Да точно, ако темата имаше наслов домашно пиво, значи глупост е да се прогласи темата за исцрпена со оф-топик препукувања.
Значи фактичката состојба со темата е дека сега за сега рецепти за правење вино има објавено само Let 3. Поентата на темава е да се споделат искуства и рецепти за правење на вино од сите што барем еднаш направиле вино за да послужи како пример како да направат вино сите почетници како мене или за останатите да го подигнат квалитетот. Значи треба да се преплави темава со информации поврзани со правење на домашно вино како што се грозја, опрема, рецепти, квасци, стерилизации, ферментации, процедури и слично. Доста информации веќе содржи темава но сложувалката има уште празнини кои се отворија после моето прашањето за плакнење на грозјето со вода и употреба на квасци за ферментација.
Vanlok , друже фала на добронамерните предлози како почетник не ми преостанува ништо друго освен со постоечките информации да направам вино со квасец и да се флашира како младо вино и да се пие зимово. НО не е поентата само јас да ставам вино туку сите што ставаат вино да го подобрат квалитетот со некои нови техники на правење како што нафрли
dobro poznat со стерилизации чуда врагови, сигурно човеков прави поквалитетно вино од сите останати на форумов поготово од оние кои ставаат дршки и лисја во бочва, чекаат 1 месец да изврие тоа чорбата со дршките го затвораат бурето и мислат дека пијат вино, такви ги има многу, лично познавам такви "мајстори" кои пијат оцет ама буквално.
dobro poznat, друже ако можеш да објасниш каква опрема користиш за процедурата дали сам си ја направил или си ја купил, колку пари, не е ок само да се нафрли некоја информација а скоро никој да не те сфати ништо, свака част на
Let 3 , човекот напиша рецепт на 2 страници треба да послужи како пример за сите.
Сега за сега имаме само 1 рецепт кој е одлично објаснет и прифатлив за секој , се друго за користење на квасци за ферментација и стерилизација е недоволно или воопшто необјаснето.
Поздрав до сите.