Дереализација/ Деперсонализација

Член од
19 септември 2016
Мислења
3
Поени од реакции
1
^ Дефинирај ги тие секташки срања, ме интересира на што поточно мислиш. Лично сметам дека човек со ваков проблем и не би потпаднал под „секташки срања“ со оглед на тоа што тој човек е углавном незаинтересиран (не по своја волја) за околината и за стварите што се случуваат во неа. Пошто све изгледа нереално и нестварно, едноставно си изгубен во некои психолошки црвоточини.

Онтопик: Вакви фази во животот се случуваат скоро кај секој, али буквално кај секој човек, само што не секој е свесен за тоа. Дури ни јас не бев свесен дека сум поминал низ ваква фаза се додека не ја прочитав темава.
Треба упорност, и вистинска желба и волја да излезеш од оваа психолошка состојба. Фокусирај се на работи кои те правеле или те прават среќна, позитивна, запознавај нови луѓе, држи го мозокот активен што е можно повеќе и подолго. Исто треба и да внимаваш на исхраната и на физичката активност, пошто тие се предуслов за правилно функционирање на мозокот.
И најбитно, соочи се со стравовите и со психичките трауми што си ги доживеала во животот. Не ги потиснувај ниту ги избегнувај, по никоја цена. :)
 
Последно уредено:
S

SpaceTraveler

Гостин
Гледај да не забегаш по секташки срања тоа 99,99% се измами што згора на се ќе ти наштетат. Земај се со резерва и многу бон сенс. Секој добар практичен совет како редовно спиење и физичка активност секако е добредојден но биди резервирана кога на некакви глупости (гледање во точки итн) препишуваат не знам какви лековити дејства. Ова од лични искуства (и грешки) кажувам :)
Не си сама, ќе го пребродиш ова посилна!
Какви секташки срања гледаш? Јас напишав наједноставна вежба која по некоја логика би требало да го насочи мозокот да мисли на начин на кој што мислат луѓето кои што го немат овој проблем, т.е да не ја перцепираат реалноста само во две димензии туку да имаат смисла и за ширина и должина и височина. Предметот што стои пред тебе не е во твојата глава, туку твојата глава го перцепира преку сетилата за вид и е надвор од тебе, но лицето што има дереализација има чувство дека предметот е точно пред нејзините очи.

Ниту кажувам некој да прави инвокација на богови ниту принудувам некој на нешто. Давам само идеја, а останатите секако како сакаат - така. :)

П.С физичката активност, редовното спиење не помагаат во врска со деперсонализација и дереализација. Не велам дека и јас го знам лекот, но многу повеќе би сакал да давам open-mind идеа и да влеам надеж кај луѓето одкоклу да ги заморувам со совети од стилот, спијте редовно, исплакајте се или играјте оро. :)
Ти имаш проблеми со dp/dr? Ако не е тајна?
Во која секта па заглави ти? :D
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750

Не се чувствувај called out па да се објаснуваш сега. Не беше за тебе постот туку за неа, не ни знам што си пишувал. :) Не сум заглавил во секти фала богу, тие едвај чекаат ранливи луѓе со проблеми.
П.с. Редовно спиење, за разлика од твоите сфаќања, е еден од столбовите на ментално и физичко здравје, и најчесто прво се губи. Прво што ќе ти каже лекар е тоа.
 
Последно уредено:
S

SpaceTraveler

Гостин
Не се чувствувај called out па да се објаснуваш сега. Не беше за тебе постот туку за неа, не ни знам што си пишувал. :) Не сум заглавил во секти фала богу, тие едвај чекаат ранливи луѓе со проблеми.
Не се чувствувам called out само не знам од каде идеата за точките? Доколку прочиташ погоре јас имам пишувано такви нешта и Bodhidarma има пишувано нешто слично на тоа... па мислев тоа да не го сметаш за секташтво или јадење на мали деца. :D

П.С каде е таа секта каде што лекуваат лица со анксиозност и dp/dr со гледање во точки, сакам да се зачленам?[DOUBLEPOST=1474330746][/DOUBLEPOST]
но биди резервирана кога на некакви глупости (гледање во точки итн) препишуваат не знам какви лековити дејства. Ова од лични искуства (и грешки) кажувам :)
Каков опит имаш ти досега во врска со гледање во точки и слични нешта? :)[DOUBLEPOST=1474330954][/DOUBLEPOST]
П.с. Редовно спиење, за разлика од твоите сфаќања, е еден од столбовите на ментално и физичко здравје, и најчесто прво се губи. Прво што ќе ти каже лекар е тоа.
Муабетиме во 02:21 часот по полноќ и ти кажуваш за редовно спиење и ги угнетуваш моите сфаќања. Ај да го напишеше ова во 8 сабајле да те разберев, си станал наутро и правиш физички вежби кои го одржуваат твојот ум и дух.

*Во времето кога ја имав најлошата фаза на dp/dr професионално се занимавав со спорт, бев дел од карате федерацијата на Македонија, спиев, јадев здраво и станував секое утро, но пак исти проблем. Така да теоријата на лекарите пропаѓа во вода, нели? :)
 
Последно уредено од модератор:
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Не се чувствувам called out само не знам од каде идеата за точките? Доколку прочиташ погоре јас имам пишувано такви нешта и Bodhidarma има пишувано нешто слично на тоа... па мислев тоа да не го сметаш за секташтво или јадење на мали деца. :D

П.С каде е таа секта каде што лекуваат лица со анксиозност и dp/dr со гледање во точки, сакам да се зачленам?[DOUBLEPOST=1474330746][/DOUBLEPOST]

Каков опит имаш ти досега во врска со гледање во точки и слични нешта? :)
Мислам дека бев јасен дека темата не си ти ниту сектите туку девојката со проблемов. Исто како што веќе ти одговорив на ова се во претходниот пост погоре, да не се повторувам. Поздрав
П.с. гледам се изнапиша. Ова повеќе не само што личи на called out туку на ass burnt почнува да личи. Повторно, не ти пишав тебе, на девојката и дадов мое мислење за ->нејзиниот<- проблем. :) Поздрав
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Мислам дека бев јасен дека темата не си ти ниту сектите туку девојката со проблемов. Исто како што веќе ти одговорив на ова се во претходниот пост погоре, да не се повторувам. Поздрав
Го повторувам прашањето, каков опит имаш ти до сега со гледање во точки, оти и велиш на девојката дека зборуваш од искуство? :)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
П.С физичката активност, редовното спиење не помагаат во врска со деперсонализација и дереализација. Не велам дека и јас го знам лекот, но многу повеќе би сакал да давам open-mind идеа и да влеам надеж кај луѓето одкоклу да ги заморувам со совети од стилот, спијте редовно, исплакајте се или играјте оро.
Редовно спиење е поврзано со тироидна жлезда, епифиза, надбубрежна жлезда и тн.
Редовно спортување е исто поврзано со допамин односно кортизол......можно е во овој тип на пореметувања да станува збор за недостаток на допамин, серотонин или некои проблематики со адреналин....си треба детални анализи.
 
Хормонот кој што е одговорен за спиењето и кој се лачи природно кога сме на потемно место се вика мелатонин, но кај лицето што страда од dp/dr затоа што неговата пинеална жлезда по се изгледа притрпува промени, истиот хормон не се лачи и лицето не може да спие кога сака, не знам за другите, но јас кога патев од ова не можев да спијам со ноќи, а истата состојба ја имав дури и при спиењето. Буквално спиеш буден.

Хормонот мелатонин може да се најде во секоја аптека во форма на таблети, мене искрено многу ми помогна при спиење, многу повеќе од разни лекови што само те прават мрзелив.

Што се однесува до допаминот и серотенинот, не постои наркотик и субстанција која што не сум ја пробал додека патев од деперсонализација, допаминот и серотенинот ми биле на високо ниво пример после некоја субстанција во мене, но ниту тоа не помогнало.
Во исто време и се занимав активно и професионално со спорт. Единствено среќен се осеќав кога правев контрола на дишењето и седев во асана, но кога ќе престанев со тоа пак морав да се соочам со истото.

Друг начин да се успиете без користење на дијазепами, лоразепами и други срања е да го пронајдете чајот Каламинта, го има на Плачковица преку пролет, многу добар чај те успива само една чашка. :)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Поради тоа што имав многу силни панични напади и силни деперсонализации и дереализации сите наркотици ми делуваа многу вознемирувачки, трипав многу лошо и молев бога да помине дејството. Се пробав по еднаш, оти за втор пат и немав баш храброст. :D

Кокаинот и не го обожавам баш најмногу, шмркав со дечки што велеа дека можат да направат салто, додека другите седеа и пиеја и се мислеа дека се Кнеле и Кристијан Голубович. Јас чувстував само силно струење во разни делови од телото, трпенување на нервите и постојано ги анализирав другите што прават и молев бога да заврши сето тоа...

Истото ми се има случено и со хероин само во малку по стонерско издание, стравот поминуваше но се враќаше пак. Да напоменам дека имав 15-16-17 години тогаш, сега сум 21.
Те прашав заради допаминот како "нус производ" на кокаинот. Симптомиве што ги слушам околу оваа состојба dp/dr ми се слични посебно со паркинсова или алцхајмерова бол. па затоа мислев дека допаминот би имал пресудна улога.....за серотонинот не сум сигурен. Кога би се лечел на своја рака дел од третманот би бил супстанци како амино киселини со фул спектрум, мултивитамини и минерали и родиола во комбинација со mucuna pruriens, L-Tyrosine, L-theanine и L-Tryptophan...покрај се друго претходно што го наведов како спиење преку 8 саати, квалитетна исхрана, многу спорт јога вежби и медитација и друштво со природа.
Има некои лекови кои зголемуваат допамин...допамински агонисти ама не би пробувал такво нешто за почеток.
Тоа би бил прв чекор......
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Една мантра :) од Руми:

I am filled with you.
Skin, blood, bone, brain and soul.
There’s no room for lack of trust, or trust.
Nothing in this existence but that existence.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
99% од познаниците кои што патат од dp/dr ми имаат потврдено дека ги измачуваат обсесивни мисли во стилот на „што е смислата на животот“, „зошто сум овде“, „како настана целото постоење“, „со која цел“, „имам ли некоја мисија овде“, „што беше мојата мисија на планетата“

Но сепак постои и тој 1% кој не ги доживеал овие симптоми.

Колку и да е тешка ситуацијата сепак постои можност да се смета за благослов. Не велам дека тие што патат од dp/dr се нешто посебно или имаат рогови или крилја за летање, но сепак нивниот ум се отворил до степен на самоспознавање. Пример на личноста која што има dp/dr уживањето во сексот и е многу понамалено од личноста која што е во ред. Чувството на оргазам е многу послабо, чувството кога јадеш убава храна не можеш да го регистрираш затоа што ти се заслабени тие осети, или само на умот му се чинат како заслабени. Но сепак личноста која што пати од dp/dr е далеку по свесна дека овде на планетата не сме само за секс, да се наситиме со храна и пиење и уживање туку дека луѓето во целина имаат и друга задача, да се поткрепуваат едни со други, да си помагаат, да бидат хумани и да работат во служба на човештвото и планетата.

Не велам дека не постојат останати луѓе свесни за овие нешта, секако дека за да се биде добар човек не значи да се пати од dp/dr.

Исто така каректеристично за личноста што пати од dp/dr е тоа што многу лесно се соживува со тугите емоции, т.е повеќе живее во чувствата на своите пријатели од колку во своите. Сакам да кажам дека личноста може да препознае многу лесно како се чувствувате, одколку што може да ги препознае чувствата кај себе си.

Затоа овде има една убава изрека во врска со прашањата за животот, универзумот, природата и сл.

"Step into the fire of self-discovery. This fire will not burn you, it will only burn what you are not."

~ Mooji

@Bodhidharma многу убава мантра, посебно последниот стих. Личноста која што пати од дереализација и се прашува што е постоењето и животот, би требало да знае дека креацијата не е одделена од самиот креатор и дека животот не е одделен од нас, ниту нешто што може да се дефинира, туку ние сме самиот тој живот.

[DOUBLEPOST=1474570952][/DOUBLEPOST]

Официјалниот код на дијагнозата за dp/dr е F48.1 и истиот ми го пишуваше и мене во дијагнозата, но третманите секако дека не беа тие. :D

Значи доколку отидете на психијатар во македонија, тие ја знаат дијагнозата, но не знаат како да ја третираат.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
4 јули 2014
Мислења
285
Поени од реакции
73
Очито е предизвикано од негде, дали е дрога, дали е стрес/траума, дали е генетска аномалија ?
 
K

Kiko

Гостин
Мислам дека се работи за пореметена хемија во мозокот, имено премногу допамин, намален серотонин. Ова се случува после трауматичен настан кој ги втурнува гентски педисозиционирани личности. ДП/ДР Всушност е симптом на акциозност, не толку болест. Но Оваа анкциозност е перманентна заради дисбалансот и дури алхохолни пијалоци, особено стимуланти како кафиња можат да ја зголемат акциозноста. Гледам дека всушност е многу чест проблем со кој психијатрите прво не знаат да го дијагносицираат, а уште помалку да го лекуваат. Имам неколку пријатели кои имаат ДП/ДР и станав професионалец во емоционалната подршка на овие личности.
ДП/ДР со време ќе помине . Од вас зависи колку ќе трае. Клучна е подршката од оние околу вас и треба да ги исклучите личностите кои се токсични за вас. Знам дека мислите дека ќе полудите ама бидете сигурни такво нешто нема да се случи. Инаку има група за подршка на фб која може да ви помогне да видите дека не сте сами.
 
Член од
15 март 2009
Мислења
68
Поени од реакции
15
Сите чувства ми затапеа и сетилата ми се намалија особено видот и слухот.
Чувството на нереалност, живеење во филм/ сон и слично
Чувството на оргазам е многу послабо, чувството кога јадеш убава храна не можеш да го регистрираш затоа што ти се заслабени тие осети, или само на умот му се чинат како заслабени.
Ова се случува после трауматичен настан кој ги втурнува гентски педисозиционирани личности. ДП/ДР Всушност е симптом на акциозност, не толку болест. Но Оваа анкциозност е перманентна заради дисбалансот и дури алхохолни пијалоци, особено стимуланти како кафиња можат да ја зголемат акциозноста.
Целосно се пронаоѓам во цитативе...
За делот околу 2д перцепција не сум баш сигурен, не знам.
Во мојов случај, колку шо ја сум свесен, ова е резултат на генетски предиспозиции - склоност кон анксиозност (татко ми е анксиозен, плус од како знам за мене уште од мали нозе бев преосетлив и склон кон стрес). Поради анксиозноста, во животот се повлеков од многу нормални работи, како социјализација, комуникација, лесно се откажував од секој поголем предизвик, секогаш избегнував конфликти, overthinking правев за се, пропратено со голема неодлучност и несигурност, премислување при направен избор...
Пред година и пол решив да си го сменам животот, не сакав повеќе да живеам во страв и сакав да ги надокнадам сите испуштени работи во животот, како на пример добро друштво, девојки, правење на работи кои ме исполнуваат и сл. Е дури тогаш почнаа срањата во мојов живот: првите панични напади, тахикардии, раздразливост, треперење, несоница, деконцентрација, дупки во меморија, депресија... и така 2-3 месеци. Тогаш за прв пат се сретнав со религијата (уште на старт кажувам дека немам намера да проповедам) на вистински начин, со православното христијанство и тогаш осетив големи промени, добив голема волја, верба и надеж. Почнав да се спознавам себеси и другите околу мене. Оттогаш животот го гледам на скроз различен начин.
Проблемот е што и покрај духовниот тренинг, со секојдневните предизвици, со вработувањето повторно ми се врати стресот и сите со него пропратни симптоми. Така се појавија и симптоми на дп/др, кај мене изразени со отсутност, ослабени сетила, дефокусирање и намалена меморија, намалена толеранција на алкохол, кафе, цигари (но не секогаш исто, зависно од моментот), чувство на намалени рефлекси, чувство како да имаш многу слаба контрола над телото...
Имам да пишувам уште многу, засега е доволно, а и не сакам да замарам премногу.
Сакам да разговарам на оваа тема со соодветни луѓе, па затоа споделете мислење, совети и искуства, се е добродојдено. :)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.634
Поени од реакции
4.936

Јас си имав проблем со ДП/ДР ама повеќе во склоп на циклична психоза...на секој 6-12 месеци во период од месец два ме фаќаше психоза. Некогаш со халуцинации и делузии некогаш со послаби симптоми некогаш одеа со ДП/ДР некогаш. Некогаш беа со анксиозност и депресија или депресија и анксиозност после епизода понекогаш не. ДП/ДР не ми беа страшни и не се замарав со тоа многу иако имаше периоди денови или недели кога ми беа изразени. Најодвратно ми беше депресијата и анксиозноста. Позитивните симптоми од психоза не ми сметаа толку барем не на мене колку што на тие до мене, што и донекаде е очекувано. Посебно моите се страмеа и страв им беше што се однесував чудно и „лудо“. Сега сум ОК последен пат зимово ми се случи да имам напад ама кога ми помина беше се по старо и нормално...овие месеци од фебруари до сега ми се супер да не се урочам:). Надворешни стресови се лоша работа и затоа ги одбегнувам, не одам на работа (а и неморам зошто имам пари) а и скромен сум. Единствено страв ми е од врска со девојка...зошто сум имал стресни искуства и сега само се дружам и не се пуштам воопшто на жени иако ми е пријатно женско друштво ама за повеќе не сум сигурен во себе дека сакам ми сметаат појаки емоции.
Си земам апчиња и инекции антипсихотици и ОК ми е немам несакани ефекти. ДП/ДР не ми се страшни од мал сум си бил чакнат малку и склон кон чудно однесување (посебно ако не сум наспан), алкохол јок веќе со години ни капка ми забранија. Кафе и цигари не ми сметаат.
Сум бил еден период и јас религиозен (молитиви, постови, литургии, причести итн) ама се октажав од тоа. Помага ама ми е мачење...мразам да постам си сакам да си кркам што ми е мерак а и црква ме мрзи во недела во 8.00 да одам сакам да си спијам. Инаку да анксиозност ствара социјалнифобии и јас имав проблеми со тоа. Ама кога ќе ти пројде анксиозноста ќе ти пројде и соцфобијата. Инаку сум си лежел во болница 3 пати ради ова...првиот пат јас сакав. Вторите 2 пати ме однесоа и по инсистирање на моите јас несакав ама јебеш га. Како и да е болница не е страшно само не е убаво. Ај ти не си тежок случај ко мене :brlav:...трпение и ќе пројде мене ми пројде се...сега се чуствувам здраво и така и се однесувам.
Инаку паничните напади и анксозноста се гадна работа ми се дешавало...ама со тек на време ќе ти станат поретки и ќе ти поминат. Барем мене ми...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom