Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Десет дена по ред ако е загадувањето над 50pm10, законски, власта треба да преземе нешто.
Исто како што е законски измислувањето на секакви давачки, казни и останати начини за цедење пари од обичниот човек.
Палми нови да набави, тропски, некои и пролет што не можат да преживеат овде и нови канделабри, барокни, со огинче внатре на петролеј, ама со вентилатори - ем убаво, ем корисно. Владата нека одвои 50 милиони за овие мерки, пошо друго за тие пари не може да се направи, а до сега е многу направено.

http://plusinfo.mk/vest/104061/besplaten-javen-prevoz-za-site-dodeka-ne-se-namali-zagaduvanjeto
- Градот направи многу за намалување на оваа појава, направивме повеќе од 300.000 м2 зеленило. Во Скопје нема депонии, засадивме голем број дрвја и со тоа ќе продолжиме. Направен е центар за контрола на сообраќајот со што се намалува емисијата на гасови од возолата. Секоја година мерка по мерка подобруваме, загадувањето не се решава преку ноќ.

Да не е толка загадено, оваа изјава би била смешна. Вака е трагична. Какви луѓе ни водат држава
Пак никаква рестрикција, пак популизам...која неинтелигенција, кое ѓубре инџиковско е овој коце ццц
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Јас па мислев сонувал нешто кармички и во еден нереален изблик на совест и самопрекор, ќе излезе конечно јавно да признае (со солзи во очите, како Јапанец) за медицинскиот отпад од Италија што го согорува тука.
А он, за бесплатен градски превоз збори.
- што е многу чудно, бидејќи загадувањето над норамала е од одамна и работата се тераше за цело време, без проблем, со досега преземените мерки. Што му текна, после толку долго време, промена на тактиката со која добро си врвеше?
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225

Избори се ближат ....... се лижат
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
... употребив збор на ,,глобално,, со коментар на промени на климатски услови и поради Козјак, како светски коментари што почнуваат со глобално затоплување или глобално заладување, а не како главен моментален причинител на загадувањето, покрај тоа значи треба да се додадат и многу други причинители, но пак ќе кажам просто со два збора - огреа сонце, се дигна магла се затопли време (помалку горење на несоодветно огревно гориво) и ете ти подобрување на состојбата... :)
Бај де веј , да се изразам во пишувањето со ,,морони глупи,, ( не знаев дека постои и морони паметни) , ,,свињи,, , и ,,ѓубре иџиковско,, ,, будали,, - може ќе ми беше дискутабилен коментарот со се мислењето? а? :cool:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
...

Све тоа се изрази кои тие што ги употребиле за таквите ко тебе, го направиле со извесна благонаклоност и попустливост, необјективно ублажувајќи ја вистината, за атер на некаква политичка коректност, на која не и е место при комуникација со секакви суштества кои Господ по неговата несфатлива промисла за нас луѓето, ги поставил да битисуваат на светов.
 
... благодарам форумски колега за директната навреда, дека тие изрази се употребени за таквите како мене се надевам дека барем со тоа ќе бидеш среќен и ќе се осетиш мушки ! :pipi:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
мушки, женски, тоа се само празни зборови, свеедно ви е вас кричри, вие немате пол, колку што знам
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
мушки, женски, тоа се само празни зборови, свеедно ви е вас кричри, вие немате пол, колку што знам
Ако добро памтам од биологија, хиените женки имаат псеудофалус и многу се слични со машките.

Пошо гага, ЈСП појачале со старата „флота“ денеска - нели да се бориме со загадувањето.
Многу ефективна мерка Коце и само продолжи! Заслужуваш доживотна функција градоначалник на Скопје!
Чадов е од СОРОС подметнат, не се бунете, автобусов е најнов, цел е на touch внатре.
Сликата ја позајмив од фејсбук, а е од денеска.
16508218_10154324945598857_8859553419202310009_n.jpg

п.с. Денешниов дневник на шител тв е фокусиран на „Географската положба на Скопје како главен проблем за загадувањето“ и за ниеден друг аспект од проблемот збор нема да се чуе...заробено у високи планини било Скопје.
Само не се координирале со Козјак-ботов од форумов и тоа како еден ударен аспект на проблемов да се потенцира.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.732
ова е мислена именка, нема политичар што смее Дизел горивото да го оданочи па да биде КАКО СЕКАДЕ во регионот поскапо од 95-а ... а да не кажувам за работа на дизел мотор во место, без потреба
Од 800 и 1000, вредностите се намалени на 60-80, за само половина ден. Можи Козјак го испразниле :misticen:
уште вечерта кога беше во Карпош 1280 еден на ФБ напиша Агломерација Лепенец... е сега дебилни коментарио на ФБ колку сакаш против Стевче, но ова си држи, од времето многу стручни лица кажуваа за тој проблем...
 
Последно уредено:

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
ова е мислена именка, нема политичар што смее Дизел горивото да го оданочи па да биде КАКО СЕКАДЕ во регионот поскапо од 95-а .
Памтам и Бугарија имаше поефтин дизел од бензин како кај нас, ама еве последниве години скоро им ја изедначија цената. Така и кај нас може лесно да се смени законот за акцизи и да се изедначат акцизите за дизелот и бензинот, по што и цената ќе стане приближно иста.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.732
Памтам и Бугарија имаше поефтин дизел од бензин како кај нас, ама еве последниве години скоро им ја изедначија цената. Така и кај нас може лесно да се смени законот за акцизи и да се изедначат акцизите за дизелот и бензинот, по што и цената ќе стане приближно иста.
уште пред 14 години во Грција иста беше цената, а сега секаде е бензинот 95 поефтин од Д2, па од Албанија полнат на пумпата после Ќафасан.... а имаше дека во УК се забранува работа на моторот во место ( независно од гориво) ако колата стои над некое време, беше неодамна во медиуми...
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Агломерација Лепенец... е сега дебилни коментарио на ФБ колку сакаш против Стевче, но ова си држи, од времето многу стручни лица кажуваа за тој проблем...
Да, у саботата се наредија Проксима Кентаури, Јупитер, Козјак и Лепенец у една права линија и се споија чакрите врз Карпош. Наводно Сорос ја напраил нарачката за ова навидум случајно астрономско "редење", за да му наштети на "невиниот, чесен и чист" подржикоњски градоначалник на Карпош. Нека порача кутриот нови урбанистички планови за да се заштити од овие мрачни сили со нови високи и широки зградишта врз тоа малку трева и дрва што останаа по населбите во Карпош.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom