Зелен чај - за што се е добар?

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Многу добро се чувствувам во периоди кога го пијам, ама не можам да го поднесувам зашто има одвратен вкус и мора да го пијам на гладно.
Ако си од Скопје или Битола (претпоставувам и таму го има) побарај во Веро (може го има и на други места, ама јас само таму го имам видено) зелен чај со нане или зелен чај со јасмин од липтон, не се чувствува воопшто вкусот на зелен чај, а ги имаш сите придобивки од него :) Мене ми е најубав тој со нане (мента), многу убав вкус има, јест да се поскапи липтон чаевите, ама вредат за парите.
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Луѓе, зелениов чај ме врати мене во живот назад.. бев болен т.е сеуште сум од Хепатитис на црниот дроб, настанат од конзумирање на алкохол.. Неможев да јадам, немав апетит, све што ќе го изедев повраќав.. откако почнав да пијам зелен чај и тоа со поголеми количини по 3-4 литра дневно, се вратив во живот, почнав да јадам све што сакам, ми се врати апетитот, болките постепено ги губам, полесно дишам, се осеќам исто така како што се осеќав пред да се разболам.!! .. Long Live Green Tea.. јебеш алкохол!! :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас порано не ставав чај во уста, па пиштол да ми стави некој на глава, али во последно време (последниве неколку месеци) почнав од чиста мира да си пијам чај за задоволство. Не знам што ми стана, сум си ја удрила некаде главата најверојатно во спиење. :icon_lol:

Општо чаевите се многу здрави и добри за организмот. Не знам зашто голем број се жалат дека е грд или дека им бил грд, мене за дивно чудо покрај толкава пребирливост, од прва ми се засвиѓа зелениот чај и често го пијам.
 
Член од
14 декември 2009
Мислења
31
Поени од реакции
1
Многу добро се чувствувам во периоди кога го пијам, ама не можам да го поднесувам зашто има одвратен вкус и мора да го пијам на гладно.
Пробај со 1 лажица мед ! Вкусот е каде каде подобар :wink:
 

ChocolateBuddha

one of a kind
Член од
4 мај 2010
Мислења
47
Поени од реакции
11
Јас пијам по минимум 10 зелени чаја на ден. Рекордот ми е 26 зелени чаја (филтери).

Не сум осетил негативни влијание, се чувствувам многу повитален и поздрав, доста ослабев и сум многу задоволен од тоа, а башка со пиењето на зелен чај комбинирав и строга диета.

За 2 -3 недели ослабев 10 килограми што е неверојатна бројка за толку кусо време. Големи количини на зелен чај, овошје и зеленчук, трчање... одличен лек за ефикасно слабеење.

Мене зелениот чај ми стана омилен и само него можам да го пијам. Не знам дали ми предизвика зависност, но веќе дури и уживам во неговиот горчлив вкус :wink:
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Јас пијам од "the real thing". Онаква трева што се става во чајник. Не филтер. Многу е појак и има многу посилен горчлив вкус ама не ми е проблем затоа што сакам такви вкусови.

Станав зависник. Не функионирам нормално ако не се напијам една чаша одма кога ќе станам од спиење, а освен што има доволно антиоксиданси за цел ден има уште мал милион позитивни придобивки и ни една негативна.
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
325
Поени од реакции
56
И јас пијам зелен чај минимум по два пати дневно. Читав дека многу здрав, изобилува со антиоксиданси и отогаш редовно го пијам. Она што сакам да прашам е кој е најдобар според вас. Купувам и од кесички филтер, и од рефус, но кој е подобар според вас. Ако може некој што консумира да ми одговори, зашто веќе кога го пијам сакам да го пијам најдобриот зелен чај со најголемо количество на антиоксиданси
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
И јас пијам зелен чај минимум по два пати дневно. Читав дека многу здрав, изобилува со антиоксиданси и отогаш редовно го пијам. Она што сакам да прашам е кој е најдобар според вас. Купувам и од кесички филтер, и од рефус, но кој е подобар според вас. Ако може некој што консумира да ми одговори, зашто веќе кога го пијам сакам да го пијам најдобриот зелен чај со најголемо количество на антиоксиданси
Јас пијам Lipton Clear Green Tea, има и со ментол, лимон, јасмин, и обичен, најубав вкус има и Липтон гарантира квалитет. Рефусот често може да има нечистотии, пакуваниот има поминато процес на пречистување кој не ги уништува корисните материи.
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
325
Поени од реакции
56
Да да. И јас пијам еднаш од липтон еднаш рефус купен од продавници кои гарантираат квалитет од типои на виталиа. И се мислам мегу дватта кој е подобар. Али ке продолжам со комбинирано пиење. Наутро липтон, поручек рефус.
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
И јас пијам зелен чај минимум по два пати дневно. Читав дека многу здрав, изобилува со антиоксиданси и отогаш редовно го пијам. Она што сакам да прашам е кој е најдобар според вас. Купувам и од кесички филтер, и од рефус, но кој е подобар според вас. Ако може некој што консумира да ми одговори, зашто веќе кога го пијам сакам да го пијам најдобриот зелен чај со најголемо количество на антиоксиданси
Ако си сигурен за квалитетот рефусот во секој случај е подобар. Нема поминато никаков процес на преработка, освен нормално сушење, а и количеството зелен чај во еден филтер е 1-2 грама. Вака на рефус ставаш повеќе и пиеш вистински чај, а не потемнета вода.
 
S

smart ass

Гостин
Da, mnogu e, zatoa imam nesonica i spijam samo po 5 6 sati edvaj. Poleka treba da go namalam do nekoja prifatliva kolicina ;)
Зависи колку пиеш,инаку Црниот чај има повеќе кофеин.

И јас имам несоница(не пиев кафе бла бла) уште пред 10 години и се испробаа на крајот ми рекоа остај го мозокот да пасе:pos2:

Ами ете така ми е природно..размислувам,било економија,политика,наука визуелизирам...и така самата активност на мозокот е причина за несоница...ако го имаш ова или нешто слично знај не е од чајот.

И
 
Член од
29 август 2009
Мислења
326
Поени од реакции
23
Јас почнав да пијам зелен чај од Алкалоид, и се чувствувам поздраво...Пие ли уште некој од Алкалоид ?
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.098
Пијам редовно зелен чај,почнав да го пијам пред 3-4 години и ретко да се случи да промашам а да не испијам една шолја дневно.Мислам дека нема негативни последици од него,не се создава зависност.
Со редовното пиење на зелен чај знам дека се намалува подуеноста на стомакот,се забрзува метаболизмот а добар е и за одржување на линијата.Важно за зелениот чај е неговата подготовка.Водата не треба да зоврие,туку треба пред да зоврие да се тргне и чајот да не се држи повеќе од 4 минути,зошто во спротивно испушта масло кое горчи.Не треба да се пие засладен,мислам секој чај воопшто има подобар ефект ако се пие не засладен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom