Демек во Македонија имало најздрава храна...

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Јадеме најздрава храна во светот, а и пошироко! :)))

Рестораните користат канцерогено масло, пекарите работат во ѓубре, многу објекти во кои се подготвува храна немаат санитарни книшки, еден куп производи хемиски и микробиолошки се неисправни, а во Македонија се јаде најздрава храна на светот! Вака некако изгледа извештајот што еден месец пред изборите го изреферираа инспекциските служби во Министерството за здравство, за да им покажат на граѓаните колку многу работат и колку многу се грижат за нивното здравје. Се фалеа со големи бројки и со долги табели, со сложени анализи и извештаи. Се пофалија дека затвориле повеќе од 200 објекти и издале трипати повеќе прекршочни пријави. Заклучокот од нивната макотрпна работа беше дека јадеме безбедна храна и пиеме уште побезбедна вода. На здравје.

Тоа што (според ситните букви во нивните извештаи) водата во 830 бунари и водоводи е хемиски и бактериолошки неисправна, тоа што условите каде што се произведува и се продава храна во повеќе од 200 објекти се под основните хигиенски стандарди, за инспекторите не е никаков аларм. Тоа е толку незначајна работа што нема потреба ниту да се објават имињата на рестораните што користеле канцерогено масло, на безалкохолните пијалаци што биле радиоактивни, на печурките што биле микробиолошки неисправни... Не се важни ниту имињата на средствата за перење и за чистење што паднале на сите тестови за исправност во лабораториите на инспекторатот. Луѓето немало потреба да ги знаат имињата на сите овие производи и објекти. Доволно е да знаат дека инспекторите им напишале прекршочни пријави, а судовите ќе одлучат за казните, кога предметите ќе дојдат на ред за разгледување.

Во меѓувреме, останува да се надеваме дека труења нема да има. Впрочем, како што кажаа инспекторите, лани имало само четири големи случи, а годинава не забележале ниту едно. Ако не послужи среќата, можеби оваа состојба ќе се задржи додека да се решат судските случаи по сите поднесени пријави. А за ракот од препрженото масло не треба да се грижиме ич. Рестораните налеале тазе масло и добиле дозвола од Министерството повторно да ги стартуваат фритезите. Во меѓувреме, да ги упатиме газдите на затворените ресторани да поитаат таму каде што треба и да си авансираат некоја казничка, за да немаат главоболки со прекршочни пријави. И онака имињата никој не им ги знае. Граѓаните не се битни во оваа приказна. Па, преживеале, а тоа не е малку.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=743&ArticleID=48182
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Во Македонија не се јаде здраво. Кога најбогати луѓе се оние кои држат сендвичари (и тоа онакви зачадени, мали трафики) мислам дека се е јасно. Биона имаше некоја реклама порано али сега и тоа слабо. Не ми е јасно зашто наместо да купуваат луѓето чипс нацицан со зејтин со сомнително потекло - не си направат дома макробиотички колачи (солени или благи). еве, можат и да купам. Ем се повкусни ем поздрави!
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Старата Македонска храна , гравче , мевце , зеленчук , полнати пиперки и слично воопшто не е лоша храна , со лов ГИ индекс е .
Ореви , бадеми , овошје то е здраво а во нашата кујна го има од дамнина .
А исхараната на народот е веќе сосема друго , секој со свој вкус и памет.
 
Член од
2 април 2007
Мислења
2.875
Поени од реакции
4
pa moze da se kaze so ogled na toa nikoj od pogolemite zagaduvaci (fabriki) ne rabotat i se pod stecaj.
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Абе како не бе. Нема пазарна инспекција нема ништо за да провери каква е храната така шо може да јадеме храна произведена покрај одвод од канализација и слично па не верувам многу
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Ништо чудно, како што Македонија е земјоделска земја:helou:
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
534
Не ми се веруе, ама све е можно...:toe:
 

ATG

Член од
12 декември 2008
Мислења
56
Поени од реакции
4
Хигиената во угостителските објекти се менува (иако многу бавно, особено кај луѓето што имаат добра позадина), сум работел и знам, а што се однесува на тоа дека Македонија е земјоделска земја (и јас го мислев истото) мора да се каже дека не е, иако сите тврдат дека е. А за да се докаже тоа тргнете од фактот дека земјоделието во БДП на Македонија учествува со 9%...
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Има здрава храна. Е сега за најздрава :toe:... Треба да се споредиме со повеќе држави за да се одлучи.
 

blaster1

Искусен Кајганџија
Член од
16 декември 2008
Мислења
777
Поени од реакции
26
Да во Македонија има здрава храна но НАЈЗДРАВА... :toe:
Ама старите традиционални Македонски јадења можеби се (да не грешам сеа) здрави може и мегу најздравите.
:salut:
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Треба да се обрне повеќе внимание на начинот на кој се приготвува храната, начинот на кој се чува,.... сега ние баш не можеме многу да смениме во случајот со водата и зејтинот, освен да си купуваме, ама ако видите од каде се полни добра вода на пример... никогаш нема да се напиете, а во врска со зејтинот, ни останува да си купуваме некој увозен, во надеж дека не ни го пратиле нивното ѓубре, што уствари е малку веројатно...

па како и да се вртиш... исто ти се фаќа... стандард за адрава храна немаме, здрави навики исто така, житарици за појадок ни се шпанско село, грав, леќа, ориз не јадеме, оти нали не сме сељаци.... а бе катасрофа!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom