Делење на деца во семејството

L

Luki Junior

Гостин
Некои родители си бират дете од фамилијата и почнуват подред да ги борат сите битки од живото на избереното дете, а остават го другото да се боре само. И оставеното сака родителите да ги борат и неговите битки.
И на крајо се добива едно килаво разгалено детиште шо не знаа едни јајца да си спрже. И едно болно љубоморно детиште шо ак се опамете може да стане ного голем човек. Ама најчесто не се опаметува, и го праве истото и со неговите деца. Пикира омилен, и го претвара у килава сенка... И така со години наред.
Најубаво остави сите деца да се мачат како грешни ѓаволи, за да научат дек и как се раѓа лебо...
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Момчево не е тинејџер во рани години туку 23-годишен и баеги неписмен и глупичок кога резонира дека хороскопските знаци влијаат нешто посебно во неговиот однос со фамилијата и единствена причина за да замине во странство е за да докаже дека е подобар од сестра му колку што можам да прочитам. Во рани тин години години јас размислував слично за бегство од дома секој втор ден, си мислев дека моите родители ми имаа посвоено и дека повеќе ги сакаат брато и сестраѕа, дека учителите не можат да ме разберат колку сум генијален, па си замислував дека ќе направам нешто генијално за година-две во некаква област и потоа ќе умрам и на крајот постхумно ќе ја разберат мојата генијалност како Ван Гог, па на погребот ќе држат говори академици на МАНУ и слични средношколски глупости, ама тоа во рани тин рековме.
Покасно разбрав дека многу мои врсници си правеле бајрам со умот слично како мене.
Мајката на дечково е рационален човек, и му сугерирала да се промени и за тоа да земе пример од неговата сестра и некои дечиња од комшиите која што си завршила два факсови, додека дудуков едвај завршил средно.
Не ми се верува дека девојка која завршила два факултеи и си тера кариера, имало потреба да биде тепана и крај крајева сепак е девојка.
Не викам дека и родителите се цвеќина за мирисање од причина што му ја уништуваат самодовербата тотално и покрај тоа што овој изгледа не е многу бистар и не го бидува, ама не знам што совет да му се даде него кога си увртил во глава дека родителите го мразат, а од друга страна кажува дека ако му кажел дека ќе оди странство без претходен план родителите што го мразат ќе плачеле и ќе го спречеле да оди, демек оти му го мислат лошото.
Тотални глупости...Не ми се верува дека губам време да објаснувам за некои вакви кои чекаат се' од родителите.
Ама знаеме дека денес труло и сакато се запишува на факс.Имам познајник едвај двојки неодамна заврши факултет за Географија.Тоа што едвај завршил средна школа не значи дека не може да отиде понатаму.
Никој не е совршен па дури ни оние за кои му сугерирала неговата мајка.
Па доколку сака да биде како нив наместо да му ја намалува самдовербата може на пример да му помогне во нешто,во спротива ако постојано критикуваш некого очекувај дека ке се откаже.Едноставно некои немаат сили да се спротистават со тоа.Ако ти си бил силен не значи дека и тој на ист начин ке се спротистави.
Во еден дел од постот спомнува дека за него немало ништо.Како може така?Па нели треба да се водиме по тоа што нејзе тоа и нему?
Посебно болдираниот дел ми фати око.Дечково сигурно не очекува се но сепак ја бара истата посветеност како што ја има неговата сестра.
И мене би ми било криво цел живот да седам дома а некој друг да шета.Да,ке ми биде криво зошто сум го осетила тоа.
Додека сите одеа на одмори јас јадев лубеница во двор.Друг шеташе,додека јас молев за 10 денари тие никогаш немаа за мене а на некој друг по 100...Додека јас носев блузи стари 5-6 години некој друг шеташе со коли и гардероба од Келвин Клајн.И?
Тоа беше додека не можев да работам,а сега и школксите обврски не ми дозволуваат.
Молев за еден сендвич ама тие пак за мене немаа.
Ме сфакаш нели?
А дечково колку сака години нека има.
 
Член од
29 декември 2012
Мислења
88
Поени од реакции
25
ако мајките ги одзеле децата на татковците дали може да стане прашање за делење на децата?
а може и обратно нели...
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Некои родители си бират дете од фамилијата и почнуват подред да ги борат сите битки од живото на избереното дете, а остават го другото да се боре само. И оставеното сака родителите да ги борат и неговите битки.
И на крајо се добива едно килаво разгалено детиште шо не знаа едни јајца да си спрже. И едно болно љубоморно детиште шо ак се опамете може да стане ного голем човек. Ама најчесто не се опаметува, и го праве истото и со неговите деца. Пикира омилен, и го претвара у килава сенка... И така со години наред.
Најубаво остави сите деца да се мачат како грешни ѓаволи, за да научат дек и как се раѓа лебо...
I couldn't agree more. :)
Во оган уште од мали години, да растат со идејата да се потпрат на себе. Родителите да се тука за поддршка и патоказ, но никако да го возат животот во име на детето. И тука да нема поделба. Две, три, пет, колку да се, за секое ист пристап. Но, има и еден друг аспект, од каде можам и да разберам зошто кај некои родители се раѓа наклонетост. Секое дете различно се снаоѓа во животниот виор. А родител ко родител, тешко му паѓа, не секој има срце за "спартански" пристап. И лошото не е фаворизирањето на едното дете, туку психолошкото тепање на другото.
 
Така е, не са сите деца исти, не ги доживуват предизвиците и сопките од живото на еден исти начин. И требе малко поразличен пристап од родителите коа гледат оти нешто не е у ред.... И сето тава е ОК.

Ама ако едното дете е тепано психолошки, братчето или сетрата ако осете оти него го фаворизират, да го поделе со нефаворизираното. Братски....

Финтата е шо најчесто омиленото дете е расипано у карактеро како неговите родители, и нема да го поделе, туку ќе ликува над другото дете...

А за тешко, тешко ќе е коа гледаш как ти се прпелка детето у калта... Ама дек и да е, ќе се науче... Барем на мен и на брат ми така ни правија... :D:D:D
 
Член од
29 декември 2012
Мислења
88
Поени од реакции
25
ќе ми одговори ли некој на прашањава ејјј
 
Зависи Луки, се` зависи од калапот на детето и неговата реакција. Да го оставиш детето само да се избори чуда прави, порано да созрее, пореално да го гледа светот, да стане борец, да не се откажува по никоја цена. Ама, пак ќе кажам, зависи од детето, башка што многу родители не го препознаваат урнекот на сопствените деца.
Јас сум дете кое седеше на онаа страна на трпезата каде не беа сервирани сребрените лажици. Ги имало, но не за мене. Фразата "можеш ти сама да се снајдеш" уште ми ечи низ ушиве. Но, од друга страна самодовербата ми била градена многу позитивно, стравот како емоција не ми бил прикажан. Немало споредби, имало само пристап "оди, тргни, направи, ќе се снајдеш, знам дека можеш", иако за другото дете секоја ситуација била решавана со "оп-скок". И од оваа перспектива сум енормно благодарна за таквиот пристап. Затоа велам, за некое дете родителот повеќе ќе помага, ќе се грижи, ќе го мисли. Но, важното е за сметка на тоа да не се запоставува другото дете/ца.
 
Член од
29 декември 2012
Мислења
88
Поени од реакции
25
а сега вие имате ли деца и како ги воспитувате?
И УШТЕ НЕ МИ ОДГОВОРИ ЛУКИ
 
L

Luki Junior

Гостин
ако мајките ги одзеле децата на татковците дали може да стане прашање за делење на децата?
а може и обратно нели...
У секое растурено семејство децата са раскинани на две страни. И не по ниина вина. :(

Зависи Луки, се` зависи од калапот на детето и неговата реакција. Да го оставиш детето само да се избори чуда прави, порано да созрее, пореално да го гледа светот, да стане борец, да не се откажува по никоја цена. Ама, пак ќе кажам, зависи од детето, башка што многу родители не го препознаваат урнекот на сопствените деца.
Јас сум дете кое седеше на онаа страна на трпезата каде не беа сервирани сребрените лажици. Ги имало, но не за мене. Фразата "можеш ти сама да се снајдеш" уште ми ечи низ ушиве. Но, од друга страна самодовербата ми била градена многу позитивно, стравот како емоција не ми бил прикажан. Немало споредби, имало само пристап "оди, тргни, направи, ќе се снајдеш, знам дека можеш", иако за другото дете секоја ситуација била решавана со "оп-скок". И од оваа перспектива сум енормно благодарна за таквиот пристап. Затоа велам, за некое дете родителот повеќе ќе помага, ќе се грижи, ќе го мисли. Но, важното е за сметка на тоа да не се запоставува другото дете/ца.
Така е, говореме за живи човеци. Секој човек си има табиет и тертип. Ако му го научеш табието, и фанеш тертипо, од тава дете ќе биде човек. Ного од родителите не се замарат да го научат табието на ниините деца, и потфаќат полеснио (читај погрешнио) тертип. Нешто како затрупувајне на дупка без дно. Ем нема да е затрупана, ем цел свет ќе и е крив оти е празна.
И целата вина за тава е “модернио“ начин на живот и немајнето време. Демек... Оправданија... Телевизоро, компјутеро, и играчките не растат и воспитуват деца. Родителите растат и воспитуват деца.. Ама ретко кој го е разберал тава.
--- надополнето: 27 јануари 2013 во 16:54 ---
а сега вие имате ли деца и како ги воспитувате?
И УШТЕ НЕ МИ ОДГОВОРИ ЛУКИ
Дебе па ти, колко си досаден и нестрплив.... Не квичи како некој галеник...

Не, неам деца. Имам мали брачеди и внуци и гледам шо се случува.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
marama. Ти не си објективна по оваа прашајне. Ама ако, срцка си. :)
:icon_lol:
Пастув!!!... Ја користиш секоја прилика за комплимент...Во право си и кога не си во право.
--- надополнето: 27 јануари 2013 во 17:12 ---
Ама знаеме дека денес труло и сакато се запишува на факс.Имам познајник едвај двојки неодамна заврши факултет за Географија.Тоа што едвај завршил средна школа не значи дека не може да отиде понатаму.
Никој не е совршен па дури ни оние за кои му сугерирала неговата мајка.
Па доколку сака да биде како нив наместо да му ја намалува самдовербата може на пример да му помогне во нешто,во спротива ако постојано критикуваш некого очекувај дека ке се откаже.Едноставно некои немаат сили да се спротистават со тоа.Ако ти си бил силен не значи дека и тој на ист начин ке се спротистави.
Во еден дел од постот спомнува дека за него немало ништо.Како може така?Па нели треба да се водиме по тоа што нејзе тоа и нему?
Посебно болдираниот дел ми фати око.Дечково сигурно не очекува се но сепак ја бара истата посветеност како што ја има неговата сестра.
И мене би ми било криво цел живот да седам дома а некој друг да шета.Да,ке ми биде криво зошто сум го осетила тоа.
Додека сите одеа на одмори јас јадев лубеница во двор.Друг шеташе,додека јас молев за 10 денари тие никогаш немаа за мене а на некој друг по 100...Додека јас носев блузи стари 5-6 години некој друг шеташе со коли и гардероба од Келвин Клајн.И?
Тоа беше додека не можев да работам,а сега и школксите обврски не ми дозволуваат.
Молев за еден сендвич ама тие пак за мене немаа.
Ме сфакаш нели?
А дечково колку сака години нека има.
Сериозно не мислев воопшто да те персирам тебе кога реплицирав ако го помисли тоа, мислев само дека не вреди дечкото и слични како него за да му се објаснува.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
:icon_lol:
Пастув!!!... Ја користиш секоја прилика за комплимент...Во право си и кога не си во право.
--- надополнето: 27 јануари 2013 во 17:12 ---

Сериозно не мислев воопшто да те персирам тебе кога реплицирав ако го помисли тоа, мислев само дека не вреди дечкото и слични како него за да му се објаснува.
Kaжи а џентлмен е :icon_lol:
Во ред си е,има тежок период дечково,после тој третман се му доага при памет.Искрено,и јас еден период мислев да заминам дома ама проблемот беше што немав каде,ниту никакви средства .Ама што е тоа е...Треба да се стиснат заби. :)
Не знам ни каков е дечково,го немам проанализирано но тоа не игра никаква улога во моментов.Барем јас така мислам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom