Дознајте се` за....

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
ШТО СЕ НОСНИ СИНУСИ?

Носните синуси се продолженија на носната шуплина,нормално исполнети со воздух.Овие шулини се обложени со продолеженија на на слузокожата од носната дупка,а слузот од синусите се слева во носот.Постојат многу мислења за тоа зошто имаме сиснуси.Можно е дека тиа придонесуваат за загревање на воздухот што поминува низ носот и ја одржува неговата влажност.Воспалението на синусите може да настапи по силна кивавица или грип или некоја друга заразна болест.Во текот на воспалението на синусите се чуствува бол на лицето,на челото или покрај очите.Воспаленијата на синусите ретко бараат да се изврши операција.А кога таа се врши целта е да се прошири отворот на носот заради подоброто истечување на слузот.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
КАКВА Е УЛОГАТА НА КРАЈНИЦИТЕ?

Постојат неколку крајници со различна големина.Крајниците се мали јазли составени од посебен вид ткиво, што се вика лимфоидно ткиво.Поради својата положба имаат посебна задача:тие се првата одбрана од инфекциите што влегуваат низ носот и устата.
Најголемиот чифт крајници шшто лежат близу непцетосе викаат непцеви крајници.Високо и назад во грлото има неколку помали крајници,нив ги викаме трет крајник
Крајниците се покриени со истиот мазен оммотач што ја обложува устата.На крајниците овој омотач се спушта во длабошина и нурка во крајникот.На тој начин се формираат длабоки џепчиња што се викаат крипти.Криптите ги задржуваат бактериите и другите материи од устата.Бактериите што влегуваат во криптите ги опколуваат белите крвни зрнца и помагаат тие бактерии да се уништат.Нормална улога на крајниците да се борат против инфекциите.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
ШТО Е РЕФЛЕКС?

Рефлексот е автоматска реакција на нашето тело,врз која немаме контрола,затоа што таа не е почната во нашиот мозок.Исто така можеме рефлексот да го опишеме како автоматска работа на организмот.
Како настанува рефлексот? Кога сензитивните клетки ќе ја примат надразбата од кожата,таа оди кон 'рбетниот мозок и оттаму се пренесува на моторните клетки .Моторните клетки им ги упатуваат струите на определени мускули и ја предизвикуваат нината рабора.Овие нервни имппулси не поминуваат низ мозокот.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
ЗОШТО ПЛАЧЕМЕ?

Нашите очни капаци се набори од кожа што се спуштаат и се креваат како театарска завеса.Клепките се движат толку брзо што не му пречи на нашиот поглед.
Во надворешниот агол на окото постои солзна жлезда.и кога се смееме многу ни потекуваат солзи тоа е поради мускулите кои ги затегнуваат солзните жлезди и тие почнуваат посилно да лачат.
Тогаш каква е врската помеќу солзите и тажното расположение ? Кога сме тажни,нашите чуства место да се искажат со зборови се канализираат во механизмот којшто ги создава солзите.Тое е рефлексивно дејство што се случува и против волјата затоа што нашиот организам така ги изразува чуствата што не можеме или не сакаме да ги изразиме со зборови.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Протеин од косата регенерира нерви

Протеин пронајден во човековата коса ги подгрева надежите за целосно регенерирање на нервното ткиво, што може да отвори пат кон нов третман на скинати нерви.
Научници од Вејк Форест Универзитетот јавија дека истражувањата врз животни покажале дека протеинот кератин го забрзал процесот на регенерација на нервите и подобрување на нивното работење, и тоа многу подобро отколку третманите кои сега се користат.
„Откривме дека нервите се регенерираат многу побргу и конзистентно, и поголемо е оправувањето на нервната функција. Фактот што успеавме да го постигнеме тоа со користење на гел, направен од кератин е навистина извонредно“, вели професор др. Марк ван Дајк.
Сегашните третмани се базираат на микрохирургија, која опфаќа сошивање на краевите на нервите, притоа користејќи нерви од други делови од телото за замена на оштетениот дел. Се користи и цевче во кое се сместуваат краевите на скинатиот нерв со цел нервните влакна да сраснат низ него и да се вратат во мускулот.
Земањето нерв од друг дел на телото обично е најефективниот начин, но притоа се создава нова повреда и за жал не може да се примени кај сите пациенти. Цевчињата пак не може да се користат при празнини поголеми од три - четири сантиметри. Овој метод не секогаш е успешен. На пример по 17-тата година, нервите не се регенерираат најдобро.
Тимот на Ван Дајк е прв кој успешно го употребил кератинот, за кој се верува дека содржи молекули кои го регулираат однесувањето на клетките.
Научниците собрале човечка коса од локалната берберница и со хемиски процес од неа го отстраниле кератин. Чистиот кератин го искористиле за правење гел со кој ги исполниле цевчињата. Тие проучувале како кератинот влијае врз активноста на Швановата клетка, која има важна улога во регенерацијата на нервите. Оваа клетка продуцирала сигнал кој дал наредба за почеток на регенерацијата и за „ремоделирање“, на згрутчената крв со цел нервите клетки да растат низ неа.
„Со употреба на кератинот за активирање на овие клетки, се обидовме да го поттикнеме природниот процес на залечување. Сметаме дека кератинот ја поттикнува и активноста на Швановата клетка и го забрзува процесот на регенерација кај клетките“, вели Ван Дајк.
Научниците исполниле цевче со кератин за да се регенерира четиримилиметарски прекин на нерв кај глушец, што е особено голем прекин ако се земе предвид големината на животното. Резултатите од ова животно се споредени со оние кај кои цевчињата биле празни и со оние кај кои е применета микрохирургија.
По шест недели, 100 проценти од животните кај кои е употребен кератинот и оние над кои била извршена микрохируршка интервенција, дале видливи резултати на регенерација, додека пак кај оние со празни цевчиња, успешноста е само 50 отсто. Најбрзо се регенерирале нервите кај што е употребен кератинот, и најдобро го пренесувале импулсот.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
ШТО Е ТОА ЗАУШКИ?

Заушките се заразна болест-потечување на плунчните жлезди одобено на доушните што лежат пред и малку под ушните школки.
Заушките се јавуваат кога овие жлезди ќе ги нападне вирус.Болеста се пренесува преку непосреден допир до заразениот.Вирусот се наоѓа во плунката и во течноста што се излачува од носот.
Заболениот од заушки има оток во пределот на увото и во задниот дел на долната вилица.Отокот прво се јавува на едната па на другата страна и најчесто е првиот знак за болест.Заушките се првенствено болест на децата и на младите луѓе иако во ретки случаи се среќаваат и кај возрасните.Децата најчесто ги добиваат на возраст од 5 до 15 години.
Кај децата најчесто заушките се безопасна болест доколку се забележи на време и ако се примени соодветно лекување.Бидејќи се лесно преносливи ,болниот треба да биде во посебна просторија за да се спречи ширење на болеста
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
А ШАРЛАХ?

Шарлах е болест којашто почнува на слузокожата на носот и грлото,а е проследена до брунки на коѓата.
Инфекцијата ја предизвикуваат бактерии од групата на стрептококот.Самата болест не е тешка но може да има сериозни компликации .Двете најлоши се ревматичната треска и воспаление на бубрезите.
Шарлахот најчесто се јавува во зима.половина болни од шарлахот се децата од 3 до 8 години,а 90 проценти од болните се помлади од 15 фодини.Кога еднаш ќе се прележи оваа болест се добива целосна отпорност кон шарлахот.Многу луѓе ги носат бактериите на оваа болест во носот и во гролото но не се болни,со кашлањето и кивањето тие ги пренесуваат бактериите и така шират зараза.Два до пет дена откако бил човекот изложен на инфекцијата болеста почнува со треска ,јанѕа и повраѓање.Грлото е многу болно,потечено .покриено собелузлава скрама.Јазикот исто така е црвен и на него се јавуваат мали црвени бубулчиња со големина на глава од топуска.
На другиот ден и по телото почнуваат да се појавуваат мали ,црвени точки, посебно на рацете и бедрата.
по 7-8 дена температурата се смалува ,болките во грлото престануваат, а кожата полека се лупи.За време на втората недела од болеста поголем дел од кожата на лицето и телото се рони во вид на првут.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
ШТО Е МЕНИНГИТИС?

Менингитисот не е едноставна заразна болест.Тоа е болно вопслаение и потечување на мозочните ципи.Менингитисо или мозочните ципи го обложуваат мозокот и 'рбетниот мозок, а се составени од ноколку слоја ткиво.
Иако менингитисот можат да го предизвикаат различните бактерии,најчесто го предизвикуваат бактериите што се викаат менингококи.Менингисот може да настапи од повреда и инфекција на главата или како компликација од туберкулоза ,голема кашлица грип, шарлах и некои други болести.
Во повеќето случаеви бактериите влегуваат низ грлото.
Некои луѓе носат бактерии во грлото а самите не заболуваат туку заразната болест ја пренесуваат на други.Затоа се викаат носачи на бактерии.
Од оваа болест најчесто боледуваат предучилишните и училишните деца.
Бактериите прво растатт во крвта ,предизвикувајќи треска и обично црвено сиоење на кожата.Наскоро потоа бактериите преминуваат и на мозочните ципи и го предизвикуваат нивното воспаление:тогаш настанува притисок во главата што болниот го чуствува како силна главоболка.Вратот е вкочанет и зафрлен наназад.
Во борба против оваа болест лекарите обично користат"сулфа" лекови и антибиотици.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Како настануваат брчки ?

Еластичниот и растеглив протеин-колаген на кожата и дава младешки изглед, еластичност и затегнатост, но гледано хемиски колагенот е многу лесна мета...


Главната причина за појава на брчките се постојаните повторувачки движења и гримаси на лицето кои ја оптегнуваат кожата секогаш во иста правец. Но покрај тоа, една од главните причини за појавата на брчки на лицето е -сонцето.





Еластичниот и растеглив протеин-колаген на кожата и дава младешки изглед, еластичност и затегнатост, но гледано хемиски колагенот е многу лесна мета за слободните радикали. Постојаните напади на слободните радикали во текот на многу години предизвикуваат промени во структурата на колагенот.

Молекулите на коаген се распоредени во паралелни снопови кои понатаму се распоредуваат еден врз друг и и даваат на кожата полност и мазност. Но, слободните радикали ја ослабуваат врската помеѓу слоевите на колаген и тој станува мек и нееластичен. Кожата започнува да изгледа старо.

Покрај слободните радикали кои природно се создаваат во нашиот организам, сончевата светлост додатно го интензивира создавањето на слободни радикали. Секогаш кога кожата е изложена на сончева светлина таа ги апсорбира сончевите зраци поради што се активираат слободните радикали.

Сонцевата светлост исто така ги поттикнува ензимите кои ги уништуваат мастите во клетките на кожата а со тоа и ослободување на архидонска киселина, хемикалија која го започнува процесот на воспаление-што го забрзува процесот на сатреење на кожата.

Во внатрешноста на клетките на кожата, штетата настаната со делувањето на слободните радикали делува како активатор на хемикалиите кои пак на ДНК молекулите им порачуваат да поттикнат воспаление. Секогаш кога овој процес ќе се случи, воспалението остава мали лузни, а кога овие лузни ќе се насоберат се појавуваат брчки.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
[FONT=trebuchet ms,geneva]Ако имате настинка, не значи дека треба да очекувате да бидете болни и нерасположени цела недела. Општо познато е дека нема лек за обичната настинка. Но што е со останатите продукти кои тврдат дека можат да ви помогнат да се чувствувате подобро?


[/FONT][FONT=trebuchet ms,geneva]Што е ефективно[/FONT] [FONT=trebuchet ms,geneva] [/FONT]
  • [FONT=trebuchet ms,geneva]Вода и други флуиди. Неможете да ја отстраните настинката така лесно од вашиот организам, но пињето многу вода може да помогне. Вода, сок од овошје и сок од лимон со мед ја спречуваат дехидратацијата. Избегнувајте алкохол, кафе и кофеинизирани продукти.[/FONT]
  • [FONT=trebuchet ms,geneva]Солена вода. Проплакнете ја усната шуплина со една лажичка сол растворена во 2 дл вода. Тоа може моментално да го опушти вашето воспалено грло.[/FONT]
  • [FONT=trebuchet ms,geneva]Капки за нос. Капките не водат кон влошување на симптомите и кога лекарствата се намалени. Повеќете се безбедни за употреба и неиритирачки, дури и за децата.[/FONT]
  • [FONT=trebuchet ms,geneva]Пилешка супа. Генерации родители сосила им ставале на своите болни деца супа во устите. Научниците ја тестираа пилешката супа и открија дека наводно ја олеснува состојбата на болните со симптоми на настинка и грип.[/FONT]
  • [FONT=trebuchet ms,geneva]Прекумерни лекарства. Апчињата против болка и други релаксанти без рецепт нудат симптоми на опуштање и подобра моментална состојба, но тие нема да ја спречат настинката или да го скратат нејзиното траење. Повеќето имаат негативни ефекти.[/FONT]
  • [FONT=trebuchet ms,geneva]Влажност. Вирусите настојуваат да опстанат во суви околности, што е причина зошто настинките се почести во зима. Премногу влажниот воздух пак, може да создаде околина за габи и други бактерии. Менувајте ја водата во вештачкиот навлажнувач дневно и чистете го повремено.[/FONT]
[FONT=trebuchet ms,geneva] [/FONT]

[FONT=trebuchet ms,geneva]
Што не функционира
[/FONT]

[FONT=trebuchet ms,geneva] [/FONT]

  • [FONT=trebuchet ms,geneva]Антибиотици. Тие ги уништуваат бактериите, но не помагаат против вирусите на настинката. Избегнувајте да ги користите старите домашни залихи или да барате рецепт од вашиот матичен лекар.[/FONT]
  • [FONT=trebuchet ms,geneva]Антихистамини. Антихистамините можат да ви помогнат со течењето на носот, влажните очи и кивањето што следи од алергиите, но имаат обратен ефект со симптомите на настинка, сушејќи ги носните мембрани, со што им дозволуваат на вирусите да продрат.[/FONT]
  • [FONT=trebuchet ms,geneva]Прекумерно конзумирање на сирупи за кашлање. Во зима, сирупите за кашлање кои се продаваат во аптеките одат како алва. Американскиот медицински институт го обесхрабрува користењето на овие медикаменти бидејќи тие не се ефективни и иако можат да доведат до олеснето кашлање, количините кои се земаат се премали за да ви помогнат. Истотака тие можат да бидат штетни и за децата па затоа не се препорачуваат за болни помали од 14 год.[/FONT]
[FONT=trebuchet ms,geneva] [/FONT]
[FONT=trebuchet ms,geneva] [/FONT]
[FONT=trebuchet ms,geneva] Што не би можело да наштети[/FONT]
[FONT=trebuchet ms,geneva] [/FONT]
  • [FONT=trebuchet ms,geneva]Витамин Ц. Витамиот Ц наводно не ја спречува настинката кај повеќето луѓе, но земањето големи дози(до 3000мг) на почетокот на настинката всушност би можело да ги ублажи симптомите.[/FONT]
  • [FONT=trebuchet ms,geneva]Цинк. Неговата репутација во борбата со настинките имаше свои падови и успеси. Земањето на цинк во исхраната ги намалува негативните ефекти, вклучувајќи ги лошиот вкус во устата и мачнините.[/FONT]
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Жива – Необичен метал

При кршење на термометар, живата се разлева во ситни капки, кои изгледаат како да скокаат наоколу и со секој скок стануваат се поситни и поситни...Живата е навистина фасцинантен елемент...


На сите ни е позната она материја во термометарот или апаратот за притисок во ординациита, а оние кои виеделе скршен термометар, можат да замислат зошто овој елемент на македонски се вика жива.

При кршење на термометар, живата се разлева во ситни капки, кои изгледаат како да скокаат наоколу и со секој скок стануваат се поситни и поситни...Живата е навистина фасцинантен елемент, таа е во суштина метал кој на собна температура е во течна состојба и се шири и собира во правопропорционален однос со околната температура и притисок. Но, живата спаѓа во групата на тешки метали кои можат да бидат многу отровни ако влезат во човечкиот организам.

Токсичноста на живата зависи од обликот на живата како и од начинот на кој влегува во организмот: со вдишување, со проголтување или со контакт преку кожата.

Елементарната жива на собна температура е течност која бавно испарува, во гас без боја и мирис. Ако се вдиши живата во таква фрома, таа преку алвеолите преминува во белите дробови и влегува во крвотокот, со кој се пренесува во централниот нервен систем или останува во еритроцитите. Со вдишување на елементарна жива можат да настанат тешки оштетувања на белите дробови, некротизирачи бронхитис и воспаление на белите дробови, а оштетувањето на мозокот се карактеризира прво со лесна несоница и тресење на рацете, а потоа со губење на меморијата и емотивна нестабилност. Исто така, настануваат оштетувања и на бубрезите. Од друга страна, ако живата се внесе преку уста, помалку од 0,1% од проголтаната количина се ресорбира, така да оштетувањата се неспоредливо помали, а преку кожата не се ресорбира речиси воопшто.

Живата денес воглавно се употребува во термометрите. Најчестото прашање е: Што треба а што не смее да се прави доколку дома се скрши термометар.

· Сите домашни, особено децата мора веднаш да ја напуштата просторијата. За да се намали испарувањето треба веднаш да се исклучи греењето и да се отворат прозорите.
· Живата се разлева во ситни капки, кои многу лесно се распаѓаат не се помали и помали капки. Никогаш не ги допирајте капките од ѓива со голи раце, туку ставете гумени ракавици! Најдобро е да се проба да се соберат со хартија или парче картон, да се стават во стаклена тегла или пластична вреќa
· Во случај живата да се разлее по тепих, за жал тој дел од тепихот треба да се отсече, затоа што нема начин теписонот целосно да се исчисти.

Никогаш не користете правосмукалка за да ја соберете живата! Топлината уште повеќе ќе го забрза испарувањето на живата!

Треба да се спомене дека треба особено да се внимава на „чудотворните“ лекови од надрилекарите кои се „природни и лечат не речиси се, туку апсолутно се!“, а во кои многу лесно може да се случи да има жива, во најотровните варијанти-како на пример живин бихлорид (порано често применуван за самоубиство и покрај ужасната смрт која ја предизвикува-поради каустичниот ефект прави дупки, перфорации во храноспроводниот тракт, силно крварење и циркулаторен колапс).
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Дали се одвојува душата од телото?

Европските научници дошле до објаснување на мистериозното „вонтелесно“ искуство кое обично го опишуваат пациентите кои преживеале состојба на клиничка смрт. Изгледа дека сепaк душата не лети никаде.


Европските научници дошле до објаснување на мистериозното „вонтелесно“ искуство кое обично го опишуваат пациентите кои преживеале состојба на клиничка смрт. Изгледа дека сепaк душата не лети никаде.

Резултатите од британскиот и швајцарскиот експеримент на здрави волонтери објавени во списанието Science нудат разумно невролошко објаснување на необичното доживување кое често се толкува како одење на оној свет. Вонтелесното искуство лицата го опишуваат како чувство на одвојување од сопственото тело кое го гледаат од извесна оддалеченост.



Лекарите сметаат дека се работи за пореметување на сензорниот систем при кој видот, допирот и специфичното чувство дека сме во телото, под влијание на стресот веќе не се поврзани како што треба.

Новото истражување покажува дека „интеграцијата на различни сензорни модалитети е многу важна за одржување на чувството каде точно се наоѓа нашето тело во просторот и каде сме ние во однос на нашето тело“ - Д-р. Kevin Nelson, професор по неврологија на Универзитетот Kentucky во Lexington. Ако досега се мислеше дека овој феномен е редок, во реалноста многу често се доживува и под влијание на висока температура, алкохол и халуциногени дроги.





„ Всушност еден од 20 лица имал „вонтелесно искуство“- Д-р. Nelson. Но бидејќи овој феномен во реалноста е надвор од контрола и се случува спонтано лекарите досега не можеле со сигурност да кажат за што се работи.

Во текот на две ноќи од студијата научниците пробале да предизвикат иста состојба кај испитаниците, здрави волонтери. Опремени со технолошки 3-Д направи кај испитаниците се створило бизарна претстава дека го гледаат своето тело на оддалеченост од 3 метри, објаснил Д-р. Henrik Ehrsson од University College London's Institute of Neurology, главен изведувач на студијата. Манипулирајќи со видот и другите сетила научниците докажале дека клучот е во тоа што сетилата, поради некоја причина, на пример екстремен стрес, не можат точно да одредат каде се наоѓа телото.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Кога мозокот ќе заборави каде му е меморијата

Наизглед нормални луѓе наеднаш оставаат се во своите животи и исчезнуваат, без воопшто да се сеќаваат кои се, од каде се и каков живот имале порано. На прв поглед ќе помислите дека се работи за научна фантастика, но вакви работи се случуваат и во реалниот свет.

Минатата година еден адвокат од Westchester County-57 годишен маж, сопруг и татко на две деца-ја напуштил гаражата во близина на неговата канцеларија и исчезнал. Шест месеци подоцна бил пронајден во едно прибежиште за бездомници во Чикаго, каде живеел под сосема ново име без воопшто да се сеќава кој бил претходно и од каде потекнувал.

Истрагата на чикашката полиција не успела да му помогне на човекот да го открие сопствениот идентитет. Вистината за тоа кој бил порано се дознала благодарение на “ America‘s most wanted“-познато телевизиско шоу кое се емитува низ повеќе држави во САД. Кога воспоставил контакт со својата фамилија, тој воопшто не можел да ги препознае своите најблиски.

Ненадејна промена

Станува збор за едно ретко но интригантно емоционално нарушување, познато како дисоцијативна фуга или дисоцијативна амнезија.

Луѓето со ваков проблем нагло и неочекувано ја напуштаат својата вообичаена средина на секојдневно живеење и „заминуваат на патување“ кое може да потрае неколку часа но и по неколку месеци. Додека се наоѓа во состојба на фуга, индивидуата целосно го губи својот стар идентитет, а покасно стекнува сосема нов. Ваквите луѓе не се сеќаваат како се викаат, не знаат ништо за својот поранешен живот и не можат да си ги препознаат пријателите и своите роднини. Често не се сеќаваат како воопшто стигнале таму кај што во моментот се наоѓаат.

Иако губењето на меморијата може да настане поради повеќе причини, кај дисоцијатвната фуга не постојат одредени органски и медицински оштетувања. Напротив, истата обично е предизвикана од многу силен стрес или некој емотивен трауматски настан кој е толку болен за личноста што мозокот како нагло да се исклучува (shut down) и брише се од своето сеќавање (erase), исто како кога ќе потфрли хард дискот на компјутерите.

Но за разлика од компјутерот, чии незачувани (unsaved) податоци се губат засекогаш, повеќето ако не и сите пациенти кои страдаат од дисоцијативна фуга на крај сепак си ја обновуваат целата своја меморија и тоа најчесто нагло, исто како кога ја изгубиле.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Слепото црево сепак има улога

Веќе со генерации слепото црево се смета за бескорисно и сувишно. Лекарите сметаат дека нема никаква функција, хирурзите рутински го отстрануваат а пациентите кај кои е отстрането слепото црево немаат никакви здравствени проблеми без него. Но...


Минатата недела тим на хирурзи и имунолози од медицинскиот факултет Duke ја објавија теоријата дека наизглед бескорисното слепо црево кое често предизвикува проблеми има важна улога-произведува и ги штити добрите микроорганизми кои ги населуваат цревата.

Веќе со генерации слепото црево се смета за бескорисно и сувишно. Лекарите сметаат дека нема никаква функција, хирурзите рутински го отстрануваат а пациентите кај кои е отстрането слепото црево немаат никакви здравствени проблеми без него. Од друга страна, инфекција на слепото црвео - апендицитис се развива брзо и доколку слепото црево не се отстрани навреме може да биде смртоносно.



Според новата теорија, функцијата на слепото црево е сврзана со големите количини на бактерии кои ги населуваат цревата и представуваат природна флора на цревата. Најголем дел од нив се добри бактерии кои го потпомагаат варењето на храната.

Понекогаш се случува добрите бактерии да изумрат или многу да се намали нивниот број како на пр. при одредени болести - колера, дизентерија предизвикана од амеби и тн. Тогаш е важна улогата на слепото црево да ја обнови флората на цревата. Професорите Parker и Duke тврдат дека слепото црево е еден вид на безбедно складиште на добри бактерии а оваа теорија ја подржува и положбата на слепото црево кое се наоѓа како црволик израсток на нормалниот еднонасочен пат на храната и микрооргазнизмите во цревата. Слепото црево се однесува како фабрика и одгледувалиште на добри бактерии.

Иако слепото црево има улога сепак при воспаление мора под итно да се отстрани!




Професрот по биохемија Douglas Theobald тврди дека оваа теорија е логична и и дава смисла на еволуцијата и додава дека и други органи кои се сметаат за „неважни“ како крајниците имаат многу важна улога.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Колку знаеме за човечкиот мозок?

Тој постојано се истражува, особено неговото функционирање, и постојано се откриваат нови нешта. Од она што е досега познато:
Човечкиот мозок, таа маса на испреплетени нервни станици, ги одредува нашите осети, чувствата, паметењето, интелигенцијата, креативноста, мислите и постапките. Овој дел од нашата анатомија навистина го прави она што ние во суштина сме. Мозокот е посложен и посестран од кој било компјутер.
Мозокот на човекот тежи околу 1.300-1.400 грама. За споредба, мозокот на шимпанзото тежи 420, а на слонот 4.000 грама.
Се проценува дека во човечкиот мозок постојат 100 билиони (100.000.000.000) нервни станици, кои можат да им испраќаат пораки на илјадници други станици со брзина од 320 километри на час. Кога сите нервни станици на мозокот би ги наредиле една до друга, би создале замислена линија долга 1.000 километри (но линијата би била мошне тесна, со широчина како илјадити дел од 1 милиметар).
Истражувачите на мозокот во изминатото десетлетие сознале повеќе за тоа како тој работи отколку во последните стотина години. Последното десетлетие на минатиот век било прогласено за "Декада на мозокот". Разбирањето на начинот на кој човечкиот мозок функционира е еден од најголемите предизвици на 21-от век.
Техниките на сликање на мозокот, како што е позитронската емисиска томографија (ПЕТ) или магнетната резонанца (МР), им овозможија на научниците да го истражуваат човечкиот мозок и подобро да сфатат како работи здравиот мозок. Овие истражувања пружаат подобро разбирање на лечењето на болести и пореметувања на мозокот.
И покрај митот дека постарите луѓе не можат да учат нови работи, истражувањата на мозокот кај здравите постари луѓе покажале дека не постојат докази кои би ја поддржале оваа предрасуда. Исто така, стареењето не значи дека лицето ќе го изгуби своето помнење. Напротив, истражувањата покажуваат дека колку некој во текот на животот го одржувал поактивен својот мозок, тој подоцна ќе задржи и поголема ментална подвижност. На постарите луѓе им е потребно повеќе време нешто да научат, но се чини дека тие и го запаметуваат она што го научиле еднакво добро како и младите луѓе.
Во текот на мошне раното детство во мозокот на детето се создаваат милиони врски. Овие врски се засилуваат ако детето е вклучено во активности со својата околина, вклучувајќи и разговор со него, ако му се чита, како и да се игра со него.
Длабоко во засолништата на човечкиот мозок лежат одговорите на многу медицински мистерии на денешницата. Многумина не се свесни кои се болести и оштетувања се поврзани со мозокот. Мозочен удар, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, депресии, стрес, пореметувања на хранењето, пречки во учењето, епилепсија, шизофренија, аутизам и мултиплекс склероза, се примери на болести и пореметувања кои погаѓаат многумина луѓе од сите старосни групи во Европа и во светот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom