Колку само спомени имам од детството, што од дружењето со другарите од маалото, што од дружењето со мои дома. Готово се расплакав уште на почеток но ке продолжам. Прво, за дружењето со децата од маалото. Бевме дружина од 10 деца. Ке станевме околу 8 ке појадувавме до 8 и 30 и после право на улица до 12-13 часот зависи колку беше топло (ова е за летно време) После тоа секој дома преспива до 15-15 и 30 и потоа на компјутер и сите игравме симс. Тогаш ја имаше само 1та и 2та и бидејќи 2та беше тазе излезена неа ја игравме највеќе. Се допишувавме преку Windows Live Messenger ако го памтите тогаш уште го немаше Фејсбукот. Прашувавме кој до каде стигнал каква куќа направил и такви работи. После од 16-19 часот гледавме шпански серии тогаш тие беа хит и ако не ги гледаш се сметаше за заостанат. И после до 00-01 на улица пак: жмурка, карти, монопол, клен за војска, штркот бара боја, нека бие нека бие, фудбал, сладолед, велосипед, сончоглед, ролери... Имавме и едно наше шоу каде што сите женски од маалото приготвуваа претстава на улица. Тие смислуваа кореографија и играа на песна пуштена на ДВД со огромни звучници надвор абе ечеше маалото, а машките свиреа на инструменти: гитара, усна хармоника, тапани (тоа всушност беше канче од кисело млеко со песок внатре и демек тапан).... Секое лето приготвувавме нова претстава и присуствуваа постарите сите се восхитуваа.. Многу ми е криво кога денес некој постар ке праша каде се тие ваши претстави што ги правевте, милина за очи беа и спокој за срцето гледајќи ве како се дружите. Денеска го нема тоа сите се на Фејсбук и изиграваат некои големи градски риби и фраери...А сега за зимскиот распуст. Тогаш го прославуав и мојот роденден па за среќа секоја година имаше снег и неверојатно се забавувавме играјќи се во внегот, лизгајќи се на санките, на џак. Една година добив сипаници и не смеев никако надвор да излегувам и ги гледав децата преку прозорец како се играат во снегот а јас ронам ли солзи ронам. Заедно сме прославувале и Нова Година..Сме биле како браќа сите но денеска ниту еден не сотана другар со некој друг од некогашното големо друштво. Сите на своја страна и никој никого не познава иако сите сме соседи и живееме на иста улица.
Што се однесува до моите дома. тука ке ја издвојам баба ми која секако се жртвуваше за своите внуци и не прикриваше ако направевме некое лошо дело јас или сестра ми. Секоја недела се собираа сите нејзини сестри кај нас дома (беа 5 сестри и еден брат но тој за жал починал) и месеа зелник со праз.. Мммм колку вкусно беше прсти да си излижеш уште пак кога со кисело млеко го јадев....Што да ви кажувам. Сега ниту една баба не остана сите умреа во рок од 10 години од која едната баш на мојот роденден. Одтогаш и не славам роденден воошто бидејќи бев многу приврзам за неа. Дедо имав само еден тој беше душа од човек се ми угодуваше што сакав тоа ми купуваше но и тој не поживеа многу. Зборовите баба и дедо не сум ги изустил повеќе од 10 години многу ми е тешко кога другите зборуваат како нивните дедо и баба им купуваат, им прават јадења, а јас што да кажам? Само ги голтам солзите и веднаш се тргнувам на страна. Додека го пишувам ова седам во собата на баба ми и дедо ми тука има и нивна слика кога ке ги видам душава ми затреперува седнувам и си плачам за годините неповратно поминати со нив. Затоа еден совет до сите кои имаат живи баба и дедо. Чувајте ги и гледајте ги додека се живи бидејќи кога ке умрат веќе нема враќање назад. Ке сакате да ги вратите годините но залудно. Тие нема да се вратат.