Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
21 март 2013
Мислења
379
Поени од реакции
1.080
Драга, ниту Скопска сакам, ниту 10 возења, ниту 5 возења, ниту бесплатен...абеее какoв превоз, ништо не сакам!

Хипотермија добив чекајќи на транспортен.
Плус некоја модрица гратис од мразот.

Среќа, жива и "здрава"...барем сега за сега.
Позз.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Кајги, маски ,маски насекаде .Се гледаат и седат си глумат еден со друг .Толку долго глумеле што веќе тоа станало нормално .Ненормалното станало нормално и општо прифатено како добро .Како тоа да е се океј .Седиш и се правиш дека си добар ,дека се ти е океј и ништо не ти е .Се запознаваш со некој и од самото запознавање настапува таа глума .Станувате пријатели , другари ,се заљубуваш итн .Но ти си пријател со маската на човек кој што не постои .Со некој замислен лик .И како се развива тоа зближување полека ,но сигурно паѓаат маските .Луѓето имаат очи ама не гледаат имаат уши ама не слушаат .Само кога доволно ќе се сконцентрираш тогаш ќе сфатиш со кого седиш на маса ,кој ти е пријател , кој непријател ,кој/а ти е дечко/девојка .За да не страдаш мораш да станеш детектив/инспектор за лаги , лажни насмевки и погледи .Треба да веруваш , но потоа да проверуваш .Веќе одамна нема вистински пријатели или вистинска љубов .Таа е причината поради ги која ги нема вистинските вредности во ова наше општество.Глумиш тоа што не си за да привлечеш тоа што не ти треба .Ти сакаш едно , но тебе ти треба друго .Ти бос одиш тебе ти требаат кондури ,а ти си запнал ракавици па ракавици .Од мали се учиме да бидеме тоа што никогаш не сме и нема да бидеме .Никогаш нема да бидеш тоа што не си .Можеш да ги лажеш тие околу тебе , но ти самиот неможеш да се излажеш никогаш .Секогаш ќе знаеш кој си во тебе .На крајот сите умираат и богатите ,педерите , криминалците, сиромашните ,касиерките во веро ,чистачите ,добрите и лошите.Најважно е како ти си го проживеал животот ,а не како си глумел .Си бил тоа што си .....
 
P

Patience

Гостин
Јас на подмрзнативе тротоари = првите чекори на Бамби на мраз у истоимениот филм.

Не ми се јасни стариве лица, знаат дека е подмрзнато, се лизга, и пак упорно претрчуваат на црвено на пешачки со торби во раце. Сфаќам дека времето ги гази, ама секунди се во прашање. Ќе ве собере некоја кола без разлика колку е далеку ќе не може да закочи ко што треба... Колку па и само се лизга на пешачкиве бели линии, ми иде да им речам, ама па невоспитана ќе испадне дека сум. Никако не си...:toe: ќути си најарно...
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Драга ...

порано кога ќе ми кажеше некој да намалам со моето ДОБРО зошто било иритантно, не ги сфаќав. Ама сега кога го слушнав папагалов како го кажува моето ДОБРО јасно ми е се.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.021
daj be da soberime kolku potpisi treb dase ukini ova od vucic kvizov .Gi maltretira lugevo , im se izivuv.
Gi tera ko kucina da jadat bez race za vecera da im podari :S
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Колку се повеќе излегуваат нови филмови каде главното дејствие се врти се околу кој има подобра развиена технологија и без малку да има жар во самите филмови, толку повеќе ми се свиѓаат филмовите постари од 10 и надолу каде се се врти околу дијалозите и каде вистински можеш да уживаш без да ти биде досадно и 10 пати нешто повњќњ ќе научиш и видиш отколку овие денешни т.н. филмови!
 
Ф

Флеш

Гостин
Денеска у комши на работа,му поминав на другарче на кафе,кај шо работи.Ем пеш,ем ладно беше,да искористам малку да се стоплам и да се видам со копиљов,од основно стоиме,сам бил,шефицата не била тука,ај друштво.Касиер на средно големина посрано дуќанче мочано 75 квадрата.Поседов со него два саата муабети итн.Ми беше шанса да видам на дело шо се мора срања да трпи ко продавач од муштерииве,ние народот глуп .За 26 денари Еирвејс,му дава муштерија 1000ка,вика дај ситно,немам дечково .Извини ама немам ситно кусур да дадам назад.Овој муштеријава,коа почна да урла,како да е крив сега другарчево шо у момент нема ситно во каса,а магарево муштерија го мрзи да појде да раситне надвор до жена му шо чека пред дуќан.Второ,вампириве стари пензионери,ќе купат некоја работа,тиква 5 кила,платил на другарчево веќе,затворил сметка,у исти момент крева ќеса,а пишман ага тешко му било до дома да носи,далеку живеел ,дај праи сторно,враќај назад пари .Па кој кур го тераш детево да крева мери,му даваш и му викаш за ај сеа не сум расположен,враќам.Трето,смешна ситуација,едно пет пати се деси во рок од два саата додека бев кај него у дуќан,има муштерија 203 денари вредност сметка,сличен однос на сите пет случаеви зборам,му дава двеста на касиеров,му вика,чекај,мислам дека имам ситно 3 денари,буричка 5 минути у џебови,торба,ташна итн,а касиеров очајно чека за ситно,за на крај,ај дечки немам ситно,нати 1000ка,да му собере се ситно.Смешно ми е она,сто души истото го повторуваат,чекај мислам дека имам ситно,ау извини батка,пуши курац на надеж и подзината уста,земи едно 10 илјади за 30 денари сметка.Касиеров шо да прави,мора да дава цело ситно,да не му бега муштерија зошто го притиска шеф,зошто стално одбива муштерии поради немање ситно за кусур.Башка тоа,коа ми кажа зема 9000 плата.Трпи...:toe: Искрено,и јас бев таков дебил ко муштерииве,мрза да појдам да раситнам.Кој ревелејшн ми беше денес,коа влегов од негов агол,негова позиција,негов поглед.Да трпиш пцуење од муштерии 8 саати,секој ден во неделата.Те мрцварат дебили и кози од госпожи на кои ладно им било да отворат обично ќесиче,а момаков ти пакува,средува на компјутер,враќа кусур,уше ај молим лепо.Култура македонска:гомце::гомце::гомце:
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
На интернетов последниве денови, помеѓу оние прогресивни либерали кои онанираат константно на се што доаѓа од Соединетите Американски Држави, владее некоја мини - хистерија и плитка патетика, во врска со последните денови на претседателската фунцкија на најхаризматичниот претседател во историјата на САД, ма и воопшто во историјата досега, Барак Обама. Срцепарателни статуси небаре умрел, хаштази со таква тематика, заблагодарувања за се и сешто.

Па еве и јас од студениов Гостивар сакам да го следам трендот и да му изразам благодарност на, повторувам, најхаризматичниот, секогаш насмеан и подготвен за шега, прецедникотБарак Обама. Ми го смени животот во овие 8 години. И мене и на моите драги сограѓани Македонци. Ќе ни недостасуваш Барак, ќе ни...

#ФалаТиМајсторе
#КхмКхм



source.gif
 
Последно уредено:

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.401
Поени од реакции
6.021
Вечерва го дадов другарот и си бегам дома од прославата и узпат да зеам цигари од продавницата шо работит 24/7 и во време на апокалипса и глеам затворена...олку не се разочарав ко паднав за еден поен трудово...
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.992
Eдвај чекам да се разочарам од ракометариве на светско поради тоа што и покрај отепаноста на репрезентацијава си дозволувам да се надевам на солиден настап.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
За вчера викаме дека било рано, за утре дека ќе биде касно, а за денес дека едноставно не е денот за таа работа. И така ги пропуштаме најважните моменти во животот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom