Заинтересиран сум за работа во Норвешка, ваши искуства и препораки?

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Заинтересиран сум и јас за да работам во Норвешка пошто тука е јасна ситуацијата.
Имам завршено средно стручно градежно - Геодезија. / не знам дали го признаваат средното и дали можам да работам како техничар. Факс на пауза ... прва година.
-Ако има некој информација околу тоа прашање би му бил благодарен ако сподели.
Можам да работам повеќе работи, компетентен сум за менаџерство, дј-ство, спремен сум да работам и тешки физички работи како утовар - истовар.
Добар сум и за мрежен маркетинг, односи со јавност, забавувач, аниматор.. можам да бидам и инструктор за борчки вештини.
Во принцип имам повеќе вештини и имам потенцијал да совладам уште многу други!
Би бил и амал и би тресел тетки ако треба и што и да треба да се сработи, само да се исплати. СПОДЕЛЕТЕ!!!!!!!
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Постојат секакви срања по светов, ама тоа е што е.. никаде не е сјајно, таков век дојде.
Ја би идел таму само за да заработам пари и да направам нешто позитивно во животов.
 
B

blonde guy

Гостин
Пред речиси 7 години се иселив во Норвешка. Беше многу тешко, но со повеќе труд се успева. Најтешко ми беше да најдам работа. Од сите скандинавски земји најтешко е да се успее во Норвешка, затоа што луѓето таму не сакаат странци, имаат и некаков страв од тоа воопшто да проговорат со странец. Прво нешто што требаше да направам е да земам дозвола за престој. Но тоа е многу комплицирано и тешко. Првата дозвола за престој трае 6 месеци и е наменета само за барање работа (не смее да се работи во тие 6 месеци). За да се добие оваа дозвола исто така треба извештај од банка дека на сметката имате 13.000 евра. Тие пари не ги давате, туку се замо за вас како доказ дека ќе има од што да живеете во текот на тие 6 месеца. А со толку пари за 6 месеца во Норвешка едвај крај со крај се сврзува. Исто така треба документ за тоа каде ќе престојувате (јас најдов стан под кирија онлајн и ми ги пратија документите за киријата). Овие документи се носат во Норвешка амбасада, Македонија имаше Норвешка амбасада пред 7 години но сега нема, значи документите треба да ги испратите во Норвешката амбасада во Приштина или Белград. Се чека неколку месеца и ви ја даваат дозволата за престој од 6 месеца.
Тешкиот дел почнува откако ќе стигнете. Јас имав квалиикации за медицински техничар, но за во здравствениот сектор треба да имате норвешка авторизација, за која ги испратив сите документи од средно и сите информации за средното една година пред да ги испратам документите за иселување во Норвешка. Бидејќи Македонија не е во ЕУ, македонците треба да чекаат и до 9 месеци за да им ги разгледаат документите и да добијат авторизација. Јас имав авторизација и го познавав одлично Норвешкиот јазик (предуслов за наоѓање на работа во Норвешка е познавање на Норвешки јазик, ако не го знаете не очекувајте дека ќе најдете работа). Кога почнав да барам работа, иако имав долго работно искуство и соодветни квалификации, работодавачите често вработуваа некој Норвежанец само за да не вработат човек од друга земја. 5 месеца ми требаа да најдам работа според струката, и за тие 5 месеца ја плаќав киријата со тие 13.000 евра. Ќиријата во Осло е од 500 евра нагоре. Конечно најдов работа и тоа не во Осло туку во Тромсе, (град кој е екстремно студен и се наоѓа над арктичкиот круг, во зима е нонстоп ноќ а во лето не се стемнува, не бев навикнат на тоа, зимите беа депресивни а во лето не се заспива лесно). Понудата за работа ја однесов во центарот за странски работници, за 10 дена ја разгледаа мојата понуда и конечно, конечно ми дадоа дозвола за престој која трае 3 години. Најдов стан под кирија во тој град и ми беше супер. Платата нормално е 4000 евра, но јас работев прекувремено и ноќни смени па успевав да земам и 4500 пред данок, а данокот е огромен затоа по данок ми остануваа 3500 евра. Цела плата се зема само во Јули и Декември (во овие месеци градовите се празни, сите се на одмор). Во Норвешка здравството е бесплатно што е многу добро. Откако поминаа овие 3 години, обично луѓето земаат дозвола за постојан престој, но јас одлучив да студирам на факултет. Имав собрано многу пари, а и факултетите се бесплатни, се плаќа само интернатот, околу 200 евра месечно. Се запишав на медицински факултет и еве сега ќе бидам 5 година.
Значи иселувањето во Норвешка е многу тешко но со многу труд, познавање на норвешкиот јазик и многу пари секако, има некоја мала шанса за успех.

Се надевам дека ова ќе ви помогне.
 
Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309

Без јазик ништо. А да научиш норвешки секоја чест капа ти симнувам.
Европа ја презирам заради скриениот национализам и омраза. Затоа Америка била и ќе остане слободна земја која нуди најмногу можности за успевање.
 
Член од
10 август 2013
Мислења
541
Поени од реакции
928
Итно!!!
Нудиме виза и работа во Норвешка, платена карта за пат, прв месец смештај!!! (Може и со Македонски пасош)

Бараме Механичари за камиони и автобуси во Норвешка

Бараме квалифицирани механичари за МАN камиони, како и механичари со доплома на најголемстепен за ова врста на возила.

Слободни се неколку работни места во авторизирани сервиси во Норвешка.
Во моментот вработуваме неколку работници.

Услови:
- Минимално 3 години искуство во авторизиран сервис (предност)
- Стручно или технично знаење како механичар
- Предност, доколку имате завршено сертифицирани курсеви
Погодности:
- 37,5 работни сати седмично (понеделник – петок)
- Норвешка плата во зависност од искуство и квалификации
- Платенa прекувремена работа
- Платен годишен одмор
- Бонуси за лојалност
- Работа во познати, модерни сервиси со прифатливи работни услови
- Договор на 20 месеци, можност за продолжување
- Помош околу плаќање на првата кирија
- Помош околу цела документација: Виза, дозволи, лични карти...
- Здраствено осигурање - бесплатно
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Најди агенција што посредува работа или изгуглај на интернет. Работа во Норвешка има, само ти треба да знаеш јазик. Со БГ пасош лесно се наоѓа работа ако знаеш норвешки јазик.
Јас барав работа преку агенции од Норвешка. Страните им се 99% на норвешки, без опција за друг јазик.
Разгледај по интернет колкави се сметките за живот во норвешка, колкави се платите, што квалификации имаш и напрај си математика дали ке ти се исплати да живееш таму, бидејки е претерано скапо. Шише водка е 100 евра.
Си ја одбрал најубавата држава во светот. Со малку мака, се надевам ке стасаш таму. :)
Токму така,и не само за Норвешка ами за цела ЕУ важи ова,во државата во која сакаш да работиш или ќе најдеш вработување(без разлика дали лично си бил на интервју или преку нет) мора да го знаеш матичниот јазик во таа држава или оној кој е официјален! Еве на пр.одиш во Норвешка и си квалификуван за работа,како ќе се разбереш со газдата,со мимики?!? Пола ден ќе ви помине додека се разберете што и како треба да одработиш! Затоа се вели дека познавање на странски јазик е богатство,е сега норвешкиот ни е далечен јазик и ретко кој во Македонија го знае или држи курсеви по норвешки,ама кој го знае вратите му се отворени за работа таму
 
Член од
5 јули 2016
Мислења
18
Поени од реакции
3
Здраво. Скролам нагоре надоле нурам али неможам да соберам доволно информации.. За почеток дали некој може да ми каже дали може да се иде у Норвешка со МК пасош и која е постапката...
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Значи иселувањето во Норвешка е многу тешко но со многу труд, познавање на норвешкиот јазик и многу пари секако, има некоја мала шанса за успех.
Се надевам дека ова ќе ви помогне.
Човече,како успеа да научиш норвешки јазик? Одеше на курсеви,се мачеше дома учејќи или?
 
Член од
9 јуни 2018
Мислења
43
Поени од реакции
38
Човече,како успеа да научиш норвешки јазик? Одеше на курсеви,се мачеше дома учејќи или?
Човече, за една година може да се научи норвешкиот на доста солидно ниво :)
Според мене, Норвешкиот е најлесен јазик, доколку знаеш англиски.
Еве пример како оди "промената" по лица :
јас оди, ти оди, тој оди, таа оди, тоа оди, ние оди, вие оди итн..
...има три времиња и тоа е тоа од менување на глаголи, нема падежи како во германскиот јазик, има инверзија и некои други правила, но лесно се совладува.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Човече,како успеа да научиш норвешки јазик? Одеше на курсеви,се мачеше дома учејќи или?
Де бе не е кинески. Ако знаеш англиски после е лесно за норвешкиот.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
24 март 2018
Мислења
17
Поени од реакции
2
Сакам да го научам Норвешкиот јазик, па за неколку години да се преселам таму, да запишам факултет. Имам роднини таму, бев во април и ме фасцинираше и Осло како град и Норвешка како држава, кој бил знае. Прашањево е дали да учам Норвешки од Англиски или од Македонски? Благодарам.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Сакам да го научам Норвешкиот јазик, па за неколку години да се преселам таму, да запишам факултет. Имам роднини таму, бев во април и ме фасцинираше и Осло како град и Норвешка како држава, кој бил знае. Прашањево е дали да учам Норвешки од Англиски или од Македонски? Благодарам.
Ако имаш можност од македонски е подобро.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom