Дознајте се` за....

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Се за јаболковиот оцет

Тој е извонреден лек на кој му се припишува чудотворна моќ и се смета дека треба да стане дел од секојдневната исхрана.
Најнапред, како се прави јаболков оцет:
Потребни се: непрскани јаболка (најдобро диви, самоникнати, но можат да послужат и одгледувани) и шеќер. Јаболката добро се измиваат, се отстрануваат дршките, а потоа заедно со семенките се ситнат и се мелат со машина за месо...
...Заедно со сокот што ќе го пуштат се ставаат во поголем лонец или во каца. Ако нема доволно сок, може на 10 килограми јаболка да се додадат четврт литри провриена и оладена вода. Потоа на оваа количина се додаваат и 100 грама шеќер, се добро се измешува, садот се покрива со чиста, повеќестрано извиткана газа и се остава на топло место или на сонце. Повремено се прегледува и се промешува. Садот се поврзува со повеќеслојна газа и се остава на место каде што температурата не паѓа под 18 степени Целзиусови и не преминува 25 степени. Ферментацијата трае 25 до 30 дена; на сонце нешто пократко. По завршениот процес оцетот внимателно се процедува и се сипа во чиста боца. Бојата треба да му биде светло жолта и без талог. Кога ќе се забележи дека ферментацијата е готова и дека оцетот е доволно кисел, се се процедува најнапред низ поретко, а потоа и низ погусто сито или цедилка, а на крајот и низ повеќеслојна газа, за да се добие бистра течност. Оцетот се сипа во боци, херметички затворени, кои се чуваат на студено и мрачно место. Доколку по извесно време оцетот поради зреењето се замати или, пак, се појави талог, треба уште еднаш да се процеди низ повеќеслојна газа и повторно да се сипа во чисти боци. Се чува на студено и темно место, а рокот на употреба му е практично неограничен.
Утврдена е оптималната доза на јаболков оцет која треба да се зема во текот на еден ден. Тоа е раствор од 2 лажици оцет во млака, претходно провриена вода, со додадок на две лажици мед. Овој еликсир помага кај болестите на грлото, кај неуредно варење на храната, слаба циркулација и размена на материите во организмот. Се препочарува и кај болести на срцето, бубрезите и крвните садови. Добро се покажал за зголемување на плодноста-како кај луѓето, исто така и кај животните, и во лечење на ноќно мокрење кај децата. Докажано е и дека јаболковиот оцет го снижува повишениот крвен притисок и дека е одличен сојузник во зачувувањето на стројна линија.
Против јадеж на кожата се препорачува надворешна употреба на разблажен оцет, а триењето и масирањето со овој раствор извонредно им годи и на здрави лица. Освен чувството на свежина кое трае долго, на кожата и дава мекост, влажност и здраво руменило.
Во својство на облог или средство за триење, јаболковиот оцет исто така се применува кај проширените вени; во комбинација со внатрешната употреба на оцетот, со премин на здрава исхрана и чистење на организмот, се постигнуваат добри резултати. На ист начин јаболковиот оцет олеснува и некои ревматски болести и го отстранува чувството на постојан умор.
Со неразблажен јаболков оцет се испира грлото кај првите знаци на настинка, а е мошне препорачливо да се понесе на пат (особено лете) шишенце оцет за да се спречи непријатноста во варењето на храната која обично се врзува за промената на водата и храната.
Во исхраната на спортистите, но и на интелектуалците, јаболковиот оцет и неговата комбинација со мед би требало да зазема важно место. Овој оцет е пребогат со калиум, а тој влијае на работата на мускулите и нервите. Учествува и во биохемиските процеси на ќелиско ниво.
Ако со својот лекар сте исклучиле други причини, а чувствувате слабост, поспаност, грчење и болки во мускулите, веројатно само ви недостасува калиум; употребата на јаболков оцет дава набрзо одлични резултати.
Рецепти:
-Против хроничен умор: Се помешуваат 3 лажички јаболков оцет со шолја мед, се сипа во тегла и се земаат секоја вечер пред спиење по 2 лажички од оваа мешавина. Друг начин е лажичка оцет да се сипа во чаша вода и да се пие за време на ручекот;
-Против главоболка: Се испива чаша вода во која се разматени 2 лажици мед и 2 лажици јаболков оцет;
-Против изгореници: На изгореницата се нанесува јаболков оцет неколку пати. Тоа ќе ја спречи појавата на плик и ќе ја ублажи болката;
-За снижување на крвниот притисок: 3 пати дневно се пие чаша вода со 2 лажици јаболков оцет;
-За промивање на грлото: Во чаша вода се сипа лажичка оцет и се промива грлото на секои 2 часа;
-Против болки во синусите: На секој час 7 пати се испива чаша вода во која е разматена лажичка јаболков оцет;
-Против ревматични болки во зглобовите: Болните места во текот на ноќта се обложуваат со платнена ткаенина која е добро натопена со јаболков оцет, а потоа се обвиткува со сува фланелска ткаенина. Со секој оброк се испива чаша вода во која се разматени 10 лажички јаболков оцет;
-Против екцеми: Заболените места се мачкаат со јаболков оцет 4 пати дневно и 3 пати во текот на ноќта. Набрзо екцемот и јадежот ќе исчезнат;
-За слабеење: Секое утро на празен желудник се пие чаша вода со една до две лажички оцет или со секој оброк се испива чаша вода со 2 лажички оцет. Терапијата трае 2 месеца. Јаболковиот оцет влијае на согорувањето на одвишното масно ткиво;
-Против проширени вени: Секое утро и вечер со чист јаболков оцет се трие кожата преку проширените вени и 2 пати дневно се испива чаша вода со 2 лажички оцет. Оваа терапија трае месец дена;
-Против митесери: Еден дел јаболков оцет се меша со 8 дела вода и со таа течност 3 пати дневно се прска лицето.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Зошто трепкаме?

Со трепкањето се навлажнува рожницата на окото.

Очните капаци кај човекот се состојат од повеќе слоја на кожа и слузокожа кои со придвижување на одредени мускули околу окото се креваат и спуштаат речиси автоматски и толку брзо, што воопшто не го попречуваат видот. Се смета дека човекот трепнува на секои 6 секунди, односно во текот на животот трепнува околу 250 милиони пати.

Главна улога на трепнувањето е овозможување на константно навлажнување и испирање на површината на окото, поточно на очната мрежница, со течност која претставува мешавина од 20-тина ситни лоени и исто толку солзни жлезди кои се наоѓаат на рабовите на очните капаци. При секое трепнување таа течност ја премачкува целата површина на окото.

Трепките на капаците ја вршат својата заштитна улога, спречувајќи ситна прашина и други нечистотии од воздухот да допрат во окото и евентуално да го повредат.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Никел

канцероген за хуманата популација. Според Европската директива донесена во 1996 постои рестрикција на употребата на никел во накит кој е во контакт со кожата (огрлици, нараквици, патенти и сл.)...


Никелот е најалереген меѓу металите, магнетен е и најчесто доаѓа во легури со бакар, хром, железо и цинк.

Како сме изложени?
Никелот во телото може да дојде со голтање или со инхалација како и контакт преку кожата. Децата и возрасните се најизложени преку инхалација (вдишување) во атмосфера која содржи честички на никел, посебно во просторија исполнета со дим од цигари. Исто така одредени количини на никел можат да се апсорбираат преку храната или водата во кои природно се наоѓа .

Храна која природно содржи никел е кокос, соја како и лосос кој акумулира никел од загадени води. Во поглеми количини никелот може да биде присутен во зеленчукот како грав, грашок, зелка и сл. Иако кај луѓе не се изведени студии за значењето на никел како есенцијален елемент, сепак експериментално кај животни кај кои е индуциран недостаток на никел дошло до намалување на растот и ненормална морфологија.

Кој е во опасност?
Во телото никелот може да се апсорбира преку кожа, со ингестија или со вдишување. Никелот влегува во облик на растворливи соли кои директно се апсорбираат и нерастоврливи соли кои ги фагоцитираат клетките.
Во општата популација најчести се проблемите со кожата: алергии, контактен дерматит како резултат на контакт при бушење (пирсинг) кога накитот кој содржи никел доаѓа во директне контакт со отворена рана, додека кожата не е епителизирана.

Освен тоа, алергии можат да предизвикаат и забни протези кои содрќат никел.
Најчесто токсичните ефекти од никел сепак се забележуваат во работни услови, забележан е зголемен број на рак на бели дробови и астма кај работници кои се изложени на прашина од никел.

Труење со никел се дијагностицира со одредување на концентрацијата на никел во урина.



СЗО ги класифицира соединанијата со никел (соли) во прва група на канцерогени, додека во метален облик е класифициран во втората Б група како можен канцероген за хуманата популација. Според Европаската директива донесена во 1996 постои рестрикција на употребата на никел во накит кој е во контакт со кожата (ланци околу врат, нараквици, патенти и сл.).
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Зошто лековите не смеат да се земат со алкохолни пијалоци ?

Алкохолот во комбинација со лековите доведува до низа на непредвидливи ризици, бидејќи лесно доаѓа до меѓусебно делување (интеракција). Овие интеракции се неповолни, се јавуваат и при внесување на мали количини алкохолот...


Алкохолот во комбинација со лековите доведува до низа на непредвидливи ризици, бидејќи лесно доаѓа до меѓусебно делување (интеракција). Овие интеракции се неповолни, се јавуваат и при внесување на мали количини алкохоло и ги потенцираат несаканите ефекти на лековите кои можат да бидат опасни, да ја влошат болеста или дури и да доведат до смрт.

Алкохолот може на повеќе начини да влијае на лекот - да го промени ефектот на лекот, да влијае на концентрацијата на лекот во крвта или пак одредени лекови можат да ги успорат метаболизирањето на алкохолот и така да го зголемат неговиот токсичен ефект.

Реакцијата на луѓето кон алкохолот зависи од возраста како и честота на користење на алкохол. Познато е на пример дека жените се поосетливи на алкохол од мажите бидејќи нивното тело содржи помала количина на вода од телото на мажите така да при иста испиена количина алкохол концентрацијата на алкохол кај жените е поголема, а истовремено жените имаат помала концентрација на алкохол-дехидрогеназа. ензим кој го разградува алкохолот.

Веќе и мали количини на алкохол се опасни при возење, но комбинацијата алкохол / лекови значително ги намалува способностите за возење.



При примена на лекови за срце, шеќерна болест и инфекции со алкохол се јавуваат следниве несакани ефекти: главоболка, повраќање, општа слабост, засилено чукање на срцето, пад на крвниот притисок, оштетување на црниот дроб и црвенило на лицето.

При земање на алкохол и лекови кои влијаат на мозокот, односно психо-физичките способности (анксиолитици, антипсихотици, антидепресиви, хипнотици, локални анестетици и сл.) можат да се јават поспаност, вртоглавици, успорено и отежнато дишење, проблеми со памтењето и општо слабеење на моториката.

Бидејќи и алкохолот сам по себе го дразни желудникот, комбинацијата со лекови против болки (како аспирин) и антиревматици (ибупрофен, кетопрофен, диклофенак, напроксен и сл.), кои исто така ја надразнуваат слузокожата на дигестивниот тракт, повеќекратно се зголемува ризикот од настанување на чир и крварење од желудникот.

Алкохолот сам по себе го оштетува црниот дроб и може значително да ја зголеми хепатотоксичноста (отровно делување врз црниот дроб) и при примена на многу сигурни и често употребувани лекови како парацетамол.

Некои лекови во водено-алкохолна средина се растворуваат многу побрзо отколку во чиста вода. Така се случува лекот одеднадеш целосно да се раствори и апосрбира во организмот, што е посебно опасно кај лекови со продолжено ослободување (ретард форми), со кои обично се постигнува постепено ослободување на лекот. Така нагло ослободената активна супстанца на лекот може да доведе до животозагрозувачки несакани ефекти.

При хронично внесување на алкохол лековите побрзо се разградуваат и излачуваат и во почетните фази ефектот им е помал, но истовремено токсичниот ефект врз црниот дроб е многу зголемен.

Освен со алкохол, не е добро лекови да се земаат со овошни сокови или газирани пијалоци, бидејќи го успоруваат нивното делување, додека некои овошја и сокови како на пример грејпфрут можат да стапат во интеракција со лековите и да доведат до несакани ефекти. Млекото исто така не е погодно, бидејќи го смалува делувањето на некои лекови кои со неговите состојки ствараат тешко растворливи супстанци.

Од наведеното може да се заклучи дека најдобро е лековите да се земат со чаша обична вода во доволни количини (150 мл) за лекот без никакви влијанија да се апсорбира, да дојде до посакуваното место на делување и да го развие во целост своето дејство.
 

ViRuS

ПрОвОкАтОр
Член од
20 август 2005
Мислења
2.048
Поени од реакции
21
1000 Зошто 1000 Затоа те викаат тебе во мало ли бе?

Или доста добро знаеш да копираш од енциклопедииве?
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
По вадење заб

Неколку кратки совети за справување со болките и отокот по вадење на заб, како и за тоа што не треба да се прави по вадење на заб...



1. Избегнувајте храна додека трае анестезијата (ако интервенцијата е на долната вилица, додека „трпне“ устата).

2. Раната не треба да се испира со чаеви или дезинфициенси !

3. Против болки треба да се земе аналгетик ( кој не содржи ацетил-салицилна киселина како Аспирин). Ако болките не престанат за 24 часа треба пациентот да се јави кај стоматологот.

4. Треба да се стават ладни облоги на лицето ( влажни марамчиња) во првите 12 часа по интервенцијата, доколку вадењето било изведено хируршки.

5. Ако по интервенцијата во раната е ставено страно тело, односно дрен, непоходно е пациентот да се јави кај својот стомаотолог по 24- 48 часа.

6. Во случај на крварење од раната по 12 часа пациентот треба да се обрати кај стомотолог.

Ако вадењето на заб е изведено хируршки, конците се вадат по 6-7 дена.
 

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Човече читајќи ја темава ми направи една брза ретроспектива на часовите анатомија во средно:nesvest: Нешто имаш врска со медицината или?
 

ViRuS

ПрОвОкАтОр
Член од
20 август 2005
Мислења
2.048
Поени од реакции
21
Дали со вашата личност доминира десната или левата страна на мозокот?

Веројатно не сте размислувале дали со вашата личност доминира левата страна на мозокот па сте аналитични, математички прецизни или десната половина на мозокот па имате одлична визуелна меморија и сте сколони кон уметноста. Дали ваква разлика воопшто може да се направи?



Според Проф.Michael Saling сега со сигурност може да се каже дека говорот е контролиран од левата хемисфера на мозокот, додека просторното размислување како и препознавањето на лица од десната хемисфера на мозокот. Кога се работи за споспобноста на расудување, двете хемисфери работат заедно. Секоја компонента на спознавање има свои компоненти и во десната и во левата страна на мозокот. За да се избегна „натпревар“ меѓу десната и левата хемисфера, постои поделба на активностите меѓу двете комори.

Многу публикации, уште од 70-тите години се обидуваат да ја објаснат тајната на креативноста која потекнува од десната хемисфера на мозокот. Филозофот Karl Popper и добитникот на Нобелова награда, невро-хирургот John Eccles, автор на книгата „ Личност и мозок“, ја опишале десната хемисфера како „подреден“ дел од мозокот. Левата страна долго се сметала за доминантна хемисфера, одговорна за говорот – уникатна способност на човекот и поради и на нашата самосвест. Слично на тоа постојале и расправи за тоа дека најголем дел од луѓето се деснаци, заради тоа што способноста за говор лежи во доминантната лева хемисфера.

Пред неколку години прикажан е случај на едно девојче кај кое едната половина на мозокот била исполнета со течност и не функционирала. На родителите им била предложена операција со која би се отстранил тој дел од мозокот, и тие биле ставени пред тешко прашање дали нивната ќерка ќе биде иста личност како и пред операцијата. Операцијата била извршена од тим на хирурзи кои ги одстраниле нефункционалните делови од мозокот. Слична операција била изведена и кај момче на кое му бил одстранет поголем дел од десната хемисфера.
Обете деца успешно се опоравиле од операцијата. Ова го наметнало прашањето како личноста може да остане иста и при недостаток на цела половина од мозокот, како само половина од мозокот може да го контролира целиот ум, дали навистина ни се пшотребни толку неврони и синапси да би биле она што сме? Дали ако луѓето можат да живеат и функционираат нормално и без половина од сивата маса значи дека приказната за поделба на функциите помеѓу левата и десната хемисфера е само фикција? Не во целост, одамна се знае дека извесни функции се лоцирани исклучиво во десната или левата хемисфера (кои меѓусебно комуницираат преку мостови од неврони кои примаат и праќаат разни информации).

Неврологот Roger Sperry доби Нобелова награда за докажувањето дека левата и десната хемисфера имаат одредени функции кои меѓусебно се дополнуваат. Ова го приметил кај пациенти кај кои по хируршки пат биле одстранети мостовите поеѓу десната и левата хемисфера (што е многу ретка постапка, но се применува кај лица со тешки облици на епилепсија). Експериментално е докажано дека ако сликите и зборовите доаѓаат од левата страна, пациентот не можел да ги објасни и да преземе соодветна акција бидејќи недостасувала врска со десниот вербален дел од мозокот како левата хемисфера би покренала акција со смисла. Ова укажало на фактот дека десната хемисфера „го видела“ објектот и и укажува на левата страна на акција, но без мостовите помеѓу двете хемисфери пациентот нема да презеде акција во однос на објектот. Во случаите со децата и нивното нормално функционирање би можело да се објасни со претпоставката дека во фазата на развој на нервните клетки некои неврони можат да ја преземат улогата на оние кои недостасуваат.




Луѓе со голема активност на предниот дел од кортексот на левата хемисфера се среќни и слкони кон позитивно расположение. Интересени се и податоците дека лицата кои имале операција на левата хемисфера на мозокот се многу посклони кон инфекции, што укажува на значително намалување на имунитетот, за разлика од оние кај кои е изведена операција на десната хемисфера.

Иако различни примери покажуваат дека би можеле да живееме без голе дел од едната или другата хемисфера. Сепак интеракцијата помеѓу обете хемисфери не прави комплетна личност.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Дознајте за Позицијата на бебето!

Нормална позиција на бебето


Терминот „презентација на плодот“ се однесува на делот од телото на бебето кој е најблизу до породилниот канал. Кај најголем број од нормалните бремености бебето е поставено со главата надолу во матката.

Карлична презентација



При оваа презентација долниот дел од телото на бебето е најблизу до породилниот канал. Не се знае со сигурност што доведува до карлична презентација на плодот (освен при познати анатомски абнормалности како абнормалности во формата на матката или http://mojamedicina.com.mk/default.aspx?pArtID=169плацента превиа), но се случува во 3-5% од бремностите.
Како бременоста наближува кон терминот за породување, акушерот ја одредува позицијата на бебето при редовните пренатални посети. Вообичаени методи за одредување на позцијата на бебето се мануелен преглед на стомакот и ехо-преглед.

Типови на карлична презентација


Ова се трите типа на карлична презентација на плодот: комплетна, некомплетна и чисто карлична позиција.

Компликации на карлична презентација



Честа компликација при карлична презентација е пролапс, излегување на папочната врска. Ова се случува кога папочната врска се слизнува низ цервиксот на матката пред бебето да се породи. Папочната врска е притисната при контракциите на матката со што се спречува протокот на крв кон бебето. При ваква состојба мора да се направи итен царски рез.

Корекција на карлична презентација



Доколку терминот на породување е близок а бебето е во карлична презентација, акушерот ќе се обиде мануелно да го постави во нормална позиција за породување. При мануелниот пристап акушерот со нежни движења го бутка бебето. Доколку ова не успее породувањето треба да се изведе со царски рез.

Други презентации

Доколку бебето е во задна позиција, неговот лице е свртено кон мајката. Ова го прави породувањето подолго и покомплицирано, бидејќи вака главата треба да помине низ породилните патишта со најголемиот дијаметар на главата.
Можно е мајката да помогне за враќање на бебето во нормална позиција со тоа што мајката треба да застане не раце и нозе со што матката паѓа надолу. Лекарот може да се обиде да го помести плодот но доколу не успеат овие методи потребно е изведување на царски рез.



При напречна поставеност на бебето, истото е поставено или со грбот или со рамењата кон породилниот канал. Докторот може да се обиде мануелно да го постави во правилна позиција но обично е потребен царски рез.

 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Каде најчесто се прошируваат 10-те најчести карциноми

Типот на рак во голема мера одредува дали ќе се прошири и на други органи (метастазира) и на кои органи. Некои карциноми покажуваат тенденција да се шират на одредени органи.



Во табелата е прикажано каде најчесто се шират 10-те најчести карциноми.
Сепак, однесувањето на карциномот во телото не мора да се одвива на тој начин и иако ова се начестите локации на метастазирање сепак секогаш има исклучоци.


Тип на карцином (рак)
Локација каде шансите за метастаза се најголеми
Рак на дојки
Коски, бели дробови, црн дроб, мозок, кожа
Рак на дебело црво и ректум (колоректален карцином)
Црн дроб, бели дробови, коски
Рак на бубрези
Бели дробови, коски, црн дроб, мозок, кожа

Рак на бели дробови
Други делови од белите дробови, адренални жлезди, црн дроб, коски, мозок
Рак на овариуми (јајници)
Црн дроб, бели дробови
Рак на панкреас
Црн дроб, бели дробови, коски, мозок
Рак на простата
Коски, црн дроб, бели дробови
Рак на меки ткива (сарком)
Бели дробови, коски, мозок
Рак на желудник
Црн дроб, бели дробови, мозок
Рак на тироидна жлезда
Бели дробови, црн дроб, коски

Како што може да се види од табелата најчести локации на метастази се црниот дроб, белите дробови, мозокот и коските.



Поради самата локација и функција црниот дроб и белите дробови се со најголем ризик за метастази. Речиси целата крв и лимфа поминуваат низ нив, така да шансите клетките на рак да се задржат во нив се најголеми. Иако мозокот нема лимфни садови, сепак има најголем метаболизам и најголем проток на крв што ги зголемува шансите за појава на метастази.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Мерење на крвниот притисок

Пред воопшто да се обидете да измерите нечиј крвен притисок неопходно е да знаете неколку основни податоци за крвниот притисок кај луѓето.

Крвниот притисок е притисокот кој крвта го врши на ѕидовите од крвните садови (артериите) додека тече низ нив. Со оглед на тоа што крвта низ крвните садови струи благодарение на пумпањето на срцето, притисокот што таа го врши на ѕидовите на крвните садови не е посојано ист. Во моментот на срцевото отчукување, кога срцето испумпува нова количина крв во артериите притисокот расте и тоа е оној притисок кој меѓу народот е познат како „горен“ притисок (стручно се вика систолен притисок). Во паузата до наредното испумпување нова количина крв од срцето, притисокот паѓа и тоа е познатиот „долен“ притисок или (дијастолен притисок).

Крвниот притисок популарно се изразува во милиметри живин столб- mmHg.

Нормални вредности за крвниот притисок се 120 mmHg за горниот и 80 mmHg за долниот притисок (во иднина читај 120/80). Сепак, највисока вредност на крвниот притисок која се уште се смета дека е во рамките на дозволеното т.е не претставува опасност по здравјето е 140 за горниот и 90 за долниот крвен притисок.

Сите вредности измерени над овие бараат да го посетите вашиот лекар кој ќе направи соодветни испитувања и ќе одлучи дали треба да се превземе нешто за да се исконтролира вашиот крвен притисок.

Доколку измерите пониски вредности за крвниот притисок( почесто се случува кај девојките и жените), обично не постои никаква опасност по здравјето освен што понекогаш вака нискиот притисок може да биде причина да се чувствувате помалку слаби, поспани, да имате гадење, вртоглавица и темнење пред очите (особено ако нагло станувате од кревет). Доколку ваквите тегоби често се јавуваат и ви го нарушуваат квалитетот на живеење потребно е да се јавите на вашиот лекар.


Практично упатство за правилно мерење на крвниот притисок


Мерењето на крвниот притисок секогаш обавувајте го во мирна и добро осветлена просторија. Бучавата во околината може значително да ви попречи во слушањето на пулсните отчукувања кои ни помагаат во одредувањето на притисокот. Пред да се пријде кон мерење на крвниот притисок, лицето чиј крвен притисок го мериме треба да мирува барем 5 минути (физичката активност како пешачење, трчање возбуда и др. може да го промени притисокот).

Иако денес се достапни многу различни апарати за крвен притисок од најразлични производители, сепак јас лично ги предпочитам класичните анероидни апарати кои не користат батерии или други извори на енергија.

Без разлика на производителот секој класичен апарат за притисок има манжетна- во вид на платнена трака со леплив дел, пумпица со која се впумпува воздух во манжетната и избаждирана скала со бројки и стрелка или живин столб кај таканаречените живини апарати за притисок. Неопходен составен дел се и познатите докторски слушалки или стетоскоп со кој слушаме отчукувања.

Лицето на кое му се одредува крвниот притисок треба да биде слечено до половините и во седечка положба. Во најмала мера надлактицата од раката на која ќе се мери притисокот треба да биде потполно ослободена од облеката.

Манжетната се поставува во вид на појас околу надлактицата. Со пумпицата се пумпа воздух во манжетната и забележуваме како стрелката или живиниот столб се покачува кон повисоките вредности на скалата. Кога ќе стигнеме до вредноста 200
mmHg престануваме со пумпањето и на самата пумпица има едно мало вентилче кое постепено се отпушта. При тоа гледаме како стрелката или живиниот столб се спуштаат бавно кон пониските вредности.
Во исто време мембраната на слушалката (стетоскопот) ја поставуваме во висина на лактот во јамата на лакотниот зглоб и внимателно слушаме. Во моментот кога ќе наслушнеме отчукување (како онаа на срцето) погледнуваме на скалата која бројка ни ја покажува стрелката или живиниот столб. Покажаната вредност е всушност горниот или систолен притисок.
Продолжувајќи да испуштаме воздух од манжетната постепено чекаме да дојде моментот кога отчукувањето ќе престане да се слуша и ја регистрираме новата вредност на скалата. Тоа е всушност долниот или дијастолен притисок.

Потоа мерењето го повторуваме на другата рака. Во принцип меѓу обете раце не треба да постои разлика во крвниот притисок поголема од 10mmHg.

Каде најчесто грешиме кога мериме крвен притисок?


  • Кога надлактицата на раката каде го мериме крвниот притисок не е доволно ослободена од облеката. (Ракавите на облеката знаат силно да стегаат дури посилно и од самата манжетна на апаратот за притисок што дава неточни резултати).
  • Вентилот на пумпицата од апаратот за притисок не е затворен па во моментот кога пумпаме воздухот не се задржува во манжетната.
  • Гумените црева од апаратот за притисок се испреплетале меѓу себе, па кога слушаме на слушалките слушаме дополнителни звуци од нивното меѓусебно допирање што ни го отежнува точното одредување на крвниот притисок.
  • Мембраната на слушалките (стетоскопот) не сме ја поставиле во кубиталната јама веднаш под долната ивица на поставената манжетна, туку сме ја опфатиле и препокриле со самата манжетна. (Иако и во такви случаи е можно да го измериме крвниот притисок, сепак при стегањето на манжетната може да дојде до триење на мембраната од стетоскопот со кожата и да се слуша шуштење кое ни пречи во точното мерење.


Посебни ситуации кога точното одредување на крвниот притисок е отежнато се:
  1. во случај на мана на аортните залистоци на срцето (аортна регугитација) кога одредувањето на долниот, дијастолен притисок е тешко.
  2. при постоење на срцева аритмија кога слушаме неправилни отчукувања со паузи па потешко се одредува притисокот.
  3. во случај кога постои слаба циркулација низ артериите на раката. Во таков случај пробајте да измерите на другата рака.
 
Член од
12 февруари 2008
Мислења
338
Поени од реакции
16
:pos2:глеам дека си учел медицина тоа за срцето браво не учевме многу општа медицина во фармација а за ова другово што си опфатил козметологија,фармакологија итн ај па некако ај поздрав
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Интересно, многу интересно. Се прашувам дали ќе може некогаш да постирам нешто на темава, се додека не ти смета Скај Дог?
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Интересно, многу интересно. Се прашувам дали ќе може некогаш да постирам нешто на темава, се додека не ти смета Скај Дог?
Темава не е само за мене да пастирам:) слбодно кој сака нека си пишува не е мое право:)

Само сакам некој ако има некој предлог да ми пише по порака да пронајдам нешто во врска со тоа:)
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Маслиново масло во служба на убавината

Маслиновото масло содржи висок процент на незаситени масти, како и витамините А и Е помагаат во заштитата од сончевите зраци, а исто така многу поволно дејствуваат на чувствителна кожа.
Маслиновото масло е магична состојка, одлично за се`-исхрана,кожа,раце и нокти. Тоа е фален козметички производ познат уште од античките времиња, а денес можете да го најдете речиси во секоја продавница со прехранбени производи.

Употребувајте екстра-ладно цедено масло, бидејќи е означено како чисто и хемиски обработено. Со оглед на тоа дека составот на маснотиите во ова масло е слично на она на човековата кожа, многу ретко предизвикува алергиски реакции. Со тоа бргу се впива и помага за задржување на влагата во кожата. Тоа масло е чисто и не се меша со ништо друго, освен со вода за разлика од другите масла.
Ако не ви се допаѓа мирисот на маслиновото масло, може да му додадете малку од омиленото млеко за тело.

Ги освежува ноктите

Ако имате кршлива и оштетена кожичка околу ноктите, натопете ги ноктите во малку топло маслиново масло (за пријатен мирис исцедете и малку лимонов сок). Веќе по неколку минути ноктите ќе ви станат поцврсти и ќе ви се омекне кожичката околу нив, така што ќе можете лесно да ја потиснете надолу.

Третман за меки дланки

За кожата на рацете да ви биде мека ставете неколку капки маслиново масло на рацете пред спиење, облечете памучни ракавици и оставете ги преку ноќ.

Нега на усните

Ако имате суви и оштетени усни, нанесете тенок слој маслиново масло. Сигурно ќе ви помогне.

„Мевлем“ за лицето

Ако сакате кожата на лицето да ви биде помека и полна со влага, втријте маслиново масло во кожата, а на оштетените делови ставете малку повеќе масло.
Направете маска за лице со маслиново масло и со козметичка глина или со авокадо. Оставете ја на кожата од 5 до 10 минути и потоа измијте се.

Користете го и за купка

Додајте неколку лажици маслиново масло во купката за кожата да ви биде помека. Есенцијалните масла од типот на лаванда или јасмин ќе го подобрат мирисот на вашата купка.

Ги лекува грубите стапала

Ако имате сува кожа на стапалата, измасирајте си ги навечер со маслиново масло, ставете чорапи и оставете ги преку ноќ.

Вади и шминка

На пакукче или на шамиче нанесете малку маслиново масло и со тоа извадете ја шминката. Добро е исто колку и кое било млеко за чистење на шминката.

Сувата кожа - минато

Ако имате сува кожа, секојдневно втривајте маслиново масло на местата на кои кожата ви е сува или каде што ви се појавуваат стрии. Исто така, може да ви помогне и ако страдате од псоријаза. Направете емулзија како мајонезод вода и масло, која ќе ја нанесете на оштетените делови на кожата. Загрејте маслиново масло со 45 грама пчелин восок додека не се растопи и тогаш изладете ја смесата. Ако сакате погуста смеса, додадете уште пчелин восок. Освен тоа, за згуснување на смесата може да употребите и агар, екстракти од морски треви или глицерин.


Ја прави косата цврста

За оштетена и кршлива коса се препорачува по миењето со шампон да се нанесе смеса која сте ја подготвиле од маслиновото масло и јајца. Течноста ќе ја направите така што ќе изматите едно јајце и ќе го измешате со една половина од три четвртини од финџалот со маслиново масло. Оставете ја смесата на коса 30-45 минути покриена со пластична вреќичка. Во зависност од состојата на влакната се препорачува месечен или неделен третман на косата.
За косата да ви биде погуста се препорачува да ја натопите со една половина или со три четвртини од филџанот со топло маслиново масло, да ја замотате со крпа и да ја оставите половина час.


Маслиновото масло како состојка

Маслиновото масло можете да го најдете како состојка во балсамите за усни, во маслата за бањање, во кремовите за раце, во маслата за масажа и во шампоните против првут.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom