"Заборавени" играчи

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Целта на темава е да се потсетиме на играчи кои играле пред 10, максимум 20 години, кои ете изиграле сезона, две, три добри и потоа како да пропаднале в земја, а имале потенцијал да станат world class.
Или може играчи кои играле за големи клубови, но биле вечни резерви и покрај потенцијаолот не добиле вистинска шанса.

Во моментов прв што ми паѓа на памет е Алберт Луке. Растураше во Депортиво, премина за солидна сума во Њукасл каде заради повреди не се наигра, продолжи во Ајакс и ако не погледнев на википедија немаше да знам дека се вратил во Шпанија за Малага, но сега е без клуб.

Од постарите мора да го споменам Денис Вајс, можеби и полуд од Рој Кин или Гатузо, штета што немаше среќа да игра во еден ваков Челзи.

п.с. Хозе Антонио Шамот, Бонера, пред Бонера
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Мендиета.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Во моментов ми текнува на Фаустино Асприља, Пјерлуиџи Казираги и Диего Фузер
 
Член од
24 февруари 2010
Мислења
598
Поени од реакции
406
Javi Moreno

Фантастична сезона за Алавес во која стигнаа до финале на купот на Уефа. Следната година прави трансфер во Милан и станува тежок фејл.

Francesko Coco

Играше за Милан, Интер,Барселона и Италија. Ама пошто беше премногу добар реши да прекине со играње фудбал на 29-30 години и да влезе во актерските води
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Ronald De Boer какви голови од слободни даваше за Барселона и Холандија...........кога сме кај него да го споменеме и брат му Fran De Boer.А кога сме кај брака текнува ми на Mbo Mpenza i Emile Mpenza мислам дека играа во репрезентацијата на Белгија.
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Луис Гарсија.... у Ливерпул кинеше мрежи какви се голови немаше дадено, ремек дела.
 
Член од
8 април 2011
Мислења
24
Поени од реакции
1
rochemback
dodeka igrase za barca imase potencial za da bide eden od najdobrite vo idnina
no...
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Хавиер Портиљо. Најдобар стрелец во сите младински категории на Реал Мадрид постигнувајќи над 150 голови што значи рушење на рекордот на Раул кој го има поставено во младинските школи. Во 2002 потпишува професионален договор до 2007 со откупна клауза од 35милиони. Првата сезона ја завршува со 5 постигнати погодоци на 10утакмици. 2004 ќе биде отстапен како позајмен играч на Фиорентина за подоцна да биде вратен од страна на тогашниот тренер Луксембурго. Не се вклопува во плановите и подоцна пак ќе биде позајмен во Белгија во Club Brugge KV. Пак е вратен на Бернабе но на Бернабе пристигнува Капело со него доаѓа и Руд Ван Нистерлој кој се додава на веќе пристуните Раул,Касано и Роналдо. Нема место за него што значи крај на неговата авантура во Реал го раскинува договорот со клубот и потпишува 2годишен договорот со тогаш ново промовираната екипа во првата шпанска екипа Тарагона. Откако ќе испаднат Тарагона истата сезона ќе потпише договор со Осасуна за таму да биде 5 избор за напаѓач и после неуспешниот обид таму завршува во Херкулес каде се бори за место со Трезеге и Нелсон Валдес.

 
Член од
25 ноември 2008
Мислења
1.026
Поени од реакции
682
За дечково гледав емисија пред некое време и верувале или не сега се натпреварува во УМЕТНИЧКО ЛИЗГАЊЕ.Партнерка му е девојкаму, русинка мислам дека беше и се спремаат за на олипмиските игри во 2014.
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Ronald De Boer какви голови од слободни даваше за Барселона и Холандија...........кога сме кај него да го споменеме и брат му Fran De Boer.А кога сме кај брака текнува ми на Mbo Mpenza i Emile Mpenza мислам дека играа во репрезентацијата на Белгија.
Емиле Мпенза мислам дека моментално игра во Азербеџан. А едно време играше за Андерлехт.

Себастиан Дајслер - со право беше споредуван со Бекам. Голема надеж на германскиот фудбал, штета што не успеа. Премина во Баерн па почна да се мачи со повреди на коленото, па следеше депресија и многу рано стави крај на својата кариера. Последно нешто што слушнав за него беше дека отворил продавница за сувенири во Африка мислам и започнал да пишува книга.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom