Доказ за работно искуство

Дискусија во форумот 'Вработувањa и работа' започната од zoraxe, 23 декември 2012.

  1. kooperativa

    kooperativa Г-ин Пола Милениум

    Член од:
    2 октомври 2012
    Мислења:
    5.678
    Допаѓања:
    6.658
    ДА, ова твоево држи вода, но пак има многу што раб како што кажав. е сега, и саше-охрид убаво кажа дека АКО ги исполнува условите, образование, искутво (кое ќе го провериш ко што си проверил) тогаш нема проблем нели? така да, да се биде опен минд не е на одмет. сепак уште сме банана држава и не се секогаш работите црно-бели. за жал ќе кажам.
  2. zoraxe

    zoraxe

    Член од:
    19 октомври 2012
    Мислења:
    104
    Допаѓања:
    49
    Како мислиш касно ќе дознаат? Па електронски би проверувале, референтот у агенција мења и ти одма можеш да ја видиш промената...
  3. ION

    ION

    Член од:
    27 јули 2011
    Мислења:
    433
    Допаѓања:
    707
    Ова “касно ќе дознаат“ се однесува за сега кога нема ваква можност електронски да провериш за себе.Грешно сум се изразила :)
    Познавам луѓе што касно дознаваат дека биле пријавени на пола работно време а доколку имале опција електронски да проверат тоа би го дознале порано нели.Не дека и сега вака немаат опција ама да одиш до АВРМ и ПИО и да чекаш по шалтери за да си провериш ретко кој го прави тоа.
  4. *LION*

    *LION*

    Член од:
    17 април 2012
    Мислења:
    2.335
    Допаѓања:
    2.082
    Нема проблем дури и да не ги исполнува сите услови ама ако искрено си каже а гледам голем потенцијал би му дал шанса. Пример јас на рани дваесети години почнав да работам и ме гледаа со доза на скептичност кога направив високи резулатати никат постигнати. За ептен брзо време им бев претпоставен на дупло од мене постари луѓе. Така да секат треба да се цени квалитетот, а да не му се придава огромно значење на годините , и работното искуство, зошто на крај се е релативно. Некој што има искство од 2 години може повеќе научил и сфатил како се работи од некој што има 7-8 години работно искуство. Така да кога ќе прочитам негде минимум 3 или 5 години работно искуство смеја ме фаќа. Што бараат они квантитет(години)или квалитет(резултати постигнати). Забегав со муабетов ама е поентата:)
    На kooperativa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kooperativa

    kooperativa Г-ин Пола Милениум

    Член од:
    2 октомври 2012
    Мислења:
    5.678
    Допаѓања:
    6.658
    одличен став. него, ..... да не имаш и за мене некоја позиција? (y)
  6. *LION*

    *LION*

    Член од:
    17 април 2012
    Мислења:
    2.335
    Допаѓања:
    2.082
    Немаме потреба засега:) А мислиш дека имаш постигнато квалитетни резултати досега што те издвојуваат од другите?​
  7. kooperativa

    kooperativa Г-ин Пола Милениум

    Член од:
    2 октомври 2012
    Мислења:
    5.678
    Допаѓања:
    6.658
    хахааа, ова вероватно на ПП ќе треба нели? ........... инаку, ДА мислам дека сум дал квалитет секогаш.
    ок, да не троламе, ........ важно луѓево си добија престава како се докажува и што треба да имаат за работа.
    П.С. најлошото е кога си работел некаде, а не можеш да докажеш на конвенционален начин, а ти се бара. е тука да ти пукне пична жила. примери милион. од на пр со луѓето што идат за афганистан, па до некои организации во мкд, ОН( обединетите нации) и слични на нив. или пак раб на некои проекти и во мкд и надвор од мкд. ова ми е познато, не од лично искуство, али од прва рака знам.
  8. burn84

    burn84 Chasing the light

    Член од:
    4 февруари 2006
    Мислења:
    6.395
    Допаѓања:
    1.334
    Доказ ти е CV-то и контакт информации за претходните работодавачи кои можат да го потврдат твојот ангажман.
    Се разбирам има и други начини, но се зависи од работниот статус што си ја имал/а на претходните работни позиции.
  9. zoraxe

    zoraxe

    Член од:
    19 октомври 2012
    Мислења:
    104
    Допаѓања:
    49
    Авганистан е посебна прикаска... од лично искуство... Скоро и да нема фирми у МК што го ценат тоа искуство... овие од Бунарџик на пр. го ценат, ама домашни приватњаци малце потешко. За државна администрација да не збориме... јбг никаде не си заведен дека си бил вработен...
    Инаку лесно се докажува (под услов да го признаваат искуството). Јас ставам 2-3 мејла од претпоставени што ми биле и тоа е. Ако сакаат да ме проверат, бујрум, има на кого да пишат :)
  10. kooperativa

    kooperativa Г-ин Пола Милениум

    Член од:
    2 октомври 2012
    Мислења:
    5.678
    Допаѓања:
    6.658
    ДА, ставаш 2-3 мејла, ама што правиме АКО тие мејлови веќе НЕ се во функција? пример. во ОН шеф ти е странец по име дејвид (во ОН и некои слични странски организации не си пријавен во завод). тој ти дава препорака, и во контакти го ставаш неговиот службен мејл. но .... прошле 2-3 год, и тој си отишол, поточно, не работи веќе за ОН. и тогаш неговиот мејл станува неактивен. а некој нов, потенцијален работодавач сака да провери. .....упс, грешен мејл ти вика. и испаѓа дека си лажго. и те одбиваат за работа пошто нели си лажго. а ти појма немаш дека настанале тие промени и проверки. и сега да не ти падне криво? јасен сум со примеров, нели?
  11. zoraxe

    zoraxe

    Член од:
    19 октомври 2012
    Мислења:
    104
    Допаѓања:
    49
    Во потполност си јасен друже, туку од кај да почнам...

    Не бараш работа секој месец, така? Во моментот кога остануваш без работа или одлучуваш да ја смениш постојната, значи да се пријавуваш на огласи, да составуваш резимеа, CV-a и слично, по мене, твоја обврска е да си ги провериш препораките и контактите што ги имаш. Сепак, ти бараш работа...

    Така, почнуваш со пребарување. Оние личности што мислиш да ги ставиш со име и презиме, со e-mail, најди ги... на Фејсбук, на Линкедин, на Твитер, преку пријатели, преку бивши колеги... Барај под дрво и под камен додека не ги најдеш... Кога ќе ги најдеш, лесно е после. Ќе ти дадат нов е-маил.

    Инаку, сметам дека, како колеги и како шефови и подредени, додека сте во иста фирма или организација, многу е полесно за воспоставување на контакт на некоја социјална мрежа (Линкедин на пример). Тогаш може да ти напише и препорака на твојот профил, која „вечно“ останува... Во резимето стави линк од твојот Линкедин профил и то је то ...
  12. Струмикс

    Струмикс Еден...не го знаеш!

    Член од:
    9 декември 2005
    Мислења:
    12.903
    Допаѓања:
    1.806
    МОже јас да кажам нешто?
    Од ФПИОМ е најверодостојна потврдата за стажот на работа.
    Од фирмата кадешто си работел може да се земе потврда за тоа на која позиција си работел.
  13. zoraxe

    zoraxe

    Член од:
    19 октомври 2012
    Мислења:
    104
    Допаѓања:
    49
    Интересно. Од ФПИОМ викаш, а?
    Имаш вадено лично или некој познаник или само слушнато ... ?
  14. Струмикс

    Струмикс Еден...не го знаеш!

    Член од:
    9 декември 2005
    Мислења:
    12.903
    Допаѓања:
    1.806
    Лично имам фадено од фондот за пензиско, и на таа потврда пишува од кога до кога си работел во таа и таа фирма.
    Се работи за стаж на осигурување, значи треба да си работел легално :)
    Тоа е официјален документ што никој неможе да го оспори или негира.
    И, за другата потврда, т.е. од фирмата каде си работел, ако е барем малку озбилна фирма, издава потврда дека лицето тоа и тоа работело во таа и таа фирма од тогаш до тогаш на работно место тоа и тоа.
    На zoraxe му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zoraxe

    zoraxe

    Член од:
    19 октомври 2012
    Мислења:
    104
    Допаѓања:
    49
    А се плаќа ли издавањето на документот?

Сподели преку: