Тоа е реалноста. Инаку минималецот се однесува на бруто платата кога ќе се одбиат давачките се доаѓа до саатнина од 5,5 евра. Што ќе рече во зависност од саатнината некаде околу 900 до 100о евра. Инаку во Германија се смета дека 900 евра се прагот на сиромаштија, затоа што едно никакво станче со сите трошкови неможе да биде под 450 евра. Што ќе рече со 450 евра треба да се помине месецот со сите перипетии. Недај боже да треба да поправаш заби или слични луксузи. Инаку и здравственото осигурување во германија се повеќе заличува на онаа во Америка па така колку ќе уплатиш толку и ќе добиеш. Добро е да се спомене дека во Германија има околу 250 илјади бездомници. Најмногу од нив се сместени во профаќалишта а 25 илјади живеат на улица.
Нашите луѓе што работат во Дракслер мајер каква таква сите имат по некоја куќичка, станче, дворче. лозје, така да во најголем број на случаи ако дајца во фамилијата се вработени и зимат по 250 евра имат многу поквалитетни услови отколку двајца вработени во Германија кои зимат 1800 евра плата.