Ефтина работна сила, деградирање на трудот и феноменот "познат работодавач"

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Језиво, не ми е јасно како може ако од икс причини не му одговара "понудената работа" да го бришат.

Законот предвидува, на луѓето што бараат работа подолго од една година, Агенцијата за вработување да може да им понуди работа за која се бара образование за еден степен пониско од тоа што го имаат. На оние кои се невработени подолго од две години може да им се понуди каква било работа. Понуденото работното место може да е оддалечено најмногу два часа возење со јавен превоз или превоз организиран од работодавачот од местото на живеење до местото на работа и назад. Ако невработените одбијат ваква работа, ќе се бришат од евиденцијата и нема да може да се пријават како невработени една година. Законот предвидува и казни од 200 евра за луѓето што се пријавуваат како невработени, а работат „на црно“.


Ваљда не смеат да ги бришат освен ако не им понудат работа во место на живеење, согласно образованието и со примања во границите на просекот за одредена гранка, а земаат социјално или додаток за дете. Сето друго ми мириса на уцена, нови робови за своите приватни фирми, деградирачко однесување на властите и држење во постојан страв...како и во се друго. Има ли у државава Уставен Суд, институции за било каква заштита на граѓаните од вакви манипулации?
 
Член од
2 јануари 2010
Мислења
63
Поени од реакции
20
дали од тие што аплициравте, ве имаат контактирано ?
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Сега пак објавиле оглас, само овојпат е само за млади до 27 години а нема обука кај познат работодавач, за само 4000 денари, и работодавачот НЕМА обврска да вработи 50% од практикантите како што беше случај претходно. Ц ц ц
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Јавен повик за аплицирање на невработени до 27 години за пракса и обука




Утре, на 27.6.2012 година (среда), во 11:30 часот, во Агенцијата за вработување на Република Македонија, министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски ќе одржат конференција за медиумите на којашто ќе информираат за Програмата за практиканство како прво работно искуство до вработување и Обука кај познат работодавач.


Сите млади и невработени лица до 27 години, како и заинтересираните работодавци, преку јавен повик ќе може да аплицираат за Програмата за практиканство како прво работно искуство до вработување и Обука кај познат работодавач.​
“Агенцијата за вработување на Македонија утре ќе објави јавни огласи за Програмата за практиканство како прво работно искуство до вработување и Обука кај познат работодавач. Затоа ги повикуваме сите заинтересирани работодавачи и млади евидентирани невработени лица до 27 години да се вклучат во програмата, како и заинтересираните работодавачи за вработување на невработени лица со обука да се пријават од 28-ми овој месец до 17-ти јули, во работните клубови на 30-те центри за вработување во земјава“, рече министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.​
Со програмата за практиканство како прво работно искуство до вработување ќе бидат опфатени млади невработени лица до 27 години кои имаат најмалку средно обрзавание, за период од три месеци, на кои Агенцијата за вработувањеќе им исплаќа по 5.000 денари месечно. По завршување на практичната работа, како што објасни Ристовски, работодавачите ќе имаат обврска да вработат најмалку 50 отсто од вкупно агажираниот број на практиканти и истите да ги задржи на работа во наредните 12 месеци.​
Со Обуката кај познат работодавач ќе бидат опфатени 1.000 невработени лица со образование и вештини кои им се потребни на работодавачите, при што ќе биде потребна само една обука за исто лице, за исто занимање за иста дејност.​
“Подготовката за вработување ќе трае до три месеци, со обврска работодавачот да вработи 50 отсто од вклучените лица во обуката и да ги задржи на работа најмалку една година“, рече Ристовски, додавајќи дека паричната помош на невработеното лице ќе биде 4.400 денари месечно.​

--- надополнето: 11 октомври 2012 во 17:57 ---
Случајно забележав во заводот за вработување во Скопје дека од 1 октомври (до кога можат да се пријават незнам ако знае некој нека пиши) можат да се пријават повторно сите заинтересирани работодавачи и млади евидентирани невработени лица до 27 години.
Дали ова важи само за Скопје или и за другите градови?
 
T

Tetro

Гостин
“Подготовката за вработување ќе трае до три месеци, со обврска работодавачот да вработи 50 отсто од вклучените лица во обуката и да ги задржи на работа најмалку една година“, рече Ристовски, додавајќи дека паричната помош на невработеното лице ќе биде 4.400 денари месечно.
Извор:
mene me interesira (deka poznavam nekolku vakvi "poznati rabotodavaci"), ako rabotodavacot od primenite kandidati, izbere i vraboti 50% od praktikantite, ama ete, poradi nekoi okolnosti (kompleksnosta na rabotnite zadaci, odnosot na ostanatite kolegi prema novoprimenite, i red drugi karakteristiki) ne izdrzat ni mesec-dva posle obukata, koj ke snosi odgovornost?
--- надополнето: 11 октомври 2012 во 18:02 ---
Дали ова важи само за Скопје или и за другите градови?
vazi za sekoj grad kade ima agencija za statistika (prebrojuvanje) na nevraboteni lica
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.966
Демек нешо че биди.....4000 (помалку од 4000 за еден месец) - Државата ги дава. Кај нас примија многу практиканти и сега ќе си ги искористат зашто имаме турбо работа зимава, после дома :)
Сестра ми беше лаборантка-практикант во Крушево па ништо (барем има некое искуство со пациенти и работа)
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Не исполнувам услов поради година вишок.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Важечки е за секоја подрачна единица на АВРМ.
Многу битно:
Член 3​
Со овој Договор не се ограничува можноста да се остварува практикантската работа на доброволна основа, без надоместок односно обезбедувачот не е должен да му исплаќа придонеси од плата и други надоместоци за време на траење на практикантската работа.
Член 13​
Доколку обезбедувачот се согласил да плаќа надомест на практикантот, договорениот месечен износ е ________ денари.Дополнително, обезбедувачот е должен да го исплати и персоналниот данок на доход.

Не исполнувам услов поради година вишок.
Зошто велат до 27?
Член 5​
Практикант може да биде:
  • Студент, кој е во тек на студии, постдипломец
  • Дипломиран студент, завршен средношколец
  • Млади невработени лица со завршено најмалку средно образование на возраст до 33 години.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Избори се ближат...сите што ќе бидат практиканти вероватно ќе бидат 10 пати понудени си членска карта или пристапница од вемеро.
 
S

Sagan

Гостин
Ете го одговорооооо.
Избори се ближат...сите што ќе бидат практиканти вероватно ќе бидат 10 пати понудени си членска карта или пристапница од вемеро.
Спиро мераклијата на Александров и Тодоров универзалниот министер ќе бидат главните у штабот за време изборите.

Ова е спремање на теренот за уцени и поткупи.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Ова е спремање на теренот за уцени и поткупи.
Ништо не ми рекоа, ниту ми побараа членска книшка.Додуша, можда сум бил во тие 30% ‘по случаен избор‘ :sneaky:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom