Срце (Cor)
Надворешен изглед на срцето
Однадвор гледано срцето е всушност мускул.Силниот мускулен ѕид се контрахира (се стега) и на тој начин ја пумпа крвта во артериите. Главните крвни садови влегуваат и излегуваат од срцето: аортата, горната шуплива вена (vena cava superior); долната шуплива вена (vena cava inferior); пулмоналната артерија (arteria pulmonalis),која ја носи крвта со јаглерод диоксид до белите дробови; и белодробните вени, (venae pulmonalis), кои ја носат крвта богата со кислород од белите дробови до левата комора.
Внатрешен изглед на срцето
Срцето е шуплив орган, составен од четири комори, две помали,поставени горе, преткомори (atria), и две поголеми, поставени долу во однос на претходните, комори (ventriculae).
* Срцето е поделено на два дела со мускулен ѕид кој има функција на преграда (septum).
* Преткоморите и коморите работат заеднo, контрахирајќи се и опуштајќи се, и на тој начин ја пумпат крвта од срцето во телото.Кога крвта преминува од една комора во друга, истата преминува преку специјален систем, кој служи за затварање на соодветната комора, залистоци (valvulae).Во срцето има четири валвули: митрална валвула, трикуспидна валвула, аортна валвула и пулмонална валвула.
Трикусшидалната и митралната валвула се наоѓаат меѓу преткоморите и коморите, додека аорталната и пулмоналната валвула се наоѓаат меѓу коморите и главните крвни садови на телото.Валвулите функционираат на тој начин да го спречуваат протекувањето на крвта во погрешен правец.
Секоја валвула има кусписи (ливчиња), митралната валвула има два, трикуспидалната три. Ливчињата се споени со еден круг од цврсто фиброзно ткиво, анулус. Анулусот ја оддржува нормалната форма и функција на сaмата влавула. Покрај анулусот, трикуспидалниот и митралниот залисток имаат потпора и од цврсти фиброзни врски, хорди (chordae tendinae). Тие делуваат слично на јажиња кои го затегаат падобранот. Хордите продолжуваат од валвулите во мали мускули наречени папиларни мускули (musculae papillares). Папиларните мускули се дел од внатрешниот ѕид на коморите.
Факти за срцето
* Вашиот васкуларен систем-систем од крвни садови - артерии, вени, капилари е долг околку100.000 километри. Тоа е еднакво на една обиколка околку земјината топка!
* Срцето на возрасен човек пумпа 5 четвртини од вкупната крв секоја минута - приближно 4.000 литри крв секој ден низ целото тело.
* Кога сакаат да покажат на срцето, најголем дел од луѓето покажуваат на левата страна од градниот кош. Всушност срцето е лоцирано во централниот дел на градниот кош, помеѓу двете белодробни крила, но врвот на срцето е повеќе свртен кон лево, така да работењето на срцето повеќе го чувствуваме на левата страна..
* Срцето чука околу 100.000 пати секој ден.
* За период од 70 години, просечно срцето оттчукува повеќе од 2,5 милијарда пати.
* Крвта е околу 78% вода.
* На крвта и треба околу 20 секунди да помине низ целиот васкуларен систем.
* Структурата на срцето првпат била опишана во 1706 од Raymond de Viessens, француски професор по анатомија.
* Електрогардиограмот (ECG) е измислен во 1902 од страна на холандскиот физиолог Willem Einthoven. Овој дијагностички тест сеуште е еден од основните во дијагноза на срцевите болести.
* Првите специјалисти - кардиолози, се појавиле по Првата Светска Војна.