Дознајте се` за....

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Скај ти пружам рака за ова.
А ќе сакаш нешто околу хормоните инсулин и адреналин?
Ти ветив синојка, но испадна дека подобро ќе биде да си потражиш на интернет, пошто така ќе си најдеш апсолутно од А до Ш за било кој хормон, јас се што имам е скратен дел од литература кој ми е зачуван, кратки одговори кои и не би имале ефект, да кажеме ептен стручни:)

Еве само општо за хормоните.


ШТО СЕ ТОА ХОРМОНИ??


хормоните се лачат од жлезди со внатрешно лачење,што значи дека тие се излачуваат во организмот.Тие се викаат уште и жлезди без излезен канал,зашто своите производи не ги упатуваат во каналите,туку непосредно во крвотокот.
Секој хормон има свое посебно дејство во телото .Воопшто,задачата на хормоните е да го регулираат внатрешните функции на телото,како што се растењето,исхраната,создавањето резерви на хранливи материи и нивно користење.Ако жлездите произведуваат премногу или недоволно хормони,тоа може да доведе до ненормален физички изглед.
Хипофизата е најважна од сите жлезди ,зашто таа управува со работата на сите други жлезди со внатрешното лачење.Нејзината големина навистина изненадува:оваа важна жлезда има големина на зрно грашок и исто толку тежи.Таа е придодадена кон долната површината на мозокот и заштитена е со соседната коска.Иако хипофизата е толку мала ,разделена е на две јасно одделени резенчиња -предно и задно.Низ задното резенче .кое е помало од преднодото, поминуваат повеќе од 50.000 нервни влакненца.Хипофизата го надгледува и развојот на полните особини кај мажот и жената .Таа управува со оној дел од прометот на материите,којшто има задача храната за да ја претвора во разни облици на енергија .
Штитната жлезда ,којашто е сместена во вратот произведува хормони што го потстакнува растењето и развојот на телото и процесите на метаболизмот во него.

Другите жлезди во телото произведуваат хормони од кои зависи дали ќе се однесува како момче или како девојче.Како што гледате,во добар дел од хормоните зависи како ќе изгледате и какво ќе ви биде здравјето.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
ЗОШТО СТАРЕЕМЕ?

Стареењето е процес кој почнува од самото раѓање и продолжува во текот на целиот живот.Кога некој навлегува во се подлабока старост ,сите движења и животни процеси на организмот се успоруваат.Човекот губи дел од својата сила и неговите чула ја губат острината.Обично доаѓа до смалување на тежината и висината.Заедно со ова може да дојде и до слабеење на видот,делумна глувотија,бела коса и до тромавост и помала подвижност на кожата.
Сите луѓе не стареат со еднаква брзина ,но некои промени што доаѓаат со годините не можат да се избегнат ,зашто тие се случуваат во ткивата на телото и во сите негови органи.На пример,клетките на бубрегот,џигерот,панкреасот и слезинката постепено почнуваат да пропаѓаат ,зашто крвните садови стареат и не можат да вршат доволно снабдување на крв и храна како порано.
Целокупниот систем за крвоток во организмот почнува да се менува со годините и не функционира онака активно како некогаш.Поради промени ние дури и не дишеме на ист начин.Очите.ушите ,коските,зглобовите,крвта .кожата,ноктите и забите ,сето тоа почнува да се дегенерира и да пропаѓа.Тоа е причината что постариот свет често мора да го промени својот начин на живеење и на исхрана.
Овие промени се биолошки и не можат да се спречат едноставно затоа што остарените ткива и органи не можат да работат со полна сила.Старосните промени не се секогаш исти.Човекот од шеесет години може да има некои ткива и органи како човек од осумдесет години,додека други органи можат да му бидат сочувани како кај човек од четириесет години ,триесет ,па дури и од дваесет години.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Зошто на човечкото тело му е потребна вода?

Водата сочинува шеесет проценти од човечкото тело.Кога би можеле чоечкото тело да го ицедиме би добиле околу 50 литри вода.Таа поради материите кои ги содржи не како обичната вода. Во крвните садови се наоѓаат околу 4литри вода што ја одржува срцето во постојано кружење низ телото.Оваа крвна вода со постајаното течење ја капе секоја клетка на човеќкото тело.Водата игра улога на спроводник на топлината низ телото. Дури и ако не се пие вода во текот на денот вие внесувате еден литар вода низ цврстата храна што ја јадете.Покрај тоа секој внесува околу два литри вода дневно во вид на течност, испиената вода од цревата влегува во крвта.Количината на вода во крвта постојано останува иста.и коа сме многу жедни во текот на жежок ден крвните садови содржат иста количина вода без обзир на тоа колку вода ќе испиеме, количината на вода во крвните садови останува иста.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Потење

Потењето е еден од начините што обезбедува одржување на нормална телесна температура.

Ако температурата на крвта е порасната центарот за ладење почнува да работи.Процесот на оксидација или согорување на материите се успорува и се случува уште нешто што е значајно.Крвните садови во кожата се шират а вишокот на топлина излегува со испарување на потта.Затоа на пример чуствуваме свежина по капење зашто водата што останува во допир со нашата топла кожа бргу се испарува и не разладува.Поради тоа и потењето е дел од процесот за ладење на телото.

Потењето е слично на туш што го мие телото,

течноста излегува низ безброј мали отвори на кожата во вид на видливи малечки капки кои брзо се испаруваат и брзо го разладуваат телото.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Што е тоа Албинизам?

Албинизам е недостаток на кафеав пигмент-меланин.А таквата личност се нарекува Албинос.

Името потекнува од латинскиот збор ALbus што значи бел.Албиносот има очи со розова боја, поради црвенилото на крвта во мрежниците на очите.Очите на албиносот се многу осетливи на светлина,затоа тие постојано трепкаат и ги држат делумно спуштени трепките.Влакната по телото и косата на албиносот се бели.Дури и ткивата во телото се бели.

Албинизмот не постои само кај луѓето туку и кај животните, оваа болест може да биде наследна.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
ОД ШТО СЕ СОСТОЈАТ КОСКИТЕ??

Цврстината на нормалните,здрави човечки коски е неверојатна.Коските мораат да бидат јаки зашто тие го прават костурот на кој се потпира целото тело.
Сите коски се од сличен состав.Коската е тврда ,со сивкаво бела боја ,дев третини од коскеното ткиво го сочинуваат неоргански или минерални материи,особено фосфатен варовник.Ова на коските им дава тврдост а истовремено ги прави и кршливи.Останатата третина од коските ја сочинуваат органска материја.Средината на коските е сунѓереста и исполнета со коскена срж.Еден дел од коскената сеж е складиште за мастите ,а во другиот дел на таа срж се создаваат крвни зрнца.Во коските се наоѓа мало количество на вода,која постепено исчезнува со стареењето на организмот.Колку помалу вода има во коските ,количеството на минерални матеерии епоголемо, поради што коските стануваат кршливи и побавно зараснуваат по кршењето.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
ЗА ШТО СЛУЖИ КАЛЦИУМОТ ВО КОСКИТЕ??

Телото на просечен човек содржи околу 1,5 кг калциум.Подолемиот дел од овој калциум се наоѓа во коските како главен дел на коскената маса.
Градбата на коските би можеле да ја споредиме со армиран бетон.Коските имаат влакна кои се викаат колагени влакна ,слични на железните жици што се свиткуваат и кои се ставаат во армираниот бетон.
Количеството на калциум во нашите коски се менува со годините во животот.Во текот на првата година на животот коските на детето лесно се виткаат поради малото количество на калциум.Детето може да се свиткува во сите можни насоки а да не скрши ниедна коска.Но кога човекот ќе достигне 80 години старост,неговите коски можат да содржат скоро 80 проценти калциум и да бидат лесно кршливи.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
КАКО ЗАРАСНУВА СКРШЕНАТА КОСКА??

Човечката коска е толку цврста што е вистинско чудо како воопшто некогаш се крши! Коската може да издржи товар триесет пати потежок од неговата тежина.Најака коска на човечкото тело е долната вилица.Таа може да издржи товар од околу 1.600 кг.
но сепак коската некогаш се крши под дејство на голема сила.Коскеното ткиво има голема голема способност само да сеобновува.при кршење на коската ,нејзините делови и мекото ткиво,мускулитеи крвните садови околу сркшеното се раздрани и повредени.Еден дел од повреденото ткиво изумира..Целата околина на сркшеното,што ги содржи коскените краишта и мекото ткиво, се натопени во засирена крв.
Само неколкучаса по кршењето ,младите клетки на врзовното ткиво почнуваат да се појавуваат во оваа засирена маса.тоа е прв чекор во зарастувањето на кршот.Овие клетки брзо се размножуваат и наскоро потоа во нивсе натрупува калциум.Во текот на 72 до 96 часа по кршењето ,тие формираат ткиво што ги поврзуваат краиштата на коската.Во новосоздаденото ткиво се натрупува повеќе калциум од обично .Калциумот помага повторно да се формира тврдата коска ,коај постепено во текот на неколку месеци се развива во нормалната коска .
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
ЗОШТО НА КОЖАТА НИ РАСТАТ ВЛАКНА?

Главна задача на влакната им е даја чуваат топлината на телото.Многу долги влакна на некои делови од телото имаат обично некоај посебна улога.
Штом ќе се роди детето тоа е покриено со мошне меки моблести влакненца.наскоро нив ги заменуваат тенки влакна по телото и мека коса што ја гледаме кај сите деца.Поттоа доаѓа време на пубертет и оваа влакнеста покривка се менува во конечна косместа покривка што ја имаат возрасните.
Развитокот на оваа конечна косместа покривка ја регулираат половите жлезси.Под влијание на на работата на машките полови жлези расте брадата,мустаките и влакната по телото,додека растењето на косата се успорува.Додека работат на женските полови жлезди е обратна.Овие разлики во растењето на влакната кај мажите и кај жените ги викаме секундарни сексуални карактеристики .Тоа се втори по ред одлики по кои се разликуваат двата пола.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
КАКО РАСТАТ ВЛАКНАТА??

Вланата настануваат така што се создава мала вдлабнатина во кожата во вид на столче што се спушта во поткожниот слој.После така се формира коренот на идното влакно, од коренот почнува да никне зачеток а потоа тој минува низ сите слоеви на кожата и се појавува како стебленце што стрчи над кожата.
Во коренот на влакното се наоѓаат четири различни слоеви клетки.тие се делат, се размножуваат и се пробиваат нагоре кон површината се до врвот на влакното. На површината на влакното овие клетки постепено се претвораат во рожни слични на клетките од површинскиот слој на кожата. Со клетките на коренот се наоѓаат и големи тркалезни масни клетки од кој произлегуваат материите за зградба на влакното. Брзината со која расте косата е измерена и е утврдено дека таа изнесува околу 1,5 центиметри месечно.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Што ја предизвикува Ќелавоста?

Постојат повеќе видови на ќелавост но во повеќето случаеви тоа е состојба пред која човекот е безпомошен и на која едноставно и нема лек(жалосно).

Најчесто косата паѓа на слепоочниците или пак ќелата се појавуваат на темето од главата тоа е најтежок вид на ќелавост против кој не се може ништо зашто има врска со гените односно е наследено.Многу често жените кои содржат гени на ќелавост ги пренесуваат на своите деца.
Најдобиот лек кога ќе се појави ќелавоста е тоа што побргу да се навикне личноста на неа.Прераната ќелавост се појавува кај луѓето дури и во дваесет и петтата година па дури и порано.Причини се нехигиената, недоволната гри нега и нарушувањето на рамнотежата на половите хормони. Во поново време фактор плус се и разните козметички производи.

Ненадејно губење на косата може да биде последица од тифус,шарлах, грип, леукемија итн
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
КАКО СЕ ОПРЕДЕЛУВААТ КРВНИТЕ ГРУПИ?

Сите луѓе немаат иста крв.Тоа е откриено неодамна, а се дотогаш крвта во итните случаеви се давала со непосредна трансфузија независно од таканаречените крвни групи.Поради тоа на половината болни им било уште полошо а многумина и умирале.
Истражувањата вод понов време покажуваат дека постојат повеќе крвни групи.За определување на крвните групи се потребни црвени крвни зрнца на давателот и серум на примателот на крвта.Серумот е еден дел на крвната плазма.Што се случува ако се помешаат различни групи на крв?Ако една капка крв која и припаќа на една група се додаде на крвта или на серумот од некоја друга крвна група црвените крвни зрнца се залепуваат и тоа се викаафлутинација.Во таков слушај обично црвените крвни зрнца се распаѓаат односно настанува хемолиза на крвта:Ете зошто е потребно определување на крвните групи.Кај шовекот постојат четири крвни групи: О,А,Б и АБ.
Црвените зрнца на групатаО не аглутираат со серумот на ниедна група.Со други зборови крвта од групатаО може да му се дава на секого по потреба за трансфузија, без оглед на неговата крвна група.Луѓето со крвната група О ги нарекуваме општи дарители.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
ШТО Е ИМПУЛС?

Во текот на работата на срцето настануваат паузи.ЗА време на паузите ѕидот на аортата се грчи.Ова грчење го тера вишокот на крвта да го продолжи низ приборот за крвоток.Наизменичнотот ширење и собирање или пулсирање создава бран што поминува низ целокупниот систем на астериии во организмот.
Бидечќи пулсот завосо од грчењето на срцето,тој ни зборува за за брзината на работата на срцето.Брзината на пулсот во органисмот зависи од потребата на организмот за крв.Малите организми губат повеќе топлина и затоа им е потребна и побрза циркулациј на крвта.
 

rich_bitch1

~DARLING~
Член од
15 март 2007
Мислења
744
Поени од реакции
5
aaa od tebe mozelo mn da se nauci :pipi:

ako mozes da napises nesto povekje za rak na jetrata i bubrezite,i za toa kolku ovie dve bolesti se povrzani so konzumiranjeto na alkohol?
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
ЗОШТО ВО НОСОТ СЕ ИЗЛАЧУВА СЛУЗ?

Воздухот во нашето тело влегува низ нос.Меѓутоа пред да влезе во белите дробови мора да се загрее и да се пречисти.Првото чистење на овој воздух го вршат влакненцата во вид на четка што се наоѓаат на влезот на носот.Тука се запираат грубите честички .Слузот на носот е проѕирен како стакло.Подоцна добива сивкаво-зелена боја затоа што се мешаат зрнцата прашина што слузот ги запрел.Од носот па се до воздушниот простор не белите дробови-алвеолите патиштата по коишто минува воздухот се обложени со клетки од кои се израснуваат нежни,мали влакненца,трепки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom