- Член од
- 20 мај 2008
- Мислења
- 961
- Поени од реакции
- 41
Штотуку ја прочитав “Степскиот волк“ од Херман Хесе, од која сум навистина воодушевена. Знаејќи дека Хесе е германски писател, приврзаник на мистицизмот со размислувањата, мислев дека заслужува да има тема за него. Досега, освен “Степскиот волк“ ги имам прочитано “Демијан“, “Сидарта“, “Среќен е тој што умее да сака“. Какви се вашите впечатоци од делата на Хесе?
Бидејќи “Степскиот волк“ е последно што прочитав од Хесе, ќе си дозволам и да ја искоментирам. Главен јунак е Хари Халер, подвоена личност распната меѓу мирот и нагоните. Секоја личност во себе носи две спротивни личности, една секогаш среќна, а другата со мазохистичка природа. На крај, Халер ја сфаќа апсурдноста на животот, а со тоа ја подобрува својата душевна состојба.