Животот и подвизите на Александар Македонски

Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
fob lagman copy.jpg

Еден доказ за постоењето на најголемиот војсководец на сите времиња Александар Македонски

Имав прилика да заминам на печалба во Авганистан:):).Бев сместен во базата што ја гледате на сликата.Спроти нас како што покажува стрелката е тврдината останата од времето кога Александар Македонски војувал на тие простори.Имав шанса да се запознаам со локалното население,кое на мое големо изненадување испадна дека имаме доста заеднички работи почнувајки од:
1.За 2 години колку што престојував во таа база открив преку 40 зборови кои се исти како и во македонскиот јазик.Има и турцизми,но има и зборови кои ние денес ги користиме во нашиот јазик.На пример,кога почнуваат да бројат почнуваат со еден,два,три.....Факаат сеир,носат панталона и свират на хармоника.Користат лопата и имаат зорт.Јадат ориз,баклава..За себе викаат јас,а доста распространето машко име е Вассил
2.Во Авганистански учебник по историја не е запишан како Alexander the Great,туку Alexander from Macedonia.Имаше преведувачи во базата и сите ми го дадоа истиот одговор
3.Обичаите за женидба се потполно идентични како нашите,како да е правено copy-paste
4.Повекето од машката популација има сини очи

Доказите се таму некаде далеку....
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
FOB Lagman11.jpg

Тврдината на Александар Македонски сликана во Авганистан одблизу.......

Најстратегиско место во тој регион....
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
една научна статија на професорот Ернст Бадиан во која има многу детали за јазикот на античките Македонци и неговата употреба од страна на Александар.

од каде знае тој за тоа?
колку знаеме, првиот податок за јазикот на античките Македонци датира од средновековието (лексиконот Суда)..

јас имам подобра теорија..
според французинкава, Македонци живееле 2800 гпне во Франција....
изгледа, јазикот ни бил ист, бидејќи денес 27% од Македонците се исти со тие луѓе...
--- надополнето: 14 септември 2013 во 12:41 ---
Тврдината на Александар Македонски сликана во Авганистан одблизу.......
нема врска...со Александар Македонски..
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
од каде знае тој за тоа?
колку знаеме, првиот податок за јазикот на античките Македонци датира од средновековието (лексиконот Суда)..

јас имам подобра теорија..
според французинкава, Македонци живееле 2800 гпне во Франција....
изгледа, јазикот ни бил ист, бидејќи денес 27% од Македонците се исти со тие луѓе...
--- надополнето: 14 септември 2013 во 12:41 ---


нема врска...со Александар Македонски..

Си бил таму или зборуваш од памет.Значи да појаснам тврдината е направена од Александар Македонски.Тоа е запишано и во нивните учебници каде се изучува Авганистанската историја....

Во времето на Советската инвазија на Авганистан,Советите имале своја база,а сега и демократите за кои работев имаат своја база внатре во тврдината......

Не лупај глупости зошто не е само оваа тврдина направена од Александар Македонски.Ги има повеке и тоа слободно можеш да побараш на нет.....
--- надополнето: 14 септември 2013 во 15:32 ---
од каде знае тој за тоа?
колку знаеме, првиот податок за јазикот на античките Македонци датира од средновековието (лексиконот Суда)..

јас имам подобра теорија..
според французинкава, Македонци живееле 2800 гпне во Франција....
изгледа, јазикот ни бил ист, бидејќи денес 27% од Македонците се исти со тие луѓе...
--- надополнето: 14 септември 2013 во 12:41 ---


нема врска...со Александар Македонски..

http://usnavyjeep.blogspot.com/2011/02/alexander-greats-fortress-in-qalatevery.html
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
НАТПИС НА КАРТА Во «ЧЕРТЕЖНОј КНИГЕ СИБИРИ» од С. РЕМЕЗОВА


кој има воља и време нека го прочита и текстот кој не е за занемарување
http://ostrog.ucoz.ru/publikacii_2/4_77.htm
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Гробот на Александар Македонски е покрај Свети Николе!



Во внатрешноста на ридот, оддалечен неколку километри од Свети Николе, почива најголемиот македонски антички војсководец Александар Македонски, тврди познатиот хрватски истражувач магистер Домагој Николик. Аргументите, Николик ги базира врз оваа сателитска снимка од врвот на ридот каде се наога таканречен геоглиф-древен вкопан антички знак, кој за истражувачот означува кралска гробница…
- Да, се работи за гробницата на Александар Мкаедонски.Ова го аргументирам врз основа на моето читање на геоглифот вкопан на врвот од ридот,а фотографиран од сателит. Геоглифот означува ваков вид на древни градби. Знакот ја прикажува големата мајка, која се рефлектира по точни математички, астрономски и геометриски пресметки, што се вклопуваат со часот и датумот на рагањето на Алекасндар Македонски, а тоа е 21 Јули, објасни мр. Домагој Николик – истражувач -
…. Тезата на Николик ја потврдува и професорот од Универзитетот светите Кирил и Методиј од Скопје, Аристотел Тeнтов. За него, вкопаниот знак преставува цел еден текст кој открива повеке за древното сликовито македонско писмо…
- Текстот од Геоглифот говори дека на врховната нешто и посветува големиот водач ЅЕ, а според нашите истражувања бил главен бог на античките македонци. И затоа насоченоста на знакот во средиштето на елипсата е во правец на север-југ, затоа што јужната страна е страна на зенитот на сонцето, страна на богот ЅЕ, изјави Аристотел Тeнтов – професор во УКиМ-Скопје
… Откритијата на истражувачот од Хрватска и професорот Тeнтов за светиниколскиот градоначалник е одлична можност за развој на таканаречениот археолошки туризам. Во изготовка е програма за организирани тури за посета на ова како што мештаните го нарекуваат древно свето македонско место…




Што мислите има ли логика таму да е гробот или уште една шпекулација
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Таму сигурно има нешто., но дали е тоа гробот на Александар Македонски, хммм...Тешко е да се каже, но ова нешто да се изгради бара доста време. Тоа не би поминало незабележано од околното население барем, а штом и еден мештанин тоа би го забележал - тоа повеќе не би била тајна. А колку што ми е познато, местото каде што почивал Александар се чувало од почеток во строга тајност, да не расправаме сега зошто тоа било така...
Мое мислење е дека дека во оваа хумка има некој друг (друга) закопано, или пак НЕШТО друго... А тоа било тука затрупано многу, многу, мноооогу поодамна така што со вековите луѓето заборавиле што има тука закопано, евентуално можеби останало името на местото како потсетник на закопаното, за со време да исчезне од меморијата и тоа (на пр. врвот над Манастирот Трескавец се вика и “Златно Јаболко“ како сеќавање на поставената ознака во вид на златна топка која некогаш се наоѓала на тоа маесто).
Како и да е, ова заслужува да му се посвети целосно археолошко внимание, затоа што неговата вредност е можеби огромна за нас...
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Во секој случај има нешто големо и тајно во овој локалитет да се надеваме дека не е имаЛО нешто. А ако е како што вели професорот Тентов за вкопаниот знак геоглифот дека говори за богот SЕ тогаш шансите дека е нешто од древната Македонската цивилизација во најдобар случај гробот на Александар се големи. Останува да видиме дали ќе продолжи до крај работава.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.532
Поени од реакции
1.515
дека има нешто - има, е сеа дали е гроб, некој храм или друга градба треба да се ископа и да се види. вака само може да нагаѓаме до бескрај. а па ако е гроб, дали е на Александар, тоа па уште потешко е да се претпоставува. може да е на било кој. можеби е на панонски крал...
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
При ископувањата треба строго да се внимава да биде запазен интегритетот на локалитетот, затоа што тој и вака каков што е претставува атракција (да се раскопа неодговорно овој локалитет претставува злостор - исто како да ја раскопате долина Насца (Наска) ).
Мора прво со сонар да се скенира локалитетот и да се побара влез доколку го има, а останатото да не се чепка.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.862
Поени од реакции
6.369
Гледав на Рубу знаности со Крешимир Мишак , на сајтот на хрватска телевизија може у секое време да се погледне емисијата посветена на Аце Македонски (U potragu za Aleksandrom Makedonskom ) hrt.hr televizija na zahtjev се бира буквата N од листата горе се бира емисијата која сакате да ја погледнете.
Гостинот зборуваше за истата локација кај Свети Николе и дека е голема веројатноста да е таму гробот, дури беше убеден.... Интересни тези беа дадени во емисијата, една од нив дека Аристотел , Филип и Хефестион биле 1 иста личност. Исто така сугерираше Крешимир дека мораме да си ја почитуваме историјата пишувана од наши локални историчари , а не секогаш да ги отфрламе врза база на странските историчари како меродавни или не. Наведоа исто така дека Грците се фалш нација, дека украле и испревртеле цела една историја..... Капа доле за хрватите и Крешимир.. да се преведе емисијата на гејски и да им се прати у владата на јужните да научат некој работи...
P.S. До каде се истражувањата кај Свети Николе? Има прогрес?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.703
Гробот на Александар Македонски откриен во Египет?
01/05/2014 // Пред 1 ден // ШТО МИСЛИ СВЕТОТ // Коментирај


Група полски археолози тврдат дека во Египет го пронашле гробот на Александар III Македонски, познат и како Александар Велики. Пронајдената гробница е во областа Ком ел-Дика, во срцето на Александрија, на само 60-тина метри од џамијата Неби Даниел, каде според арапските традиционални верувања се наоѓа гробот на големиот војсководец и каде досега беа извршени многу ископувања.

Гробницата, која во античко време била познато место за посета, наводно била запечатена и скриена во третиот или четвртиот век од новата ера, за да се заштити од христијанско уништување на паганските објекти, со промената на официјалната религија во Римската Империја.

Целиот монумент, според историските преданија, е сведоштво за мултикултурната природа на империјата на Александар – комбинација на уметнички и архитектурни влијанија од грчко, египетско, македонско и персиско потекло. Инскрипциите во мавзолејот, повеќето на старо-грчки и египетски јазик, споменуваат дека тој е посветен на „Кралот над кралевите, Освојувачот на светот, Александар III“.

Во него бил пронајден скршен сакрофаг од кристал, веројатно оштетен за време на политичките немири во Александрија во 270-тата година од новата ера. Исто така биле пронајдени и 37 коски, повеќето скршени или многу оштетени, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на едно возрасно машко лице.

Во тек е анализа за да се утврди староста на коските, како и испитувања кои треба да покажат дали тие му припаѓаат на старо-македонскиот крал. На локацијата биле пронајдени само мал број други артефакти, искршена грнчарија, најмногу од Птоломејската и Римската ера.

Египетскиот Врховен совет за антиквитети досега утврдил повеќе од 140 неуспешни потраги по гробницата на Алексдандар Македонски, а историчарите се обидуваат да понудат објаснување зошто археолошките потраги по еден од најзначајните историски објекти досега не даваат резултати. Дел од историчарите дури и ја споменуваа можноста посмртните останки на Александар да биле ненамерно украдени од Александрија од страна на неколкумина трговци од Венеција, кои верувале дека во Венеција ги пренесуваат останките на Свети Марко Евангелистот.

Тврдењата на Плутарх и на дел од арапските историчари, пак, одат во насока дека во 321 година пред новата ера, на пат кон Македонија, погребната кола со телото на Александар Велики во Сирија ја украл еден од неговите генерали Птоломеј I Сотер. Тој го пренасочил телото на водачот кон Египет, каде што било погребано во Мемфис. Подоцна, телото на Александар било префрлено од Мемфис во Александрија и повторно погребано.

Најновото откритие на полските археолози може да биде едно од најважните и најголемите во светската историја, доколку се потврди дека гробницата навистина му припаѓа на македонскиот крал.
http://faktor.mk/archives/103995?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=grobot-na-aleksandar-makedonski-otkrien-vo-egipet#
http://www.plusinfo.mk/vest/92811/Otkrien-grobot-na-Aleksandar-Makedonski-vo-Uzbekistan
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.703
РАЗГОВОР СО ПРОФ. Д-Р ВИКТОР ЛИЛЧИЌ, ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО


Ќе се истражува градот на Агријаните - најлојалните воини на Александар Македонски


За прв пат во рамките на заштитата на македонското културно наследство ќе биде користена најнова технологија на регистрирање на објектите под површината на земјата што ќе биде направено со новонабавениот георадар, кој во моментов е единствен на целиот Балкан


Кои се во моментот приоритетите на Управата за заштита на културното наследство и која е улогата и значењето на започнатите капитални проекти?

Лилчиќ: Согледувајќи ја потребата од зголемување на развојот на државата преку активирање на археолошките културни ресурси, Владата пред неколку години започна со директна поддршка на селективно одбрани археолошки локалитети. Приоритетите притоа беа раководени од неколку фактори: археолошки локалитети на фреквентни местоположби, долж актуелни патни магистрали, да се потпомогне развојот на локалните заедници преку културата и археологијата, или пак значајни археолошки локалитети од прва категорија, што значи најголемите некогашни градски, културни, култни и сакрални средишта. Така Управата започна со поддршка на откривањето на најатрактивните локалитети долж Вардарската магистрала. На тој правец реално се наоѓаат околу 15 врвни археолошки локалитети, древни градови и тврдини.

Најавивте повеќе капитални проекти. За кои проекти конкретно се работи и кога може да се очекува нивна реализација?
Лилчиќ: Управата го сврте вниманието на повеќе археолошки локалитети. На Вардарскиот магистрален коридор фокусот го ставаме на доминантниот рановизантиски кастел и средновековен град Чрнче над населбата Црниче, познат како Маркови Кули Водно. Во близина на Стоби, започнува откривањето на ранохристијанската базилика од 5 век н.е., во атарот на село Крушевица. Со овој врвен репрезент на ранохристијанската уметност, започнуваме со реализација на Проектот Ранохристијанските базилики во Република Македонија. Имено, во нашата држава се евидентирани над 300 ранохристијански храмови од 4-6 век н.е., но досега беа третирани помалку од 100. Во кумановскиот крај започнаа истражувањата на градот на Градиште, Младо Нагоричани на брегот на реката Пчиња. Тоа бил најсеверниот раноантички високоцивилизиран град на пајонските Агријани, најлојалните воини-специјалци на Александар Македонски. Во Светиниколско започна истражувањето на најголемиот познат раноантички пајонско-македонски град Билазора, на Градиште, кај селото Кнежје. Започнуваме и со поддршка на проектот Археолошка топографија на старите градови и тврдини во Македонија. Годинава ќе се работи и на Кокино, со доистражување...

Беше најавена и набавка на георадар, уред кој им е неопходен на археолозите при нивните истражувања. Што е направено во оваа насока?
Лилчиќ: Дигиталниот георадар од фирмата Мала (Шведска) е пристигнат во Управата за културно наследство. Деновиве ќе биде јавно промовиран. Се работи за најновиот модел кој во моментот е единствен на целиот балкански простор. Длабината на продирање на електромагнетните бранови оди и до 6,5. За прв пат во рамките на заштитата на македонското културно наследство ќе биде користена најнова технологија на регистрирање на објектите под површината на земјата. На тој начин ние ќе можеме да ги видиме планиметриите на најголемите и најзначајните стари градови и култни објекти со што ќе добиеме можност за планско осмислување на идните активности на сите потребни локалитети.

Каква е соработката на македонската Управа со институциите за културно наследство од балканските и европските земји и во што се состои таа соработка?
Лилчиќ: Планираме соработка со институциите од заштитата на културното наследство од централана, западна Европа и од Балканот. Исто така, во план е користење на европските фондови најмногу во проекти кои имплементираат дигитална технологија во македонската археологија, музеологија и заштита на културното наследство.

Кажете ни нешто повеќе за изложбата во Манхинг Германија во рамките на која Управата ќе ги претстави артефактите од Македонија?

Лилчиќ: Овој високовреден културен хепенинг, како за Европа така и за Република Македонија, се реализира во рамките на Европскиот Проект "Судир на културите". Главен настан на Проектот претставува изложбата под наслов "Златните лица на македонските кралеви - Македонците и Келтите од охридскиот регион", во периодот од мај до ноември оваа година. Целта на проектот е да се прикажат културните контакти на архајските кнежевства и оние од класичното и хеленистичкото време на подрачјето на Република Македонија и присуството на Келтите на преминот од класичното во хеленистичко време во Македонија, поточно во древниот град Лихнид.

(Д.Т.)
http://www.vecer.mk/?ItemID=5B0773454DBA34489D5697547DBD37B0
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Во внатрешноста на ридот, оддалечен неколку километри од Свети Николе, почива најголемиот македонски антички војсководец Александар Македонски, тврди познатиот хрватски истражувач магистер Домагој Николик. Аргументите, Николик ги базира врз оваа сателитска снимка од врвот на ридот каде се наога таканречен геоглиф-древен вкопан антички знак, кој за истражувачот означува кралска гробница…
Како прво културите на балканот не користат геоглифи, ниту пак е познато писмото на античките Македонци.

"Геоглиф" = Се работи за воено рововска позиција од Првата светска војна)
(Шарков Рид - Канда, село Црнилиште, Свети Николско. На 27. 07. 2014 година, истражувачки тим на Филозофскиот факултет од Скопје, во рамките на проектот Археолошка топографија на старите градови и тврдини во Република Македонија 2014, во состав д-р Антонио Јакимовски, м-р Владимир Атанасов, Виктор Симоновски Сол дипломиран археолог, Александар Нацев дипломиран археолог, Кирил Денковски апсолвент, Бојан Ивановски студент на археологија II година и д-р Виктор Лилчиќ во својство стручен консултант на Проектот, документираше остатоци од утврдена позиција од 20 век н.е. )
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Како прво културите на балканот не користат геоглифи, ниту пак е познато писмото на античките Македонци.

"Геоглиф" = Се работи за воено рововска позиција од Првата светска војна)
(Шарков Рид - Канда, село Црнилиште, Свети Николско. На 27. 07. 2014 година, истражувачки тим на Филозофскиот факултет од Скопје, во рамките на проектот Археолошка топографија на старите градови и тврдини во Република Македонија 2014, во состав д-р Антонио Јакимовски, м-р Владимир Атанасов, Виктор Симоновски Сол дипломиран археолог, Александар Нацев дипломиран археолог, Кирил Денковски апсолвент, Бојан Ивановски студент на археологија II година и д-р Виктор Лилчиќ во својство стручен консултант на Проектот, документираше остатоци од утврдена позиција од 20 век н.е. )
Културите на Балканот не правеа ни пирамиди, па се откриваат направени на Балканот...
Сега, од што го извлече заклучокот дека не правеле геоглифи? Еве има еден направен. Кој го направил него? Некултурите?
Се има на Балканот. Само треба доволно длабоко да копаш и паметно да истражуваш.
Ровови од Првата Св. Војна....Веруваат ли во тоа и тие?!? Знаат ли како изгледа едно фортификационо воено рововско утврдување од 20 век? Служеле ли воен рок во некоја армија?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom