Драг спомен од вашето дество?

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
donald-zolan-beach-break.jpg

Случајно размислувајќи на еден мој настан се присетив да отворам ваква тема.

Сите ние имаме многу сеќавања од нашето дество било лоши, добри но битно секогаш во нашата глава останува некој битен момент од нашето дество каде што си се присетуваме одвреме навреме и се смешкаме слатко. Зошто тој момент не го споделиме тука? :D

Како помал зборувам за некои 6-7 години отприлика навистина сакав да имам премногу играчки од најмало до најголемо :D Тогаш нешто што секогаш како мал го посакував а и сеуште посакував да имам картинг кола иако тогаш јас како помал си ја прекрстив формула :D Порано уште многу одамна сакав да си имам едно такво и да се возам низ маало. Бидејќи мал бев и секако и да имаа можност да ми купат немаше да можам да возам затоа сега си се присетив дека под железничка станица имаше такви колички знам паметам имаше само за еден и за двајца да можат да седат мене ме ставија позади а тој таму што работеше ме возеше доста кругови тогаш за прв пат седнав во такво нешто целиот бев :vozbud: што уште од тогаш од мали нозе сакав многу да возам така и сеуште желбата си е во мене да возам картинг што вооедно доколку бидам во можност сакам и јас да си поседувам такво нешто. :D

Кој е вашиот драг спомен од вашето дество?
 
Член од
20 април 2014
Мислења
247
Поени од реакции
136
Си најдов регистрација од кола и татко ми jа намести на bmx-от. Главен фраер бев :D
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Кога бев камен во фудбал и сите ме заебаваа и резерва секад бев дека последен ме бираат т.е. не ме бираа и одеднаш во малкуте прилики што ги добив дадов 4 гола, од кој едниот од гол на гол. Од тогаш со друго око ме гледаат, и ме молат да играм фудбал. Се свртеја работите некогаш јас ги молев, денес тие мене :D Истотака кога ќе најдев некое место и секад таму се криев на жмурка, и никој не ме наоѓаше и онака лајк а бос филингот го имав :cool:
 

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Кога игравме крижи-мижи,и јас се криев со најцицлестото девојче од наше маало...Ее,тогаш првпат фатив дојка..Летото,кога завршив седмо одделение..
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Па првото нешто што ми текна во моментов и што дефинитивно ми нацрта блага насмевка, е играњето карти со баба ми, која за жал почина пред да тргнам за прво одделение. Бидејќи живееше со нас, буквално целото време го посвети на мене. Постојано игравме карти, тонч ни беше врхунацот. Ме шеташе секаде, ме научи на многу нешта. Уште од мала знам да тегнам пита и да правам јуфки. Неколку пати знаевме да го утнеме автобусот и да одиме доста пешки. Мислам дека заедно ги поминувавме сите аптеки низ градов, бидејќи и' требаа лекови. Која кондиција ја имав тогаш... :D
А затоа што сестра ми како помала била понамќореста, кога она пишувала математика домашно, мене дома не смеело да ме има. А бубаче си бев. :icon_lol: Не дај Боже сестра ми да прави тест, јас треба на друга планета да се преселам за она на раат да си „учи“.
Па така баба ми била приморана секој ден да ме носи кај различни гости. Секој ден одевме до Центар, до парк, до ваму, до таму. Преубаво си поминував. Ми пушташе касети на видеото. Редовно навечер гледавме 2+1, 1+2, 2+2 (како и да се викаше емисијана со Драган Вучиќ). :D
Кога малку потпораснав, дознав дека на мојот роденден, требало на баба ми да и' вадат 6 месеци. И мене толку ми фалеше, се расплакав. Можеби 10тина години не го користам тој збор „бабо“ или „дедо“... Многу криво ми доаѓа на моменти кога другите зборат за нивните баби и дедовци. Како би сакала барем еден ден да поминам со нив. :unsure:
Друг драг спомен, дефинитивно е другата баба. Аххх... секогаш кога одев кај неа, секогаш имаше прекрасни јадења. Секогаш чуваше нешто посебно за мене. Знаеше да ми чува и по 2-3 сладоледа, чоколатца... :love: А јас како храна во животецов мој да не сум видела. Најпрво и' шепнував на мајка ми како ми се јаде благичко и веднаш ја гледав баба ми како ми носи.
Не знам сега колку се задржав на темата... но, ми олесни. :pipi:
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.212
Поени од реакции
7.269
Сонувам дека си играм со другарчињата в чоше, и ми се примочува. Со трчање си одам дома, влегувам во ВЦ, вадам тулето и мочам, в кревет.
 
Член од
9 март 2014
Мислења
5
Поени од реакции
1
Кога мојата симпатија крадеше круши за мене :vozbud:
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.679
Поени од реакции
19.592
Mnogu spomeni, nie bevme celo vreme nadvor, stanuvas 8 ipol 9 jades na brzinka ides nadvor pocinjame so plocka I lastik, pa dzamija, neka bie, neka bie, pa janino pa dolga magarica jas stvarno neznam kako me sluzi kicmava uste... tripati podebeli koa ke ripne dusa niz nos ama ke drzis za da ne lezis vtor put, posle ide narodna, I na kraj zhmurka so godini da te baraat dok te najde... eh toa bea turbo detski denovi sekjavanja milion:rolleyes:
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Во куќата беше пекол летно време, клими тогаш немаше, вентилатор еден кружеше по потреба и на крај сите прокувани бевме. :D Затоа подрумот, кој не беше баш класичен подрум, беше приспособен за тие неколку пекол саати во денот за ручек и одмарање долу. Имаше маса со столови, два високи железни кревети ( дедо ми беше во тежок филм цел живот дека бил партизан, па мислеше дека ме лаже и кажуваше дека како награда му ги имаат дадено ), стар креденец, шпорет и полно бардаци со ладна вода. Послано беше со ткаени черги кои баба ми ги остави сите на мене, невеста да не ме земале со празни раце :) и го имаше постојано мирисот на летен пинџур.

Ги сакав тие месеци во годината кога го чекав татко ми од работа во дворот, за да ручаме и да си легнам заедно со него во подрумот. На едниот кревет и ден денес стои огромното кафено мече полно со топчиња стиропор кое го малтретирав додека заспијам.
Секогаш после дремката ме оставаа "срцето" од лубеницата сама да го изедам. :)

Бев 5-то одделение кога баба ми почина, а татко ми од толку голема тага за нејзе и споменот што го врзуваше за тој подрум ... го остави баш така, се додека и он не почина. Сега кога влегувам ме гуши носталгијата ама остана таа насмевка од сите тие пекол лета. :)
 

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Чатали,пушки со штипки или дрвени куршуми,камења,стапови,лакови и стрели,колички,какво и да било парче метал ни било играчка,од обично телче како пушка до триаголник или сонце од пони како шурикен.После некое време беј блејд вретелешки,сони 1 ...Да не спомнувам за маалските игри,слупените лакти и колена и сите панталони и тренерки со позеленети коленици од тревата.Си се слупил?Капка-две ракија на раната,малку пискотници и по 10 минути пак надвор...Инаку како голем спомен,имам од мал направено свирче од семка од кајсија.Цел ден ја стругав од камен за да се направи дупка и кршејќи да ја извадам семката од неа.
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Предење со мишка...ах, детски спомен мил!
Колку сме се смееле како деца кога некој возрасен или ние самите сме прделе со мишки :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom