Експлоатација на млада работна сила

Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
И што е поентата? Кажуваш како овие луѓе земале по 8 евра, и сега поради конкуренција од горенаведените земји, платата паднала на 5-6 евра од саат? Па што, конкуренција има секаде, во било која работа, во било која земја. Ако им плаќаат еве и барем по 4 евра од саат во Македонија, јас сум сигурен дека тие би работеле тука место да одат во Италија или било каде на друго место. За оваа работа во Македонија не би зеле ни 1 евро, туку нешто како 0,90 евра од саат, или како што ние си го викаме, 10 иљадарки месечно. И тоа само земајќи во предвид дека работодавецот нема да ѓи измами, а тоа е многу веројатно.

Патем, од каде ти сега најде да ѓи даваш Словачка, Чешка, Полска па и Романија за споредба, и не само тоа, пази, сите ЕУ земји. Сакаш да кажеш дека ние сме боље од нив или што? Види, единствени земји тука со кои ние можеме да се споредуваме се Албанија, Косово и БиХ. А на добар пат сме (без оглед кој би бил крив за тоа), наскоро ете да можеме исто така да се споредуваме и со Зимбабве, Того, Бурунди, Гвинеја, Нигер, Сиера Леоне, Сомалија и тн. Тој, ќе ми кажувал, Словачка, Чешка, Полска, иди бе бегај таму.

Тука е така како што е, многу малку можеме да направиме да смениме нешто. Ама сега ти тука да не третираш за ретардирани и да ни продаваш гомна како чоколадо, не иде тоа така бе. Утре во некоја тема ќе земеш ќе постираш дека, сме ја шиеле и Германија, Франција, или недај боже САД.
Не му замерувај, тој само одработува за режимот, треба да се има разбирање за човекот. ;)
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
5 евра на саат(минимално) , им тече пензиско + им давале нешто како детски додаток +и нешто како К15.............слабо слабо :icon_lol:
 
Член од
28 септември 2016
Мислења
35
Поени од реакции
17
Пред некој да вели дека Романците, Словаците и Полјаците се нешто како многу подобри од нас, Еу земји итн. прво нека прошета таму или нека поразговара со некој од тамо али од внатрешноста зошто такви доаѓаат на запад, не од неколкуте средени главни градови па ке види во што е работата. Тоа се земји со пожестоки зими од нашите, зеленчукот и овошјето и се 80% увозни, и згора на тоа се оптеретени со огромна бирократија за се и сешто. Секако дека можеме да се споредуваме со скоро цела источна Европа, освен Словенците, Хрватите и индустриските делови на Чешка. Квалитетот на живот на обичниот човек од внатрешноста е горе доле сличен како кај нас, исто и катострофалниот наталитет + кај нас не се умира од глад скоро никогаш ама таму тоа е и во 21-век прифатено како нормално во зимниот период.
 
Последно уредено:

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711

Вие пробувате да ѓи најдете најизолираните случаи во некои од овие земји и да ѓи споредите со некои колку од толку подобри места за живеење кај нас, се со цел да направите оваа земја да изгледа во подобро светло, како подобро место за живеење, и воедно да дискредитирате други земји. A тоа едноставно не е така. Зошто еве ти сега не пробаш да споредуваш некои места од нашата внатрешност каде што нема жив човек останато, каде што местата се комплетно десолирани, со внатрешноста во некои од овие земји? Одговорот е едноставен, тука нема ништо за споредување, би било исто како да споредуваш болен човек со мртов човек.

А што е ова сега со зеленчукот и овошјето? Да не го увезуваат од Струмица и Гевгелија случајно? Единствена индустрија што цвета по овие градови е она што го прават таму по хотелите и казината пред граничниот премин, Little Vegas, или како и да го викаа, со грчките "Туристи", за пошто зашто. Барем овие од Чешка и Словачка одат снимаат порничи по ЕУ и Америка, вадат по некои илјада и кусур долари од сцена и имаат фанови.

И не, неможеме да се споредуваме со "Скоро цела" источна европа, туку само со Молдавија и Украина, од тој регион. А дека квалитетот на животот на обичниот Чех или Словак е ист како на просечниот Македонец, тоа е само тресење глупости. Муабети што се вртат по партиските штабови во оваа земја. За разлика од нас, овие земји не се толку фокусирани на мкнење на странски инвеститори и нудење на dirt cheap работна сила, правејки робови од својот народ. Овие извезуваат работна сила, а членството во ЕУ им го овозможува тоа. Што се однесува до катастрофалниот наталитет, се согласувам. Но тоа е проблем што го имаат и многу по развиени земји од нас, а корените на тој проблем се многу подлабоки од само стандардот на обичниот граѓанин.

Ќе ти го речам истото што му го реков и на овој другиот. Тука е така како што е, за никаде, и обичните луѓе не можат да направат ништо да го променат тоа, впрочем тие ништо не направија и во 2001 кога им седнаа луѓето што они ѓи нарекуваа "Терористи" во собрание. Ама немој да дискредитираш други земји за да ја направиш оваа дупка од држава да изгледа понапредна одошто е.
 
Член од
28 септември 2016
Мислења
35
Поени од реакции
17
Ја само појаснив зошто еден романец -мајстор работи за 5 евра од саат на запад, зошто еден полјак бере зелки за 3.5 евра, зошто еден словак мие садови трократно во хотелите на алпите за 800-900(месечни што иако се чисти сепак се малку, наши ретко работат за толку). Едноставно затоа што тие емигранти се во далеку понеповолна ситуација од нашите, затоа што знаат дека ако се вратат назад ке гладуваат и мрзнат во непрегледните комунистички блокови, а на една успешна чехиња има барем 150 со подочњаци што чекаат секоја вечер на кружните текови, ако не си ги видел никогаш да ти спомнам. Прошетај малку или истражувај па ке видиш, а штабовите не се предмет на дискусија барем во мојата, по што ја го подржувам иселувањето.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.581
имам во пошироката фамилија чех со мкд државјанство, оди често таму и кажува дека послабо живеат од тука. Највисоко стручен кадар, магистранти и доктори на науки живеат под кирија, не може да си дозволат да купат стан на кредит... кај нас никнуват згради како печурки, не може да најдеш мајстор за водовод, фино дотерување на керамика или намештај по мерка, од што има побарување...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
имам во пошироката фамилија чех со мкд државјанство, оди често таму и кажува дека послабо живеат од тука. ...
да бе, и севернокорејците слетаа на сонцето. Затоа Чешка е една од дестинациите за работа на македонци. Од каде само вакви информации вадиш, не знам. Патем, Прага според ЕУростат е на врвот на градови по можности за работа. За тоа колку е почисто и посредено не ми се ни збори оти не е ни тема на муабет. Чешка има само 5% невработеност. Македонија со со сомнителна евиденција на невработени, повторно е на врвот, половината од нив се младите со бројка со која пак сме лидери. Затоа одат да работат на брод или во друга држава па со тие пари често прават куќи. Од Македонија најголем дел бегаат младите, од убаво бегале.
 
Последно уредено:

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
Ја само појаснив зошто еден романец -мајстор работи за 5 евра од саат на запад, зошто еден полјак бере зелки за 3.5 евра, зошто еден словак мие садови трократно во хотелите на алпите за 800-900(месечни што иако се чисти сепак се малку, наши ретко работат за толку). Едноставно затоа што тие емигранти се во далеку понеповолна ситуација од нашите, затоа што знаат дека ако се вратат назад ке гладуваат и мрзнат во непрегледните комунистички блокови, а на една успешна чехиња има барем 150 со подочњаци што чекаат секоја вечер на кружните текови, ако не си ги видел никогаш да ти спомнам. Прошетај малку или истражувај па ке видиш, а штабовите не се предмет на дискусија барем во мојата, по што ја го подржувам иселувањето.
Минималните плати во добар дел од западните земји се најмалку 8 евра од саат. Доста лажете и ширите анти-западна пропаганда. Јас стварно незнам како се обидувате да искривите информации што се достапни на интернет со два, три клика. Како демек ние сме од Марс паднати. Сите земји од регионот и пошироко не оставија во прашина. Оваа багра што владее со земјава од 1991 место пред вратите на ЕУ не однесе пред вратите на https://mk.wikipedia.org/wiki/Африканска_Унија. Види, види, дури и статија си направиле.

имам во пошироката фамилија чех со мкд државјанство, оди често таму и кажува дека послабо живеат од тука. Највисоко стручен кадар, магистранти и доктори на науки живеат под кирија, не може да си дозволат да купат стан на кредит... кај нас никнуват згради како печурки, не може да најдеш мајстор за водовод, фино дотерување на керамика или намештај по мерка, од што има побарување...
А по чему на него мкд Државјанство? Како што викаат овие од К-15, егеецот бара мкд пасош, зашто со него најлесно се земало бугарски :LOL:
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
имам во пошироката фамилија чех со мкд државјанство, оди често таму и кажува дека послабо живеат од тука. Највисоко стручен кадар, магистранти и доктори на науки живеат под кирија, не може да си дозволат да купат стан на кредит... кај нас никнуват згради како печурки, не може да најдеш мајстор за водовод, фино дотерување на керамика или намештај по мерка, од што има побарување...
ja pa imam 3ca od maalo vo praga, site kupija stanovi za 15 godini zivot tamu,.
otidoa da studiraat 2000,ostanaa i eve 2016 site imaat i stan i deca i sve.
sea shupraime?
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.862
Поени од реакции
6.369
имам во пошироката фамилија чех со мкд државјанство, оди често таму и кажува дека послабо живеат од тука. Највисоко стручен кадар, магистранти и доктори на науки живеат под кирија, не може да си дозволат да купат стан на кредит... кај нас никнуват згради како печурки, не може да најдеш мајстор за водовод, фино дотермика или намешување на кератај по мерка, од што има побарување...
Па никнуваат згради,споменици,музеи,театри и сва и свашта.. мегаломанска работа .. туку работата со зградите е што Миграцијата Село-Град си го направи своето. Незнам што е тука позитивното у муабетот... немој ни да помислиш да се обидеш да протнеш идеја дека народот во МК има пари за да купува станови, ќе ти се смеат чафките....
Муабетот за водоводџии е што премалку млади, односно ич млади во последните години/децении не сакаат да учат занает од овој тип . Лека полека изумреа мајсторите, доста луѓе со занаети се одселија у странство исто така...
 
Член од
28 септември 2016
Мислења
35
Поени од реакции
17
Ако беше се розаво во Чешка како на овој од малото што дури 3 купиле станови за 16 години па во исто време и да студираат нашата емиграција 50% ке беше таму, јазикот им се сваќа многу полесно од западните, ама не е, 850 евра е просечна плата во Чешка, цените за живот се дури и повисоки од Германските, евтини кирији има само во блоковите едно зиме ке собереш студ колку за 30 години кај нас. Незнам ни кои биле од тука баш во Чешка за да кажуваат како ние не сме чинеле за нив. Чешка не е само Праг и Будвајс.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445

Да, има само 7 падежи и 4 родови Чешкиот јазик и тоа го прави многу полесен од Западните јазици како што си пишал. Германскиот има 4 падежи за разлика од 7-те падежи на Чешкиот па ти пресметувај. Пресметувај и разлика меѓу Чешки и Англиски и Француски јазик.
Ahoj!
 
Член од
28 септември 2016
Мислења
35
Поени од реакции
17
Нема смисла да расправеме тука дали за еден македонски емигрант ке биде полесно да научи основен чешки или основен германски, француски, италијански итн. За работа каква 80% работат нашите емигранти никој ама баш никој не ти бара лекторско ниво, баш му е брига во кое време, род падеж ке му општиш, суштината е битна.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Податок за младите кој по којзнае кој пат не носи на врвот во Европа. Процент на лица 25-29 г. кои живеат со нивните родители. Пред нас е само Словачка, ако е за утеха
http://i.imgur.com/BEWQmSn.png
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Податок за младите кој по којзнае кој пат не носи на врвот во Европа. Процент на лица 25-29 г. кои живеат со нивните родители. Пред нас е само Словачка, ако е за утеха
http://i.imgur.com/BEWQmSn.png
Со оглед дека Словачка е пред нас а пак таа има толку голема разлика во однос на Чешка, овој податок не би го ставил како некој важен индикатор на економски развиена држава. Бидејќи сигурно Словачка е поразвиена од Србија или пак Италија од Бугарија. Ова би рекол дека во дел и се должи на тоа што во некои земји младите не мигрираат толку многу од своето родно место па со тоа и поверојатно подолго да живеат со своите родители споредено со некои други земји. Пример во Србија младите повеќе мигрираат кон Белград, за разлика од Италија каде што во поголем број остануваат во своите родни места. Така да во исто време овој податок може да се толкува на различни начини, иако очигледно е дека во поразвиенте земји овој процент е помал.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom