Драган Богдановски и Движењето за Ослободување и Обединување на Македонија (ДООМ)

Член од
17 февруари 2005
Мислења
190
Поени од реакции
4
lagi golemi

kakva udba bre dete , ne tresi glupost Dragabn zivese vo Svedska kaj mene se do negobvat SMRT PO PAT ZA KOPENHAGEN
 
Член од
17 февруари 2005
Мислења
190
Поени од реакции
4
DOM nikogas ne zgasna, no ne bese aktivno od razlicni pricini ali vo skoro ke se aktivira ponovo, i ke ima svoj forum i svojka web stranica.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
ПОЛИЦИСКАТА ОБРАБОТКА НА ТРАЈКО ТРАЈКОВСКИ (1 ДЕЛ)
Како полицијата го растурала зачетокот на ВМРО-ДПМНЕ


На 250 страници, сите исчкртани со црн фломастер за да се скријат имињата на агентите и на кодошите, се протега животот на Трајко Трајковски. Роден во кумановското село Младо Нагоричане, Трајковски денес е емигрант во градот Гери, во американската сојузна држава Индијана, од каде што по пошта го испрати своето досие до редакцијата на „Време“.

Во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век тој бил активист на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) на најпознатите македонски дисиденти Драган Богдановски и Благоја Шамбевски, поради што до распадот на Југославија бил следен од страна на македонската тајна полиција, како во Македонија, така и во Германија и во САД, каде што живеел и работел.

- Сакам да се види како се уништувала македонската мисла, како во Македонија, така и во странство - ни изјави Трајковски, по испраќањето на досието. Трајковски раскажува како се запознал со Богдановски, откако како работник-машинист во Германија, патувајќи со воз во 1975 година случајно дошол до примерок на списанието „Македонска нација“, кое го издавала организацијата ДООМ. Во списанието се повикувало на обединување на трите дела на Македонија и остро се напаѓале југословенските власти и македонското раководство поради несакањето да се отвори македонското национално прашање.

Трајковски, погоден од текстовите, се претплатил на весникот и му пишал на авторот на текстовите Драган Богдановски и побарал средба. - На средината на март 1976 година сретнав пред вратата на мојот дом висок непознат човек со очила. Ми се претстави дека е Драган Богдановски. Ми рече дека завршил политичка школа во Париз, дека не работел никаде заради тоа што се плашел дека ќе биде ликвидиран од грчката, бугарската или југословенската полиција. Особено се плашеше од Белград - се сеќава Трајковски и додава дека „според Драган, Македонија би можела и да остане во рамките на Југославија, но ако се обединетите три нејзини дела“.

Трајковски го прашал Богдановски зошто не бара помош од тогашните македонски власти за своето дело, што подоцна македонската полиција во извештај ќе го наведе како доказ за наивноста на младиот машинист. - При тој прв разговор, цело време во мојот стан, Богдановски изгледаше вознемирено, реагираше на секое мое движење, а во еден момент ме праша и дали сум испратен од УДБа - вели Трајковски за првата средба со Богдановски.

По враќањето во Куманово, Трајковски бил повикан на неколку разговори во полицијата, да ја објасни средбата. Со тоа почнува и долгогодишната полициска обработка на Трајковски, од која во досието има над 40 службени белешки, записи од разговори со кодоши и други документи, од кои јасно се гледа како македонската полиција работела на разбивање на група, која иако работела за интересите на македонската нација, можела да биде конкуренција за тогашните југословенски власти. Полицијата побарала од Трајковски да соработува во разбивањето на ДООМ во Германија, на што тој се согласил.

- Го послушав советот на мојот татко, кога сум во полиција да прифатам се што бараат. А, кога ќе отидам во Германија, ништо нема да ми можат. Така и сторив, од Германија им јавив дека јас не сум шпион и никогаш нема да бидам - вели Трајковски. Со тоа Трајковски се осудил на одделеност од сопругата, двата сина, родителите на кои не можел ниту на погреб да им оди и остатокот од семејството. Од Германија отпатувал во САД, каде што останал да живее до денешен ден, во големата македонска заедница во градот Гери во Индијана.

Во првата разузнавачка анализа на Трајковски, од ноември 1976 година, пишува како полицијата заклучува дека тој е човек што е во контакт со „екстремната македонска емиграција во Германија“. На 16.7.1977 година Службата за државна безбедност носи одлука да стапи во акција. СДБ тогаш почнала да врши контрола на преписката на Трајковски, од што во досието се заведени околу 70 писма. Донесена е одлука за наоѓање кодоши, односно, како што стручно пишува во документот, за „проучување на неговите роднински и пријателски врски за издиференцирање лица за ангажирање и добивање нови сознанија, како и целосно проучување на наши граѓани вработени привремено во Келн, Диселдорф и Леверкузен, за наоѓање подобно лице за ангажирање. Досието го отвориле вработените во СДБ Добре Величновски, Тодор Димковски, Драган Момировски, Димитар Николовски и Киро Фузевски. Трајковски вели дека е воден под шифрата „Жеглигово“, иако на некои места за него го користат и името „Сандански“.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Во досието на македонскиот емигрант Трајко Трајковски, кое тој го испрати до редакцијата „Време“, многу малку е напишано за двата најсилни удари зададени на организацијата ДООМ. Мистериозното убиство на Благоја Шамбевски е спомнато само на едно-две места, додека за киднапирањето на Драган Богдановски, судењето во Југославија и 11-годишното затвореништво се пишува како за „настаните околу Драган Богдановски“. Трајковски, кој по пуштањето на Богдановски на слобода во 1988 година повеќепати се сретнал со него, раскажува како македонската полиција го уништила водачот на ДООМ.

- Драган Богдановски ми кажа дека во затворот во Македонија му давале лекови, да се наруши. Сакаа да му го уништат сеќавањето, кога ќе излезе да биде како изгубен човек. Имаше голема разлика во тоа како зборуваше порано, и како зборуваше и изгледаше по затворот. Во разговор, ми кажа и дека бил држен во бункер во ловиштето Јасен, од страна на Службата за државна безбедност, а дека со хеликоптер го носеле во Скопје на сослушување - вели Трајковски.

Тврдењата дека во ловиштето Јасен имало таен полициски затвор во јавноста ги изнесе поранешниот началник во тајната полиција Јанко Бачев, кој тврди дека Богдановски една година бил држен во специјални објекти во Јасен и кај Солунска Глава, а еднаш при транспортите со хеликоптер се обидел и да се самоубие. Трајковски вели дека во разговор со Богдановски, по неговото пуштање на слобода, Богдановски му потврдил дека бил чуван во Јасен. По изборите во 2006 година, македонската власт организираше посета за новинарите на еден од нуклеарните бункери во ловиштето, но не откри повеќе детали за тајните објекти во оваа зона, која со години е забранета зона за обичните граѓани.

Трајковски до „Време“ испрати и трогателно писмо на Богдановски, напишано по пуштањето од затвор, на 5 јули 1989 година. Во него Богдановски му се заблагодарува на „братот Трајко“ поради парите што му ги испратил, бидејќи во Шведска каде што се засолнил од државата добива пари колку за храна. Пишува дека со помош на Миле Илиевски, уште еден од активистите на ДООМ, сакал да отпатува во САД бидејќи се уште се плаши дека „удбашите можат да ме ликвидираат“. Богдановски во писмото изразува чудење за тоа како македонските власти се осмелиле да го пуштат надвор од државата.

- Јас во Македонија по моето излегување од затворот им правев многу бељи, јавно агитирав насекаде за нашата идеја и се собра многу народ околу мене, особено интелигенција и младина, па можеби си помислија, нека крши глава во странство, тука ќе ни ја зарази младината со неговата идеологија - пишува Богдановски во писмото до Трајковски, за собирањето на јадрото што ја формираше денешната ВМРО-ДПМНЕ.

Со писмото се потврдува и уште една шпекулација, дека македонската полиција ја ангажирала дури и сопругата на Богдановски, Брит Остенген.

- Мојата бивша жена изгледа е врбувана од удбашите, тоа го почувствував кога бев во Скопје, па сега ниту сум & се јавил, ниту пак ќе & се јавам - додава Богдановски во писмото.

- Драган знаеше да пишува, добро е што се одржа и толку. Откако почина, месец дена не сакаа ниту мртов да го примат во Македонија. Мораше да избегнува шпиони, да ја лаже УДБа. Сите сакаа да не растурат. Полицијата ме повикуваше на разговори и полицискиот агент Тодор Димковски од мене бараше кога ќе одам во САД на задача на ДООМ да ги известувам како се финансира печатењето на весникот „Македонска нација“, кој го пишуваше Богдановски. Јас прифатив, а потоа, кога излегов од Југославија, им пишав дека јас шпион не сум и не можам да бидам. Во САД ќе добиев по еден примерок на „Македонска нација“ од организацијата, ќе го фотокопирав во 100 примероци и го делев наоколу. Кога конечно успеав да ги донесам и сопругата и децата во САД, со неа го печатев весникот, дури таа го криеше во облеката, за полесно да го делиме. Дури потплаќав луѓе да ми дадат простор на иселеничкиот радио-час, по десет минути, да ги претставам нашите ставови пред граѓаните - вели Трајковски за тоа како дејствувал ДООМ.



Миле Илиевски: УДБА трипати сакаше да го убие Богдановски

Миле Илиевски, еден од најистакнатите активисти на ДООМ кој во 1989 година го примил Драган Богдановски во Шведска, по неговото пуштање од затвор, вели дека ДООМ со години не знаел што точно се случува со Богдановски.

- Во 1975 година, кога требаше да правиме конгрес во Гетеборг, Драган го снема. Ни се јавуваше од телефон, веројатно преку УДБа, имаше адреса во Швајцарија на која можеа да се испраќаат пораки од која одговараше, но јас на таа адреса не испраќав писма. Се сомневав. Не сум дури ни сигурен кога точно било организирано тоа негово киднапирање од Франција во Македонија, со југословенско дипломатско возило, дали било во 1977 година како што се зборува, или порано. Но, не е точно тоа што сега се вели дека Драган бил удбаш. Во затвор, кога го тепале, сигурно дека морал да прифати соработка за да престанат да го тепаат - изјави за „Време“ Миле Илиевски, кој има објавено книга за ДООМ, а работи на книга за Драган Богдановски.
Илиевски тврди дека и по пуштањето од затвор, Богдановски бил гонет од страна на македонската полиција и му биле местени инциденти.

- Трипати го убиваа, никако да го убијат. Еднаш го умртвија во Франција, кога издрогиран го носеа во Југославија. Кога по затворот дојде во Шведска, го викнаа да дојде дома, дека наводно некој му провалил во станот, а го пречекаа тројца со стапови, го тепаа скоро до смрт и го фрлија на ѓубриште. Го најде некој Швеѓанец што си го шетал кучето. И повторно ќе оживееше и се бореше против нив. На крајот, од третпат, го отруја во Данска - вели Илиевски.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Досието на Трајко Трајковски, активист на Движењето за ослободување и обединување на Македонија, завршува на 25 октомври 1990 година, по повеќе од 13 години темелна обработка од страна на Службата за државна безбедност (СДБ или УДБа). На тој ден полицијата заклучила дека обработуваниот „веќе подолго време не доаѓа во земјата, според расположивите сознанија нема да доаѓа, и во иднина сметам дека е потребен да се дерегистрира“. Потписите на тројцата вработени во СДБ во Куманово се пречкртани, но Трајковски има официјална потврда од Министерството за внатрешни работи дека досието го отвориле Тодор Димковски, Драган Момировски, Димитар Николовски, Добре Величковски и Киро Фузевски.

Со текот на годините, во досието се забележуваат повеќе информации, писма и оперативни забелешки во кои се коментира за распаѓањето на политичката матрица на Југославија и осамостојувањето на Македонија, на што и работела организацијата ДООМ. Така, во белешка од кодош заведена на 23 јануари 1990 година, пишува дека „Трајко Трајковски се наоѓа во исчекување на промените во источноевропските земји, па и Југославија, а дотогаш нема да имало некоја позабележителна активност“.
За сеприсутноста на СДБ сведочи и белешка од април 1989 година, направена во прилепската тајна полиција, каде за извесен кодош чие име е пречкртано, е наведено дека „редовно информира за лица кои се членови на делегацијата која ќе патува на работата од Европскиот Парламент, како и за оние кои се членови во Комитетот за македонски човечки права во Торонто“.

Друг кодош, кој исто така бил во контакт со Прилеп и чие име исто така е пречкртано, ги дели македонските иселеници по идеолошка основа, па така пишува „во Торонто, каде што се наоѓам од 1969 година близок сум до позитивното иселеништво“. Оваа формулација, „позитивни иселеници“, може да се види на повеќе други места меѓу 250-те страници во досието. Друга формулација, која се користи во досието, е „наш проверен граѓанин“. Така, во јуни 1981 година „проверен граѓанин“ чие име е пречкртано го известил Вториот сектор на СДБ дека истакнатиот активист на ДООМ Михајло Шариновски е оневозможен да дејствува, па се обидува преку Трајко Трајковски да издејствува враќање на парите на ДООМ кои биле искористени за почнување бизнис во Бремен што ќе ја поткрепи организацијата.

Во друг документ, од 13 октомври 1977 година, подготвен од Четвртиот сектор на СДБ, полицијата заклучува дека од преписката на активистите на ДООМ Стојан Србинов, Михаило Шариновски и Ристе Ристовски станува јасно дека за оваа организација главна активност е издавањето на списанието „Македонска нација“.

- Без гласилото, сосема се изгубени - запишала полицијата за ДООМ.

За целосната навлезеност на полицијата во ДООМ, организацијата што подоцна беше јадрото околу кое се изгради денешната ВМРО-ДПМНЕ, сведочат вакви забелешки во досието на Трајковски: „Службата е во можност да спречи било каков обид за консолидација на овој пункт на ДООМ во САД, кој со мерки на СДБ е разбиен, а активност се забележува само од поединци кои издвоено делуваат“ или „Сите лица кои Богдановски ги наведуваше како идни членови на поткомитетот, Службата ги идентификуваше“. СДБ е во тек и со преписката меѓу Трајковски и активистот на ДООМ Миле Илиевски за ангажирање на меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешнел“, преку која ДООМ сакал да издејствува ослободување на својот водач Драган Богдановски од затворот во Скопје. За ова во досието има неколку анализи и пресретнати писма од 1979 година.

Полицијата не пресретнувала само писма. Во 1988 година, кога македонската емиграција на 75-годишнината од Букурешкиот договор со кој е поделена Македонија организира масовни протести пред зградата на Обединетите нации во Њујорк, присутна била и полицијата која ангажирала човек да ги снима протестите. Трајковски се сеќава на протестите во Њујорк:

- Знаевме дека протестите се снимаат. Кога станав пред собраните луѓе да зборувам за Македонија, за положбата на Македонците во Грција, во Бугарија, но и во Југославија. Имаше и делегација од Скопје, дојдоа Љубиша Георгиевски, Коле Мангов, Блаже Ристески, Јордан Плевнеш. Се закануваа дека ќе си одат ако зборувам против Југославија, само Ристески велеше „оставете го човекот да зборува“ - се сеќава Трајковски.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Најапсурден момент во досието на Трајко Трајковски се седумдесетината лични писма што македонската полиција ги пресретнала, ги отворила, ги фотокопирала, уредно ги завела и потоа ги препратила до целта. Добар дел од овие писма се преписка на Трајковски со неговата мајка Коца и сестрата Милунка, кои останале во Куманово. Заведени се и приватни телефонски разговори. Сите се обележани со ознаката „строго доверливо, само за лично информирање, секаква употреба забранета“. Меѓу нив има и вакви „чувствителни“ информации.

- Коца се јавува до синот Трајко на 7 ноември. Среќна е што се слушнале по телефон и што решиле да земат слава за славење - запишала македонската полиција на 8 ноември 1979 година. Или: „на 30 јуни сопругата Живана пишува писмо до Трајко во Гери и јавува за домашни проблеми, како децата се немирни, како бараат да одат во Охрид итн“. Како државна тајна заведена е дури и обична честитка на Трајковски за Новата 1981 година, во која нема никакви други податоци, освен имињата на луѓето на кои им честита.

Од писмата јасно се гледа и драмата на семејството во Куманово, поради сознанието дека Трајковски поради својата активност во Движењето за ослободување и обединување на Македонија не смее да се врати од САД.

- Сум изгубила волја за се. Јас зборувам едно, ти тераш по старо и не слушаш. Децата се добри, само за тие деца живеам - му напишала сопругата Живана на Трајко на 17 јуни 1977 година, што било снимено и заведено од петтиот сектор на Службата за државна безбедност. Семејството со години се обидува да добие виза и да отпатува во САД, а еден од документите во досието е пријава од страна на учителка од училиштето во кое учеле децата на Трајковски, која во полицијата пријавила дека мајката сака да ги отпише и да патува во САД.

На 31 јануари 1985 година агент на Службата за државна безбедност завел писмо на Војо Трајковски до неговиот брат Трајко, во кое Војо пишува дека „животот во Југославија е многу добар. Да не заминеше во Америка ќе работеше за 100 долари, а тие пари немаше да ти стигнат за ништо. Сега земаш пари колку еден амбасадор од Европа“. Агентот на СДБ на ова писмо му направил и литературна критика, па така запишал дека Војо Трајковски за состојбите во Југославија „пишува во алегорија“.

Македонската полиција преку отворените писма се информирала и за политичката состојба во САД. На 19 септември 1980 година СДБ го запишала следново од писмо на Трајко со мајка му Коца.

- Мислам дека народот се овци ако повторно го изберат Картер. Мислам дека ќе добие друг. Сегде штом се појави да одржи говор, народот по него фрла со камења и јајца како на стока. Овде не е како кај нас да не смееш збор да кажеш за оние што сами избрале на власт - народојадци. Кај нас стана газди и на устите на народот - напишал Трајковски.

Полицијата најдетално ги обработувала писмата во кои има и некаква политичка содржина кон Југославија. Така, во извештајот за писмото од 21 септември 1980 година, кое Трајко Трајковски го испратил до мајката Коца. Во него напишал:

- Ова не е Југославија и ако само некој шепне дека Тито не работи како треба, да го осудуваат. Овде се може да се каже и ништо да не ти биде. Тито си умре самоизбран, како Стаљин - напишал Трајковски. Подолу во писмото Трајковски порачува на мајката да инсистира внуците да се школуваат.

- Сите кои имаат слабо образование остануваат гнасно оружје на болни идеологии. Од тоа не се имуни ни оние поучените, само се превртуваат како мајмуни. Сега се за Тито, а утре ќе дојдат Руси, ќе бидат први Руси. Алал нека им е. Ако треба и татко си го стрелаат само да живеат на висока нога. Се откажаа од своја нација и сега биле некоја нова нација - Југословени. Луѓе без мозок. А кобајаги имало некој Институт за национална историја - запишала македонската полиција од писмото на Трајковски.

Полицијата дошла и до роднини на Трајковски, па така во ноември 1977 година сослушала негов братучед, кого го распрашувала за семејството. Полицијата запишувала податоци за политичка ориентираност, но и за личниот живот на роднините на Трајковски, како на пример неговата сестра Милунка, со цел да ги злоупотреби против него.

Полицијата почнала да му го малтретира семејството, па во 1978 година, по повикување на неговата сестра на информативен разговор, Трајковски решил да испрати писмо до полицијата во кое напишал: „Почитувани Македонци од Одделение за државна безбедност. Ве молам отворено пишете што сакате, а не да ја малтретирате мојата фамилија. Порано сте го викале татко ми, сега сестра ми, зошто директно не се обратите до мене што ве интересира?“ И ова писмо е заведено во неговото досие.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Своја улога во досието под шифра “Жеглигово“, водено против поранешниот активист на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) Трајко Трајковски, игра и актуелниот владика полошко-кумановски господин Кирил.
Кирил, се запознал со Трајковски додека служел во САД, а во октомври 1985 година бил замолен од страна на Трајковски да се заложи пред властите во Скопје за пуштање од затвор на лидерот на ДООМ Драган Богдановски. Трајковски на Кирил му предал и писмо со повик за ослободување на Богдановски, кое замолил да го предаде во Собранието на Македонија.

Во документите кои се обелоденети во досието на Трајковски, пишува дека владиката Кирил побарал средба со полицијата при што на агентите на Службата за државна безбедност им го предал писмото. Потоа, пишува дека владиката ја информирал полицијата за активностите на Трајковски и други иселеници во САД, а на крајот почнал да зборува против владиката Петар.

Во досието има белешка на петтиот сектор на Службата за државна безбедност од 23 октомври 1985 година, насловена „Предмет г.г. Кирил“ во која пишува дека Трајковски му го предал писмото на Кирил.

- Во писмото, Трајко го замолува г.г. Кирил разговорот што го воделе меѓусебе, и како што се договориле, разговорот да го спроведат во дело, во врска со пуштањето од затвор на Драган Богдановски - пишува во оваа белешка.

По неа следи белешка од 11 декември 1985 година, од разговор со доушник чие им е пречкртано со црн фломастер, но јасно е дека станува збор за владиката Кирил и за истото писмо. Документот е насловен „Предмет - извршен разговор со ПРЕЧКРТАНО по негова иницијатива“, а пишува: „Извршен е разговор со ПРЕЧКРТАНО во негова канцеларија и по негова иницијатива. На самиот почеток ПРЕЧКРТАНО го предаде писмото што го добил од Трајко Траковски од Гери - САД (претходно информираше за ова писмо)“. Во текот на разговорот владиката опишува како и во чија куќа во Гери дошло до средбата со Трајковски, дава лично мислење за Трајковски,и за тоа како „сите позитивни иселеници го одбегнувале“. Во продолжение владиката Кирил на полицијата и зборува за состојбата во црковните општини, за штетното влијание на грчката, бугарската пропаганда, и како што е наведено „домашниот фактор“. По службениот дел од разговорот, владиката Кирил на агентите почнал да им зборува против владиката Петар. Кирил навел дека свештеници се жалеле против владиката Петар и го обвинува Петар за контакти со Српската православна црква.
- На неколку пати ПРЕЧКРТАНО повтори дека Петар сето ова го прави со намера да ги елиминира и тој да ја земе американско-канадската епархија - пишува во досието од разговорот со владиката Кирил.

Во анализата на разговорот, агентите на СДБ чии имиња се пречкртани како и името на Кирил, навестуваат дека имале и претходен разговор со Кирил, на кој владиката дејствувал „нервозен и дури исплашен од она што против него го преземаат тројцата архијереи, но во текот на овој разговор дејствуваше многу смирено“.

Во досието има и службена белешка од 9 ноември 1982 година, направена од Службата за државна безбедност, испостава Битола, во која се зборува дека постојат компромитирачки секси-снимки од владиката Кирил. Разговорот бил извршен со македонски иселеник во САД чие име исто така е пречкртано. Трајко Трајковски за „Време“ изјави дека се работи за Методија Веловски, кој пред полицијата дал изјава за својот син Борис Веловски, кој и денес е виден член на македонската заедница во Гери. Борис Веловски бил пријател на Кирил, но воедно бил и началник на американската полиција во Гери, а во досието македонската полиција претпоставува дека Борис работел и за американската служба ФБИ. Неговиот татко Методија на полицајците во Битола им изјавува дека Борис има компромитирачки снимки од владиката Кирил.

- ПРЕЧКРТАНО во така да речам слободниот дел од сегашната средба изнесе и тоа дека владиката Кирил пред да биде владика за време на престојувањето во Гери, како многу блиски со ПРЕЧКРТАНО раководени од женска страна оделе во секси клубовите - запишала македонската полиција при разговорот, при што пречкртаните имиња, според Трајковски се однесуваат на таткото и синот, Методија и Борис Веловски.

Во анализата на разговорот со Методија Веловски, пишува дека полицијата и претходно имала податоци дека Кирил наводно посетувал „секси клубови“, а дека Борис Веловски од тоа направил “компромитерски фото материјал за владиката Кирил кој му служел за негово зауздано држење“.

Борис Веловски не одговори на неколку повици од „Време“ да даде коментар. Трајко Трајковски за „Време“ вели дека иако Борис Веловски бил американски полицаец, соработувал и со македонската полиција, и тепал активисти кои се залагале за независна Македонија.

- Македонската црква, заедно со Матицата на иселениците, беше истурена рака на Службата за државна безбедност во дијаспората. Поповите беа поставувани од полицијата, како и црковните управи. Владиката Кирил играл како што ќе му кажат. Во македонска црква беше забрането да се зборува за обединета Македонија. Југословенските дипломати испратени од Белград можеа да влезат само во македонска црква, во српските и хрватските не смееја да влезат - вели Трајковски.

(крај)


Кирил: Обвинувањата се невистинити

Владиката Кирил за „Време“ изјави дека обвинувањата против него не се точни.

- Се колнам дека тоа не е точно. Јас знаев дека Борис Веловски е американски полицаец. Немаше да му дозволам така да ме уцени - изјави владиката Кирил за оценката во досието, дека постојан компромитирачки снимки од него.

За писмото и молбата да лобира за ослободување на Драган Богдановски, владиката Кирил изјави дека тој не одел со писмото во полиција, но не ја исклучи можноста прикриени полицајци непоканеи да дошле кај него во канцеларија.

- Драган Богдановски еднаш го имам запознато. Не се сеќавам на Трајко Трајковски, но ако барал некој од мене да ургирам, тоа и ќе сум го сторел - изјави Кирил. За обвинението дека го кодошел владиката Петар во полиција, владиката Кирил изјави дека контактите на Петар со владиците на српската црква во тоа време биле општо позната работа
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
kakva udba bre dete , ne tresi glupost Dragabn zivese vo Svedska kaj mene se do negobvat SMRT PO PAT ZA KOPENHAGEN
Slasa - дали можеш да искоментираш колку е веродостоен текстот на Мајкл Радин по темава?

http://www.mak-truth.com/doom.htm


STAMKOSKI: Koga ovoj vesnik vo 1984 godina se
obide da gi podu~i Makedoncite kako
e najdobro da se popolnat popisnite formulari,
najgolem moj protivnik stana Majkl Radin i
negovite puleni od Melburn. Tie se obidoa da me
ubedat deka pravam najgolemo zlostorstvo
{to gi podu~uvam Makedoncite vo formularite da
zapi{at: dr`ava na ra|awe - Makedonija,
narodnsot - Makedonec, jazik koj se zboruva
doma - makedonski. Se ispla{ija deka ako
Makedoncite me poslu{aat, rezultatite }e bidat
poraz za jugoslovenstvoto. Lesno mo`e{e da
se slu~i vo avstraliskite statistiki da bide
izbri{ana odrednicata - Jugosloveni, zatoa {to samo
Makedoncite se deklariraat kako takvi.

So takvite antimakedonski postapki dojde do
toa, narodot da se somneva vo sekoja dobra
ideja. Se zapla{i, a mnogumina i napolno krenaa
race od s# {to e makedonsko, ta po~naa da
se intresiraat edinstveno za svoite li~ni
interesi. Duri i po rasturaweto na Jugoslavija, tie
nekoga{ni jugo-medii prodol`ija da im slu`at na
onie koi bea, a "potajno" i s# u{te se, za
Jugoslavija.

Pogre{noto prestavuvawe na na{eto iseleni{tvo
od strana na re`imskite medii, kako ne{to
sosem drugo od ona {to navistina sme, pridonese
vo statistikite na Avstralija na{iot broj da
bide ni{to`en, do toj stepen, {to nikoj
seirizono ne smeta na nas. ^esto pati politi~arite si
poigruvaat so nas, a privilegiite i pari~nata
pomo{ koi ni sleduvaat kako na treta najgolema
etni~ka grupa vo Avstralija, im gi dodeluvaat
na drugi. Na{ata konfuzija skapo ja pla}ame i
den-denes. "Makedonija" za seto svoe
publikuvawe se bore{e tokmu protiv tie anomalii.
.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Slasa - дали можеш да искоментираш колку е веродостоен текстот на Мајкл Радин по темава?
Додека да одговори Slasa, еве малку коментар од австралиска гледна точка.

За авторот:



Мајкл Радин е втора генерација од фамилија македонски мигранти кои од Егејска Македонија се доселиле во Австралија. Роден е во Аделајд. Дипломиран правник и адвокат, поранешен судија во трибунал на Јужна Австралија. Интелектуално силен, совршено добро го владее и македонскиот јазик.

Цитираниот текст е доста долг. Доследен на сопственото образовно ниво, авторот дава редица историски факти за Богдановски и ДООМ. Но, за да се разбере поентата во целост, неопходно е да се имаат на ум фактите кои авторот не ги спомнува во текстот. Станува збор за имиња и презимиња, точни локации на орфанизации и документи од кои се земени извадоците. Ова не се однесува за делот во кој се опишува европската историја на ДООМ, туку само на делот во кој се зборува за “современите узурпатори“ на името на истата организација во Австралија.

Значаен дел од тесктот е употребен за идеолошко пресметување со историските теории за словенската/античката етногенеза на македонската нација. Мајкл Радин, кој имал прилика да го усоврши мајчиниот јазик на летните школи во Македонија, се држи до официјалната државна верзија во тоа време.

Инаку за организациите - наследници на поранешното движење ДООМ. На друго место веќе спомнав дека повеќето членови во Австралија биле со образование и организаторки способности кои не можат да се мерат ниту споредуваат со Богдановски. Без идеен водач, не биле во состојба да отидат далеку.

Ако си поминал повеќе време во дијспората, сигурно ти се познати состојбите и борбите меѓу “патриоти“ и “предавници“. Истите луѓе кои го воделе ДООМ, се наоѓаат на оснивачките совранија на Обединети Македонци, комитетите за човекови права, ДПМНЕ, од истите кадри беа своевремено избрани и министрите, сенаторите и директорите на Светската Македонска Банка во рамките на СМК (Петров), па и денес ОМД. Мислам дека Радин напразно си ја троши силата со вакви анализи.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Извини, накнадно го видов цитатот од Панко Стамковски.

Како што реков порано, Мајкл Радин е интелектуално супериорен, но она што му фали е директен контакт со изворот на македонското прашање, и во многу случаи се води според она на кое ќе биде упатен од официјални претставници од Македонија, и следователно постапува погрешно. За разлика од него, Панко е “паталец“, со извонредно добро развиен нос за булшит, без разлика на тоа во каква форма и од која страна доаѓа.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Владиката Кирил го кодошел владиката Петар
Цветин Чилиманов

Епизодна улога во досието на Трајко Трајковски, поранешен активист на Движењето за ослободување и обединување на Македонија, игра и актуелниот владика полошко-кумановски господин Кирил.

Кирил, се запознал со Трајковски додека служел во САД, а во октомври 1985 година бил замолен од страна на Трајковски да се заложи пред властите во Скопје за пуштање од затвор на лидерот на ДООМ Драган Богдановски. Трајковски на Кирил му предал и писмо со повик за ослободување на Богдановски, кое замолил да го предаде во Собранието на Македонија.

Во документите кои се обелоденети во досието на Трајковски, пишува дека владиката Кирил побарал средба со полицијата при што на агентите на Службата за државна безбедност им го предал писмото. Потоа, пишува дека владиката ја информирал полицијата за активностите на Трајковски и други иселеници во САД, а на крајот почнал да зборува против владиката Петар.

Во досието има белешка на петтиот сектор на Службата за државна безбедност од 23 октомври 1985 година, насловена „Предмет г.г. Кирил“ во која пишува дека Трајковски му го предал писмото на Кирил.

- Во писмото, Трајко го замолува г.г. Кирил разговорот што го воделе меѓусебе, и како што се договориле, разговорот да го спроведат во дело, во врска со пуштањето од затвор на Драган Богдановски - пишува во оваа белешка.

По неа следи белешка од 11 декември 1985 година, од разговор со доушник чие им е пречкртано со црн фломастер, но јасно е дека станува збор за владиката Кирил и за истото писмо. Документот е насловен „Предмет - извршен разговор со ПРЕЧКРТАНО по негова иницијатива“, а пишува: „Извршен е разговор со ПРЕЧКРТАНО во негова канцеларија и по негова иницијатива. На самиот почеток ПРЕЧКРТАНО го предаде писмото што го добил од Трајко Траковски од Гери - САД (претходно информираше за ова писмо)“. Во текот на разговорот владиката опишува како и во чија куќа во Гери дошло до средбата со Трајковски, дава лично мислење за Трајковски,и за тоа како „сите позитивни иселеници го одбегнувале“. Во продолжение владиката Кирил на полицијата и зборува за состојбата во црковните општини, за штетното влијание на грчката, бугарската пропаганда, и како што е наведено „домашниот фактор“. По службениот дел од разговорот, владиката Кирил на агентите почнал да им зборува против владиката Петар. Кирил навел дека свештеници се жалеле против владиката Петар и го обвинува Петар за контакти со Српската православна црква.

- На неколку пати ПРЕЧКРТАНО повтори дека Петар сето ова го прави со намера да ги елиминира и тој да ја земе американско-канадската епархија – пишува во досието од разговорот со владиката Кирил.

Во анализата на разговорот, агентите на СДБ чии имиња се пречкртани како и името на Кирил, навестуваат дека имале и претходен разговор со Кирил, на кој владиката дејствувал „нервозен и дури исплашен од она што против него го преземаат тројцата архијереи, но во текот на овој разговор дејствуваше многу смирено“.

Во досието има и службена белешка од 9 ноември 1982 година, направена од Службата за државна безбедност, испостава Битола, во која се зборува дека постојат компромитирачки секси-снимки од владиката Кирил. Разговорот бил извршен со македонски иселеник во САД чие име исто така е пречкртано. Трајко Трајковски за „Време“ изјави дека се работи за Методија Веловски, кој пред полицијата дал изјава за својот син Борис Веловски, кој и денес е виден член на македонската заедница во Гери. Борис Веловски бил пријател на Кирил, но воедно бил и началник на американската полиција во Гери, а во досието македонската полиција претпоставува дека Борис работел и за американската служба ФБИ. Неговиот татко Методија на полицајците во Битола им изјавува дека Борис има компромитирачки снимки од владиката Кирил.

- ПРЕЧКРТАНО во така да речам слободниот дел од сегашната средба изнесе и тоа дека владиката Кирил пред да биде владика за време на престојувањето во Гери, како многу блиски со ПРЕЧКРТАНО раководени од женска страна оделе во секси клубовите - запишала македонската полиција при разговорот, при што пречкртаните имиња, според Трајковски се однесуваат на таткото и синот, Методија и Борис Веловски.

Во анализата на разговорот со Методија Веловски, пишува дека полицијата и претходно имала податоци дека Кирил наводно посетувал „секси клубови“.

- Сегашниот претседател на оваа МПЦ Борис Веловски, како што е познато професионално е припадник на униформираната американска полиција, а на македонски план во изминатиот период е доста активен. Има бидено претседател и порано, а и потпретседател на УО на МПЦ за САД и Канада, кое покрај другото му овозможи и голема блискост со владиката Кирил. Она што сега го изнесе татко му за односите на релацијата со владиката Кирил на соодветен начин ги потврдува сознанијата од ПРЕЧКРТАНО дека Борис од секси прошетките имал направено компромитерски фото материјал за владиката Кирил кој му служел за негово зауздано држење и добивање благослов за постигнување на свои цели во црковната средина. Борис, како што е во друга прилика одбележано, како американски војник учесник е во војната во Виетнам, а како полицаец ФИБ го користи и за свои задачи - запишала Службата за државна безбедност.

Борис Веловски не одговори на неколку повици од „Време“ да даде коментар. Трајко Трајковски за „Време“ вели дека иако Борис Веловски бил американски полицаец, соработувал и со македонската полиција, и тепал активисти кои се залагале за независна Македонија.

- Македонската црква, заедно со Матицата на иселениците, беше истурена рака на Службата за државна безбедност во дијаспората. Поповите беа поставувани од полицијата, како и црковните управи. Владиката Кирил играл како што ќе му кажат. Во македонска црква беше забрането да се зборува за обединета Македонија. Југословенските дипломати испратени од Белград можеа да влезат само во македонска црква, во српските и хрватските не смееја да влезат - вели Трајковски.


Кирил: Обвинувањата се невистинити



Владиката Кирил за „Време“ изјави дека обвинувањата против него не се точни.

- Се колнам дека тоа не е точно. Јас цело време знаев дека Борис Веловски е американски полицаец во Гери, знаев и дека учествувал во Виетнам. Немаше да му дозволам така да ме уцени. Јас во Гери бев со владиката Доситеј, како придружник, не смеев да излезам сам, а не пак да правам такви работи како што пишува во овој документ – изјави владиката Кирил за оценката во досието, дека постојан компромитирачки снимки од него.

Владиката вели дека кога служел во САД имало многу обиди за подметнување и компромитирање, насочени против него, затоа што секогаш се залагал за македонските интереси.

- Ме кодошеа во американската полиција дека сум комунист и дека сакам да ширам комунизам во САД, по што добивав закани од полицијата дека ако забележат таква моја активност, ќе бидам депортиран. Но, секогаш ми ја продолжуваа визата за по десет години, што докажува дека не сум работел во таа насока. Јас на верниците им велев дека тие се Американци или Канаѓани со македонско потекло и дека Америка е нивниот дом, со што ги убедив американските Служби дека не сум свештеник уфрлен од македонската полиција – изјави владиката Кирил.

За писмото и молбата да лобира за ослободување на Драган Богдановски, владиката Кирил изјави дека тој не одел во полиција, а не ја исклучи можноста полицајци да дошле кај него во канцеларија.

- Драган Богдановски еднаш го имам запознато. Не се сеќавам на Трајко Трајковски, но и да барал некој од мене да ургирам, тоа и ќе сум го сторел – изјави Кирил. За обвинението дека го кодошел владиката Петар во полиција, владиката Кирил изјави дека неговите контакти со владиците на српската црква во тоа време биле општо позната работа.

Владиката Кирил се изјасни против лустрација.

- Тоа што било поминало. Треба да гледаме во иднината, во НАТО, во Европската Унија. Црквата треба да ја гледа својата света просветителска мисија. Јас никогаш не сум се интересирал за тајните досиеја, дури и своето досие не сум го побарал – вели владиката.













 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Како бе одење напред ако не расчистиш со кодошите.
Сите имиња прешкртани да не може човек да дознае која е таа служба која ги ништетше македонските патриоти.
Со име и презиме, да платат за секој прогонет македонски патриот, само така држава ќе направиме по наш терк.
Овака само шиткачи во власта, дојдовме името да си го шитнеме од многу гледање напред.
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
За личноста и делувањето на Драган Богдановски многу малку се знае во нашата јавност, и покрај тоа што тој беше еден од најпознатите македонски политички емигранти по 1945год. Тоа е човек со извонредно богата биографија, непоколеблив борец за остварување на македонските илинденски (Гоцеви) идеали, односно идеи за ослободување и обединување на сите делови од Македонија. Богдановски 30 години се наоѓа во челните редови на патриотски настроената македонска емиграција.

Во биографијата на Драган Богдановски, меѓу останатото може да се прочита дека е роден во 1929 година во с.Клечовце, Кумановско и дека потекнува од позната селско-земјоделска фамилија со патриотски корени (дедото на Драган е илинденец-комита во четата на Атанас Бабата). Основно училиште завршува во родното село, а средно образование во Куманово и Битола, по што 1948г. се запишува во Белград (Земун) на факултет за Земјоделство и Шумарство. Во Белград уште во третиот семестер од студиите се пројавува како иницијатор за формирање на “Македонски студентски клуб”, за која активност бива затворен и издржува казна од 4 месеци во злогласниот затвор на Обилиќев Венац. По излегувањето од затвор бива исклучен од факултетот без право на упис на било кој факултет во Југославија.

Таа драконска мерка на факултетските власти во основа го менува животот на Богдановски. Одлучува да ја напушти земјата и во пролетта 1950год., заедно со неколкумина колеги студенти, кај Гевгелија ја преминува границата. По задолжителен престој во бегалски логор, кон крајот на 1950г. заминува за Јужна Америка, каде престојува во Аргентина и Бразил до 1954г. Желбата за наука не го напушта, за што се враќа во Париз и на Сорбона запишува Факултет за политички науки и журналистика. Уште веднаш започнува со политичко дејствување, ја формира организацијата “Македонски национален фронт” и започнува со издавање на весникот “Македонска искра”. Од овој весник успеваат да излезат неколку броеви и по интервенцја на Југословенската и Грчката амбасада бива забранет.

Во 1958г. се жени со Брита, ќерка на тогашниот главен архитект на Осло, и заминува да живее во Норвешка. Со неа има два сина (Пер-Арне и Иван). Во осло оспособува печатница на кирилично писмо и преку пишан збор со неговата национално-политичка активност придонесува во борбата за обединување на Македонија. За Драгана 1958г. е многу значајна, бидејќи тогаш се јавува како покренувач за издавање на повеќе весници, списанија и книги за Македонија и Македонското дело. Во Осло го издава списанието “Македонска лоза”, и “Слободна Македонија”, потоа го печати весникот “Македонија” списанието “Македонска нација” и сл.

Неговата активност најмногу беше изразена како иницијатор за основање на бројни политички организации на Македонците во странство. Споменатите гласила наидуваат на голем одзив кај Македонската емиграција. Со тоа всушност започнува будење на Македонците и Македонството во светот.

Во 1963 г. доаѓа до формирање на прва македонска национална организација ОКМ (Ослободителен комитет на Македонија), која организација во 1972г. се трансормира во ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија). Драган на чело на ова организација доаѓа уште во 1967г.

ДООМ развива широка активност насочена кон Македонците кои по 60-те години масовно ја напуштаа својата татковина од економски или политички причини, поради што набргу се соочува со тогашната СДБ која ги следи и повремено ги попречува неговите активности. Се организира кражба на неговата печатница во Минхен (од Осло пренесена во Брисел па во Минхен) во која се печати списанието “Македонска нација”.

За воља на вистината СДБ не превзема акции за целосна елиминација на дејноста на Драган Богдановски, бидејќи тој со својата борба беше брана за спречување на дејствувањето на разни странски пропаганди, политички или црковни институции кои Македонците на печалба или тогаш популарно нарекувана “Привремена работа во странство”, ги поплавува со прогрчка, пробугарска и друга пропагандна активност, каква што спроведуваа “Панмакедоники”, “МПО” на Ванчо Михајлов, “Славјански комитет” на НБР и други институции на соседните земји на Македонија. Драган Богдановски беше голем борец против сите оние што го негираа постоењето на Македонската нација и Македонскиот етнички идентитет. Во тој период (1958-1977) најголема битка водеше против “МПО” на Ванчо Михајлов.

Всушност Драган Богдановски за првпат ќе биде оквалификуван како противник на Југославија, по состанокот со Владо Дапчевиќ, еден од творците на “Нова КПЈ”, формирана со подршка од тогашниот СССР, кој на таков начин сакаше да ја преведе Југославија во тогашната социјалистичка заедница и Варшавскиот договор.

Во акцијата за расчистување со “опасните емигрантски кругови”, донесена е одлука за доведување на Драган Богдановски во Југославија и негово судење. Како раководител на ДООМ во 1977г. Драган е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на тогашната СДБ во станот на друг член на ДООМ, и со дипломатско возило бива пренесен во Љубљана, а подоцна и во Скопје. Со врзани очи бива одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што е под истрага 18 месеци. Судскиот процес против него бива организиран зад затворени врати, на кој процес бива осуден на 13 години затвор, од кои издржува 11 години во затворот Идризово. По излегувањето од затвор извесно време живее во Скопје, а штом добива патна исправа заминува во Шведска, каде ја подготвува програмата за формирање на национална политичка партија во Македонија (која политичка програма бива отпечатена во весникот “Млад Борец”). Таа партија по идеја на Драган Богдановски треба да се вика “Демократска партија на македонско национално единство” ДПМНЕ. Интелектуалец по образование и визионер за иднината на политичката акција во Македонија, Драган Богдановски во 1990 година заедно со Гојко Јаковлевски од Берлин, се состануваат во Минхен, каде се донесува одлука за формирање на партијата со предзнак ВМРО. На состанокот присуствуваат и Владо Транталовски од Ресен, Борис Змејковски и Љупчо Георгиевски. партијата се формира и регистрира во Македонија.

На првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ одржан во Прилеп на 6 и 7 април 1991г., Драган Богдановски е избран за почесен претседател на партијата, а од 1991 до 1993г. е претседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа.

Мошне бргу (меѓу првите) ја согледува својата заблуда околу изборот на Љупчо Георгиевски за претседател на партијата чиј директен основач и идеолог е самиот Драган Богдановски. На крајот на 1993г. доаѓа до конечно разделување со партијата што самиот ја основа и и го внесе македонскиот дух, по што прави обид за формирање на нова партија “Македонски национален фронт” со седиште во Прилеп, која партија во одсуство на Богдановски не успева да заживее. Драган се враќа во Шведска и продолжува да работи на идејата на која и го жртвувал целиот свој живот.

Умира на 31.05.1998г. во воз (во местото Федериција Данска), на пат од Шведска во Германија. Погребан е во присуство на фамилијата и најблиските и до крај верни пријатели и соработници во Куманово на 01.08.1998г.
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
И Владимир Ѓорчев има колумна во Дневник на 19/6 за Драган Богдановски со наслов 69 години живот 14 години робија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom