одамна е кажано, ако сакаш да јадеш колбаси, и ја почитуваш науката, не прашувај од што се направени...

:)
ја не ја почитувам науката
 
3

321456

Гостин
Не може да се очекува од компаниите сами да покажат морална свест и да се вовлекуваат во некои работи кои евентуално може да им ја намалат потрошувачката.
Затоа постојат (или непостојат) закони кои регулираат вакви работи, се разбира во мала земја која сака да си ја заштити својата индустрија или пак на друг начин законодавецот е поврзан со индустријата, има намерни дупки кои компаниите ги искористуваат.

Затоа за граѓаните и за нивното здравје и благосостојба е подобро отворен пазар и централни регулативи кои заради тоа што компаниите се мрзливи и неконкурентни кај нас веднаш би предизвикале смрт за индустријата, ама таа цена на самовилие на компаниите ја плаќаат граѓаните со своето здравје во случајов.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.806
Тогаш кркај колбаси и прашувај од што се направени, и онака ништо нема да ти значи...

;)
И Хитлер не го почитувам, но ги признавам неговите достигнувања (кај што ги имал).
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Ве молам, не забегувајте со оф-топик.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom