Дознајте се` за....

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Витамин К

Витаминот К е растворлив во масти и делува во црниот дроб. Влијае на синтезата на протеини во црниот дроб, протеини кои учествуваат во коагулацијата на крвта. Витамин К спречува крварење. Неговиот недостаток се забележува кај некои болести на дигестивниот тракт или кај прерано родените деца.


Постојат два извори на витамин К:

- цревните бактерии произведуваат количина која учествува во задоволување на дневните потреби. Јаки или долготрајни дози на антибиотици можат да ја нарушат „пријателската“ цревна флора на бактерии и да предизвикаат недостаток на витамин К

- продукти посебно зеленчук како што се репа и зелка содржат значителни количини на витамин К


 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Значењето на витамините и минералите за здраво потом..

Познат е фактот дека витамините и минералите се значајни за здрав и квалитетен живот. Но дилемата, а многу често и контроверзен став, е кои суплементи, кога и во колкава количина треба да бидат застапени во нашиот живот.

Официјалните ставови на одредени напредни и развиени земји, различните мислења на стручњаците, публикации по весници и списанија доведуваат до заблуда и го поттикнуваат најголемиот дел од популацијата кон неконтролирано внесување на витамини и минерали. Витаминизација на широките народни маси не е само наш проблем, повеќето земји кои се во транзиција се среќаваат со овај проблем. Се разбира најзагрозени и најосетливи групи се: децата, трудниците, доилките и постарата популацијата т.е. во „трето животно доба“.

Како да се определи правата количина?

Запознавајќи ја физиологијата на бременоста, започнувајќи од преконцепцискиот период (неколку месеци пред бременоста), па концепцијата (оплодување), ембриогенеза (првите 12 недели од бременоста), како и растот и развојот на фетусот во тек на десет лунарни месеци, периодот на лактација, ќе го посочам значењето на правилна, добро избалансирана исхрана и суплементација со витамини, минерали и олигоелементи во овој период.

Кога се зборува за правилна исхрана мора да се нагласи дека не е сеедно дали жената во бременоста е со вишок, недостатотк или со оптимална тежина. Затоа на секоја трудница индивидуално мора да и се определи диета (правилен начин на исхрана). Трудницата често мора да јаде најмалку пет пати на ден, но оброците мора да се добро избалансирани, а не само преобилни. Денес скоро да нема трудница која што не знае дека „НЕ ТРЕБА ДА ЈАДЕ ЗА ДВАЈЦА“.

Напротив енергетските потреби во калории дури во втората половина на бременоста се зголемуваат за 300kcal/на ден, а при лактацијата за 500kcal/на ден. Ограниченото зголемување во енергетска смисла е последица на промените во физичката активност, како и зголемувањето на базалниот метаболизам.




Посебно е важно, во првите недели од бременоста да не гладува т.е. да не биде во хипогликемија, бидејќи тоа може да предизвика и аномалии кај детето. Трудницата мора преку својата исхрана да го снабдува фетусот со сите нутритиенти за да овозможи оптимален раст и развој на плодот. Во текот на бременоста мора да се внимава на добра избалансираност на протеините, мастите и јаглените хидрати. Имајќи предвид дека протеините се основни градбени компоненти на растечкиот фетус мора да се внесуваат во доволни количини. Препораките (RDA – recommended dietary allowances, од FDA) се дневната количина да биде околу 60 g/на ден т.е. околу 10 – 16 g повеќе отколку пред бременоста.

Во бременоста значително се зголемуваат потребите од железо, околу 50% повеќе отколку пред бременоста. Според RDA железо треба да се внесува 27 mg/на ден. Железото е битно бидејќи е составен дел од хемоглобинот и е одговорно за снабдување со кислород на секоја клетка. Несоодветно снабдување со кислород може да предизвика компликации во самиот тек на бременоста, компромитиран раст и развој на фетусот, животно да ја загрози мајката за време на породувањето, а во најтешките случаи може да има летален исход и по мајката и плодот. Жените ретко ја започнуваат бременоста со депоа на железо кои би овозможиле бременоста да се одвива нормално, а притоа здравјето на мајката да не е загрозено. Дури и бремените кои водат сметка за добро избалансирана исхрана, мора да суплементираат железо за да се избегнат компликации. Студии покажуваат дека бремените кои во тек на првиот триместар ја започнуваат суплементацијата со железо имаат значително помал број на предвремени породувања, раѓаат деца со поголема телесна маса, со подобра оценка при породувањето, поретко се јавува недоволно развиен плод и компликации при породувањето. Посебно треба да се истакне дека не е доволно да се внесува само препарати од железо од почеток на бременоста, но секогаш треба да се потенцира да се внесува железо преку месо и зеленчук.

Посебен акцент се става на суплементацијата на фолна киселина и минерали за време на бременоста и преконцепциски. Овој период пред бременоста е многу битен за да се намали ризикот од негенетски конгенитални малформации и дефекти на невралната цевка на плодот. Суплементацијата на фолна киселина и во првите недели од бременоста е од суштинско значење за спречување на аненцефалија и спина бифида (недоволна развиеност на ЦНС). Фолната киселина учествува во клеточниот метаболизам, посебно е битна за синтеза на ДНА и РНА, а нејзиниот недостаток може да прадизвика оштетување на постелницата, проблеми со притисокот, прееклампсија, зголемување на нивото на хомоцистеин и тн.

Мал е бројот на трудниците кои не спаѓаат во некоја од групите која има потреба од суплементација на витамини и минерали за време на бременоста. Потребите за витамини и минерали значително се зголемуваат (50 – 100%), за разлика од енергетските потреби за кои што зборувавме.

Со години наназад било модерно да се внесува калциум, во форма на таблети за време на бременоста. Денес се знае дека доколку мајката правилно се храни, нема потреба за мега дози од овој минерал. Многу поголемо внимание се обрнува на количините на магнезиум, кога треба да се внесува, односно треба да се внимава на односот на калциум и магнезиум. Нивниот несоодветен однос може да предизвика појава на хипертензија или појава на предвремени контракции и предвремено породување.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Други витамини

Постојат уште 20-тина супстанции кои нашиот организам не може да ги синтетизира, а се неопходни. Можат да се најдат во растителни продукти, млеко, јајца и месо.

- витамин ПП (нијацин) – има главна улога во хемиските механизми со помош на кој клетките користат енергија од јаглените хидрати, масти и протеини. Се наоѓа во пивски квасец, интегрални житарици, овошје, зеленчук, кикирики, мешункасти плодови посебно соја. Недостаток предизвикува болест пелагра, која се карактеризира со феноменот „3Д“ – дијареа, дерматоза (воспаление на кожата) и деменција (лудило).

- фолна киселина – делува заедно со витамин Б 12, потикнува формирање на црвени крвни зрнца во косќената срцевина. Особено се важни во периодот на бременоста бидејќи влијаат на правилниот неврален развој на плодот. Продукти кои се богати со фолати се: спанаќ, зелена салата, авокадо, банана, портокал, ореви. Постојат три периоди кога се препорачува внесување на фолна киселина:

- за време на бременоста

- во случај на земање на алкохол (алкохолот го поништува делувањето на фолната киселина)

- кога се користи одредена група на лекови (пр. барбитурати или при анти канцер терапија)
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Поделба на лековите според нивното дејство

A - Лекови кои делуваат на гастроинтестиналниот систем и метаболизмот

B - Лекови кои делуваат на крвта и хематопоетскиот систем

C - Лекови кои делуваат на кардиоваскуларниот систем

D - Лекови кои делуваат на кожата - дерматологици

G - Лекови кои делуваат на урогениталниот систем

H - Системски хормонални лекови со исклучок на полните хормони

J - Лекови за лекување на системски инфекции

L - Антинеопластика и мономодулација

M - Лекови кои делуваат на коскено-мускулниот систем

N - Лекови кои делуваат на централниот нервен систем

P - Лекови за лекување на инфекции предизвикани од паразити

R - Лекови кои делуваат на респираторниот систем
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
10 неверојатни факти за сонот

Соништата се дел од нашето секојдневие. Со години луѓето се обидуваат да дознаат повеќе работи за сонот и за неговото влијание врз луѓето. Еве 10 неверојатни факти во врска со сонот.


10. Слепите луѓе сонуваат

Луѓето кои станале слепи по раѓањето можат да гледаат слики во соништата. Луѓето кои се родени слепи, иако не гледаат слики додека сонуваат, се потпираат на другите сетила - звук, мирис, допир и нивните соништа можат да бидат прилично живописни.

9. Забораваме околу 90% од соништата

5 минути откако се будиме, половина од соништата ги забораваме. Веќе за 10 минути 90% од сонот не го паметиме.

8. Секој сонува

Секое човечко суштество сонува (освен во екстремен случај на пореметена психичка состојба). Како и да е, мажите и жените имаат различни соништа и манифестираат различни физички реакции за време на сонот.

7. Соништата спречуваат душевно растројство


Во некое неодамнешно проучување на соновите, студентите кои биле будени за време на нивниот почеток на сонот, но сепак оставени да спијат наредните 8 часа, сите пројавувале тешкотии во концентрација, халуцинации и знаци на психоза за само 3 дена. Кога конечно биле оставени да ја постигнат нивната РЕМ фаза, нивниот мозок го надокнадил изгубеното време со зголемување на времетраењето од нивниот сон.

6. Сонуваме само она што го знаеме

Нашите соништа понекогаш се полни со непознати луѓе, кои играат одредени улоги во нашиот сон. Но, тие странци постојат во реалниот свет и ние ги имаме видено во минатото, но ги немаме запаметено. Понекогаш се случува да сонуваме некоја личност што сме ја виделе дури кога сме биле мали деца и не се сеќаваме на неа.

5. Не сонуваат сите во боја


12% од луѓето сонуваат исклучиво во црно бело. Останатите сонуваат во боја. Сеуште не е утврдено дали соновите во црно-бело имаат поголемо емотивно влијание врз нас, отколку соновите во боја.

4. Соновите не означуваат тоа што го сонуваме

Ова е веќе познато. Тоа што го сонуваме, воопшто не мора да значи дека е вистина или дека означува токму тоа што сме го сонувале. Соновите најчесто имаат длабоко симболичен таен јазик. Тоа е затоа што потсвеста се обидува ги спореди содржината на сонот и нешто што е многу слично и познато на тоа.

3. Тие што се откажуваат, сонуваат поживописни соништа

Пушачите кои се откажале од цигарите, имаат изјавено дека сонуваат поживи и појасни соништа отколку што обично сонувале. Околу 33% од бившите пушачи се изјасниле дека во рок од 1 до 4 недели имале барем 1 сон поврзан со пушењето, како се наоѓаат во ситација во која запалиле повторно цигара и притоа во сонот чувстуваат паника и вина.

2. Надворешноста влијае на нашите соништа

Многу често ни се случува да чуеме звук за време на нашиот сон и притоа да го продолжиме сонот во зависност од звукот што сме го чуле. Или додека сме заспале, сме биле физички жедни, па сонуваме како пиеме вода од голема чаша, но никако да го сопреме чувството на жед. Оваа состојба се нарекува „Обединување на соништата“.

1. Ние сме парализирани додека сонуваме

Верувале или не, телото ни е виртуелно парализирано додека сонуваме, најчесто како одбранбен систем на самото тело да не дејствува во зависност на тоа што го сонува.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Мерење на крвниот притисок

Пред воопшто да се обидете да измерите нечиј крвен притисок неопходно е да знаете неколку основни податоци за крвниот притисок кај луѓето.

Крвниот притисок е притисокот кој крвта го врши на ѕидовите од крвните садови (артериите) додека тече низ нив. Со оглед на тоа што крвта низ крвните садови струи благодарение на пумпањето на срцето, притисокот што таа го врши на ѕидовите на крвните садови не е посојано ист. Во моментот на срцевото отчукување, кога срцето испумпува нова количина крв во артериите притисокот расте и тоа е оној притисок кој меѓу народот е познат како „горен“ притисок (стручно се вика систолен притисок). Во паузата до наредното испумпување нова количина крв од срцето, притисокот паѓа и тоа е познатиот „долен“ притисок или (дијастолен притисок).

Крвниот притисок популарно се изразува во милиметри живин столб- mmHg.

Нормални вредности за крвниот притисок се 120 mmHg за горниот и 80 mmHg за долниот притисок (во иднина читај 120/80). Сепак, највисока вредност на крвниот притисок која се уште се смета дека е во рамките на дозволеното т.е не претставува опасност по здравјето е 140 за горниот и 90 за долниот крвен притисок.

Сите вредности измерени над овие бараат да го посетите вашиот лекар кој ќе направи соодветни испитувања и ќе одлучи дали треба да се превземе нешто за да се исконтролира вашиот крвен притисок.

Доколку измерите пониски вредности за крвниот притисок( почесто се случува кај девојките и жените), обично не постои никаква опасност по здравјето освен што понекогаш вака нискиот притисок може да биде причина да се чувствувате помалку слаби, поспани, да имате гадење, вртоглавица и темнење пред очите (особено ако нагло станувате од кревет). Доколку ваквите тегоби често се јавуваат и ви го нарушуваат квалитетот на живеење потребно е да се јавите на вашиот лекар.


Практично упатство за правилно мерење на крвниот притисок


Мерењето на крвниот притисок секогаш обавувајте го во мирна и добро осветлена просторија. Бучавата во околината може значително да ви попречи во слушањето на пулсните отчукувања кои ни помагаат во одредувањето на притисокот. Пред да се пријде кон мерење на крвниот притисок, лицето чиј крвен притисок го мериме треба да мирува барем 5 минути (физичката активност како пешачење, трчање возбуда и др. може да го промени притисокот).

Иако денес се достапни многу различни апарати за крвен притисок од најразлични производители, сепак јас лично ги предпочитам класичните анероидни апарати кои не користат батерии или други извори на енергија.

Без разлика на производителот секој класичен апарат за притисок има манжетна- во вид на платнена трака со леплив дел, пумпица со која се впумпува воздух во манжетната и избаждирана скала со бројки и стрелка или живин столб кај таканаречените живини апарати за притисок. Неопходен составен дел се и познатите докторски слушалки или стетоскоп со кој слушаме отчукувања.

Лицето на кое му се одредува крвниот притисок треба да биде слечено до половините и во седечка положба. Во најмала мера надлактицата од раката на која ќе се мери притисокот треба да биде потполно ослободена од облеката.

Манжетната се поставува во вид на појас околу надлактицата. Со пумпицата се пумпа воздух во манжетната и забележуваме како стрелката или живиниот столб се покачува кон повисоките вредности на скалата. Кога ќе стигнеме до вредноста 200
mmHg престануваме со пумпањето и на самата пумпица има едно мало вентилче кое постепено се отпушта. При тоа гледаме како стрелката или живиниот столб се спуштаат бавно кон пониските вредности.
Во исто време мембраната на слушалката (стетоскопот) ја поставуваме во висина на лактот во јамата на лакотниот зглоб и внимателно слушаме. Во моментот кога ќе наслушнеме отчукување (како онаа на срцето) погледнуваме на скалата која бројка ни ја покажува стрелката или живиниот столб. Покажаната вредност е всушност горниот или систолен притисок.
Продолжувајќи да испуштаме воздух од манжетната постепено чекаме да дојде моментот кога отчукувањето ќе престане да се слуша и ја регистрираме новата вредност на скалата. Тоа е всушност долниот или дијастолен притисок.

Потоа мерењето го повторуваме на другата рака. Во принцип меѓу обете раце не треба да постои разлика во крвниот притисок поголема од 10mmHg.

Каде најчесто грешиме кога мериме крвен притисок?


  • Кога надлактицата на раката каде го мериме крвниот притисок не е доволно ослободена од облеката. (Ракавите на облеката знаат силно да стегаат дури посилно и од самата манжетна на апаратот за притисок што дава неточни резултати).
  • Вентилот на пумпицата од апаратот за притисок не е затворен па во моментот кога пумпаме воздухот не се задржува во манжетната.
  • Гумените црева од апаратот за притисок се испреплетале меѓу себе, па кога слушаме на слушалките слушаме дополнителни звуци од нивното меѓусебно допирање што ни го отежнува точното одредување на крвниот притисок.
  • Мембраната на слушалките (стетоскопот) не сме ја поставиле во кубиталната јама веднаш под долната ивица на поставената манжетна, туку сме ја опфатиле и препокриле со самата манжетна. (Иако и во такви случаи е можно да го измериме крвниот притисок, сепак при стегањето на манжетната може да дојде до триење на мембраната од стетоскопот со кожата и да се слуша шуштење кое ни пречи во точното мерење.


Посебни ситуации кога точното одредување на крвниот притисок е отежнато се:
  1. во случај на мана на аортните залистоци на срцето (аортна регугитација) кога одредувањето на долниот, дијастолен притисок е тешко.
  2. при постоење на срцева аритмија кога слушаме неправилни отчукувања со паузи па потешко се одредува притисокот.
  3. во случај кога постои слаба циркулација низ артериите на раката. Во таков случај пробајте да измерите на другата рака.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Што значат лабораториските резултати

...Во стандардните анализи спаѓаат: вредности на билирубин, креатинин, АЛТ, АСТ, крвна слика, урина и сл. Често се потребни само неколку капки на крв за да се добие увид во општата состојба на организмот или...



Лабораториските анализи се едни од најважните показатели на состојбата на организмот и можат да укажат на некоја скриена состојба или на напреднатоста на манифестна болест.

Во стандардните анализи спаѓаат: вредности на билирубин, креатинин, АЛТ, АСТ, крвна слика, урина и сл. Често се потребни само неколку капки на крв за да се добие увид во општата состојба на организмот или податок кој ќе укаже на одредена болест. Денес постојат околу 100 различни лабораториски анализи и уште поголем број на специјални истражувања кои се изведуваат по строга индикација.

Секој човек, во зависност од телесната тежина, има околу 5-8 литра крв, која ги снабдува внатрешните органи со неопходните хранливи материи и кислород, бели крвни клетки (леукоцити) кои се одбранбени клетки на телото, плочести крвни клетки (тромбоцити) кои ја згрутчуваат крвта при повреда и тн. Анализата на крвта е стандардна процедура која особено често се применува доколку симптомите на пациентот не укажуваат на конкретно заболување и помага во поставување на дијагнозата. Кај дијагностицирани заболувања, анализата на крвта се повторува за следење на успехот на терапијата.



Вирусни и бактериски инфекции, автоимуни болести како реума, потоа леукемија, рак на лимфните жлезди, болести на поедини органи како срце, црн дроб или бубрези, дијабет и многу други речиси секогаш доведуваат до пореметување на параметрите кои се истражуваат со лабораториските анализи.

Најчести анализи:

Седиментација- крвта во епрувета се меша со антикоагуланс, и потоа на еден и два часа се мери колки милилитри се наталожиле крвните клетки. Нормалните вредности се од 10 до 20 мм/час, доколку вредноста е поголема тоа најчесто укажува на инфекција, воспаление и сл.

Крвна слика - пред се се одредува бројот на црвените крвни клетки (еритроцити), бели крвни клетки (леукоцити) и плочести клетки (тромбоцити). Во зависност од тоа дали реултатот од анализата на некој од нив е премногу висок или низок, може да се дијагностицира воспалителен процес, анемија, вирусна или бактериска инфекција, автоимуни болести и сл.

Нормални вредности:
- еритроцити - 5-6 милиони /мм3
- леукоцити - 5-10.000 милиони /мм3
- тромбоцити- 250.000 - 400.000 милиони /мм3
Хемоглобин и хематокрит се истраги кои се вршат за одредување на типот на анемија.

Црн Дроб. Секоја клетка на црниот дроб содржи ензими. Во клетките на црниот дроб се прочистува крвта и се разградуваат супстанци од кои се добиваат материи неохподни за живот. Доколку умре клетка на црн дроб (хепатоцит) ензимите кои ги содржи се излеваат во крвта и концентрацијата на овие материи укажува на правилното функционирање на црниот дроб. Три најважни ензими се АСТ, АЛТ и ГГТ.

Билирубин настанува со разградба на еритроцити во црниот дроб. Кај функционалните болести на црниот дроб билирубинот не се транспортира од крвта преку црниот дроб во жолчката, туку неговите вредности во крвта растат и при големи концентрации се јавува жолта пребоеност на кожата и видливите слузокожи - жолтица, која може да биде инфективна (Вирус на хепатит, А,Б,Ц,Д,Е) или од друго потекло.

Маснотии во крвта - холестерол и триглицериди - Добриот или HDL холестерол ги штити крвните садови од масните наслаги, додека LDL холестеролот допринесува за стварање на масни наслаги во крвните садови и е еден од главните причинители на срцевиот и мозочниот инфаркт.

Нормалната вредност на HDL холестеролот треба да биде над 1,2 mmol/l, на LDL <4,5mmol/l.

Триглицеридите се исто така маснотии кои ги оштетуваат крвните садови, нормалната концентрација на триглицериди е <1,7mol/l.

Дали бубрезите работат добро и ја вршат својата функција на филтрирање на штетните материи од крвта се гледа од вредностите на уреа, која е производ на метаболизмот на протеини.Нормалната вредност на уреа е од 2,7 до 8,3 mmol/l.

Креатинин се наоѓа во мускулните клетки и представува енергетска акумулација. Се излачува преку бубрезите и е важен индикатор на општата состојба на организмот. Нормалните вредности се 53-124mmol/l.

Мокрачната киселина е продукт на разлагањето на таканареченоте пурински тела кои се наоѓаат во јадрото на секоја клетка. Нормалната вредност на мокрачна киселина е до 57 милиграми/децилитар.

Панкреас- за метаболизам на шеќерите и на мастите телото ги користи ензимите на панкреасот, амилаза и липаза. Овие два ензима покажуваат дали панкреасот функционира правилно. Од панкреасoт се излачува и инсулинот.

Нормални вредности на шеќер во крв се од 3,33 до 6,1 mmol/l, вредности над овие најчесто укажуваат на шеќерна болест.

Штитна жлезда - ги лачи хормоните тироксин (T4) и тријодтироксин (T3). Овие два хормони се неопходни за нормално одвивање на метаболизмот. Се мерат вредностите на вкупниот Т4 хормон како и на слободниот FT4, кој не е сврзан со серумските протеини. Нормална вредност за вкупниот тироксин е од 58-161 nmol/l а за FT4 тироксин - 10.3 - 23.1pmol/l.

Коагулација - овие тестови се вршат пред се кај пациенти кои зимаат лекови за разредување на крвта како превенција од тромбоза, како терапија по инфаркт и слични состојби. Постојат неколку тестови за коагулацијата со кои се анализираат различни параметри од процесот на коагулација, а најчесто уптребуван е протромбинскиот тест.

Анализа на крвта би требало да се врши најмалку еднаш годишно ако немате никакви здфравствени проблеми, бидејќи раното откривање на болестите е од пресудно значење за нивно успешно лекување.​
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Што ставаме на лице ?

Ве заинтригира пакувањето со ветување за моментален фејслифтинг? Само момент. Покрај краткотрајниот ефект на подмладување, новиот производ би можел да предизвика смрт на клетките на...


Ве заинтригира пакувањето со ветување за моментален фејслифтинг? Само момент. Покрај краткотрајниот ефект на подмладување, новиот производ би можел да предизвика смрт на клетките на кожата.
Хемикалијата која ја содржат козметичките прозиводи за „моментален фејслифтинг“ од која брчките изчезнуваат, како изгледа, ги уништуваат клетките на кожата - според канадските истражувачи.

„Приметивме дека клетките се променија. Престанаа да се делат, а по 24 часа некои од нив изумреа“ - Д-р. Francois Marceau од Универзитетскиот Болнички Центар во Квебек.

Д-р. Francois Marceau вели дека сепак не би препорачал вeднаш да се забрани употребата на овој производ, но дека оваа откритие јасnо покажува дека се потребни нови истражувања со кои ќе се испита делувањето на таквите производи.
„Не сакам да ги плашам луѓето. Опасноста веројатно не е голема, но мислам дека не е проценета правилно.“ Д-р. Francois Marceau.
Д-р. Francois Marceau и неговите колеги ја испитале хемикалијата 2-dimetilaminoetanol (DMAE) на клетки на кожа од зајак и човечка кожа. Како што и предвиделе, производот предизвикал зголемување на клетките кои се наполниле со DMAE и вода, што предизвикало задебелување на епидермалниот слој и со тоа исчезнување на брчките. Но, исто така откриле и дека DMAE е отровен за клетките на кожата, дека ја сопира нивната делба, го сопира лачењето, а некои од нив ги уништува за 24 часа.

„Моменталниот фејслифтинг е посигурен од вистинскиот фејслифтинг и Botox инекциите, но сепак DMAE и другите хемикалии како триетаноламин не се водат како фармацевтски производи, што значи дека слободно се продаваат со минимални информации за делувањето и токсичноста.“- Д-р. Francois Marceau.

„ За тие хемикалии знаеме многу помалку од било кои други кои слободно се продаваат, во последните 30 години. Би сакал да има повеќе истражувања на тоа поле и тие хемикалии би морало да се третираат како хемиски производ, а пред пуштање во продажба би морало да се испита нивниот ефект и нивната токсичност“-Д-р. Francois Marceau
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Арсен -отров на кралевите и крал меѓу отровите

Освен тоа од арсен се умирало и случајно, имено aрсенот бил состојка на една посебно ценета зелена боја наречена Паришка зелена, која ја користеле импресионистите...


Арсен е 20-тиот елемент по застапеност во земјината кора и со векови бил познат како корисна супстанца со многу потенцијални начини на примена, но и како исклучително силен отров, кој е токсичен за сите животни, од инсекти до луѓе.
Низ историјата арсенот се користел за медицински потреби, пред се во лекот неосалварсан против сифилис, но со пронаоѓањето на антибиотиците престанала неговата употреба. Денес се употребува во некои препарати за кожни болести, посебно за псоријаза, а Американската Агенција за Храна и Лекови (FDA) го има одобрено како компонента во терапија на некои облици на леукемија.
По пестицидите, најголем проблем со загадувањето на околината со арсен е со дрвената градба, имено дрвото се третирало со арсен за да се заштити од инсекти и од труење, а потоа се корител при градење на куќи, мебел и сл. Денес тоа е забрането и постојат посебни правила за обработка на дрвото, но спалувањето на дрво обработено со арсен е исклучително опасно, бидејќи остатокот во облик на пепел е многу отровен и случајно голтање може да има смртоносни последици за луѓето и животинскиот свет (доволно е само 20 грама пепел).


Како арсенот влегува во телото и што се случува?


Арапскиот алхемичар Џабир, пред 1300 година дошол до арсен триоксид, бел прав без мирис и вкус. Поради тие својства со векови бил употребуван како идеален отров бидејќи не оставал препознатливи траги во телото. Така во средниот век, арсенот станал омилен дворски отров, бидејќи предизвикувал симптоми слични на колера, а подоцна често се користел во „политички“ цели. Се верува дека од арсен умреле Francesco I Medici и неговата жена, кралот George III, Napoleon Bonapartа, Charles Francis Hall истражувач на Африка, Clare Booth Lace, американска амбасадорка во Италија по Втората Светска Војна и многу други. На францускиот кралски двор го нарекувале„ наследен прав“ од очигледни причини. Освен тоа од арсен се умирало и случајно, имено aрсенот бил состојка на една посебно ценета зелена боја наречена Паришка зелена, која ја користеле импресионистите, па изгледа дека дијабетот кој се развил кај Cezanne, слепилото на Monet и невролошките пореметувања на Van Gogh posljedica биле последица на таа боја. Освен тоа се верува дека Napoleon на Sv. Helenа не бил намерно труен, туку дека неговите одаи биле богато украсени со тапети и бои кои содржеле бакар арсенит (смарагдно зелена боја).



Во телото арсенот може да влезе или со голтање или со вдишување, а преминува и низ плацентата. Ги напаѓа сите органи, бидејќи е силен анти-метаболит, механизам на делување му е замена на фосфатните молекули во комплексот ATP (аденозин три-фосфат). Арсенот е силен инхибитор на некои клучни ензими. Откако ќе влезе во телото, полувремето на распаѓање во крвта му е 10 часа а речиси 90% од елиминацијата од организмот се случува низ бубрезите.

Смртоносната доза на арсен е многу мала, потреби се само 700 mg по kg (со голтање), за лице со 70 килограми или само 53 грама, или само 13 mg/kg ако се вбризга со инекција во телото. Акутно труење со арсен може во рок од 30 минути да предизвика шок и колапс на сите органи. Долготрајната изложеност на мали дози (хронично труење) доведува до еден цел спектар на симптоми од главоболки, проблеми со органите за варење, невролошки испади типично на нозете, оштетување на црниот дроб, коскената срцевина, кардиоваскуларниот систем, белите дробови, органите за размножување и промени на кожата. Освен тоа арсенот е класифициран како карциноген од прва категорија, а кај трудниците може да предизвика абортус и прерано породување. Долготрајната изложеност на арсен во вода е арсеникоза, а симптомите се различни од паѓање на косата, промена на бојата и гангрена и рак на кожата.

Тоа што секогаш било интригантно е тешкото откривање на труење со арсен и поврзување на симптомите со други состојби и болести. Една од ретките карактеристики е појавата на Месови линии кои се појавуваа како бели хоризонтални линиии на ноктите на рацете и нозете, но дури по подолго време. Секоја линија рефлектира епизода на акутно труење но не се појавуваат кај сите затруени. Арсенот брзо се метаболизира низ телото, но се акумулира во ноктите и косата, каде се здржува со години. Денес арсен се детектира со модерни методи во крвта, урината и при концентрации во траги.

Како да се заштитиме?

Вриењето на водата и филтрирањето низ филтри со активен јаглен нема да го отстрани арсенот од водата. Исто така треба да се обрати внимание при купување на мебел од егзотични дрва, кој поради своите карактеристики бара помалку обработка, но секогаш е добро да се знае за производителот и потеклото. Да не заборавиме, арсенот убива бавно и речиси невидливо.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Скај ти пружам рака за ова.
А ќе сакаш нешто околу хормоните инсулин и адреналин?
 

Вампирката

Well, I tried to say there's nothing wrong with me
Член од
20 мај 2006
Мислења
3.819
Поени од реакции
95
еј еј ова го учам у школо и знам се...5ка имам бреееее :)
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Скај ти пружам рака за ова.
А ќе сакаш нешто околу хормоните инсулин и адреналин?

Спремам уште повеќе информации така да или во теков на ноќта или утре ќе напишам.:smir:
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
КАКО РАСТЕМЕ??

Една од најважните особини на живите суштества е растењето.Со растењето се усовршуваат функициите и составот на суштеството.Најзначајните фактори се наследни и се наоѓаат во зачетокот на суштеството.Животните и човекот поминуваат низ повеќе фази на развитокот.Тоа се: ембрионална фаза.период на доенче,детство,младост,зрело доба и на крај старост.
Но,некои суштества немаат немаат рано дество.на пример има птици кои можат да летаат веднаш штом се изведат.Заморчето е способно да се грожи за себе дури и по третиот ден по раѓањето.А човечкото суштество е наполно пораснато дури по околу дваесеттата година.
Новороденчето ги има сите оние нервни клетки што ќе ги има и во текот на целиот живот :мозочни и периферни.Развивањето на врските помеѓу овие нерви клетки на детето му овозможуваат да ги контролира своите движења,да учи и дасе однесува како опшествено суштество.
Сите човечки суштества растат на сличен начин но сепак постојат и некои суштински разлики помеѓу децата од различен пол.Децата и девојчињата минуваат иста патека ,но на различен начин и брззина.
Првите недели од раѓањето ,телото расте значително побрзо отколку кога и да ево текот на животот.А при крајот на првата година се расте побавно,а во текот на деството сосема умерено.При крајот на деството темпотот на тастење почнува да се забрзува .Тој период кај девојчињата настапува обично помеѓу единаесеттата и тринаесеттата година, а кај момчињата помеѓу дванаесеттата и четиринаесеттатагодина.Потоа темпото почнува да опаѓа се до моментот кога растењето сосема престанува.
Зголемувањето на висината и тежината обично не одат заедно.Најпрво се расте во висина,а потоа се добива во тежина.Кај мнозина постои таканаречем -топчест- период некаде помеѓу единаесеттата и дванаесеттата година .И тогаш детето почнува да расте и -топчестиот- период се изгубува.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
ЗОШТО ПРЕСТАНУВАМЕ ДА РАСТЕМЕ??

Новороденчето просечно е долго 48-50 цм.Во текот на наредните дваесет години должината на телото се зголемува над трипати а кај жените изнесува околу 160 цм.,а кај мажите околу 175 цм,Но тогаш човекот не престанува да расте .Тој всушност расте и понатаму , дури и по дваесет и петтата година , а ја достигнува својата најголема висина околу 35 -40 година.
Што се случува после тие години??
Човекот престанува да расте и почнува да се -смалува-!Секој се смалува по четириесеттата годиназа околу 1 цм.за секои десет години.Причината за ова намалување е губењето на водата од 'рскавицата во зглобовите на 'рбетниот столб.
ДАли знаете дека секое утро сме повисоки од претходната вечер, е дека во текот на денот се смалуваме?
Бризната на растењето се менува во различни те годишни времиња.Малите деца побрзо растатво летото, отколку во зимата.
Висината на растот зависи од работата на четирите жлезди:хипофизната,градната и полните жлезди.Кога овие жлезди работат нормално и кога постои рамнотежа што им одговара на нивните активности,растот е нормален.
Зошто престануваме да растеме??Што е тоа што го запира растењето?
Хипофизата го потстакнува растењето на коските .Ако оваа жлезда функционира претерано,рацете и нозетерастат премногу, а дланките и стапалата стануваат мошне големи.Доколку ,хипофизата работи недоволно ,личноста останува со мал раст-џуџе.
Детето се раѓа со голема градна жлезда , која расте и во текот на детството .Кога детето ќе наполни тринаесет или четиринаесет години ,градната жлезда почнува да ја заменува масно ткиво.Таквото смалување на градната жлезда доаќа во времето кога почнуваат да работат полните жлезди.
Понекогаш полните жлезди се развиваат пребрзо,а растењето на градната жлезда прерано се намалува.Во таков случај личноста не ја достигнува просечната висина.Бидејќи нозете растат подоцна,но затоа повеќе делови на телото во оваа рана етапа на развојот нозете се кратки,а личноста која се развиба прерано често изгледаат несмасно.Таков ,.а пример,бил Наполеон.
Ако полните жлезди почнат да се развиваат подоцна,градната жлезда продолжува да работи и таквите личности достигнуваа-натпросечна висина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom