Драмата на Македонците од Егејот

  • Креатор на темата A__
  • Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.539
Поени од реакции
7.214
Фељтон

Драмата на Егејците, прв дел

Македонска голгота - 60 години протерани


Mајките ги испраќаат своите деца до југословенската граница, пешки преку тешкопроодните планински патишта

Александра Цветаноска, по 54 години, го пронајде својот брат Ѓорѓи во далечната Австралија. Тоа дека има брат го дознала откако детството и младоста ги поминала во домови во Полска, каде што била однесена кога имала само две и пол години заедно со другите деца-бегалци од Штрково.

Доца Гогаревска од Шештево никогаш не ја видела мајка си. По масовната евакуација на децата од Егејска Македонија во 1948 година, нејзината мајка починала од мака неколку години подоцна откако грчките војници и' ги зеле сопругот и двете поголеми ќерки и ги интернирале на некои острови. Двете сестри денес живеат во Грција, постариот брат е во Чешка, а помалиот е со неа во Полска.

„Првата средба со моите родители беше по осум години. Кога ги видов првпат, не ги чувствував како мајка и татко, ниту брат ми како брат. Растена по домови, го загубив тоа чувство“, вели Васка Петровска.

Кога на Софија Ристовска и' соопштиле дека треба да замине кај родителите во Полска, посакала и натаму да остане во домот за децата-бегалци во Романија.

Фана Мартинова, Лена Миљова, Милка Дамовска и Ксантипа Кирова, како десетгодишни девојчиња од Поздивишта, Костурско, пролетта 1948 година се качиле на селската камбана и ја запеале песната „Збогум, мајко, збогум, татко, збогум, мили роднини, јас одам на далечен крај“. Никогаш повеќе нема да се вратат дома. По годините поминати во детските домови во Романија и Полска, заминале на различни страни во светот. Лена отишла во Торонто, Канада, Ксантипа се омажила за Полјак и останала во Полска, Милка заминала кај својот татко во Ташкент, а Фана си дошла во Македонија. Се виделе повторно дури по 40 години. Јане Бендевски, кога го посетил родното Орово, не нашол ни трага од селото. Темелите на својата куќа ги пронашол според една карта што ја нацртал некој по сеќавања.

Ова се само некои епизоди од големата драма што ја преживеале децата-бегалци и нивните родители од Егејска Македонија за време и по Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година, која како да продолжува и денес. Оваа пролет се навршија 60 години од оваа голема бегалска драма која е влезена во колективното сеќавање на Македонците. „Утрински весник“ ги истражуваше подолго време не само драматичните судбини на одведените деца туку и причините што доведоа до овој голем егзодус. Во наредниов месец ќе прочитате за десетици и десетици човечки драми кои можеби личат една на друга, но секоја за себе претставува посебна потресна приказна.

Македонците во Граѓанската војна во Грција платија највисока цена. Меѓу 25.000 и 30.000 деца од Егејскиот дел на Македонија беа одвоени од своите родители и одведени во тогаш т.н. демократски држави на комунистичкиот блок. Сите тие немаа вистинско детство, најдобрите години од животот ги поминаа по домови, без родителска љубов. Меѓу нив имаше и Македончиња и Грчиња, чии татковци и мајки, браќа и сестри останаа да се борат во војната која беше предодредено да ја загубат. Исто толку деца, околу 30.000, главно од Егејскиот дел на Македонија, насила беа одвоени од своите мајки од грчката армија и полиција и под покровителство на тогашната кралица Фредерика, одведени во домови и елинизирани.

Кога малите дечиња по налог на Комунистичката партија на Грција биле префрлани преку границата, пеш со бовчички и крвави ножиња, водени од своите нови „мајки“, за време на трагичните разделби им било говорено дека ќе се вратат брзо, зашто нивните ќе победат. Но, не се вратија, ниту по година, ниту по десет, ниту по шеесет години. Се вратија само Грчињата, но не и Македончињата, зашто не беа Грци по род.


Пречек на децата на железничката станица во Скопје

Повеќе од половина век не им беше дозволено да ги видат ниту местата каде што го поминале детството. Обидите да влезат во државата која беше нивна татковина завршуваа на самата граница, беа враќани назад од грчките власти. Пред неколку години, грчката влада ја подотвори границата и им дозволува да влезат само на тие во чии пасоши нема да стои македонското име на нивното село. Другите се' уште тажат за родните места, чекајќи да се смилуваат грчките власти за да ги посетат гробовите на своите татковци и мајки, на своите дедовци и баби. Многумина од нив не доживеаја уште еднаш да ги видат местата каде што го поминале детството.

Според податоците на Комунистичката партија на Грција, по поразот во Граѓанската војна, околу 50.000 бегалци - Грци и Македонци морале да ги напуштат родните огништа. Од нив, околу 30.000 се нашле во Југославија, а повеќе од 20.000 во источноевропските земји - околу 4.000 во Романија, 3.800 во Чехословачка, 5.479 во Полска, 3.299 во Унгарија, близу 3.000 во тогашниот Советски Сојуз и 380 во Бугарија. Меѓутоа, нивниот број е поголем. Од полски извори се дознава дека таму биле префрлени околу 12.000 бегалци.

Подоцна, повеќето бегалци-Македонци се прибраа во Македонија, помал број останаа во бившите комунистички држави, а трети заминаа во Канада, Австралија и Америка. Нивните родни места опустеа. На картата за време на првиот попис по Граѓанската војна биле избришани 40 села во кои главно живееле Македонци.

Децата-бегалци, име по кое ги препознаваме, а кое многумина од нив денес не сакаат да го прифатат и тврдат дека тие не бегале туку ги одвеле преку граница, немаа вистинско детство, иако во домовите каде што ги сместуваа имаа многу добри услови за живеење и школување. Тие беа најголеми жртви не само во Граѓанската војна туку и подоцна, за време на Информбирото кога се скараа Тито и Сталин и за време на студената војна. Нивната детска судбина стаса и пред Обединетите нации, каде што беа донесени неколку резолуции за нивно враќање, но сето тоа не им го врати вистинското детство.

Денес, шест децении подоцна, постојат различни мислења дали децата биле евакуирани од хумани причини или, пак, перфидно протерани, дали тие биле префрлени во комунистичките држави за да се спасат од бомбите што паѓале врз нивните домови или, пак, тоа била акција за етнички да се исчистат тие простори на кои живееше главно македонско население. Македонците што беа на раководни функции за време на војната, која истовремено беше и војна за остварување на нивните национални права, и кои активно учествуваа во убедувањето на родителите, велат дека таа била хумана акција за децата да се спасат од бомбардирањата. Меѓутоа, во последно време се' погласни се оние што го тврдат спротивното и кои сметаат дека грчките комунисти не биле докрај искрени спрема македонскиот народ и дека зад таа хумана акција се крие намерата на националистите да ги исчистат етнички просторите каде што живееле Македонците.

Егејската голгота е голема и остави трајни белези врз сите кои на еден или на друг начин беа инволвирани во војната, но најмногу врз нежните детски души. Само човек што ѕирнал во нивниот интимен живот, човек на кого му го отвориле срцето, ќе сфати зошто отворените рани се' уште ги печат некогаш малечките деца, а денес возрасни луѓе со внуци.

Ги болат исто толку многу како и во годините кога растеле по домови и за време на средбите кога не ги препознавале своите мајки и кога не ги чувствувале како свои. Таа болка се ширела како зараза и се пренесувала и на нивните деца и внуци, кои исто така ја преживуваат големата егејска драма. Нивната голема болка треба да се разбере, зашто тоа е нивниот живот и мора да се раскаже нивната тажна приказна онаква каква што е.

(продолжува)
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.539
Поени од реакции
7.214
Драмата на Егејците, втор дел

Осумдневно ноќно пешачење по мраз и снег



„Со уште две жени и 40 деца, на 26 март 1948 година, го напуштивме селото по упадот на владините трупи кои однесоа 13 деца чии родители беа во единиците на ДАГ, додека другите жени и деца се криевме. Селото, исто така, го бомбардираа. По снег и зима се движевме ноќе, а се криевме дење.

Кај селото Трново два владини авиона пукаа врз нас, но за среќа, никој не беше повреден. Ние се приклучивме на групата од околу 400 деца кои ги водеа неколку жени. Тие беа од околината на Костур и жените ни кажуваа дека групата повеќе пати ја напаѓале владини авиони, при што загинале четири деца. Кај селото Маврохори ни се приклучија нови бегалци: жени и деца од четири села (Долно Котори, Лагем, Турија и Трен)“.

Ова драматично кажување е на Лена Сулевска од село Горно Котори, Леринско, за осумдневното патување на децата од нивните родни места до преспанските село Долно Дупени и Љубојно. Нејзиното и потресните сведочења на други мајки за откоренувањето од родните места на 28.000 деца од Егејскиот дел на Македонија во 1948 година ги пренесуваат Мишо Китаноски и Ѓорѓи Донески во книгата „Деца-бегалци од Егејска Македонија“.

Сулевска вели дека тогаш се собрале околу 20 жени и 500 деца и патувале кон север, пешачејќи само ноќе. „Во текот на целиот пат носевме по три деца секоја:а две на раце и едно на грб. Од селото Кономлади не' следеше силен снег и виулица. Им ги масиравме нозете на децата за да не замрзнат“, раскажува Сулевска, која на 25 деца им ги заменувала нивните мајки.

Кога стигнале во селото Штрково за да се одморат, одненадеж селото го нападнале авиони и тогаш со сите деца и другото население побегнале во планината, каде што го поминале целиот ден. „Децата плачеа од страв и студ, па моравме да запалиме оган. Но, тогаш повторно наидоа авиони и ние ја фрливме облеката, а децата камења за да го изгаснеме огнот“, раскажува Сулевска

Поради страв од авионите не смееле повторно да запалат оган. Кога паднала ноќ, продолжиле да патуваат и за два дена стигнале во селото Герман, а следната ноќ без да знаат ја преминале југословенската граница. Кога се разденило, наишле на жени од Југословенскиот Црвен крст и кога ги виделе онака гладни и боси и тие почнале да плачат. Ги нахраниле и ги повеле кон Битола.

„Тешкотиите при патувањето по студено време оставија видливи траги на децата. И по доаѓањето во Битола, нашите деца силно плачеа, исто како и во текот на целиот пат. Поголемиот број од нив повраќаа, на нас - жените од носење ни се отсекоа рацете и вратот, и рамената и имавме темни модринки по грбот и градите. Децата беа вошливи и валкани, затоа што не беа измиени цел пат, а патот беше долг над 100 километри и траеше осум дена. Очите им беа крвави, а од облека имаа само искинати работи“, раскажува „мајката“ Лена Сулевска.

Слично е и кажувањето на Елена Ефтова од село Турје, исто така, од Леринско, која побегнала од селото со 114 деца. „Монархофашистите со топови го бомбардираа селото. Целосно уништија шест куќи, а 34 куќи потполно изгореа. Тогаш упаднаа во селото, го ограбија и притоа истераа 500 овци, а ние сето тоа го гледавме скриени во планината. Наши борци немаше, а бесот монархофашистите го истурија тепајќи неколку затекнати граѓани во селото. При бомбардирањето на селото едно дете по име Лефтерија Донева, стара 10 години, беше погодена во градите и ранета во стомакот. Така тешко ранета, ја ставија во подрумот на куќата, додека траеше бомбардирањето. По бомбардирањето го зедовме девојчето од селото, но тоа во планината ни умре во страшни маки, и кај селото Рула ја погребавме. Мајката на ова девојченце, исто така, избега со нас, но подоцна се изгубивме и не знам каде е сега“, раскажува Ефтова.

Василка Делова од Лаген побегнала со уште две жени и една девојка, водејќи 71 дете. „Додека траеја нападите на владините трупи, се криевме во рововите ископани надвор од селото. Во селото доаѓавме ноќе, по храна. Кај селото Кономлади се приклучивме на втората голема група, со која побегнавме во Југославија. И по пет месеци децата, иако се сместени во дом, не можат да се ослободат од стравот доживеан при нападот на селото и тешкотиите и маките при повлекувањето, односно бегството од воениот пекол“, вели таа.

Јордана Јанчова, од село Трсје, кај Лерин, по загинувањето на нејзиниот сопруг, останала сама со петте деца. Плашејќи се дека и неа ќе ја убијат, одлучла да побегне преку границата. „Тогаш мајките од селото ми ги доверија и нивните деца за да ги спасам од стравичното бомбардирање на американските, англиските и грчките авиони“, раскажува таа.

„Така дојде и тој црн ден - 24 март 1948 година. Во вечерните часови почна драмата на разделба. Кај училиштето во моето село Рудари собравме околу 100 деца, поделени во групи од по 25, а на една од нив одговорна бев јас. Меѓу овие дечиња беа и моите две помали братчиња - Васил и Гоче. Ги натоваривме на запреги и тргнавме. По запрегите трчаа мајките и им ги кажуваа последните пораки на своите чеда... Сандра, запамети ја мајка... Хрисула, ќерко, немој да ми плачеш ќе се вратиме... Коста, внимавај на себе, сине“, раскажува „мајка“ Стоја Јанковска, која била со првата евакуација на 500 деца.

Кон полноќ стасале во Герман, а на 25 март изутрина, тргнале кон Бела Вода на југословенско-грчката граница, каде што се состанале со другите групи од селата Герман, Медово, Рабин, Штрково и цел ден се криеле од авионите. Тука ги стасале тројца водичи и им донеле погачи и сирење, последен поздрав од мајките.

„Квечерината, кога веќе немаше црни ’птици‘ по небото, што цел ден безуспешно не' бараа, тргнавме кон границата, кон прагот на толку саканата слобода! Стасавме на една широчина, децата ги собравме во куп, ги легнавме и ги покривме со што можеме и имавме - партали, шума, гранки. Јас и некои други од групата водичи, тргнавме да ги бараме нашите граничари“, раскажува „мајка“ Стоја.

Откако стасале во Долно Дупени и Љубојно, со камиони биле префрлени во Браилово каде што биле качени на воз и стасале во Скопје. „На перонот на старата железничка станица во Скопје беше приреден топол и срдечен пречек за дечињата од Егејска Македонија. Тие слегуваа од возот на куса починка, а тетките во бело, жените во Црвениот крст и од АФЖ, им даваа на дечињата бонбони, првпат во нивниот живот. Каква радост беше тоа! Малите мои не знаеја дека треба да се одвитка бонбоната од хартијата...“, раскажува „мајка“ Стоја и посебно нагласува дека и покрај извонредните услови за живеење и за работа, и покрај најголемата грижа што им ја давале на децата, сепак, кога тие потпораснле, плачеле и си ги барале мајките, татковците, браќата и сестрите.

„Подоцна, кога била донесена одлуката да се спојат семејствата, ги баравме родителите на децата, преку амбасади или конзуларни претставништва, преку Црвен крст и преку прашување. „Пишувавме писма, на многу добивавме одговори. Така почнуваше преписката на дечињата со својата мајка, татко, сестриче, братче“, вели „мајка“ Стоја.

(Продолжува)
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.539
Поени од реакции
7.214
Драмата на Егејците, трет дел

За збогум, девојчињата ја испеаја најтажната песна


Четирите другарки заминале на различни страни. Лена во Торонто, Ксантипа во Полска, Милка во Ташкент, а Фана во Македонија. Ќе се сретнат по 40 години во Скопје

Фана Мартинова, Лена Миљова, Милка Дамовска и Ксантипа Кирова од Поздивишта, Костурско, пролетта 1948 година ќе се качат на селската камбанарија и ќе ја запеат песната „Збогум мајко, збогум татко, збогум мили роднини, јас одам на далечен крај“, а нивните мајки собрани на сретсело ќе слушаат и ќе плачат. „Имавме по десетина години, бевме другачки. Најпрвин го обиколивме селото, трчавме по ливадите и, на крајот, се качиме на највисокото место за да го видиме одозгора целото село“, раскажува Фана Мартиова - Буцкова, едно од триесетината илјади егејски деца кои тие години заминаа во светот и никогаш не се вратија на родните огништа.

И денес, по 60 години, таа се чуди и не може да си објасни зошто ја запеале таа песна. Кога се симнале долу, роднините ги изгушкале и ги тешеле. Фана се сеќава дека тогаш нејзината тетка и' рекла: „Ќе одите, ама ќе се вратите, ќе заврши оваа проклета војна. Не берете гајле, таму ќе учите“. „Секаде каде што одевме ни велеа ќе учите и ќе се вратите назад. Навистина, сите учевме и сите завршивме школи, но не се вративме. Ни кога заврши војната, ни по две, ни по десет години, ни по четириесет. Сме биле Македонци, вели грчкиот закон, а за такви немало враќање“, раскажува Фана.

Наместо да се вратат дома, Фана, Лена, Милка и Ксантипа по годините поминат во детските домови во Романија и во Полска, ќе заминат на различни страни во светот. Лена ќе отиде во Торонто, Канада, Ксантипа ќе се омажи за Полјак и ќе остане во Полска, Милка ќе замине кај својот татко во Ташкент, а Фана ќе си дојде во Македонија. Ќе се сретнат повторно дури во 1988 година во Скопје на Првата средба на децата-бегалци.

Фана заедно со уште 166 деца од Поздивишта и со девет „мајки“ тргнала пролетта во 1948 година. Со неа биле уште двајцата браќа - Васил, кој имал петнаесет години, и Ташко дванаесет. Вечерта пред заминување целото семејство Мартинови седнало за последен пат на прошталната софра и чекало ноќта, еден час по полноќ, клисарот да ја удри камбаната и да го означи нивното заминување.

„Во семејството бевме деветмина. Три деца заминавме, а дома останаа дедо ми и баба ми, мајка ми и татко ми и двете сестри. Сите беа мобилизирани, дури и постарата сестра Кираца, иако беше леунка со мало бебе. Беше во групата која плетеше џемпери и чорапи за партизаните. Другата сестра имаше 17 години. Со другите жени пренесуваа оружје од преспанските села до Грамос и до Вичо каде што се водеа борбите. Тоа беше многу опасна работа. Сите девојки бомбите ги носеа опашани околу половината, патроните преку рамената и така со натоварени маски, коњи и магариња со оружје и муниција заминуваа по опасните планински патеки. Ако наидеа на некаква заседа, не им бегаше смртта. Мајка ми ми раскажуваше дека граната им паднала во казанот додека готвеле манџа за партизаните. За среќа, кога ги забележале авионите, се скриле подалеку од казаните, па никој не загинал. И дедо Трпо, иако стар, се вклучи во војната. А ќе пукнеше пушка за Македонија, ќе тргнеше да се бори. Од Америка се врати за Илинденското востание. Неговата парола беше автономна Македонија. Им го даде целото стадо овци на партизаните“, ја раскажува Фана потресната приказна пред да тргне по патот без враќање.


Фана (најдесно) како девојче во Романија

Патувале само ноќе, пеш, а најмалите деца биле качени на воловски коли. Пред да ја преминат границата, застанале на една меѓа и седнале изморени од долгото одење. Таму ги пречекал учителот Лазо и им рекол: „Тука ќе се разделиме. Од утре за вас нема да има страв од авиони и бомби. Заминувате во слободна земја. Вашите родители порачуваат да учите добро и да ги слушате вашите воспитувачи и учители. Со вас испраќаме и наши учители. Тие ќе ве учат на македонски јазик, затоа што сите вие сте Македончиња и немојте да го заборавите тоа“.

Фана два дена немала склопено очи и така одејќи по патот заспала и паднала без некој да ја забележи. Така продолжила да спие се' додека не се сетиле дека ја нема во долгата детска колона. Во колоната ги немало ниту Данче, ниту нејзиното братче Коче. Четиригодишната Данче ја нашле како прегрнува едно дрво и плаче по мајка си, а Коче како си игра со кучето на Мартинови. „Кога ме виде кучето, се израдува како човек, ми ги стави предните нозе на рамената, а главата на градите. Боже мој, колку беше тоа тешко“, раскажува Фана Мартинова - Буцкова и плаче, потресена од настанот за кој вели дека никогаш не можела да го заборави.

Таа не може да го заборави ниту малиот болежлив Нуме, кој иако бил дете, говорел како возрасен. Бил тешко болен, па четири жени го носеле во веленце. Постојано им повторувал: „Јас сум болен, оставете ме да умрам, имам уште двајца браќа, тие ќе живеат место мене“. Кога стасале во Романија, го сместиле в болница. Брзо оздравел, се школувал и станал лекар - специјалист, а неговите двајца браќа загинале во борбите како партизани на ДАГ.

Потресна била и разделбата на дедото Ламбро со неговите тројца внуци. Откако останал сам дома, ги ставил во кош, ги натоварил на коњ и им ги предал на „мајките“. „Син ми е в затвор, снаа ми беше партизанка, умре од тифус во Герман. Вие подобро ќе се грижите за нив. Каде што ќе одат сите деца, нека одат и тие“, им рекол.

Откако стасале во преспанското село Долно Дупени, пред да ги распоредат по куќите каде што требало да преноќат неколку дена, ги сместиле во голема сала, легнале и сите заспале. Со камиони ги однеле во Битола, ги качиле на воз и по неколку дена стасале во Романија. Фана таму останала се' до 1955 година кога дошла во Скопје. Нејзиното семејство ќе ја доживее судбината на многу егејски семејства распрснати во светот, кои никогаш не се вратија на своите огништа. По завршувањето на војната, во нивната ќуќа ќе остане само нејзината баба Пена попусто чекајќи ги да се вратат. „Пред да заминеме, како деца ги цртавме нашите дланки на ѕидовите и диреците, на влезните врати. Ми кажуваше сестра ми дека баба ми наместо пред икона, се молела пред нашите дланки и постојано повторувала: ’Војната заврши, зошто ни ги нема децата‘. Дедо ми избега во Полска со брод преку Албанија, но не дочекал уште еднаш да се видат. Умрела на прагот на куќата со испружени раце во 1950 година“. Дедото од Полска заминал во Австралија кај ќерката. Живеел долго, 107 години. Во Македонија добил илинденска пензија.


Пред да заминеме, ги цртавме нашите дланки на ѕидовите, на влезните врати, а баба ми наместо пред икона, се молела пред цртежите. Таа умре на прагот на куќата во 1950 година, раскажува Фана Мартиова - Буцкова

По војната, мајка и' на Фана и помалата сестра дошле илегално во Република Македонија, лазејќи со километри. Југословенските граничари не им правеле проблеми, но затоа, пак, Грците ако ги фателе, ги стрелале на самото место. Подоцна дошол и татко и', исто така, илегално. Постарата сестра не можела да замине поради малото дете и се вратила во куќата на мажот и' кој загинал во борбите. Неговиот татко Ване полудел и одел на боиштето, ги превртувал труповите барајќи го синот. Братот Васил, кој инаку бил меѓу 1.500 дечиња што биле мобилизирани од домовите да се борат во Граѓанската војна, го завршил животот во Полска во неразјаснети околности. Официјално се тврдело дека загинал во сообраќајка, но, најверојатно, бил убиен поради неговите промакедонски определувања.

Буцкова не може да го сфати односот на грчката влада и страшно ја боли тоа што многумина Македончиња протерани во војната, како што вели, не можат да си ги видат повторно местата каде што го поминале детството. Во својата книга „И ние сме деца на мајката земја...“, таа ќе ја пренесе интимната драма на едно дете-бегалец, сега седумдесетгодишник, на кого во сеќавањето ќе му остане една бука, каде што мајките ги прегрнувале за последен пат своите рожби. „Дали таа бука се' уште стои таму?, ќе ја праша. Не знам, никогаш не се вратив таму. На границата повеќепати грчките граничари ми велеа: ’Не може, ти не си Грк по род за да влезеш во земјата’! Ниту мајка ми не ја видов. Загина на Вичо, копајќи ровови“, ќе и' се исповеда тој. Неговата мајка била една од деветте жени од Костурско кои биле заробени од грчките војници, убиени и фрлени во траповите. Буцкова заврши литература, а потоа стана доктор по историја.

(Продолжува)
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.539
Поени од реакции
7.214
Драмата на Егејците, четврти дел


Петре Наковски вели дека Македонците од Егејскиот дел на Македонија, обесправени во сопствената татковина, во Полска добиле наполна почит со сите атрибути на човековото постоење, а Полјаците упорно го бранеле македонското име

Стравот од авионите ги следеше и во новите татковини

„Граѓанската војна остави свои траги врз групата на нашите воспитаници. Кога се слушаше брмчење на авион, реакцијата на децата беше стереотипна. Ги собираа своите бовчи и, плачејќи, пискајќи и лелекајќи, се криеја под креветите. Кога забележуваа трактор, најпрвин беа вчудовидени, а потоа бегаа плачејќи. Ноќе, додека спиеја, децата беа прогонувани од халуцинации. Содржината на тие халуцинации беа фашистите со автомати и со ножеви в заби, кои се качуваат по скали и низ прозорците влегуваат во нивните спални, ги газат нивните бовчи и нив самите. По цели групи деца бегаа од спалните, ноќе ги напуштаа своите кревети, се подготвуваа за бегање и чекаа наредба - кога да заминат“.

Овие зборови ќе ги забележи директорот на Државниот воспитен центар во Лондек – Здруј магистер Вацлав Копчињски за драмата на децата-бегалци во првите месеци по пристигнувањето во Полска. Извештајот што ќе го подготви тој е објавен деновиве на македонски и на полски јазик заедно со другите документи за бегалците во оваа држава. Документите заеднички ги објавија Државниот архив на Македонија и Дирекцијата на државните архиви - Полска. Нив ги подготви д-р Петре Наковски, кој вели дека Македонците од Егејскиот дел на Македонија, обесправени во сопствената татковина, во Полска добиле наполна почит со сите атрибути на човековото постоење.

Копчињски вели дека децата биле во постојана психичка вкочанетост, од која ги оттргнувала само бучавата на трактор, брмчењето на авион или некоја друга појава. „Тоа беше група што личеше на затвореници испратени на заточение. Се добиваше впечаток дека децата биле специјално така подготвени. Затворени во себе и во своите бовчи. Размислуваа слично и имаа нервозни, некоординирани реакции, беа слични на автомати“, го слика заедничкиот портрет на малите дечиња оттргнати од своите родители и однесени во друга земја.

Полскиот педагог подвлекува дека целата група воспитаници, заедно со постариот македонски персонал, психички била оштетена и во почетокот непријателски расположена. „Фобиите, колективните халуцинации, општата недоверба, сомневањата и сличните реакции ни зборуваа дека таа група многу претрпела, била откината од рацете на смртта, била спасена, но се плаши од новото, не е сигурна за утрешниот ден, страшното минато ја наведува на уште помрачна иднина“, заклучува Копчињски, кој заедно со својот персонал ќе вложува огромни напори да ја нормализира психичката состојба на децата.


Фобиите и колективните халуцинации ни зборуваа дека децата многу претрпеле, биле откинати од рацете на смртта, биле спасени, пишува полскиот педагог Вацлав Копчињски

Во новата средина најпрво се приспособила грчко-македонската управа, заедно со учителките, и го променила својот однос спрема нив. Тоа се случило одеднаш, еден месец по прифаќањето на децата. „Од недоверба и сомневање, Румељотис со Олга Поповска и учителките преминаа на отворена искреност, на искажување задоволство и благодарност. Лушпата на повоените остатоци кај децата од училишна возраст постепено почна да пука. Се отворија нивните срца“, ќе подвлече полскиот педагог очигледно решен да им ги намали траумите од војната на 3.590 деца.

Според него, доследниот, одлучен, но благ и толерантен однос на воспитувачите, токму со помошта на грчко-македонската управа, ги отстранила остатоците од сомневањето и недовербата. Заедно со управата психички оздравеле и децата. „И понатаму остануваше да се совлада групата од постари Македонки (таканаречени мајки). Какви што биле, такви останаа. Во Центарот сеат песимизам. Небаре работат, но нивните мисли скитаат по планините на Македонија. Тие ги парализираат нашите воспитни напори“, ќе се пожали Вацлав Копчињски. Тој вели дека доколку групата „мајки“ стојат понастрана од воспитаниците, децата побрзо ќе се приспособат на новата средина. „Желни за учење, сакаат да работат, сакаат меѓу себе да се натпреваруваат, сакаат да му помогнат на полското население, сакаат да бидат нормални и здрави луѓе... Нашите воспитаници, во основа, не се разликуваат од полските деца од селско потекло. Тоа се бистри деца, смели, умеат да ги образложат своите барања и да ги бранат своите права“, ќе констатира полскиот педагог.

Д-р Петре Наковски, кој повеќе години трагаше по документите за бегалците во Полска, вели дека секое новодојдено време носи нови сознанија, нови ставови и оцени, но трајно останува она што е запишано. „Запишано е, а ние само го повторуваме, и тоа само затоа за подобро да се запамети дека во тоа време, додека едни настојуваа да ги бришат македонските имиња и презимиња, да ги бришат поимите Македонец, македонски и се' што беше поврзано со Македонија, други - Полјаците, во услови на тоталитарен систем, не само што настојуваа туку и упорно ги бранеа македонското име, македонското презиме, македонскиот јазик, македонското слово, писмо, песна, оро, обичај“, подвлекува Наковски.

Д-р Наковски, кој инаку е дете-бегалец во Полска, нагласува дека заедно со поразените единици на ДАГ, во Албанија се повлекло неколкуилјадно цивилно население. „Егзодусот имаше карактер на масовно, временски одлично организирано и осмислено преселување, планиран распоред на испраќање, прифаќање, згрижување и сместување во држави, градови и села, во согласност со договорот на двете заинтересирани страни - Комунистичката партија на Грција и Привремената влада и владите на земјите на приемот“, вели тој.

Според убедувањата на раководството на Грчката комунистичка партија, престојот во странство требало да биде од привремен карактер и постојано на бегалците им влевале надеж дека наскоро ќе бидат создадени услови за нивно масовно враќање во Грција. Меѓутоа, тоа никогаш не се случило, зашто таа желба била голема илузија. „Поразот и егзодусот најтрагично и најскапо го платија и се' уште го плаќаат Македонците со изгубените мажи, синови и ќерки на боиштата во македонските планини, со уништените домови и изгубените имоти, со распаѓањето на семејството и неможноста да се вратат на родните места“, подвлекува Наковски и додава дека бегалците просторно растурени и политички разбиени, напуштањето на родните места го доживеале под околности на загрозување на нивниот живот и биолошкиот опстанок, неизвесност за сопствената судбина и за судбината на најблиските. Тоа била принудна туѓина, која со себе влечела психички состојби поврзани со негативните доживувања од неодамнешното минато, чии трауми и бариери морале да ги преодолеат во тотално променети услови на живеење.

„Македонците не се вратија во родните места. Во колективната меморија на сите Македонци поразот на Граѓанската војна ќе остане како единствен белег на речиси трајно искоренување... Грчката држава со редица закони и подзаконски акти ги лиши Македонците од грчкото државјанство и им ги конфискува имотите. Во почетокот на осумдесеттите години го донесе и понижувачкиот закон, според кој во Грција може да се вратат само под услов ако потпишат изјава дека се „Грци по род“, а Комунистичката партија на Грција, која ги повлече во братоубиствената војна и ги одвеа во светот, наместо да застане во нивна одбрана, се откажа од нивното постоење како национално малцинство“, истакнува Наковски. Притоа, тој нагласува дека во редица објавени публикации од грчки автори посветени на одведените деца и на грчката емиграција во Полска и во другите земји, никаде не се спомнувале Македонците и биле избришани дури и од документите што се содржани во зборникот за бегалците во Полска.

„За егзодусот на Македонците колку што се виновни десните, исто толку се виновни и левите сили на Грција“, нагласува Наковски и советува, и покрај се' што случило и се случува, треба да се прават напори за зближување со нашиот јужен сосед. „Јас не сакам мојата болка и моите трауми како дете-бегалец да ги оставам на моето поколение. Нашите деца и внуци треба да ги учиме да не мразат никого и да размислуваат европски“,заклучува д-р Петре Наковски.

(Продолжува)
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.539
Поени од реакции
7.214
Драмата на Егејците, петти дел


Полска ги прифати бегалците со срце

Чудните дојденци беа облечени полуцивилно, полувојнички, имаа капи слични на американските. Беа валкани, обраснати, запуштени и тажни. Ништо не зборуваа. Оставаа впечаток на вчудовидени и несигурни. Со љубопитство ги гледаа војниците што стоеја на брегот, некои ги допираа нивните воени ознаки. Тешко ранетите само провизорно беа преврзани со валкани, окрвавени завои и крпи. Под нив се гледаа загноените рани. Изгледа дека на бродот немало средства за преврски, а рацете на тие што вршеа преврски не биле баш учени. Некои нозе и раце беа ужасно деформирани. Не сакајќи да го искажат тоа, војниците крадешкум погледнуваа и само со гестови даваа на знаење дека сочувствуваат со дојденците“. Ова се зборовите на Владислав Барчиковски, кој ќе го опише пристигнувањето на ранетите партизани кои по поразот во Граѓанската војна пристигнале со брод во Полска. Неколку ранети со ампутирани нозе биле пренесени на раце во возилата што ги чекале. Еден од нив плачел. Не од болка, туку од возбуда што толку мајчински се однесуваат спрема него. Некои од нив, за да ја изразат својата благодарност и симпатија, ги галеле орлите на капите на полските војници.

„Сакавме да им дадеме не само стручна помош, туку да им покажеме и срце. Тие многу го бараа тоа од нас. Се гледаше дека, општо земено, тие прости луѓе преживеаја ужас. Стигнаа изморени, ослабени и болникави, најчесто исцрпени од долготрајните страдања. Лошо сраснатите нозе и раце предизвикуваа болка при секое движење. Многумина од нив имаа висока температура. Некои од тешко болните дури и не беа во состојба да се радуваат од пристигнувањето до целта. Но, општо земено, се трудеа да не го изразат тоа. И само малобројни беа тие што покажуваа недоверба. ’Не допирај ме, не знам кој си‘, чувствувавме дека таква е смислата на не секогаш пријателските мрморења на некои од ранетите“, пишува полскиот лекар.

Некои не сакале да го предадат оружјето иако им било објаснувано дека ќе биде дадено на чување. Биле приврзани кон своите пиштоли и партизански пушки со пресечени цевки. Само малкумина одбивале да јадат. Најголемиот број подавале раце за да добијат од сендвичите, кои во пунктот за исхрана ги имало цели купови. Со движења покажувале на лебот и гестикулирајќи прашувале дали може уште да добијат. Подоцна велеле дека не можеле да се изначудат што имале толку многу тазе леб. Во партизани честопати го сонувале, а тука го имале без ограничување. Сестрите се радувале поради тоа што можеле да ги намират нивните желби. И тие го запаметиле тоа за цел живот. Изгладнетите во текот на пловењето јаделе без мера. На последиците не требало долго да се чека. Кон морската болест се придружил проливот и токму поради тоа меѓу 500 болни, кои во Гдањск биле префрлени од бродот во возот за Шчечин, имало многу исцрпени.

„Посебна улога за меѓусебното разбирање, како што спомнав порано, одиграа Македонците. Тие живееја во Грција како национално малцинство, а нивниот јазик е словенски. Во националистичка Грција се жалеа дека национално се обесправени. Во комунистичкото партизанство тие грчко-македонски непријателства, всушност, ослабеа, но и понатаму се' уште беа живи. Македонците имаа силно чувство за својата национална посебност“, пишува Барчиковски во својата книга „Грчката болница на островот Волин“.

Тој нагласува дека Македонците, и покрај се', не се чувствувале сосема добро меѓу Грците дека имале свои национални амбиции. „Во доверба ни велеа дека сите Македонци треба да се обединат. И тие од Грција, како и тие од Бугарија и од Југославија, каде што имаат релативно најголема автономија. Во разговорите со Грците, исто така, многукратно забележуваме дека македонскиот проблем кај нив и понатаму е актуелен и бара да се реши“, повлекува полскиот лекар.

Лекарскиот преглед првиот ден бил површен, а вториот ден лекарите почнале да ги прегледуваат сите во домовите каде што веќе биле сместени. Тешко болни немало, имале краста и пролив. Меѓу пристигнатите имало новороденчиња родени тие денови и стогодишни старци и старици. „Сите, без исклучок, беа во искинати партали - наместо чевли, имаа стари гумени чизми врзани со врвци или искинати опинци. Жените ги имаа покриено главите и половината од лицата со црни шамии, така што не се гледаше дали се стари или млади. Многу од нив телата ги имаа стегнато со ортоми и беше тешко да се ослободат од тоа. Општо земено, желно ги соблекуваа парталите и со задоволство се бањаа, но имаше неколку, пред се' жени, кои не сакаа да се соблечат голи, тврдејќи дека никогаш не се бањале голи. По бањањето, тие луѓе не можеа да се препознаат. Тогаш се покажа дека има многу млади и во средни години. Сите тие се многу пропаднати и предвреме остарени“, го пренесува Барчиковски првиот впечаток што го стекнал.

Сите тие се држеле достоинствено, не се жалеле, се труделе да се насмевнуваат кога забележувале возбуда на лицата на луѓето што ги прифаќале. Со доверба и благодарност си дозволувале да прават се' што им велел лекарот или медицинската сестра. „Тие изразуваа голема радост поради тоа што се нашле во словенска земја и подвлекуваа дека како Македонци дојдоа кај браќата Словени за да останат толку долго додека да победи Демократската армија и Грција да биде слободна, и тогаш ќе се вратат во татковината. Карактеристично е тоа што грижливо ги кријат клучевите од куќите оставени во Грција и грчевито ги стегаат за да не ги изгубат кога се соблекуваат“, пишува Барчиковски.

Првиот транспорт на 750 ранети стасал со брод од Драч преку Гибралтар во јули 1949 година, а подоцна имало и други транспорти кога биле донесени уште 1.250 ранети и околу 9.000 цивили од македонска и од грчка националност.

Полјаците ги прифатила бегалците со широко отворено срце. Првиот секретар на ЦК на ПОРП Болеслав Бјерут рекол дека тој лично е заинтересиран да им се даде на тие несреќни луѓе не само формална помош, туку и срце. Политика што подоцна ја спроведувала полската власт, која им овозможила на бегалците полесно да ги залечат раните и психичките трауми. Особен заслуга на полската држава е тоа што таа никогаш не го довела во прашање македонскиот национален идентитет.

Професор д-р хаб. Владислав Стемпњак во воведот на документите за македонските бегалци во Полска вели дека треба да се даде висока оценка на високиот професионализам на полските методичари и учители, кои учењето на македонскиот јазик го прифатија како една од најбитните цели и правеа се' што било во нивна моќ за македонската и грчката младина да го избегнат однародувањето.

„Македонците се народ, а Македонија е држава во многу посебна ситуација. Се случувало и порано и се случува понатаму да се оспоруваат нивниот национален идентитет, јазик, па дури и правото да го употребуваат името Македонија. Контроверзиите што се поврзани со тоа не се појавуваа со поголема сила во периодот што е опфатен со насловот на публикацијава. Меѓутоа, тоа не го менува фактот дека во Полска ниту во минатото не се случуваа ниту сега нема пројави на сомневање што се однесува на признавањето на посебноста на македонскиот народ и на неговиот јазик. Полска како држава, а исто така и научниците што се занимаваат со балканската проблематика, секогаш го признаваа македонскиот национален идентитет. Особено значење тука имаат резултатите од истражувањата на полските лингвисти што се однесуваат на посебноста на македонскиот јазик“, вели проф. Владислав Стемпњак.

(Продолжува)
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Засекогаш благодарни на Полска!!! :love2:
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.539
Поени од реакции
7.214
Драмата на Егејците, шести дел

Две илјади деца испратени на фронтот



„Кога ни беше соопштено дека заминуваме за ДАГ, бевме горди и радосни дека се враќаме назад во својот роден крај, ќе се видиме со нашите најмили и ќе се бориме за слободата на нашиот народ. Ни на крај на умот не ми паѓаше, дека се враќам за да присуствувам на стрелањето на мојот татко од страна на своите соборци на ДАГ, затоа што се обидел да дојде да не' бара нас, неговите деца расеани по источните земји“, раскажува Алексо Чачановски од селото Желево, еден од 1.500 македонски деца-бегалци што биле регрутирани од домовите и испратени да се борат во редовите на ДАГ.

Чачановски објаснува дека кон крајот на 1948 година повозрасните деца ги префрлиле од домот во Синаја во Тулгеш и тогаш им станало јасно дека децата-бегалци од домовите во Романија ги подготвуваат за борци на ДАГ. „Во почетокот на 1949 година, со група од околу 375 деца од детскиот дом „Тулгеш“, бевме испратени во градот Арад. Беше формиран воен одред. Секој ден работевме воени вежби. Останавме околу 30 дена. Не' снабдија со униформи и малку воена опрема: ранец, рачна електрична светилка, нож, прибор за прва помош и друго. Преку Букурешт, бевме префрлени во градот Берковица, Бугарија, каде што се собравме многу деца. Некои помали беа вратени назад, а останатите продолживме и стигнавме во воениот полигон во село Рудари и Штрково, Преспа, Егејска Македонија. Оттука избегаа седум деца во Република Македонија. Започнаа воените вежби“, раскажува Чачановски, кој по траумата што ја преживеал додека гледал како го стрелаат неговиот татко, се разболел.

Д-р Ристо Кирјазоски, инаку учесник во Граѓанската војна, кој долги години го истражуваше овој трагичен период на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, истакнува дека раководството на КПГ во залудните напори за решение на проблемот на резервите на ДАГ, презел потег со кој во голема мера го девалвирал прокламираниот хуманитарен карактер и мотив на евакуацијата на децата. „Во април-мај 1949 година, ГШ на ДАГ и ПДВГ решија да извршат регрутација на нови борци од редовите на евакуираните деца во источноевропските земји. За таа цел, беа издадени соодветни наредби и директиви и беа испратени специјални емисари. Регрутацијата на децата се вршеше со широка пропаганда и со примена на притисок, не по возраст, туку по висина, и на тој начин беа регрутирани деца на возраст од 12 до 15 години“, пишува д-р Кирјазовски. Регрутираните деца откако ќе стасале на слободната територија, биле обучувани во селото Штрково, Леринско, каде што ДАГ организирал центар за обука, а потоа ги испраќале во првата борбена линија.

Сократ Пановски и Илија Лафазановски, кои биле во домовите за деца-бегалци во Романија и сведоци на овие настани, во книгата „Прогонство што трае“ подвлекуваат дека биле направени списоци на децата што требало да се испратат на боиштето и секој ден директорите на детските домови, кои инаку биле Грци, спроведувале посебна пропагандно-политичка програма. Во Романија првата мобилизација била спроведена во август 1948 година кога биле регрутирани 125, а на вториот повик за мобилизација, во февруари 1949 година, во детскиот дом „Тулгеш“ се пријавиле 375 деца постари од 14 години, меѓу кои имало и 15 девојчиња. „Интересно е да се истакне дека со овие деца не допатувало ниту едно дете од грчко етничко потекло. Значи, како топовско месо требало да послужат Македончињата“, констатираат авторите на книгата.

Тие го цитираат и писмото на Паскал Митровски до ПБ на КПГ во кое тој раководството на партијата го запознава со реакциите на родителите на децата и посебно го нагласува неодговорниот однос спрема децата на директорот во домот во Тулгеш, кој бил Грк и се викал Тимјос. „Неговиот став не може да се окарактеризира, никако, како добар. Тој врши еден недозволен психолошки и морален притисок врз децата со што создава една тешка атмосфера. Еве што му рекле на другарот Малио, кој беше испратен од ЦС на НОФ да ги посети: Тимјос ги собира децата во домот и на еден насилнички и недозволен начин им викаше „Да одите долу и да се борите. На сите оние од вас кои не ќе сакаат да одат, ќе им стават на челото по еден печат со крст за да се разликуваат дека се гадови и да се жигосуваат“, ќе напише Митровски во реакцијата до неговите претпоставени во КПГ.



Некои „мајки“ што се грижеле за децата, откако дознале за нивната регрутацијата, се побуниле, но кога виделе дека нив никој не ги ферма, решиле и тие да тргнат со децата. Една од нив е и Софија Тамбовска – Ковачевска, која раскажува: „Во март 1949 година, во детскиот дом дојде еден Грк по име Папатанасиу. Тој ни рече дека носи наредба за регрутација во редовите на ДАГ на сите деца од 14 до 16 години. Силно се спротивставивме сите со образложение дека децата се малолетни и дека тоа се прави без знаење на нивните родители. Знаејќи дека нашите деца се добро сместени со добри наши учители, јас и мојата соселанка Кика решивме да се пријавиме доброволно за борци на ДАГ. Нашето пријавување беше мотивирано од фактот што сакавме да ја придружуваме мобилизираната група деца и заедно со нив да се вклучиме во редовите на ДАГ. Чувствувавме дека во тој момент повеќе сме потребни да бидеме со овие деца меѓу борците на ДАГ, а и за да можеме навреме да ги известиме нивните родители за новонастанатата ситуација“, се сеќава Ковачевска.

Според Пановски и Лафазановски, вкупниот број регрутирани деца изнесувал над 1.500, а д-р Петре Наковски тврди дека таа бројка е поголема, околу 2.000. Истовремено, тој подвлекува дека само полската влада не дозволила да се регрутираат децата од домовите. „Носталгијата за својата татковина, желбата да се биде со своите во најтешките моменти и борбениот елан што беше негуван кај децата беа искористени за нивното саможртвување и жртвување за интересите на КПГ и владејачките кругови на Грција, кои за хомогенизација на својата нација не избираа средства за физичко уништување и протерување на Македонците од своите родни огништа“, пишуваат Пановски и Лафазановски. Притоа, тие посочуваат дека од детскиот дом „Тулгеш“ биле регрутирани 6 деца од селото Загоричани и испратени во ДАГ, а во првите денови загинале пет. Од Желево биле мобилизирани 11 деца, од кои поголемиот број загинале, од Бапчор - мобилизирани 9 деца, од кои две загинале.

Тоа дека во нерамноправната борба со десетпати побројната и подобро вооружената грчка армија биле испраќани деца потврдуваат и некои грчки извори. Пановски и Лафазановски пренесуваат еден пример што го посочува Јоану С. Колјопулу во книгата „Македонското прашање во периодот на Граѓанската војна (1946-1949) во Западна Македонија“, издадена во 1995 година: „Петнаесетгодишниот Борис Узунус (Узунов) од село Долно Котори (Като Идруса) од Леринско беше еден од тие прогонети. Во мај 1948 година заедно со други деца од неговото село и околијата се најде во Југославија. Во јули, истата година андартите (борците на ДАГ) ја мобилизираа неговата мајка Марија, со ветување дека ќе и' дозволат да го посети својот син во Синаја, Романија. Меѓутоа, него го сретнав со долга германска пушка на рамото на планината Малимади, каде што беше испратена и таа за да помогне во изградбата на борбените линии на борците. Подоцна, од информациите до кои дошла, дознала дека Борис загинал во тешките борби што се воделе во таа област“, пишува Колјопулу.

Д-р Ристо Кирјазовски истакнува дека акција на КПГ - ДАГ предизвикала големо разочарување и остро негодување кај родителите. Триесет и три мајки на евакуираните деца од село Кономлади, Костурско, на 18 мај 1949 година испратиле остар протест до ГШ на ДАГ, барајќи или да ги вратат децата во домовите или да им се вратат на нивните родители. „Под силен притисок на родителите и на јавноста, грчкото партиско раководство на 22 мај 1949 година нареди да се прекине мобилизацијата на деца до 15-годишна возраст, а пак мобилизираните деца до таа возраст да се вратат во домовите. Меѓутоа, наредбата не беше извршена целосно. Повеќето од мобилизираните деца необучени беа фрлени во борбата и загинаа. Трагичен е случајот на 130 деца, кои на пат кон Тесалија паднаа во заседа во Хаши и сите се убиени од владината армија“, подвлекува д-р Кирјазовски.

(Продолжува)
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Нема крај ова.
Начинот на кој ја кажуваме вистината е погрешен чим не дава резултати.
Неможам да читам.

Дедо ми Алексо ќе си седнеше на ливадата на која игравме фудбал и стално ќе го заприметев како неподвижно со укочен поглед седи долго време отсутен од местото и времето во кое е .
Пораснав и јасно ми стана кое место го посетувал.
с.Крушоради, Беломорска Македонија.

Што ни направија, семката да им се сотре.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Нема крај ова.
Начинот на кој ја кажуваме вистината е погрешен чим не дава резултати.
Неможам да читам.

Дедо ми Алексо ќе си седнеше на ливадата на која игравме фудбал и стално ќе го заприметев како неподвижно со укочен поглед седи долго време отсутен од местото и времето во кое е .
Пораснав и јасно ми стана кое место го посетувал.
с.Крушоради, Беломорска Македонија.

Што ни направија, семката да им се сотре.
Vistinata ne sakame da ja vidime :

"Кога малите дечиња по налог на Комунистичката партија на Грција биле префрлани преку границата"...

..."Чачановски објаснува дека кон крајот на 1948 година повозрасните деца ги префрлиле од домот во Синаја во Тулгеш и тогаш им станало јасно дека децата-бегалци од домовите во Романија ги подготвуваат за борци на ДАГ. „Во почетокот на 1949 година, со група од околу 375 деца од детскиот дом „Тулгеш“, бевме испратени во градот Арад. Беше формиран воен одред. Секој ден работевме воени вежби. Останавме околу 30 дена. Не' снабдија со униформи и малку воена опрема: ранец, рачна електрична светилка, нож, прибор за прва помош и друго. Преку Букурешт, бевме префрлени во градот Берковица, Бугарија, каде што се собравме многу деца. Некои помали беа вратени назад, а останатите продолживме и стигнавме во воениот полигон во село Рудари и Штрково, Преспа, Егејска Македонија. Оттука избегаа седум деца во Република Македонија. Започнаа воените вежби“, раскажува Чачановски, кој по траумата што ја преживеал додека гледал како го стрелаат неговиот татко, се разболел.

Д-р Ристо Кирјазоски, инаку учесник во Граѓанската војна, кој долги години го истражуваше овој трагичен период на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, истакнува дека раководството на КПГ во залудните напори за решение на проблемот на резервите на ДАГ, презел потег со кој во голема мера го девалвирал прокламираниот хуманитарен карактер и мотив на евакуацијата на децата. „Во април-мај 1949 година, ГШ на ДАГ и ПДВГ решија да извршат регрутација на нови борци од редовите на евакуираните деца во источноевропските земји. За таа цел, беа издадени соодветни наредби и директиви и беа испратени специјални емисари. Регрутацијата на децата се вршеше со широка пропаганда и со примена на притисок, не по возраст, туку по висина, и на тој начин беа регрутирани деца на возраст од 12 до 15 години“, пишува д-р Кирјазовски. Регрутираните деца откако ќе стасале на слободната територија, биле обучувани во селото Штрково, Леринско, каде што ДАГ организирал центар за обука, а потоа ги испраќале во првата борбена линија."
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.007
Поени од реакции
572
Ај ве молам сменете го тоа ЕГЕЈЦИ.Шо е тоа Егејци?Ај да речиш Македонци од егејскиод дел ама егејци:uvo:Демек ние поголеми Македонци сме од нив?Како ке се чувствуваш ако некој ти рпраша ти ВАРДАРЕЦ си така? Нема смисла дај сменте жити се.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Нема крај ова.
Начинот на кој ја кажуваме вистината е погрешен чим не дава резултати.
Епа тие организациите низ Америка, Канада и Австралија да поработат на анимирање на демократската јавност за овој гнасен, срамен, нечовечки егзодус. Мислам дека со пишување на писма до разни белосветски влијателни личности кои се влијателни само затоа што се подложни на влијание и нема многу резултати. Место да бараме права, да научиме да се избориме за правата. Пропаганда меѓу туѓите, а не меѓу своите, како што правиме со векови а проблемите само ни се насобираат под прагот. Што фајде ако предиме приказни до бескрај а нема кој да не слушне??? Малку пари и малку повеќе мозок-така се постигнуваат резултати.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.539
Поени од реакции
7.214
Драмата на Егејците, седми дел

Избезумените мајки ги бараа своите деца


Четата на Васил Мартиновски снимена по мобилизацијата

„Нашата единица, под полна опрема и казаните за подготвување на храна, со претходно изучени строеви вежби, марширавме за Оровник. Ние, најмладите партизани, бевме во центарот на вниманието. Една од нашите мајки, забележувајќи го својот син меѓу нас, силно започна да вика: ’Луѓе децата, нашите деца...!‘ Настана општа мешаница. Моите другарчиња, како лачени јагниња, излетаа од стројот и се замешаа меѓу луѓето, барајќи ги своите родители. Избезумени, во мракот, мајките, викајќи ги имињата на своите деца го бараа својот пород, а децата ги извикуваа имињата на своите родители. Никој не мислеше на митингот. Седев осамен и ја набљудував потресната слика пред мене. Јас се чувствував како сираче. Не најдов никого од моите. Со насолзени очи се прашував себе си, а каде е мојата мајка? Зад мене слушам познат глас: ’А, бре, и ти си тука?‘ Тоа беше дедо Димко Демирев - Агата од нашето село. Тој продолжи да ме укорува: ’А, бре, шебек (кускуле), пушката е поголема од тебе, а гељото (ранецот) потежок од тебе и ти дојде да ја ослободуваш Македонија?‘ Откако добро ме укори, дедо Динко ми соопшти дека двајцата стриковци загинале во борбите, а тате и мајка ми не се знае каде се наоѓаат со борците на ДАГ“. Оваа потресна средба на мајките со своите синови, кои мислеле дека се спасени од војната по испраќањето во социјалистичките држави, ја раскажува Трпе Карчински, еден од регрутираните момчиња.

Предвидениот митинг во Оровник од кој требало да се испрати телеграма на поддршка на Светскиот конгрес за мир што се одржувал во Прага се претворил во протест. Луѓето извикувале: „Доста беше, се' живо ни мобилизиравте, во нашите куќи уште глувците останаа немобилизирани, ни ги опустивте селата, вратете ги нашите деца назад во народните републики!“ Народот бил огорчен. Одговорните од КПГ, НОВ и АФЖ останале неми, мајките барале да се спасат нивните децата.

„Веста што ја дознав од дедо Динко длабоко ме растажи. Не ни бев свесен дека плачам. Солзите сами навираа од длабочината на очите. Никој за тоа не ме осудуваше иако бев партизан, а носев и пушка. По една година прогонство од нашите домови, сега станавме свесни за големината на нашата трагедија и за пеколот во кој беше турнат нашиот народ во Егејскиот дел на Македонија“, раскажува Карчински.

За време на своето патешествие тој ќе носи со себе молив и лист хартија и ќе го забележува секој настан и секое место каде што поминал до пеколот и назад. Неговата драматична животна приказна ја пренесуваат Сократ Пановски и Илија Лафазановски во книгата „Прогонство што трае“.

Карчински раскажува дека во декември 1948 година во домот во Тулгеш ги посетил членот на ЦК на КПГ Петрос Кокалис, кој во пропагандните говори повикувал на помасовно, доброволно вклучување во Демократската армија. Потоа им говорел и директорот на детскиот дом „Тимјос“. „Тој во своето предавање се повикуваше на нашите патриотски чувства спрема татковината и побара да стапиме доброволно во редовите на ДАГ. На нивно инсистирање се пријавивме 375 деца на возраст од 14 до 16 години. Меѓу нас се наоѓаа и 15 девојчиња. Основен мотив за нашето доброволно пријавување и овој пат беше носталгијата за напуштената татковина и враќањето на нашите родни огништа. Како доказ за нашето доброволно пријавување служеше едно ливче од бележник на кое запишувавме: име и презиме, датум и место на раѓање дека доброволно се пријавувам за редовите на ДАГ“, вели Карчински.


Трпе Карчински како момче

На 6 март 1949 година, со последната група деца, на камиони, преку Југославија, пристигнале на воениот полигон, во околината на селата Рудари и Штрково каде што обуката траела 23 дена и се состоела во нишанење и стрелање со пушка и фрлање рачна бомба. Потоа биле формирани воени единици, кои формациски биле слични на оние на ДАГ.

„Ни беше наредено да стреламе без никакво предупредување на се' што се движи. Подоцна дознавме дека на овие патишта за Република Македонија бегале борци и цивили во потрага по своите деца од другата страна на границата. Значи, ние бевме определени да стреламе во нашите родители и роднини, кои бегаа преку границата во Р. Македонија“, подвлекува Карчински. Тој објаснува како бил фатен таткото на неговиот другар Алексо Чачановски од село Желево. „На очиглед на неговиот син, тој беше стрелан. Нашите другарчиња, од претходните групи, беа испратени во првите борбени редови на ДАГ на планините Грамос, Алевица, Сињачко, Вич и Малимади. Од тие што пристигнавме тука, по обуката, 60 наши другарчиња беа испратени во првите борбени редови на ДАГ. Најголемиот број загинаа уште во првите битки, а некои беа заробени“, ја пренесува драмата на децата кои со невидена пропаганда биле натерани да војуваат. Карчински наведува дека многу тешко ги доживеале двете несреќи што се случиле со нивните другари. Три регрутирани момчиња, вежбајќи со минофрлач, загинале кога им експлодирала минатата во цевката. Загинало уште едно момче при обид да го деблокира митралезот.


Ни беше наредено да стреламе без никакво предупредување, вели Трпе Карчински, еден од регрутираните момчиња

Еден ден ги построил и пред нив застанал политичкиот комесар, инаку Грк, кој им рекол: „Дали некој до вас сака да остане во редовите на ДАГ?“ Се пријавија двајца доброволци: Васил Мартиновски и Ѓорги, курирот на центарот за обука. До пред неколку дена, ќе се пријавевме сите до еден. По тоа што видовме и слушнавме на митингот во Оровник, ја изгубивме желбата да се бориме понатаму. Настана мртва тишина. Од далеку, до нашиот строј, допираше топовска канонада. Стоевме вознемирени, како велигденски јагниња пред кланица. Многу млади ја почувствувавме суровоста и трагедијата на Граѓанската војна во Грција. Најпосле, комесарот ја прекина тишината со зборовите: ’Предајте го оружјето! Ќе ве вратиме назад во Романија за да јадете мармалад‘. Не се ни поздрави, лут како рис си замина“, раскажува Карчински.

Меѓутоа, со предавањето на оружјето не завршиле и маките на децата-војници. Наредниот ден со истите камиони што ги донеле по втор пат ја напуштиле татковината и кога ја поминувале граница со Албанија, сите во еден глас ја запеале песната: „И ние сме деца на мајката земја, и ние имаме право да живееме“. Карчински раскажува дека во деновите кога биле во Албанија многу гладувале. Еден ден ги однеле на аеродромот во Тирана и оттаму за Белград, каде што им понудиле да останат во Југославија. Не се согласиле и со авионот продолжиле преку Будимпешта за Полска, каде што стасале на 2 август 1949 година. Таму ги сместиле во еден манастир во околината на Варшава. По добиените вакцини и лекови, на 6 август 1949 година со воз ги префрлија во летувалиштето Солице Здуј и ги сместиле во една вила. „Бевме подложени на постојани лекарски прегледи и контроли на здравствената состојба. По одморот од неколку дена, станавме свесни за нашиот физички изглед. Личевме на живи костури, коска и кожа. Конечно по нашето одење во непознато се вративме од пеколот“, раскажува Карчински и плаче како дете, видно потресен.

Тој посебно нагласува дека полската држава направила се' за да им го врати детството и младешките години. „Сите станавме високообразовани кадри. Меѓутоа, остана вечно во нас, длабоко во нашите души, копнежот за татковината наречен - носталгија“.

(Продолжува)
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.539
Поени од реакции
7.214
Драмата на Егејците, осми дел

Жените масовно вклучени во заднината на фронтот



Евакуацијата на децата започна на крајот на февруари и почетокот на март 1948 година и траела се' до јуни истата година. Д-р Ристо Кирјазовски истакнува дека е неспорно оти тие биле спасени од ужасите на Граѓанската војна и однесени во социјалистичките држави, но нивното отстранување од родното огниште придонело за етничко чистење на Егејскиот дел на Македонија.

„Една од суштинските причини за евакуацијата на децата е создавањето услови за решавање на проблемот на резервите на ДАГ со нови борци. Ослободувањето на родителите од грижата за децата овозможи тотално мобилизирање на населението за претстојните тешки и решавачки битки во Западна Егејска Македонија. Тоа и се случи. Непосредно по евакуацијата на децата, беше извршена мобилизација на се' уште невклучените граѓани во редовите на ДАГ и во нејзините помошни единици“, подвлекува д-р Кирјазовски. Тој пишува дека во текот на големата офанзива на Грамос, летото 1948 година и по неа целата слободна територија била претворена во работилница во која сето население, неспособно за носење оружје, работело за потребите на ДАГ. Биле формирани екипи од жени за пренос на ранети, екипи за пренос на оружје, муниција, копање ровови, месење леб и ловење риба во Преспанско Езеро.

„Раководството на КПГ оваа своја одлука ја мотивираше и ја образложуваше со потребата за спасување на децата од ужасите на војната, а по молбено барање на нивните родители“, истакнува д-р Кирјазовски, кој лично учествувал во Граѓанската војна. Со цел да се убедат родителите да ја прифатат одлуката и акцијата да се претстави како резултат на нивни барања, била организирана широка политичка активност меѓу населението, која резултирала со писмено барање на родителите за евакуацијата на децата.

И Д-р Фана Буцкова смета дека хуманоста не е единствен мотив за евакуација на децата „Да го прифатиме тоа како факт, но не и како единствен мотив, бидејќи настаните што дојдоа потоа укажуваат и на други причини. Пред оваа многупати потенцирана компонента има и друг мотив, а тоа е нерешениот проблем со борбените резерви на ДАГ, што КПГ, како водач на ова движење, не успеа да го реши, а и масовниот терор на националистичките сили спрема демократите и Македонците во Грција“, вели таа.

Во книгата „И ние сме деца на мајката земја...“ истакнува дека грчките националисти во таа ситуација гледале уште една шанса за етничко чистење на Македонија, тие особено се нафрлиле врз Македонците. „Славомакедонците треба да исчезнат оттука“, пишуваше републиканскиот неделен весник „Елефтерос“ од јануари 1946 година, „тие треба задолжително да се истераат и нека одат во која било соседна земја“, нагласува д-р Буцкова и додава дека паравоените формации доследно почнале да ја спроведуваат политиката на истребување на македонското население. „Патролирајќи низ македонските села, фрлаа пароли дека некои ќе ги убијат, некои ќе ги истераат, така што кога ќе дојде кралот да не најде ниту еден Словен во земјата. Таквите пароли тие ги претвораа и во дело“, пишува Буцкова, која е едно од илјадниците деца-бегалци.



Евдокија Фотева - Вера, првоборка во ДАГ и раководителка на АФЖ, која непосредно била вклучена во евакуацијата на децата, вели дека тие секојдневно биле изложени на животна опасност од бомбардирањата и ѕверствата. „Немаше услови за нивниот живот и школување. Беа изложени и на разни заболувања и гладувања. Поради таквите услови, Привремената демократска влада, КПГ, НОФ и другите антифашистичко-демократски организации се обратија до слободните социјалистички републики за прифаќање на малолетните деца до 14-годишна возраст“, истакнува таа во книгата „Децата-бегалци од Егејска Македонија во Југославија“, подготвена од Мишо Китановски и Ѓорѓи Доневски. Според неа, со оглед на тоа што жариштето на војната било во местата каде што живееле Македонци, повеќето деца биле од македонска националност.

„Гледајќи ја суровоста на Граѓанската војна, осознавајќи што може да доживее детето, што го чека од раката на монархофашистите и американските авиони, мајката единствен спас за својата рожба гледаше во решението на ПДВ, во мерките на антифашистичките и демократски организации и затоа доброволно го даваше своето дете да биде евакуирано во некоја слободна земја, бидејќи беше уверена оти таму ќе биде безбедно и посреќно во идниот живот. Мајчината болка е безмерна кога се дели од своето дете, но овој пат таа токму од името на животот го избра патот што и' го покажа нејзината организација“, подвлекува Фотева.

Според неа, месните НОО во секое село одржувале собири на кои им се објаснувало на луѓето за мерките за обезбедување на децата. Списоците на децата кои требало да се евакуираат ги правеле организациите НОФ и АФЖ. „На секои десет деца се одредуваше по една негувателка, а на секои 20-25 деца по еден учител или учителка. Се водеше сметка негувателките и учителите да бидат од семејства кои имаа повеќе членови во партизани, или од семејства на паднати борци, или да бидат воени инвалиди“, објаснува Фотева. Таа го посочува случајот кога лично и' предложила на Малина Ралева од село Д’мбени, која имала четири малолетни деца што требало да се евакуираат, и таа да замине со нив, но и' одговорила: „Не, јас не го оставам мојот другар, мојата сестра и брат да се борат овде, а јас да заминам со децата. Знам дека тие ќе бидат безбедни, имам целосна доверба во избраните другарки, а јас овде ќе можам повеќе да придонесам за борбата“.

Катерина Мирчевска, која неодамна докторира на оваа тема, нагласува дека главната причина хуманоста - „спасување на децата од ужасите на војната“ била поврзана и со плановите за решавачките битки. Таа го цитира искажувањето на Уранија Јурукова, учесничка и активистка во војната, која вели: „Во почетокот на 1948 година на Вичо, Малимади, Бигла, Грамос се водеа големи битки и беа бомбардирани селата. Жртви беа децата и старите. Девојката Фотини Жагровска од село П’пли, учителка, кажуваше дека доаѓале авионите, децата бегале од училиштето за да се скријат. Се случувало некое од нив да загине, а таа била ранета. По ваквите настани, наставата се одвиваше ноќе... Требаше да ги спасиме барем децата до 14-годишна возраст. Дадовме многу жртви кај селата Загоричани, Кономлади, Граче, Стенско, дури да ги повлечеме децата“, изјавува Јурукова.

Според д-р Мирчевска, другата причина била поврзана со плановите на ДАГ за зголемување на бројот на борците. Било решено бројот на борците од 24.000 да се зголеми на 60.000-65.000. „Овој нов момент претпоставувал ослободување на родителите, првенствено на мајките, од грижата за своите деца. Тој бил потврден со фактот дека по евакуацијата на децата, била извршена целосна мобилизација на сите мажи и жени“, додава д-р Мирчевска.

И д-р Петре Наковски го дели истото мислење дека одведувањето на децата имало хуман карактер, но зад акцијата се криееле и други цели. „Прво, со заминувањето на децата, родителите беа мобилизирани за извршување заднински задачи за потребите на оружената борба, како што се пренесување муниција и ранети, копање ровови и градење бункери. Второ, децата требаше да бидат идната резерва за пополнување на единиците на Демократската армија на Грција. За таа цел, во втората половина на 1948 година и во март 1949 година беа мобилизирани околу 2.000 деца на возраст од 14, 15 и 16 години, кои беа вратени во Грција. Единствено Полска не дозволи да бидат мобилизирани деца, ниту придружен персонал. Трето, одведувањето на децата требаше да го подигне борбениот дух и моралот на борците свесни дека нивните деца, братчиња и сестри се безбедни“, вели д-р Наковски.

(Продолжува)
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.539
Поени од реакции
7.214
Драмата на Егејците, девети дел

Грчката кралица елинизирала 30.000 македонски деца


Кралицата Фредерика со кралот Павлос I

Паралелно со акцијата на силите на Демократската армија за собирање на децата и нивно масовно испраќање во социјалистичките земји, се спроведувала слична акција организирана од грчките власти под закрила на тогашната кралица Фредерика. Под мотото „да се спасат децата да не бидат однесени во комунистичките држави“, грчката полиција војска влегувала во повеќе македонски села и сосила на мајките им ги земале нивните рожби.

Вера Фотева, еден од македонските раководители во Граѓанската војна, истакнува дека по поразот на боиштата на Вичо и Грамос во 1947-1948 година, грчката армија се нафрлила и врз малолетните деца. „Таа акција ја спроведуваше кралицата Фредерика, која народот ја именуваше со ’Фрики – ужас‘. Божем покажува грижа за децата, кралицата одеше по селата, присилно им ги одземаше децата на мајките за да ги прави ’јаничари‘, беспоштедно употребувајќи ја силата на своите монархофашисти“, изјавува Фотева во книгата „Децата-бегалци од Егејска Македонија во Југославија“ од Мишо Китаноски и Ѓорѓи Доневски.

„Кога монархофашистите отидоа во селото Загоричани, Костурско, присилно да ги соберат децата, Македонките ги скрија своите рожби во фурните, а потоа ноќе ги префрлија на слободната територија. Од бес монархофашистите искасапија 17 жени од околните села и нивните тела ги фрлија во ѓолот на Костурско Езеро“, изјавува Фотева.

Според неа, жените правеле се' само нивните деца да не бидат земени и поради тоа биле камшикувани, малтретирани и затворани. „Во органот на ПДЕГ ’Махитрија‘ од 16 ноември 1948 година се наведува случајот на жените од село Жупаништа, Костурско, кои се здружиле да реагираат за да им се вратат одземените деца од кралицата Фредерика...

Македонките беа затворани поради недозволувањето нивните деца да им се одземат од Фредерика. Поради тоа, и во доцна бременост беа во затвори. Таму дојдоа на свет голем број новороденчиња. Жените стоички ги поднесуваа сите ужаси на војната“, изјавува Фотева.

Д-р Катерина Мирчевска, која за оваа акција користи повеќе грчки извори, наведува дека иницијативата потекнала од кралицата Фредерика, сопруга на кралот кој дошол на грчкиот престол по смртта на својот брат во 1947 година. „Иницијативата дошла по една нејзина посета на женскиот затвор во улицата ’Темистокле‘ во Атина, каде што казната ја издржувале комунистки заедно со своите деца. По реализирањето на смртната пресуда на десет затворенички, таа ги зела нивните деца за да ги спаси. Ваквата практика ја продолжила и ја официјализирала во периодот од јуни 1947 и во времето по поразот на ДАГ, при што во нејзините домови се нашле над 30.000 деца од селата во Егејскиот дел на Македонија, Тракија, Епир, Тесалија и Стара Грција“, пишува Мирчевска во својата докторска дисертација.

Д-р Мирчевска смета дека евакуацијата на децата од страна на ДАГ претставувала и еден вид противтежа на проект на грчката влада спроведуван преку кралицата Фредерика, која присилно ги собирала првенствено македонските деца кои биле воспитувани во големогрчки национален дух. „Целта на овој проект, според кралицата Фредерика, била „да се спасат нашите деца од северните провинции да бидат одведени преку границите и да бидат воспитани како непријатели на земјата“, вели д-р Мирчевска. Истовремено, таа нагласува дека тоа гесло станало моќно средство на антикомунстичката владина кампања. „Нејзин составен и мошне ефектен дел претставувал и терминот ’педомазома‘ (грч. педи-дете, мазома-собирање, збирање), употребуван како пандан за евакуацијата на децата во источноевропските земји“, подвлекува Мирчевска.



Меѓутоа, акцијата, која ја нарекувала хумана, била се' само не хумана. Напротив, владините сили, полицијата, војската и единиците на т.н. Маи упаѓале во домовите во селата и ги грабнувале децата од прегратките на мајките. Се собирале, главно, македонските деца од селата каде што се водела војната. „Тие биле привремено сместувани во најблиските собирни центри, а потоа префрлувани во детски домови. За само неколку месеци, во Грција биле формирани повеќе од 50 вакви институции, популарно нарекувани домови и интернати на кралицата Фредерика. Тие претежно се наоѓале во Атина или во нејзината близина, и во нив биле сместувани околу 20.000 деца“, вели д-р Мирчевска.

Според неа, најважната метода во воспитувањето на децата се состоела во забранувањето какви било контакти со семејствата, допишување или примање посета. „Воспитувањето се одвивало преку строго утврден дневен ред на активностите во домот и, на крај, преку наставните содржини. Во овие институции немало ниту часовници ниту календари, а денот се регулирал со ѕвоно. Децата биле облечени во униформи и секогаш оделе во марш, па дури и при нивните посети на кино-претставите или при прошетките во парковите“, нагласува Мирчевска.

Таквите методи на воспитување ги диктирала новата кралица Фредерика, која била Германка, по потекло од кралското германско семејство на Дука Ернесто Август. Таа заедно со своите браќа, принцовите Хајнрих и Кристијан, израснала и била воспитана во духот на германската нацистичка младина. И таквата идеологија ја применила при воспитување на децата во детските домови под нејзина закрила, смета д-р Мирчевска, која до овие сознанија дошла користејќи грчки извори.

Според Сократ Пановски, додека повеќето деца што биле евакуирани во социјалистичките држави завршувале разни училишта и факултети, децата во камповите на Фредерика остануваа со основно образование. Ниту едно од нив не го продолжило школувањето. Напротив, таму се случувале други нешта. Грчкиот историчар Димитрис Сервос тврди дека американската мисија за помош на Грција, која помагала при собирањето на децата, подоцна посредувала во нивната препродажба на бездетни семејства во САД и на атински богати семејства за голема сума пари. Во почетокот, богатите семејства за дете плаќале по 4.000-5000 долари, а подоцна и по 10.000 долари.

Д-р Ристо Кирјазовски, кој во своите истражувања ги користи мемоарите на кралицата Фредерика, истакнува дека собирањето на децата почнало непосредно по основањето на Кралското доброволно друштво во јули 1947 година. „Меѓутоа, планското масовно собирање на децата почнало во март 1948 година, кога се одвивала и акцијата на ПДВГ. Со операцијата за собирање на децата раководеше лично кралицата Фредерика и во неа беа вклучени армијата, локалните власти, полицијата, училишни и други органи и организации. Планот предвидуваше да се соберат од 10.000 до 12.000 деца. Во март беа собрани 6.000 деца. За акцијата се запознати Американската мисија за помош на Грција и Специјалниот комитет на ООН за Балканот“, пишува Кирјазовски и додава дека во почетокот на март 1948 година владата во Атина соопшти дека ги завршила сите подготовки за евакуација на 14.000 деца од Егејска Македонија и од Пелопонез.

„Според тврдењата на кралицата Фредерика, беа собрани околу 24.000, а според други тврдења 14.494 деца, претежно од Егејскиот дел на Македонија. За децата во Лерос, Кифисија, Солун и во други места беа организирани 54 дома - „детски градови“, прифатилишта во кои беа изложени на најгруба денационализација и асимилијација“, подвлекува д-р Кирјазовски.

(Продолжува)
 

Sinisa

libertad o muerte
Член од
27 август 2005
Мислења
661
Поени од реакции
52
Grozota. Ali strašno je i što nedovoljno ljudi u Evropi i svetu zna za ovo. Andronik dobra tema, a bilo bi dobro da ima i prevod na engleski.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom