Дознајте се` за....

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Ѓорѓески, 25 декември 2007.

  1. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Light weight baby!

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.685
    Допаѓања:
    939
    Срце (Cor)​

    [​IMG]Срцето е лоцирано во градниот кош, на левата страна од градната коска(стернум) помеѓу двете белодробни крила. Срцето е неверојатен орган. Со изглед на круша наопаку поставена, големина колку тупаница, овој орган пумпа 5 l крв секоја минута во сите делови на човечкото тело.

    Надворешен изглед на срцето

    [​IMG]


    Однадвор гледано срцето е всушност мускул.Силниот мускулен ѕид се контрахира (се стега) и на тој начин ја пумпа крвта во артериите. Главните крвни садови влегуваат и излегуваат од срцето: аортата, горната шуплива вена (vena cava superior); долната шуплива вена (vena cava inferior); пулмоналната артерија (arteria pulmonalis),која ја носи крвта со јаглерод диоксид до белите дробови; и белодробните вени, (venae pulmonalis), кои ја носат крвта богата со кислород од белите дробови до левата комора.

    Внатрешен изглед на срцето
    Срцето е шуплив орган, составен од четири комори, две помали,поставени горе, преткомори (atria), и две поголеми, поставени долу во однос на претходните, комори (ventriculae).

    [​IMG]


    * Срцето е поделено на два дела со мускулен ѕид кој има функција на преграда (septum).
    * Преткоморите и коморите работат заеднo, контрахирајќи се и опуштајќи се, и на тој начин ја пумпат крвта од срцето во телото.Кога крвта преминува од една комора во друга, истата преминува преку специјален систем, кој служи за затварање на соодветната комора, залистоци (valvulae).Во срцето има четири валвули: митрална валвула, трикуспидна валвула, аортна валвула и пулмонална валвула.


    Трикусшидалната и митралната валвула се наоѓаат меѓу преткоморите и коморите, додека аорталната и пулмоналната валвула се наоѓаат меѓу коморите и главните крвни садови на телото.Валвулите функционираат на тој начин да го спречуваат протекувањето на крвта во погрешен правец.


    [​IMG]


    Секоја валвула има кусписи (ливчиња), митралната валвула има два, трикуспидалната три. Ливчињата се споени со еден круг од цврсто фиброзно ткиво, анулус. Анулусот ја оддржува нормалната форма и функција на сaмата влавула. Покрај анулусот, трикуспидалниот и митралниот залисток имаат потпора и од цврсти фиброзни врски, хорди (chordae tendinae). Тие делуваат слично на јажиња кои го затегаат падобранот. Хордите продолжуваат од валвулите во мали мускули наречени папиларни мускули (musculae papillares). Папиларните мускули се дел од внатрешниот ѕид на коморите.

    Факти за срцето

    * Вашиот васкуларен систем-систем од крвни садови - артерии, вени, капилари е долг околку100.000 километри. Тоа е еднакво на една обиколка околку земјината топка!
    * Срцето на возрасен човек пумпа 5 четвртини од вкупната крв секоја минута - приближно 4.000 литри крв секој ден низ целото тело.
    * Кога сакаат да покажат на срцето, најголем дел од луѓето покажуваат на левата страна од градниот кош. Всушност срцето е лоцирано во централниот дел на градниот кош, помеѓу двете белодробни крила, но врвот на срцето е повеќе свртен кон лево, така да работењето на срцето повеќе го чувствуваме на левата страна..
    * Срцето чука околу 100.000 пати секој ден.
    * За период од 70 години, просечно срцето оттчукува повеќе од 2,5 милијарда пати.
    * Крвта е околу 78% вода.
    * На крвта и треба околу 20 секунди да помине низ целиот васкуларен систем.
    * Структурата на срцето првпат била опишана во 1706 од Raymond de Viessens, француски професор по анатомија.
    * Електрогардиограмот (ECG) е измислен во 1902 од страна на холандскиот физиолог Willem Einthoven. Овој дијагностички тест сеуште е еден од основните во дијагноза на срцевите болести.
    * Првите специјалисти - кардиолози, се појавиле по Првата Светска Војна.
  2. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Light weight baby!

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.685
    Допаѓања:
    939
    Бели дробови / Респираторен систем

    Респираторниот систем се состои од дишни патишта ( душник, главни бронхуси, бронхии, бронхиоли), бели дробови( вклучително со бронхии и бронхиоли), респираторни мускули и крвни садови. Во дишните патишта воздухот само се пренесува, спроведува, додека активниот процес на дишење се случува во алвеолите во белите дробови. Во алвеоларниот систем на белите дробови, кислородот и јаглеродниот моноксид се разменуваат со дифузија, врз основа на разликата во концентрација во нивото на двата гаса во крвта и надворешната средина. Значи, респираторниот систем ја врши оксигенизацијата на крвта и отстранувањето на јаглеродниот диоксид од циркулацијата. Овој систем исто така помага во одржувањето на ацидо-базната рамнотежа во телото, со отстранување на јаглеродниот диоксид од телото.

    Анатомија

    Респираторниот систем се дели на горни дишни патишта (спроводна зона) и долни дишни патишта (респираторна зона), трахеа (душник) и бели дробови. [​IMG]

    * Носни школки
    * Носна празнина
    * Фариннкс (грло)
    * Ларинкс-Грклан (гласни жици)
    * Трахеа (Душник)
    * Градна празнина (гради)
    * Бронхуси (десен и лев)
    * Алвеоли (место каде се врши размената на гасови)

    [​IMG]

    Горни респираторни патишта (Спроводна зона)

    Спроводната зона започнува со носните школки во носот и продолжува во горниот кат на грлото, назофаринкс. Примарна функција на носната шуплина е филтрација, затоплување и навлажнување на воздухот, како и резонанца на говорот. Носната шуплина продолжува во орофаринкс ( се надоврзува на оралната шулина), ларингофаринкс и продолжува во ларингс (грклан, во кај се сместени гласните жици). Ларингсот продолжува во трахеа (дишник).

    Долни дишни патиштаа (респираторна зона)

    Трахеата продолжува во градната празнина (торакална празнина), каде се дели на две главни гранки, десен и лев бронх.

    [​IMG]


    Овие бронхи понатаму се делат во се помали дишни патишта, примарни, секундарни, терциерни и тн. Вкупно се делат 16 пати до ниво на бронхиоли. Бронхиолите се вовед во респираторната зона, која се состои од бронхиоли, алвеоларни патишта и алвеоли-во кои се одвива размената на гасови.

    Вентилација
    Вентилацијата на белите дробови се одвива со помош на респираторните мускули, сместени помеѓу ребрата и дијафрагмата. Вдишувањето е активен процес, кој за разлика од издишувањето бара мускулна сила.

    [​IMG]

    Контрола на вентилација


    Вентилацијата се одвива под контрола на автономниот нервен систем, центарот за дишење се наоѓа во продолжениот мозок, непосредно до центарот за срце. Иако дишењето е под контрола на автономниот нервен систем, сепак поради врските со кората на мозокот, ние можеме да влијаеме на дишењето, т.е дишењето не е потполно несвесен акт.

    [​IMG]

    Вдишување ( Инспирација)

    Вдишувањето започнува од дијафрагмата и е подржано од надворешните меѓуребрени мускули. Нормално вдишуваме 10-18 пати во минута, времетраењето на вдишувањето трае околу 2секунди. При голем напор, или белодробна слабост, бројот на респирации може да се покачи до 35 во минута и тогаш се вклучуваат помошните респираторни мускули, мускулите на вратот и мускулите од горниот дел на грбот.

    Издишување (Експирација)

    Издишувањето е пасивен процес, благодарејќи на големата еластичност на белодробното ткиво. Доколку издишувањето е на некој начин отежнато, како при астма на пример, потребна е мускулна акција за издишување. При астматичен напад е потребна голема сила за да се истисне воздухот од стеснетите бронхиоли, што доведува до исцрпување на мускулите за дишење, внатрешните меѓуребрени мускули и на помошната мускулатура. Форсирано издишување се изведува со стомачните и внатрешните меѓуребрени мускули.[​IMG]

    Циркулација

    Десната страна на срцето ја пумпа крвта од десната комора во белодробната артерија, која понатаму се разгранува во безброј мали гранки кои доаѓаат до секоја алвеола.
    [​IMG]
    (белодробна циркулација-мала циркулација)

    Кога процесот на оксидација на крвта ќе заврши, крвта се враќа во срцето преку белодробните вени низ левата преткомора, левата комора и низ целото тело.
    [​IMG]

    Размена на гасови
    Размената на гасвои се одвива во алвеолите. Ѕидот на алвеолите е многу тенок ( 0,2 микрометри), алвеолите од сите страни се обиколени со крвни садови, така да дифузијата на гасови се одвива врз основа на разликата во концентрацијата на гасовите во крвта и вдишаниот воздух. Просечно, белите дробови земаат околу 250 мл кислород и испуштаат 200 мл јаглероден диоксид.

    [​IMG]

    Говор

    Движењето на воздух преку грлото, преку гласните жици ни овозможува да зборуваме.

    Заболувања на белите дробови
    Заболувањата на белите дробови може да се поделат во 4 главни групи:

    * Опструктивни болести (Емфизем, Бронхитис, Астма и др.)
    * Рестриктивни болести ( Фиброза,Саркоидоза, и др.)
    * Васкуларни болести ( Белодробен оток, белодробен емболизам , белодробна хипертензија и др.)
    * Инфективни заболувања ( Пневмонија, Туберкулоза), заболувања предизвикани од околината (Азбестоза) и др.

    [​IMG]
  3. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Light weight baby!

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.685
    Допаѓања:
    939
    Мозок и нервен систем

    Човечкиот мозок содржи милијарди нервни клетки-неврони, кои се специфично групирани и поврзани во групи кои ги координираат мислите, чувствата, движењата и сетилата. Комплициран систем од нерви го поврзува мозокот со остатокот од телото, овозможувајќи комуникација и пренос на информации во дел од секунда. На пример, со колкава брзина ја повлекуваме раката од жешка печка. Иако сите делови од мозокот функционираат како една целина, сепак секој дел е одговорен за специфична функција-контролирајќи се од работата на нашето срце до нашето расположение.

    [​IMG]

    Голем мозок (Cerebrum)

    Големиот мозок е најголемиот дел од нашиот мозок и обично кога мислиме на мозок мислиме на големиот мозок. Надворешниот слој на мозокот е цербралниот кортекс, мозочна кора, сивата материја на мозокот. Длабоките бразди на мозокот ја зголемуваат површината на мозочната кора, со што се зголемува капацитетот за обработка на повеќе информации.

    Големиот мозок е поделен на две половини-хемисфери, со длабока фисура. Хемисферита комуницираат меѓу себе преку густа лента на нерви, наречена корпус калозум, на дното на фисурата. Всушност информациите од едната половина на телото во најголем дел се обработуваат на спротивната страна на мозокот[​IMG]

    Лобуси на мозокот
    Секоја од хемисферите на мозокот е поделена на 4 лобуси. Предните, фронтални лобуси имаат функција на краткотрајно меморирање на идеи и мисли, овозможувајќи ни разгледување на повеќе идеи во исто време. Една секција од фронталните лобуси ни помага да ги изведуваме свесните движења, додека една секција во левиот фронтален лобус ни овозможува претварање на мислите во зборови. Лобусите позади фронталните, париеталните лобуси ги интерпретираат информациите од сетилата , како вкус, температура и допир; исто така се вклучени во читање и решавање математички проблеми. Лобусите на тилот, окципиталните лобуси, ги обработуваат сликите од очите и ги поврзуваат овие информации со сликите кои веќе се меморирани. Темпоралните лобуси, сместени под окципиталните, ги преведуваат информациите од ушите, вклучувајќи и музика. Долната страна од темпоралниот лобус има главна улога во памтењето. [​IMG]

    Мал мозок и мозочно стебло (Cerebellum and brainstem)
    Мозочното стебло го поврзува големиот мозок со рбетниот мозок. Контролира витални фукнции, како срцева работа и фрекфенција, крвен притисок и дишење. Овој дел е исто важен за спиењето.

    [​IMG]

    Малиот мозок (cerebellum) е сместен под и позади големиот мозок. Во него се комбинираат сензорните информации од очите, од ушите и мускулите о што се добива координација на движењата, особено на деликатните движења. Оштетување на малиот мозок доведува до големи испади во движењата и нивната координација. Најкарактеристичен знак е интенционен тремор-тресење на дел од телото, на пример раката-кое се случува само кога ја движиме раката.

    Заштитни обвивки на мозокот
    Мозокот е заштитен со три мембрани, наречени менингеални обвивки, кои се наоѓаат веднаш под черепот. Надворешната е наречена дура матер додека внатрешната обвивка, со деликатна структура и специфични функции е наречена пиа матер. Средната обвивка е арахноидалната обвивка, структура со изглед на мрежа, исполнета со течност-церебро-спинален ликвор.
    [​IMG][​IMG]


    Внатрешни структури на мозокот
    Структури сместени длабоко во мозокот ги контролираат нашите емоции и нашите сеќавања. Овие структури се наречени заедно лимбичен систем и тие се во парови, исто како лобусите на мозочната кора. Секој дел од лимбичниот систем е дуплиран на спротивната страна од мозокот.
    [​IMG]

    Најголема структура во лимбичниот систем е таламусот, кој делува како порта за пораките кои се пренесуваат меѓу рбетниот мозок и големиот мозок. Хипоталамусот ги контролира емоциите како бес и лутина, но истовремено ја контролира и телесната температура и потребата за јадење, спиење и сексуалното однесување.

    Хипокампусот дејствува на тој начин што праќа сеќавања во одреден дел од големиот мозок, каде ќе бидат зачувани и по потреба повторно ги повикува.

    Периферен нервен систем
    Периферниот нервен систем се однесува на сите нерви во нашето тело, со исклучок на нервите во мозокот и рбетнио мозок. Дејствува како комуникација меѓу мозокот и екстремитетите. На пример доколку допреме жежок предмет, сигналите за болка патуваат од ракато до мозокот за помалку од секунда и за исто толку време, нашиот мозок ја обработува информацијата и им кажува на мускулите на раката да ги тргнат прстите од жешкиот предмет.[​IMG]

    Нервни клетки
    Нервните клетки (невроните) имаат два главни типови на гранки кои излегуваат од нивните тела-дендрити и аксони. Дендритите ја примаат пораката од другите нервни клетки додека аксоните ја пренесуваат до други клетки како соседни неврони или извршна клетка, на пример мускулна клетка.
    Поврзани на овој начин, невроните се способни да овозможат ефикасна, многу брза и координирана меѓусебна комуникација.
    [​IMG]

    Неуротрансмитери
    Невроните комуницираат со другите клетки преку електрични импулси, кои се ослободуваат кога нервната клетка е стимулирана. Преку невронот, импулсот патува кон аксоноти предизвикува ослободување на невротрансмитери, хемикалии кои делуваат како гласници.
    [​IMG]

    Овие невротрансмитери поминуваат низ синапса, мала празнина помеѓу две нервни клетки и се прикачуват на другата нервна клетка. Овој процес се повторува од неврон до неврон и импулсот патува кон својата дестинација.
    Овој уникатен начин на комуникација ни овозможува да се движиме. да мислиме, да чувствуваме и да комуницираме. На кратко овој чудесен процес е основата на нашиот физички, ментален и емотивен живот и не прави тоа што сме.
    [​IMG]
  4. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Light weight baby!

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.685
    Допаѓања:
    939
    Што е еректилна дисфункција?

    Еректилната дисфункција кај мажите, која понекогаш се нарекува и импотенција, се дефинира како состојба на постојан или времен проблем за добивање и/или одржување на ерекција, која ќе биде доволна за да се изврши сексуален иот однос.

    Мнозина мажи понекогаш или привремено имаат проблем со ерекцијата, но тоа не значи секогаш дека еректилната дисфункција ќе прерасне во хроничен проблем. Настанатиот проблем за да биде дијагностициран како ЕД треба да се случува редовно. Проблемот може и да не настане секогаш кога мажот ќе посака да има сексуален однос, туку да се повторува во текот на извесен период.

    Еректилната дисфункција кај мажите е силно поврзана со други медицински состојби. Всушност, тоа е обично симптом за друга медицинска состојба во заднина.

    Еректилната дисфункција кај различни мажи може да се појави во различен степен.
    Нагоре
    Колку е честа еректилната дисфункција (ЕД)?
    ЕД е многу честа појава. Се проценува дека околу 152 милиони мажи во светот страдаат од ЕД. Ако и вие имате еректилна дисфункција или се сомневате дека ја имате, тогаш сте еден од милионите мажи во светот кој го има овој проблем што може многу успешно се лекува.

    Секојдневно с¡ повеќе и повеќе мажи отворено зборуваат за еректилната дисфункција и откриваат нови начини на лекување, препорачани од лекар, кои се ефикасни, сигурни и лесни за употреба.
    Нагоре
    Постојат ли степени на еректилна дисфункција?
    Еректилната дисфункција може да се појави кај мажите во различен степен.

    Општо земено, лекарите овие степени ги опишуваат во долунаведениве категории:

    * Не постои ЕРЕКТИЛНА ДИСФУНКЦИЈА. Способноста за постигнување и одржување на ерекцијата не е намалена од ЕД.
    * Слаба ЕРЕКТИЛНА ДИСФУНКЦИЈА. Способноста за постигнување и одржување на ерекцијата е лесно намалена. Мажите со слаба ЕД наведуваат дека се само делумно задоволни од своите сексуални способности.
    * Умерена ЕРЕКТИЛНА ДИСФУНКЦИЈА. Способноста за постигнување и одржување на ерекцијата е умерено намалена. Мажите со умерена ЕД наведуваат дека ретко се задоволни од своите сексуални способности. Поголем дел од мажите со ЕД имаат умерена еректилна дисфункција.
    * Тешка ЕРЕКТИЛНА ДИСФУНКЦИЈА. Способноста за постигнување и одржување на ерекцијата е многу намалена. Мажите со тешка ЕД наведуваат дека се ретко задоволни или воопшто не се задоволни со своите сексуални способности.


    Важно е да се разбере дека дури и слабата еректилна дисфункција би можела да предизвика силни емоции. На многумина може да им претставува тешкотија отворено и искрено да разговараат за овие чувства, но тоа пак може да помогне во зближување на двојките и зголемување на можностите за ефикасно лекување. Ако и вам и на вашата партнерка ви претставува проблем да зборувате за еректилната дисфункција, знајте дека не сте единствени.
    Нагоре
    Што ја предизвикува еректилната дисфункција -и кои се ризик факторите?
    Еректилната дисфункција можат да ја предизвикаат некои медицински состојби.

    Еректилната дисфункција може да настане како последица на какво било нарушување кое би влијало на физичкиот редослед на настаните што водат кон ерекција - а тоа практично значи, секое нарушување што влијае на протокот на крв кон пенисот за време на сексуална стимулација. Некои медицински состојби кои обично се поврзуваат со еректилната дисфункција се:

    * висок крвен притисок
    * срцево заболување - понекогаш се нарекува и “кардиоваскуларна# болест
    * шеќерна болест
    * депресија


    Како што стареат мажите почесто забележуваат дека им е потребно подолго време да постигнат ерекција, дека нивната ерекција не го достигнува максимумот како порано или пак им е потребно подолго време да доживеат оргазам. Ова се нормални промени што се поврзани со стареењето и не треба да се мешааат со еректилна дисфункција. Еректилната дисфункција не е неизбежен дел од стареењето - таа може успешно се лекува.

    Еректилната дисфункција можат да ја предизвикаат и некои лекови

    Околу 25% од случаите на еректилна дисфункција се предизвикани од лекови што се користат за лекување на други здравствени проблеми. Тука спаѓаат некои од лековите кои се користат за лекување на висок крвен притисок, срцеви заболувања и депресија.

    Ако сметате дека лекот што го користите придонесува за вашата еректилна дисфункција, поразговарајте со вашиот лекар. Прашајте дали користење на некоја замена за тој лек би помогнало во намалување на симптомите за еректилната дисфункција.

    Навиките и начинот на живеење, исто така, можат да бидат поврзани со еректилната дисфункција.

    Исто така и некои “лоши навики# можат да влијаат врз ерекцијата:

    * пушење
    * премногу алкохол

    Нагоре
    Дали еректилната дисфункција може да се спречи или да се излечи?

    Повеќето од состојбите што ја предизвикуваат еректилна дисфункција можат мошне успешно да се контролираат, а тоа пак може да помогне да се спречи губењето на способноста за ерекција. Ако имате здравствени проблеми, како на пример шеќерна болест или висок крвен притисок, важно е да ги следите упатствата на лекарот за надминување на тие проблеми како и за добро здравје во целост. Ризикот од еректилна дисфункција може исто така да се намали и со избегнувањето на пушењето и претераното консумирање алкохол. И секогаш претставува добра идеја спроведувањето на здрав начин на исхрана и физичка активност.

    Во најголем број случаи еректилната дисфункција не може комплетно да се излечи, но таа може успешно да се лекува. Во можностите за лекување сега спаѓа и новата генерација на лекови кои се издаваат на рецепт и кои им помагаат на мажите спонтано и природно да реагираат на сексуалната стимулација.
    Нагоре
    Кои се можностите за лекување на еректилна дисфункција?

    Во денешно време се лекуваат само мал процент мажи со еректилна дисфункција. За среќа, тоа се менува. Со откривање на понови и посоодветни начини на лекување, с¡ повеќе и повеќе мажи разговараат со своите лекари како поуспешно да ја надминат таквата состојба. Мажите со еректилна дисфункција (и нивните партнерки) сфаќаат дека не треба да се откажат од тој важен и пријатен дел од животот. Не двоумете се да побарате помош и вратете го уживањето во сексуалните активности во вашата врска.

    Во современите начини на лекување на ЕД спаѓаат:

    ПДЕ 5 - инхибитори. Таблетите кои се издаваат на рецепт и им помагаат на мажите да постигнат ерекција при соодветна сексуална стимулација, бргу станаа најпопуларен начин на лекување на еректилна дисфункција низ светот. Поради својата погодност (таблетата се зема кратко време пред почетокот на сексуалната активност) и поради тоа што тие дејствуваат само при сексуална стимулација (при бакнување или допир), овој начин се доживува како поспонтан и поприроден за разлика од другите начини.

    Иако ПДЕ 5- инхибиторите ги користат милиони мажи низ целиот свет, сепак тие не се наменети секому. Разговарајте со вашиот лекар, кој ја знае вашата здравствена историја, дали овие лекови се соодветни за вас. Не користете ги ПДЕ 5 -инхибиторите ако истовремено користите лекови кои содржат нитрати (како на пример нитроглицерин за болки во градниот кош), дури и ако лекот што содржи нитрати го користите само повремено.

    Други лекови кои се земаат орално. Неодамна на листата на начини на лекување е додаден и лекот наречен “апоморфин#, кој е сега достапен во вид на таблетка која се растопува под јазик. За разлика од ПДЕ 5-инхибиторите, апоморфинот дејствува врз делот од мозокот кој го контролира сексуалниот нагон.

    Лекување со инјекции. Ова се лекови во шприц кои помагаат да се постигне ерекција. Несаканите ефекти можат да бидат пролонгирана ерекција, болка од инјекцијата и појава на лузни на пенисот.

    Таблети кои се инсертираат во уретрата. Овие таблети или гранули се издаваат само на рецепт и се користат на тој начин што се вметнуват во пенисот за постигнување ерекција. Тие претставуваат алтернатива за оние мажи кои не сакаат инјекции. Таблетите предизвикуваат локална болка кај голем број корисници и тие не смеат да се употребуваат ако Вашата партнерка е бремена или планира да забремени.

    Вакуумски помагала. Вакуумската цевка се става врз пенисот, па ерекција се постигнува преку вшмукување. Прстенот што се става на коренот од пенисот помага во одржувањето на ерекцијата. Вакуумските средства во принцип се безбедни, но не смеат да се користат подолго од 30 минути, бидејќи може да дојде до преголемо ладење или повреда на пенисот.

    Хируршки импланти. Хируршки вградените силиконски цилиндри можат да бидат средно цврсти или можат да се надујат и на тој начин да ја предизвикаат ерекцијата. Иако многумина мажи и нивните партнерки тврдат дека уживањето при ваквиот начин е големо, сепак хируршката постапка може да биде болна, а постои и ризик од инфекција за време и по хируршкиот зафат.

    Психотерапија. Вие (и вашата партнерка) разговарајте со психијатар, психолог или друг советник за ментално здравје за постојните сексуалните тешкотии кои би можеле да влијаат врз способноста да постигнете ерекција.
  5. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Light weight baby!

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.685
    Допаѓања:
    939
    Депресија

    Ова е психопатолошка состојба која силно влијае врз секојдневното функционирање на индивидуата и предизвикува болка и страдање не само на поединецот, туку и на целото негово семејство. Сериозната состојба на депресија е во состојба да го уништи семејниот живот на поединецот, како и неговиот живот.
    Многу од луѓето кои страдаат од депресија не бараат помош од стручни лица, иако на повеќето од нив може да им се помогне.
    Што е депресија?

    Депресијата е состојба која влијае врз телото на поединецот, врз неговото расположение, како и врз неговите мисли. Влијае врз спиењето, исхраната, врз она како се доживуваат себеси и како го доживуваат светот. Депресивната состојба не е расположение кое минува. Не е знак на слабост или ситуација која знаете дека можете да ја надминете. Луѓето кои страдаат од депресија имаат проблеми со функционирањето и тоа влијае врз нивниот живот генерално. Без соодветен третман, оваа состојба може да трае со недели, месеци, па дури и години.
    Видови депресија

    Депресијата ја има во повеќе форми. Овде ќе ги опишеме трите најчести видови депресија, меѓутоа во рамките на овие видови депресија постојат варијации во бројот на симптомите, нивната јачина и истрајност.

    Мајор депресијата е манифестирана со комбинација на симптоми кои интерферираат со способност да се работи, учи, спие, јаде и да се ужива во активностите кои некогаш биле пријатни. Ваква епизода на депресија која сериозно го нарушува функционирањето на поединецот може да се јави само еднаш, меѓутоа може и да се повторува и повеќе пати во текот животот.

    Нешто поблага форма на депресија е дистимијата, која инволвира долгорочни, хронични симптоми кои не онеспособуваат целосно, меѓутоа исто така не овозможуваат најдобро функционирање и не дозволуваат поединецот да се чувствува добро. Луѓе кои имаат дистимија, можат да искусат симптоми на мајор депресија во некој период од нивниот живот.

    Третиот вид на депресија е наречен биполарно растројство, исто така наречена и манијакално-депресивно нарушување. Ни одблиску не е истрајна како претходните две нарушувања, но се карактеризира со циклични промени на расположението: од високо расположение (манија) до нерасположение (депресија). Понекогаш промените на расположението се драматични и нагли, но најчесто тоа се случува постепено. Кога поединецот е во депресивната фаза, индивидуата ги има некои или сите симптоми на депресивната состојба. Кога е во манична фаза, индивидуата може да биде премногу активна, многу да зборува и да биде енергична. Манијата често влијае врз мислењето, проценувањето и однесувањето спрема другите луѓе, што многу пати предизвикува сериозни проблеми. На пример, индивидуата која е во манична состојба може да се чувствува особено добро и да преземе непромислени активности, како на пример да вложи пари на нереални бизниси или да се впушти во романтични релации, кои инаку не би ги имала.

    Циклотимија е исто така пореметување на расположението со изразено повишено расположение и со намалено расположение (како кај биполарното растројство), меѓутоа симптомите се во многу поблага форма.

    Сезонско афективно растројство е друг тип на депресија, кога симптомите на депресија се појавуваат исклучиво во одредени периоди во годината, како на пример во зима или есен
    Симптоми на депресија и манија

    Не секој што е депресивен или маничен ги искусува сите симптом. Некои луѓе искусуваат само неколку симптоми, некои имаат повеќе. Јачината на симптомите варира во зависност од личноста на поединецот, а варираат и со текот на времето.

    Симптоми на депресија

    * Постојано чувство на тага, вознемиреност или чувство на празнина
    * Чувство на беспомошност, песимизам
    * Чувство на вина, безвредност, беспомошност
    * Губење на интерес задоволство од активности кои порано предизвикувале задоволство, вклучувајќи и сексуални активности
    * Намалена енергија, успореност
    * Потешкотија во концентрацијата, помнењето, донесувањето одлуки
    * Проблеми со спиењето, рано будење, или прекумерно спиење
    * Губење апетит или тежина, или прекумерно јадење
    * Мисли на смрт или самоубиство, обиди за самоубиство
    * Немир, иритираност
    * Постојани физички симптоми кои не реагираат на лечење, како на пример главоболки, проблеми со стомакот, и хронични болки

    Манични симптоми

    * Невообичаена или екстремна расположеност
    * Невообичаена иритираност
    * Намалена потреба за спиење
    * Грандиозни идеи
    * Зголемена зборливост
    * Порив на идеи и мисли
    * Зголемена сексуална потреба
    * Воочливо зголемена енергија
    * Слаба проценка на ситуациите
    * Несоодветно социјално однесување

    Причини за депресијата

    Се забележало дека некои видови депресија се појавуваат повеќе пати во семејствата, што наведува да се помисли на некои биолошки наследни фактори во појавувањето на оваа нарушување. Ова е забележано особено кај биполарната депресија. Меѓутоа, исто така е утврдено дека постојат и некои дополнителни фактори кои играат улога во пројавувањето на нарушувањето, меѓу кои и постоењето на стрес фактори во животот, семејството или работата.
    Во некои семејства е забележано дека мајор депресијата се појавува во секоја генерација, меѓутоа може да се појави и во генерации кои немаат историја на депресија. Без разлика дали е наследна или не, мајор депресијата е пропратена со помени во структурата на мозокот и неговото функционирање.

    Луѓето со ниска самодоверба, оние кои постојано го перцепираат светот и себе си со доза на песимизам, и оние кои се преплавени од стрес, се исто така подложни на депресија. Она што не сосема јасно е дали овие карактеристики претставуваат предиспозиција за заболување или пак се рани форми на заболувањето.
    Во последно време, истражувачите покажале дека физичките промени во телото, можат да бидат исто така придружени со ментални промени. Медицински состојби како мозочен удар, срцев удар, рак, Паркинсонова болест и хормонални пореметувања може да предизвикаат депресивно нарушување, болниот е апатичен, нема желба да се грижи за својата физички потреби, со што си го отежнува своето закрепнување.

    Исто така, сериозна загуба, врска која е тешка, финансиски проблеми или било какви стресни промени во животот можат да предизвикаат депресивни епизоди. Најчесто во оформување на заболувањето учествуваат комбинација и на генетско наследување, и на психолошки и на средински фактори. Во иднина, откако личноста веќе пројавила депресивно однесување, повторните епизоди на депресија можат да се предизвикаат дури и со мали стрес фактори или дури и без нив.
    Лечење на депресијата


    * Опции- кога се лечите од депресија, потребно е да посетувате и лекар и терапевт. Неопходно е да примате лекарства, меѓутоа е потребно и советување, психотерапија.
    * Резултат- Повеќето луѓе се чувствуваат многу подобро по соодветен третман за депресија. Кај луѓето кои не примаат терапија има поголема веројатност за повторување на симптомите.
    * Колку долго трае терапијата- веројатно се потребни неколку недели за да почнете да чувствувате поголеми резултати од терапијата. Можеби ќе треба да продолжите со некаква терапија – или медицинска или психотерапија – дури и кога ќе се чувствувате подобро, за да се заштитите од повторни епизоди на депресија.


    Со ефикасна терапија, депресијата дефинитивно може да се контролира. Со лекување може да се спречат ограничувањата од депресијата во секојдневното функционирање и уживањето во животот. Сега лечењето на депресијата е поефикасно од било кога, а познато е дека околу 80-90% од луѓето со депресија можат успешно да се излечат. Она што е битно е лечењето да се започне што е можно порано. Праксата покажала дека раното лечење на депресија може да превенира таа да стане хронична.
    Психотерапија за депресија

    Многу форми на психотерапија можат да им помогнат на луѓето кои имаат депресија. Психотерапијата помага во добивањето увид и во решавањето на своите проблеми преку разговор со терапевтот. Бихејвиоралните терапевти им помагаат на клиентите да научат како да стекнат повеќе задоволство во нивните активности и како да се одучат од однесувањата кое придонесуваат кон депресијата.
    Исто така психотерапијата е добар начин да се превенира депресијата. На пример, со терапијата можете да ги надминете чувството на безвредност, да станете свесни за изборите во животот и да ги поставите личните потреби пред притисоците на општеството. На тој начин придонесувате кон поздраво ментално функционирање и намалување на ризиците кои овие состојби ги носат.
    Справување со депресијата

    Депресијата предизвикува чувство на истоштеност, безвредност и беспомошност. Овие негативни мисли или чувства предизвикува некои луѓе да сакаат да се откажат. Битно е да се сфати дека овие негативни пристапи се дел од депресивното растројство, за што е типично тоа што не ја одразуваат верно реалноста. Негативното мислење може да се намали благодарение на третманот. Во меѓувреме:

    * Поставете си реалистични цели (во врска со депресијата) и преземете одредена одговорност кон своите постапки
    * Поделете ги поголемите задачи на помали, поставете си приоритети, и направете го она што можете и колку можете
    * Обидете се да бидете со други луѓе и да се поверите на некого- тоа е секогаш подобро од тоа да сте сами со своите проблеми
    * Учествувајте во активности кои ќе ве прават да се чувствувате подобро- практикувајте умерени вежби, одете во кино, посетете некој спортски настан
    * Не очекувајте ненадејна промена на вашето расположение, потребно е време работите да се променат
    * Се препорачува донесувањето на значајни одлуки во животот да се одложат додека не се подобри состојбата. Пред да одлучите да ја смените работата, да влезете во брак или да се разведете, разговарајте со некого кој добро ве познава и кој има пообјективен пристап од вас
    * Луѓето ретко брзо излегуваат од депресија, меѓутоа можат да почнат да се чувствуваат подобро од ден на ден.
    * Дозволете им на вашите пријатели и семејство да ви помогнат


    Како можат пријателите и семејството да помогнат?

    Најбитно е да луѓето кои сакаат да му помогнат на лицето кое страда од депресија да бидат полни со разбирање, да имаат трпение и да го/ја охрабруваат. Разговарајте со нив и ислушајте ги внимателно. Не се потсмевајте на она што ви го кажуваат, меѓутоа истакнувајте ја реалноста и поттикнувајте надеж. Не критикувајте го лицето дека глуми болест или дека е мрзливо, и не очекувајте да се промени преку ноќ. Со терапијата со тек на време тој/таа ќе се чувствува подобро и обидете се во тоа да го убедите него/неа.

    Неопходно е да тој/таа знае дека може да се повери на вас кога ќе се чувствува особено лошо. Охрабрете ја/го да го посетува својот терапевт, а ако е потребно и придружувајте го/ја при посетата на терапевтот. Не ги игнорирајте коментарите за самоубиство. Известете го за ова лицето кое е одговорно за терапија.
  6. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Light weight baby!

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.685
    Допаѓања:
    939
    Есенска меланхолија

    Мислите дека ве фаќа депресија? Можеби и не е така. Тоа што во есен се чувствуваме тмурно, како и времето што не опкружува е сосема нормална телесна реакција. Реагираме на...

    Мислите дека ве фаќа депресија? Можеби и не е така. Тоа што во есен се чувствуваме тмурно, како и времето што не опкружува е сосема нормална телесна реакција. Реагираме на недостатокот на светло.

    Во период кога денот станува се пократок а небото се потемно многу луѓе се борат со чувството на меланхолија и нерасположение, но тоа сепак не е причина за загриженост, според германските експерти. „Многу луѓе патат од привремена меланхолија во текот на есента. Тоа е дел од животот а не депресија во медицинска смисла.“ - Д-р. Ulrich Hegel од германската мрежа за испитување на депресија и суицид со седиште во Лајпциг.
    [​IMG]

    Постојат четири главни причини за есенска потиштеност. „ Првиот е психолошки бидејќи најголем дел од луѓето имаат негативни асоцијации на темнина. Ова е од еволуциски и генетски причини“- според германскиот психолог Ruediger Schmitt-Homm. Физиолошките причини се посложени бидејќи постојат биолошки врски кои влијаат на нашето расположение. Во текот на есента помалите количини на дневно светло кое „патува“ од очите до мозокот доведува до намалување на нивото на серотонин, „хормонот на среќата“.

    Исто така, подолгите ноќи и потемните денови предизвикуваат зголемено произведување на мелатонин, хормон задолжен за рамнотежа на телесниот дневен и ноќен ритам. „ Тоа предизвикува луѓето во текот на денот да се чувствуваат поспани.“ Д-р. Schmitt-Homm.
    Четвртата причина е што телото не добива доволно витамин Д чиј висок ниво помага во борбата против депресијата Д-р. Schimtt-Homm затоа препорачува поголемо внесување на витамин Д со јадење на риби, како и станување рано и со тоа поголемо изложување на дневно светло.
  7. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Light weight baby!

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.685
    Допаѓања:
    939
    Зошто грипот доаѓа во зима?

    Група истражувачи, на чело со Питер Палесе од Моунт Синај Скул оф Медицин во Њујорк во опити на заморчиња откриле дека ниската влажност на воздухот и температурата околу пет степени Целзиусови ја поттикнуваат заразата со вирусот на грипот.

    "Вирусот полесно се пренесува зиме, на патот кон работа, отколку на лето или во топла затворена просторија", вели Палесе.

    Резултатите од истражувањето се поклопуваат со заклучокот дека грипот на северната земјина половина се јавува меѓу ноември и март, а на јужната од мај до септември.

    Истражувачите ги набљудувала заразените и здравите животни во простории со различна клима. При висока влажност на воздухот – на 80 проценти, вирусот воопшто не се пренесувал.

    При температури од околу пет степени, стапката на заразеност била многу поголема отколку при температура од 20 степени.

    Кога температурата достигнувала околу 30 степени, пренесувањето на заразата прекинувало.

    Истражувањето сугерира дека релативно сувиот воздух поради греењето, како и ниските температури го поттикнуваат ширењето на вирусот, заклучува Палесе.
  8. еци^^^

    еци^^^ Walking the line of nature's palm

    Член од:
    9 декември 2005
    Мислења:
    2.948
    Допаѓања:
    55
    Скај, гледам дека си по медицината, па еве би сакала да дознаам нешто повеќе за женските хормони и сексуалната функција на жената?

    Бтв, бравос за се досега напишано на темава!
  9. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Light weight baby!

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.685
    Допаѓања:
    939

    Пред се едно големо Благорадам!

    ЦИКЛУС НА СЕКСУАЛЕН ОДГОВОР НА ЖЕНИТЕ
    Кога жената сексуално ќе се возбуди, кај неа се јавува пријатно чувство на задоволство во клиторисот и вагината на жената се навлажнува. Потоа и вагината се издолжува и жената чувствува уште поголема возбуда. Нејзиното срце чука посилно, таа дише забрзано и чувствува наплив на пријатни контракции во карлицата и длабоко чувство на опуштање и задоволство (оргазам). Некои жени доживуваат и неколку оргазми едноподруго. Тие чувства започнуваат во мозокот. Емоциите и односите меѓу партнерите значително влијаат на способноста на мозокот да ги придвижи работите.


    Нормалниот сексуален одговор кај жената се одвива во четири фази:

    * Сексуална возбуда. Во оваа фаза доаѓа до надразнување на нервите и до зголемување на протокот на крв во гениталната регија на телото. Вагината се навлажнува (станува подмачакана) и настануваат промени во вагиналните усни и клиторисот.
    * Плато. Настануваат додатни промени во телото со наголемување на тензијата во гениталиите. Вагината станува екстремно навлажнета и настапува ширење на вагиналните ѕидови во горните две третини на вагината.
    * Оргазам. Оргазмот го сочинуваат серија мускулни контракции во гениталниот предел, матката и вагиналните ѕидови, кои потоа се проследени со нагло силно опуштање на целата мускулна напнатост.
    * Резолуција. Продолженото ослободување од мускулната тензија (напнатост) преминува во резолуција, која е всушност последната фаза на пријатното исчезнување на мускулната тензија.



    ПРОЛАКТИН(LTH,мамотрепен хормон, лактоген хормон)-Стимулира развиток на млечните жлезди и лачењето на млекото.

    Фоликулостимулирачки хормон(FSH follicle stimulating hormone)-Каа жените го стимулира растењето на фоликули а кај мажите стимулира сосдавање на сперматозоиди.

    Лутеинисирачки хормон(LH, luteinizing hormone)-Кај жените ја стимулира овулацијата(прскање на Графовиот коликул)


    Се извинувам само толку сум запаметил:) друго можам само да се потрудам но не вечерва:):smir:

    За хормоните повеќе утре доколку сакаш:)

    Се надевам доволно објаснив колку да не ми се налутиш:)
  10. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Light weight baby!

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.685
    Допаѓања:
    939
    Витамини

    Витамините се органски супстанции кои на човечкиот организам му се потребни во мали количини, но тие не можат да се синтетизираат, туку мора да се внесат во организмот. Затоа тие треба да се внесуваат преку храната или преку многубројните фармацевтски производи, додатоци на исхраната.

    Откривањето на витамините било дури во 20-тиот век. Но при претходните испитувања на лабораториски животни кои имале посебен диететски режим на исхрана со храна во која имало чист облик на масти, протеини и јаглени хидрати, секогаш се забележувало дека лабораториските животни се разболувале и умирале. Научниците кои сонувале за живот во кој ќе има чист „хемиски“ режим на исхрана, морале да прифатат поинаква реалност. Јаглените хидрати, масти и протеини, без разлика во колкав обем, не се доволни ни за луѓето, нити за животните: потребно е нешто повеќе. Значи во храната мора да има нешто повеќе. Казимир Функ полскиот хемичар во 1912 ги нарекол тие супстанции „vitales amines” т.е. амини битни за живот „витамини“.

    Подоцна научниците посветувале се повеќе и повеќе внимание на витамините. Како што биле откривани витамините така ги добивале буквите од адецедата за свој личен идентитет. И ден денес се откриваат супстанции посебно во растенијата, чија што улога во организмот е незаменлива.

    Потекло на витамините

    Витамините потекнуваат од растенијата, габите или од бактериите. Во некои случаи животните можат да ги трансформираат и да ги складираат, како што е примерот во витамините А и Д. Растенијата ги произведуваат во форма на провитамини, а во црниот дроб на рибите и цицачите се јавуваат во форма на витамини. Растенијата се сепак основен извор на витамини.

    Исхраната на база на овошје, житарици и зеленчук ги обезбедува сите неопходни витамини. При вегетаријански режим на исхрана на витамините А, Д и Б12, им се посветува посебно внимание, бидејќи се сметало дека можат да се најдат само во продукти од животенско потекло.
  11. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Light weight baby!

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.685
    Допаѓања:
    939
    Витамин А (ретинол)

    Во обоените плодови (морков, домат...) се наоѓа во форма на провитамин, бетакаротен, кој внесен во организмот се претвора во витамин А или ретинол. Во нашите црева потешко се ресорбира каротен отколку витамин А кој потекнува од намирници од животинско потекло. Со испитување е утврдено дека е потребно шест пати повеќе растителен каротен отколку животински ретинол за да се задоволат потребите. Но процентот на витамин А е значително низок во исхраната од животенско потекло, освен во црн дроб, некои риби и млечни производи.

    Функции

    Формирање на пигмент на видот во ретината. Недостаток на витамин А води кон смалување на ноќно гледање т.н. кокошкино слепило.

    Формирање и одржување на клетки кои ја прекриваат кожата, очите, усните и внатрешните органи. Со недостаток на витамин А кожата се суши и станува крута, што се манифестира со перутање.

    Спречува формирање на канцерогени тумори, благодарејќи на антиоксидантното делување. Растителниот провитамин го има истото дејство.

    При испитување на појава на рак на белите дробови кај пушачи, забележано е дека значително е поретка кај пушачите кои во секојденвната исхрана внесуваат витамин А, за разлика од пушачите кои не внесуваат.

    Претерување со витамин А е штетно!!!

    Претеран внес на витамин А кој што во форма на ретинол се наоѓа кај животните, може да биде штетна за луѓето. Затоа препораките се да не се конзумираат огромни количини на животински црн дроб кој што е депо на овој витамин. Исто така и кај повеќето фармацевтски препарати кои што во својот состав содржат витамин А јасно е нагласено дека претерувањето на дозата на овој витамин може да биде опасно. Симптоми на труење со витамин А се: замор, нервоза, болки во коските, главоболка, несвестица. Аналогот на витамин А - бета каротен е апсолутно безбеден и непостои никаква опасност од предозирање бидејќи организмот од него ги создава потребните количини на витамин А.
  12. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Light weight baby!

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.685
    Допаѓања:
    939
    Витамини Б

    Витаминот Б1 (тиамин) е откриен во интегрален ориз на почетокот на 20 век. Било забележано дека со внесување на витамин Б1 се лечи заболувањето познато како берибери.


    Витаминот Б1 (тиамин) е откриен во интегрален ориз на почетокот на 20 век. Било забележано дека со внесување на витамин Б1 се лечи заболувањето познато како берибери.



    Функции

    Влијае на согорување на јаглените хидрати, олеснувајќи ги хемиските реакции со кои крајниот производ гликоза се претвора во енергија

    Витамин Б1 е основен фактор на функциите на нервниот систем. Неговиот недостаток предизвикува раздразливост и нервна нерамнотежа.



    Недостаток може да доведе до берибери, болест која што денес е доста ретка. Витамин Б1 е доста распространет во природата. Се наоѓа во секое овошје, житарици (особено интегрални) и зеленчук. Белиот шеќер и белото башно немаат витамин Б1. Исхраната заснована на овошје, зеленчук и житарици ги задоволува потребите на организмот за овој витамин.



    Витамин Б2

    Функции

    Го потпомага растот служејќи како катализатор во хемиски реакции неопходни за искористување на јаглените хидрати и протеини. Неговиот недостаток води кон успорен раст, пропаѓање на кожата и ретината (слабеење на видот).

    Витамин Б6 (пиридоксин)

    Витамин Б6 го регулира метаболизмот на протеини, посебно во нервните ткива, црниот дроб и кожата. Активно учествува во формирањето на црвените крвни зрнца.



    Недостаток на витамин Б6 се манифестира со замор, нервоза, анемија и кожни заболувања.


    Витамин Б6 се наоѓа во житарици, особено ако се интегрални, овошје и зеленчук, млеко, јајца и месо. Најголеми извори на витамин Б6 се авокадо, банана, ореви и соја.



    Витамина Б12 (цианокобаламин)

    Витамин Б 12 е единствен витамин кој во својот состав содржи кобалт. Се формира од микроорганизми, бактерии и габи кои живеат во организмот на животните. Формираниот витамин Б 12 се складира во црниот дроб. Растенијата го имаат во мали количини.

    Функција

    Со фолната киселина неопходен е за формирање на крвните клетки (црвените крвни клетки), како и за функционирање на нервниот систем. Недостаток на витамин Б 12 доведува до сериозни анемии и дегенеративни промени на нервните влакна на рбетниот столб.

    До пред неколку години се сметаше дека извор на витамин Б 12 е само црн дроб, месо, риба, млеко и јајца, но неодамна е утврдено дека алгата спирулина содржи голема количина на витамин Б 12, а исто така и пивскиот квасец има голема количина од овој витамин. Бактериите кои што живеат во дебелото црево синтетизираат витамин Б 12 во големи количини. Цревните бактерии синтетизираат покрај витамин Б 12 и витамин К.
  13. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Light weight baby!

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.685
    Допаѓања:
    939
    Витамин Ц (аскорбинска киселина)

    Со векови наназад скорбут било едно од најчестите заболувања кое се појавувало во зимскиот период, кога храната е доста еднолична: житарици, месо, сувомеснати производи. 1928 унгарскиот хемичар Сент Ѓорѓи го открил витамин Ц за кој се покажало дека се срекава во големи количини во продуктите од растително потекло. Само еден портокал содржи 90 милиграми витамин Ц, а доматот може да се пофали со 130 милиграми. Дневната потреба на витамин Ц е 45 милиграми т.е...

    Во случај на инфекции, рани или хируршки интервенции, дневната потреба за витамин Ц се зголемува неколку кратно. Супституцијата на овој витамин може да се направи со природен сок, свежо овошје или со фармацевтски производи. Витамин Ц е многу осетлив на топлина и светлина, затоа варени или пржени продукти губат големи количини на витамин Ц, а исто се случува и со конзервирана храна.

    Функции

    Витамин Ц ги активира функциите на сите клетки. Тоа е моќен антиоксидант кој ги кочи процесите на стареење. Потикнува апсорпција на железо во цревата, преку претворање на железото во ресорбилен облик, а го јакнее и одбрамбениот систем на организмот, ги неутрализира отровите од крвта, потпомага во зараснување на раните и влијае на битни физиолошки функции.
    [​IMG]

    Недостаток: на витамин Ц предизвикува болест која се вика скорбут, која се карактеризира со слабеење, слаба отпорност на инфекции, крварења на непцата и кожата. Сличаите на скорбут се доста ретки, но сепак се среќаваат случаи на хиповитаминоза (недоволен внес) на витамин Ц, кои се манифестираат со: замор, крварење, склоност кон инфекции, успорен раст кај децата.
  14. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Light weight baby!

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.685
    Допаѓања:
    939
    Витамин Д (калциферол)

    Кон крајот на 18 век веќе се знаело за лековитото дејство на масло од црн дроб од бакалар против рахитис. Витамин Д за прв пат е изолиран 1920 како супстанца растворлива во масти. Витамин Д се среќава во два хемиски облици и тоа како...

    - витамин Д3 кој природно се произведува во телото на човекот и кај животните особено рибите. Се наоѓа во црниот дроб. Под влијание на сонцето, се синтетизира под кожата со помош на еден дериват на холестерол (7-дехидрохолестерол)

    - витамин Д2 кој се добива вештачки во лабараторија. Се користи за збогатување со витамин Д на фармацевтските производи. Поголемиот дел на витамин Д човечкиот организам го синтетизира во кожата, затоа се препорачува што е можно повеќе „безбедно“ изложување на сончеви зраци.

    Функции

    Витамин Д ја олеснува апсорпцијата на калциум во цревата и придонесува на процесот на формирање на коските. Недостаток на витамин Д доведува до рахитис - омекнување и деформација на коските, кои стануваат слаби да ја издржат тежината на телото.


    Најголем извор на витамин Д е рибата. Месото од рибата и други животни, млеко, масла и јајца исто содржат витамин Д, но во мали количини. Некои истражувачи утврдиле присуство на витамин Д и во некои растенија, како на пр. авокадо, банана, какао, пченични клици. Со комбинација на внесување на витамин Д со храна или некој додаток и изложување на сонце може да се постигне задоволување на дневните потреби.

    При внесувањето на витамин Д треба да се внимава!!!

    Во средината на минатот век во „мода“ беше обогатување на детската храна со витамин Д, што предизвика претерано внесување на витамин Д, кое како последица предизвика калцификација на бубрезите и срцето, а резултираше и со неколку смртни случаи.
  15. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Light weight baby!

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.685
    Допаѓања:
    939
    Витамин Е (токоферол)

    Витамин Е е растворлив во масти, какко и К, Д и А. За разлика од витамин А и витамин Д, витамин Е е многу почест во растителните продукти отколку во животинските и не предизвикува никаква опасност ако се земе во поголеми количини.

    Функции

    Витамин Е игра важна улога во метаболизмот:

    - ги штити клетките од стареење, со своето антиоксидативно својство.

    - лабораториски животни на кои им едаван витамин Е поотпорни се на различни канцерогени фактори, од оние кои што не добивале витамин Е.

    - учествува во формирање на репродуктувните клетки, ја подобрува способноста на сперматозоидите да ја оплодат јајце клетката, а се препорачува и на жени кои имале спонтан или предизвикан абортус.

    - го олеснува функционирањето на нервниот систем и хипофузата.


    Витамин Е е многу распространет во природата, посебно во растителниот свет. Житарици, растителни масла се најдобри извори на витаминЕ. Месото го содржи само во незначителни количини.
    [​IMG]

Сподели преку: