Зелен чај - за што се е добар?

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од SmokeTooMuch, 25 декември 2009.

  1. експерт

    експерт Гостин

    не е исто, дури има и разлика колку време стоел во вода пред да се испие, колкава била температурата на водата. а треба да се подготвува (како и сите чаеви) пред употреба, едно заради микробиолошки причини, бидејќи препаратите кои се на база на вода брзо се расипуваат, а друго и поради распаѓањето на полифенолите
  2. smart ass

    smart ass Гостин


    Знам бе ја користам комбинацијата на виталиа....

    Ама и гуарана таблети(од листот и семето))слично ко гинко...

    Позитивно влијае...имајте предвид Женшенот е адаптоген(па им го даваат на луѓе кои биле под зрачења,луѓе кои работат по топилници е добро да го користат...а гуараната убрзува метаболизам,а со тоа и детоксификацијата..а и истовремено зголемувајќи(не многу-поточно Неутрализира замор повеќе.) психофизички способности.

    Аааа еднаш пиев добра комбинација од Женшен и прополис-течно(коренот беше во шишето...крај:vozbud:)..

    Абе не е ова јак психостимуланс...а и ти одговорија гледам..

    Рачунај во таблетит гуарана имаш кофеин 180мг(иако бавно се разложува т.е станува збор XR ) сепак не ќе да имаш панични напади од зелен чај...даајј жити се..

    Мој предлог(без седативи...за смирување-немој така црнио дроб...)-пробај валеријана обавезно и персен(седативи НЕ..хемиски) +многу(ти колку шо си ставал) зеленчај + 3 енерџи дринкс(витамин Б од 1 до Б12) а и вкупно 120мг кофеин-ама и у првото енерџи ќе шибнеш 3 кафиња...Нес...од малите.

    Па ќе видиш...и тоа е искуство...

    [​IMG]


    Може и олигојак+селен...вените да ги рашири троа..:toe:

    Ако под18 години ЈОК ако си над може....освенако- имаш притисок,проблеми со срцето,.(не љубовта):wink:
    -а и ако си употребуел антидепресанти...(налик прозак и слични).
    ондак НЕ ПРОБУЈ

    Ама тешко до ампицилин денес...не па ли прозак...50000 евра казна не е малце,за без рецепт да ти дадат таков лек....

    (а која законска ДУПКА ја имаат-тоа катастрофа)....

    Не е само САД,Англија...и кај нас фармаци троа не труе...несвесно..која дубара е..хехе..со кафетинот..цц
  3. nikola_bb

    nikola_bb

    Член од:
    26 јануари 2009
    Мислења:
    1.640
    Допаѓања:
    205
    Абе не е ова јак психостимуланс...а и ти одговорија гледам..

    Рачунај во таблетит гуарана имаш кофеин 180мг(иако бавно се разложува т.е станува збор XR ) сепак не ќе да имаш панични напади од зелен чај...даајј жити се..



    ja prasuvam za dobroto dejstvo ts detoksifikacija na organizmot ona ova a ne za toa kofeinot ne me ni interesira toa ne mi preci
  4. noodle ®

    noodle ® Teetleh

    Член од:
    3 декември 2005
    Мислења:
    1.533
    Допаѓања:
    251
    Детоксификација е модерен фенси термин кој часописите го користат за да ти кажат дека ќе сереш.
    На neonka21 и nenadbt им се допаѓа ова.
  5. smart ass

    smart ass Гостин

    Ако веќе зборуваме за детоксификација....чајот е играчка во споредба со HEPADIET-има артичок,витамини Б и СИЛИМАРИН(силимаринот има особина дури да се врзува со тешки метали)....од ESI..

    Или пак со лиофилизиран матичен млеч.


    Инаку првото не е скапо...второто зависи...

    Ама и чајов е добар...читај

    А овој зеленио чај[​IMG] со не е само со женшен...го има и во други комбинации-еве јас моментално го меркам супер турбо чајот...

    ова женшен+ зелен чај е добар и при промена на годишните времиња, кога организмот треба да се адаптира на новите климатски услови, најдобро ќе Ви помогне комбинацијата

    од Зелен чај со Жен Шен збогатен со цвет од роза од палетата на Виталиа. Жен Шен или гинсенгот е билка која живее и до 100 години, а од неа се употребува само коренот кој по својот изглед, потсетува на фигура од човек. Има специфичен мирис и нагорчлив вкус. Коренот содржи тритерпенски сапонозиди наречени панаксозиди, витамини од Б групата, како и супстанции со хормонски својства, смоли, минерални материи и етерско масло. Коренот на Жен Шенот е едно од најценетите природни лековити средства во традиционалната медицина. Дејствата на Жен Шенот се многубројни, па затоа се нарекува еликсир на животот и лек за сите болести.

    Кои се неговите лековити својства?

    - Корисен е во контрола на процесот на стареење и зачувување на виталноста

    - Особено е полезен при промена на годишните времиња, кога организмот треба да се адаптира на новите климатски услови

    - Е ефикасен напиток за нормализирање на крвниот притисок - Го адаптира организмот на стресни ситуации и се употребува во превенција од стрес

    - Делува на ендокрините жлезди со што се зголемува концентрацијата, се продолжува работната способност, се подобрува расположението и се намалуваат хипогликемските кризи. - Поволно делува при појава на настинки, кашлици и грипови

    - Го подобрува метаболизмот на витамините и минералите

    - Составните компоненти на овој чај ја јакнат мозочната активност и позитивно влијаат на менталните и физичките функции -

    Кај стари и изнемоштени лица е забележано т.н антизаморно дејство односно делува освежувачки на организмот, го одстранува заморот и го подобрува памтењето.

    - Го олеснува и забрзува одстранувањето на холестеролот и жолчните киселини - Помага при ревматизам, болки во коските, анемија, несоница, главоболки - Го регулира менструалниот циклус - Спречува прогресивно уништување на забите

    - Го подобрува развојот на мускулите и го намалува недостигот на кислород,(ова за пушачите-кои се дискриминирани). поради што е добар за спортисти - Добар е во борбата против ракот

    - Ја зголемува сексуалната енергија и го подмладува целиот организам Цветовите од ружата содржат танини и етрични масла кои добро делуваат на дигестивниот систем, особено на желудникот и цревата. Особено благотворно дејство има кај луѓето кои се склони кон проливи, а добри се и за белодробни заболувања.

    -мислам дека е ок+би додал НЕМА ШАНСИ ЗА ПАНИЧЕН НАПАД од Зелен Чај:nenene::nenene:

    Јас коренот на женшен го имам јадено(ама корејски-не сибирски женшен)...:toe:
  6. Riken

    Riken Stuck in reverse.

    Член од:
    9 декември 2008
    Мислења:
    5.166
    Допаѓања:
    6.056
    welcome to the club:salut:
  7. Blackout

    Blackout An emotional retard

    Член од:
    14 мај 2009
    Мислења:
    1.700
    Допаѓања:
    465
    Јас пијам зелен чај еве веќе некое време и право деа ви кажам се здебелив.Кај мене изгледа обратни ефекти има:icon_lol:.
    А иначе последниве неколку месеца го пијам по половина литар дневно и се приврзав емотивно за чајов.Не знам дали делува некако или не ама мене ми е супер.
  8. smart ass

    smart ass Гостин


    ЈОК...таман си:back:
  9. Natural Blonde

    Natural Blonde

    Член од:
    12 јануари 2010
    Мислења:
    130
    Допаѓања:
    4

    Па секако дека е ок. Може да се пие и ладен и топол, засладен, незасладен.. Јас го пијам топол и внатре во чајот ставам една ментол бонбона, мх мх мераци :)
    Инаку ја подобрува крвната слика.
  10. simoncence

    simoncence

    Член од:
    27 јануари 2009
    Мислења:
    1.044
    Допаѓања:
    38
    Зелениот чај спасува од депресија


    Постарите луѓе кои секојдневно пијат по неколку чаши зелен чај се изложени на помал ризик од депресија веројатно, благодарејќи на амино - киселината теанин што е содржана во овој напиток, а која го поттикнува доброто расположение, заклучија научниците.


    [​IMG]
    Неколку поранешни студии покажале дека зелениот чај ги намалува психолошките проблеми, а еден лекар од јапонскиот универзитет утврдиле дека мажите и жените постари од 70 години кои пијат четири или повеќе чаши зелен чај дневно, се изложени за 44 проценти помалку на ризикот од симптомите на депресија.
    Пиењето зелен чај е раширено во многу азиски земји, вклучувајќи ги Кина и Јапонија.


    [​IMG]
    Во истражувањето на јапонскиот тим научници учествувале 1 058 релативно здрави мажи и жени. Околу 34 отсто од мажите и 39 проценти од жените имале симптоми на депресија. Вкупно 488 испитаници изјавиле дека секој ден пијат четири или повеќе чаши зелен чај, 284 рекле дека пијат две до три чаши, а останатите се изјасниле дека консумираат една чаша чај неделно или помалку од тоа.
  11. Urko

    Urko

    Член од:
    2 јуни 2009
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    0
    i jas pijam zeln caj mnogu e efikasen
  12. CiMeTcE

    CiMeTcE

    Член од:
    31 октомври 2008
    Мислења:
    42
    Допаѓања:
    1
    Имам толку многу читано за зелен чај ама сепак една работа не ми е јасна и мнооогу ме интересира дали некој знае... Значи порано си пиев редовно зелен чај , се додека не приметив дека откако ќе испијам една шоља чај, притисокот ми паѓа драстично...значи јас и така си имам низок притисок (стандард 60/80-90), а откако ќе го испијам чајот ми оди уште пониско и се комирам :nesvest:. Знам дека не би требало да има ваков ефект, пошто нели содржи кофеин и сл. ама еве мене ми се случува ова после секое пиење на зелен чај и приморана сум да се откажам од него :toe:
  13. Miss Right

    Miss Right happiness machine

    Член од:
    2 јануари 2009
    Мислења:
    1.308
    Допаѓања:
    142
    Пред некој ден со другарка правевме за ова муабет. Значи ако конзумираш премногу, тогаш не е добро ни за притисокот ни за работата на срцето, но притисокот се зголемува, а не опаѓа. Така да не би требало да е од чајот(ако го пиеш во одредени количини)
  14. Steve Ray

    Steve Ray Texas Huriccane

    Член од:
    24 ноември 2007
    Мислења:
    1.096
    Допаѓања:
    174
    Зелен чај...стрикно без шеќер....:)
  15. експерт

    експерт Гостин

    Многу добро се чувствувам во периоди кога го пијам, ама не можам да го поднесувам зашто има одвратен вкус и мора да го пијам на гладно.

Сподели преку: