Домашно вино (црвено, бело, розе)

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Каде да најдам рефрактометар и вински/шампањски квасец и дали ми треба таа специјалната затка или можам да импровизирам како што ти кажа ставаш црево на чепот во бочвата, а другиот крај во вода за да не прима воздух?
Инаку не е тоа јаболковача(ракија) тука некоја варијанта на лесно алкохолно сокче и млак оцет инаку вкусот е доста пријатен.
за рефрактометар не знам види во земјоделски аптеки, таму има и вински квасец, за затка важно да не влегува воздух во ширата ако внимателно го направиш, и со обична која добо дихтова ќе поминеш, има и гумени чепови по земјоделски аптеки, пробај со нив со вжештено шило или потенок штрафцигер пробиј отвор низ него али потесен од цревцето шо оди во водата па настегај го цревцето низ него, би требало добро да дихтува[DOUBLEPOST=1415227054][/DOUBLEPOST]
Има некој од вас конкретни искуства со квасциве?
Не прашувам конкретно за тој од линкот, туку генерално за квасците што се достапни овде... иам слушнато дека не сите работат поштено и дека има и продавање на лебен квасец. Пак да нагласам дека зборувам генерално, и дека само пренесувам гласини кои немам појма дали се вистинити или не.
по состав и карактеристики лебниот и винскиот кваец се многу слични, речиси исти
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.744
...по состав и карактеристики лебниот и винскиот кваец се многу слични, речиси исти
Слични а толку различни... Исти секако не се.

Каква е отпорноста на квасецот кон алкохол, какви нуспроизводи (етери, итн) дава, милион други пожелени карактеристики кои со генетска селекција се обликувани во разните видови квасци.
Од друга страна, лебниот квасец е дизајниран со една цел: да произведува што повеќе CO2.

Дали лебниот квасец ќе направи некаква ферментација, и дали во добиената „течност„ ќе има алкохол?
Секако да.

Дали тоа ќе биде добро вино/пиво/цидер?
Можно е да се добие пивлив пијалок (додуша ова зависи од критериумите). Но многу повеќе можно е да има и многу чудни подвкусови и процентот на алкохол да биде прилично низок.
Можно е и ништо да не испадне. Зарем би го ризикувал сладот, грозјето, или јаболките, за некоја релативно мала (сразмерно гледано) цена за квалитетен квасец (од интернет)?

@Let 3 ти лично имаш (на)правено некаков алкохол со лебен квасец?
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Има некој од вас конкретни искуства со квасциве?
Не прашувам конкретно за тој од линкот, туку генерално за квасците што се достапни овде... иам слушнато дека не сите работат поштено и дека има и продавање на лебен квасец. Пак да нагласам дека зборувам генерално, и дека само пренесувам гласини кои немам појма дали се вистинити или не.
Од линкот квасецот е вакумиран и германски, нема шанса за фалсификат. За други не знам ама овој е вински со сигурност.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Слични а толку различни... Исти секако не се.

Каква е отпорноста на квасецот кон алкохол, какви нуспроизводи (етери, итн) дава, милион други пожелени карактеристики кои со генетска селекција се обликувани во разните видови квасци.
Од друга страна, лебниот квасец е дизајниран со една цел: да произведува што повеќе CO2.

Дали лебниот квасец ќе направи некаква ферментација, и дали во добиената „течност„ ќе има алкохол?
Секако да.

Дали тоа ќе биде добро вино/пиво/цидер?
Можно е да се добие пивлив пијалок (додуша ова зависи од критериумите). Но многу повеќе можно е да има и многу чудни подвкусови и процентот на алкохол да биде прилично низок.

@Let 3 ти лично имаш (на)правено некаков алкохол со лебен квасец?
Квасецот шеќерот го претвора во алкохол а производ на тој процес е ЦО2, немам пробано со лебен квасец да правам алкохол, си иима различни квасци за таа намена, но ако земеш дека во брашно покрај квасец се става шеќер (храна за квасецот) и топла вода - температура, и од тоа нараснува тестото (Со ЦО2) испаѓа дека во основа етој ист квасец, сигурно дека постојат финеси меѓу квасците но не сум ги истражувал подетално
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Квасецот шеќерот го претвора во алкохол а производ на тој процес е ЦО2, немам пробано со лебен квасец да правам алкохол, си иима различни квасци за таа намена, но ако земеш дека во брашно покрај квасец се става шеќер (храна за квасецот) и топла вода - температура, и од тоа нараснува тестото (Со ЦО2) испаѓа дека во основа етој ист квасец, сигурно дека постојат финеси меѓу квасците но не сум ги истражувал подетално
Да во суштина е ист квасец, но не е издржлив на висока концентрација на алкохол, над 9% веќе умира, додека винскиот може да ферментира дури и со 16% алкохол.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.744
Од линкот квасецот е вакумиран и германски, нема шанса за фалсификат. За други не знам ама овој е вински со сигурност.
Ок фала, убаво е да се има препорака од некој што пробал.
 
Член од
18 октомври 2013
Мислења
7
Поени од реакции
0
zdr,imam 1 godisno domasno vino i vo nekoi sisinja se pojavi nesto kako beli sitni tocki-zrnca,so mozi da e?
 
Член од
26 септември 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo, bi sakal da pravam vino vo bure od okolu 90litr. Kazete mi dali e taa litraza dobra damo za golo vino ili mozam da stavam so kominje vo toa bure, kolkav otvor trebavda ima za da se iscisti podocna ili kako se cisti odkoga kje zavrsi fermentacijata Blagodaram :)
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
80
Поени од реакции
66
Здраво
Ме интересира каде може да се најдат нови празни шишиња за вино?
 
TE-EN

кибицер
Член од
18 септември 2009
Мислења
50
Поени од реакции
5
читам темава е згасната,ама јас да си прашам пак.Станешина 220л во пластично буре,комињарник правам не лачено.Шербет благо беше на почеток,сега го запечатувам на 21ден.Танините го собираат јазикот премногу,како јапонско јаболко да јадам или дуња.Да го испуштам и да ја одделам течноста,комињето да го сварам ракија а течноста пак назад во бурето,или....???
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Не знам каде е темата во која што правев муабет со Авенгер88, но и секако нема врска бидејќи го има избришано профилот, но јас да си кажам, дека направив вино од Р'кцители и тоа многу успешно.

Најбитно е што Р'кцители иако бело вино многу е добро да се пие комињарник. Направив и експеримент, дел излачив дури беше шира и можам да кажам дека од бочва (комињарник) е далеку побогато со вкус отколку лачено.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.744
Домаќини луѓе сега дестилираат ракија и други такви работи пред да се затопли времето па да се фатат градинарските активности. @teneke уште на крај на есен веројатно си ја фатил таа работа (освен ако не му се скиселило виното, пу пу скраја да е). :unsure:
Белото скисна уште во декември, ама веќе го испивме :D

Вранецот е се подобар и подобар.
Затоа Вранецот лански се пие.
Батка комињарник се двете и ркцители и вранецот.

Белото порано скиселува. Вранецот сега ќе почни да губи вкус оти се затоплува.

Да беше ладна зимата и ркцителито ќе беше убаво сега во февруари.
...направив вино од Р'кцители и тоа многу успешно.

Најбитно е што Р'кцители иако бело вино многу е добро да се пие комињарник. Направив и експеримент, дел излачив дури беше шира и можам да кажам дека од бочва (комињарник) е далеку побогато со вкус отколку лачено.
Нормално дека зрното дава вкус, затоа се отточува после првичната ферментација. Тоа време е доволно за виното да си добие карактер. Само без рачки во бурињата, ништо освен зрна и сок. Има денес убави муљачи за нормални пари и ти ги двојат зрната од гроздовите уште на муљањето.
Ферментирање свежа шира, и такви вина се прават ама тоа со специјализирани квасци, со посебни сорти грозје, за добивање некои специфични вина... На пример така прават бело вино од црно грозје. Непотребни комплицирања и настраности - ако ме прашуваш мене. :)

Инаку да чукнам во дрво ми нема скиснато вино освен еднаш кога не заеба продавач да поттури полусмачкано грозје (ама и од тоа испадна интересен препек). Си бара врвна хигиена и не би требало да ти се дешава скиснување.

Одлежан вранец е права работа, уште подобро ако се остави дабов чипс во бурето. И ако си мераклија, да си земеш иноксни буриња за голото вино. Пластика се гребе и внатре во гребнатините се гнездат бактерии кои не можеш секогаш да ги оттстраниш, и ете ти беља и скиселување. И мора добро да се измијат бурињата веднаш после флаширање (или после пиење, во твојот случај). На есен пак миење, детално, и киснење/плакнење на бурињата со растворен винобран.
Автоматски споено мислење:

Инаку ако досега си го испил виното, има само две можности: или малку си ставил, или не си ставил доволно. :D
 
Последно уредено:

Околу 160 кила вранец и 90 кила ркцители беше.

Отприлика 80 литри вранец и 50 литри ркцители испивме.

Дел од вранецот флаширав.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom