Прашањето е дали би живееле во заедница?
Јас ова прашање пред некој 8 години го одговорив со да
Уште додадов дека кај што има слога има и живот, нешто муабетот ми беше кај што има слога куќа се гради кај што нема и да ја имаш се урива. Уште и мислев дека бракот е заедница меѓу маж и жена и дека со него ќе имам деца,согласувања, несогласувања компромиси.
Глупача гуска идиотка сарма смотана невидена! Си ги срушив 7-8 најдобри години од животот.
Види ја логикава денес. Ако имало слога во предходните 30 години на ова место ќе имало и куќа. Асална куќа. Луѓето што ги прифатив за семејство биле сите здрави прави воглавно вработени, без мали деца без големи трошоци. Ако биле луѓе ќе направеле куќа за кога ќе дојдат снаи.
Кога избираш заедница сите се во бракот. Во твојот брак.Со сите прајш компромис, сите ти се качуваат на глава, ако си женско за сите си дојдена од недојдија.
Чуда ми се случија, да ги кажам некому нема да ми верува, да ми ги кажеше некој не ќе му верував.
Кога би одбирала пак за мене или за мои деца никогаш не би избрала/дозволила заедница.[DOUBLEPOST=1420477581][/DOUBLEPOST]
Полошо е во заедницата, пак ќе речам да биле рационални со пари ќе имале по две соби за секое машко дете или барем целина како гарсоњера. Еве за една година лани во октомври реков доста е од ова семејство, годинава во октомври имавме стекнато станбен простор. Не ме прашувај што јадевме и што носевме на себе, ама го направивме. Што правеле тие 20-30 години наназад пред да дојдам?
И кој ти гарантира дека нема да го прават истото во заедницата[DOUBLEPOST=1420478679][/DOUBLEPOST]