Ден на дрвото

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.218
Поени од реакции
35.811
Денес е ден на дрвото оти им прават помен на сите дрвја што ги искасапија низ Скопјево :popce:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Знае некој у кој дел ги посадија членовите на репрезентацијата?
 
S

silmarillion

Гостин
Садете денес за после 10 години да ги исечат косоварите со амин на вмровците :) Будала народ, побудала амин. Ама и малце е, ја со стап би ги тепал како искачаат од автобуси кога ги носат по тоа нивите да садат.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
Јас што пишав овој што пишува:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:

Дрвцата беа запалени од овчарите за да си ја пасат стоката на раат, а потоа велеле дека некој друг од цигара ги запалил, освен за ч'чкалици за друго не служеа, не беше зафаната друга шума за да мислеш дека затоа ја запалиле.

И да знаеш дека криминалот го прават прифатни фирми и шумарите, тоа Македонски шуми што не презема ништо си е приказна сама по себе.

Веројатно утре ќе се сади на таа локација каде ги запалија малите дрвца, оти е најпристапна иако јас би сакал да се прошетам некаде горе
Јас си мислев дек шумарине Пентагон работет.
Kриминалот ти го праеле приватни фирми:pos:Ти бе живејш надвор од реалноста.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225
Јас си мислев дек шумарине Пентагон работет.
Kриминалот ти го праеле приватни фирми:pos:Ти бе живејш надвор од реалноста.
Ти изгледа не знаеш дека сечата ја вршат приватни фирми и и плаќаат на Македонски шуми за тоа, пример имаат договорено 1000 кубика они сечат 2000 и од тие 1000 плус што се си го делат профитот, плус оние малите дрвокрадци кој сечат кај ќе стигнат.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Ти изгледа не знаеш дека сечата ја вршат приватни фирми и и плаќаат на Македонски шуми за тоа, пример имаат договорено 1000 кубика они сечат 2000 и од тие 1000 плус што се си го делат профитот, плус оние малите дрвокрадци кој сечат кај ќе стигнат.
:vozbud:
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225
Оваа е напишано од Иван Блинков, професор на шумарскиот факултет во врска со пошумувањето.

Македонија има долга традиција во пошумувањето. Податоци пред II СВ се нецелосни (на пр. во Кичевско е можеби најстарата борова култура од 30-те години. Се обидов да соберам што е можно поточни податоци од официјални извори, па така собрав низа од 1960 - 2013 со мали празнини во низата (1994-98 - ако има некој го молам да ми прати). Во овој период 1960-2013 се пошумени повеќе од 200000 ха. Вообичаена мерка за изразување при пошумуавњето е хектар а не број на дрвја. Пошумувано е и на екстремно тешки терени, на пример околу Криволак или на некои тешки камењари и многу стрмни терени. Успешноста за перидоот 1971-90 е различна според проценки е околу 65-70% но се додека не се направи точна инвентаризација на шумите нема ни да ја знаеме точната вредност. Во перидоот од 1971-1990 постои и т.н "Фонд за пошумување на голини". Пошумувањето во тој период се изведува преку општините (а скоро сите тогашни општини има и шумско стопанство). Притоа фондот давал 80% од средствата, а општината партиципиралa со 20%. Пошумувањето е вршено стручно и со техничко раководење од иженерите и техничарите од шумските стопанства. Три (3) години после пошумувањето е вршена т.н. Колаудација или технички прием, при што колегите од тогашниот "Шума проект" излегувале на терен премерувале, картирале и оценувале успешност. Врз основа на колаудацијата доколку се докажело дека е неоправдано пошумена помала површина или успешноста мала, биле задолжувани општините на свој трошок повторно да пошумат. Тоа било реткост. Некаде пошумувањата поради разни причинии било и делумно успешно (пред се екстермни услови на теренот, некоја природна непогода или едноставно животни уништиле) но ако имало објективни причини се прифаќало оправдувањето. Во тој период се пошумени околу 100 000 ха голини (просечно 5 000 ха годишно) при што екстремите се постигнати во периодот 1978 - 1983 а во 1982 се пошумени 11 328 ха. Густината на пошумување зависи пред се од дрвниот вид и теренските услови но и други параметри. Порано на одредени локации се садело дури и со 10 000 садници /ха но обично било околу 3500, а таа вредност е намалена подоцна во зависност од дрвниот вид (пример кај бор 1500-2500 сад/ха). Со сите овие активности значително е намалена и ерозијата на земјиштето која во минатото правела огромни штети, а благодарејќи на овие пошумувања е минимизирана на тие локации. За жал има уште многу голини каде ерозивните процеси се многу силни кои треба да се озеленат во иднина па зеeдно со другите противерзоивни мерки пред се технички објекти да се намали што е можно проблeмот со ерозијата.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Баналноста на овој ден има повеќе аспекти. Во текстов е ставен акцент на тоа дека демек ете нафта од државни резерви се троши, за која се трошат буџетски пари, а таа нафта има и друга поинаква намена. Зборење за еколошки footprint што се остава од ваква „зелена“, демек еколошка акција е исто така банално. Наместо садењето на дрвата да го работат тие што им е работа, се е*аваат државни, партиски вработени службеници каде не им е место. Кај не знаат да си ја вршат работата што им е дадена, уште пикаат нос каде не треба.
За тендерскиот дел од целиов „настан“ во кој ЈП Македонски шуми набавува садници од приватни фирми по којзнае какви цени не ми се ни дискутира.
#Wеално треба да се стави мораториум на сеча дрва како што Албанија го напраи тоа оваа година, затоа што Стајковци, Шипковица ќе си ги гледаме секоја година.

http://sdk.mk/index.php/naslovna/od-drzhavnite-rezervi-potrosheni-125-000-litri-nafta-za-denot-na-drvoto/

ОД ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ ПОТРОШЕНИ 125.000 ЛИТРИ НАФТА ЗА ДЕНОТ НА ДРВОТО

За „Ден на дрвото“, Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје(ЈСП) доби посебна субвенција од Владата – 125.000 литри нафта од задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати на државата.

На седница одржана на 25 ноември, Владата одлучила да отстапи нафтени деривати од задолжителните резерви за потребите на ЈСП за спроведување на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, есен 2016 година, која се одржа вчера. Потпис на одлуката ставил заменикот премиер Никола Тодоров. Владата го задолжила Град Скопје да ги покрие трошоците за испорака, односно манипулативните трошоци за преземање на отстапеното гориво.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Во среда 30.11.2016 ден на дрвото, знае ли некој кога ќе се обработува?
Немало да се обработува. Се расипала машината за обработка на денови па решиле таков да го остават.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom