Задржан Даноk

peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
Еден пријател ми спомна дека ако се фактурираат услуги кон странство, без оглед на тоа што услугата потекнува од Македонија, морало да се плати некој Задржан данок во висина од 10%. Фактурите кои се даваат на странски субјекти во ЕУ немаат пресметан ДДВ.. У сметководство кај мене појма немаа за овој задржан данок. Има некој стручен да појасни што е ова?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
http://www.ujp.gov.mk/mk/megjunarodni_organizacii/category/357
"Задржувањето на данокот се врши на приходите кои се исплатени во Република Македонија или во странство на странските правни лица, а кои што не се остварени во рамките на деловниот потфат на постојана деловна единица на странското лице на територија на Република Македонија, под услов поинаку да не е определено со Меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување."

По ова што го читам данокот е за странски правни лица освен ако РМ нема потпишано договор за избегнување на двојно оданочување.
 
Член од
26 јули 2014
Мислења
95
Поени од реакции
103
Еден пријател ми спомна дека ако се фактурираат услуги кон странство, без оглед на тоа што услугата потекнува од Македонија, морало да се плати некој Задржан данок во висина од 10%. Фактурите кои се даваат на странски субјекти во ЕУ немаат пресметан ДДВ.. У сметководство кај мене појма немаа за овој задржан данок. Има некој стручен да појасни што е ова?
Задржан данок е дел од данок на добивка. Се пресметува и плаќа за одредени услуги кои ги добиваш од странство. Ако само фактурираш кон странство не те засега.
Ако имаш добиено фактура за услуга од странство прво се проверува дали тој тип на услуга подлежи на плаќање задржан данок. Ако подлежи, се гледа од која земја е фирмата што ти фактурира зошто ако МКД има потпишано со таа земја договор за одбегнување на двојно оданочување има процедура како да не го платиш данокот.
Ако ја платиш фактурата за услуга од странство а не платиш задржан данок( ако требало во зависност од услугата) или не се ослободиш со посебна процедура во УЈП казната е 2000-3000 ЕВРА.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom