До и Од модераторот на подфорум Религија

Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Со цел да не се расипуваат теми со офтопик прашања неповрзани со темата а се однесуваат до модераторот на подфорум Религија ја отварам оваа тема.

Значи сите прашања околу:
- модерирањето,
- избришани мислења,
- избришани теми,
- Идеи,
- Критики,

Тука на оваа тема.
Прашања до мене можете и на ПП и на профил, но бидејќи тоа ретко го правите а почесто такви прашања се поставуваат низ темите затоа и ова тема. Исто така и со цел за полиберален однос на члeновите со мене.

Пријатни дискусии :)
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
зошто ми го избриша постот со кожинката и Mecca central time бе? :)
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
зошто ми го избриша постот со кожинката и Mecca central time бе? :)
Бе :) провокации од таков тип кои донекаде и може да се каже навреди не се толерираат.

--- надополнето ---

Во моментов актуелна е дебатата околу Христијанството .. бидејќи најголем дел од членовите на форумов се Христијани или Муслимани затоа и двете теми Прашања за Христијанството/Исламот
така да сите прашања до Христијаните (без разлика Православни, Католици или Протестанти) одат во темата Прашања за Христијанството
ако се створи атмосфера односно поголем број на верници од одредена група можно е и да се разделат темите како Прашања до Христијанството (Католици), Прашања до Христијанството (Православни), Прашања до Христијанството (Протестанти) или некоја комбинација од нив во зависност од заинтересираноста. За останатите групи на верници (освен Ислам и Христијанство) сметам дека нема услови (иако има по некоја тема) за поставување на Важна тема.

Ако некој има некој предлог или било што слободно пишете на темава ..
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.669
Е, конечно. :)
Ќе можеме да се поплакуваме колку сакаме. :) Мала шала. Ова мислам по се она што се случи (знае Еклекмк) е и тоа како потребно.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Е, конечно. :)
Ќе можеме да се поплакуваме колку сакаме. :) Мала шала. Ова мислам по се она што се случи (знае Еклекмк) е и тоа како потребно.
Да :) на оваа тема можеш да плачеш колку сакаш :) мала шала :)

Епа затоа и темава Human за да нема недоразбирања и бидејќи не ми пишувате ПП или на профил овака јавно да се разбереме ... мислам дека е по транспарентно :)

ПС: не Еклекмк туку Екслекс мк :)

Ајде овие неколку поста почетни .. но понатаму користете ја темава конструктивно .. без бош муабети ...
се разбира и оваа тема подлежи на правилата на подфорумот како и на форумот .. односно на санкции за континуирани офтопици, провокации, навреди итн ..
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Гледам Наука вс Религија муабети се вртат .. ако има заинтересираност да ви отворам една тема .. баш таква .. Религија vs Наука .. :)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Гледам Наука вс Религија муабети се вртат .. ако има заинтересираност да ви отворам една тема .. баш таква .. Религија vs Наука .. :)
Па не би било лошо! баш добра идеа!
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
Дали може Ќабето да се нарекува некакво си ? Е браво аплауз
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Дали може Ќабето да се нарекува некакво си ? Е браво аплауз
имаш копче за пријава на пост .. ако сметаш дека е непристоен, навредлив итн ..
темава не ја користете за пријави на навреди/навредливи постови или било како .. за тоа се знае како треба ..
оваа тема е наведено погоре за што служи ..
образложувања за избришани мислења, теми, критики кон мене, идеи за имплементација на подфорумов, а пријавување на навреди се знае како .. да не испадне темава кодошилница .. оти ќе ве бришам ..

а за Кабето ако некој атеист или шознам кој го нарекол „некакво си Кабе“ па зар до толку ќе ја ситничиме работава .. треба подфорумов да го затвориме ..
зборови од типот некакво си Кабе или некаков си Крст или Икони или шо ти ја знам ќе се толерираат во зависност од останатиот дел на реченицата ... јас ќе проценам ..
а директни навреди и омаловажувања кон Исус, Мухамед, и останатите поважни личности од религиите нема да се/ а и не се толерираат ...
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
Бидејќи никој ама апсолутно никој не е 100% сигурен во видеата кои ги постира во темата Религиска промоција, без разлика дали се за Исламот или против, јас би те замолил да ја затвориш темата. Расправии и натпреварувања врз база на сомнителни информации мислам не водат никаде. Ако се согласуваат и другите со мене ок, ако не како сакате.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Бидејќи никој ама апсолутно никој не е 100% сигурен во видеата кои ги постира во темата Религиска промоција, без разлика дали се за Исламот или против, јас би те замолил да ја затвориш темата. Расправии и натпреварувања врз база на сомнителни информации мислам не водат никаде. Ако се согласуваат и другите со мене ок, ако не како сакате.
Додека ни кажуваше дека и Нил Армстрон е муслиман чинеше сега не а? :wink:

Шала настрана ... темата ќе си стои затоа шо ако не е таа, тие клипови и муабети ќе се развлекуваат по другите теми ..
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
Браво за тој што ја отвори темата прашања за атеистите, сакав јас денес да предложам да се отвори таква, некој ме претекна. Ај сега да ги видиме "модерниве" :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
exlexmk напиша:
исто така атеистите обично своите верувања и толкувања ги базираат на наука и логика така да мислам дека е Ок ..
Исто така и многумина од теистите своите верувања и толкувања ги базираат на наука и логика, така што мислам дека атеистите немаат никаков ексклузивитет на науката и логиката.
Оттаму сметам и дека е претензиозно формулиран насловот на оваа тема: "Религиозно VS Научно толкување". Вака формулираниот наслов алудира на тоа дека религијата и науката се соперници, спротиставени и сл. Но добро е познато дека многу научници се исто така и теисти и тие воопшто не гледаат спротиставеност меѓу нивната вера и науката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom