Дежурна Ординација! #2

GROBAR1986

САМО ПАРТИЗАН
Член од
16 септември 2007
Мислења
627
Поени од реакции
92
Пред некој ден случајно се удрив не многу силно во пределот на градниот кош и пошто бев опуштен осетив болка и веке два дена ме боли страшно и кога дишам ме боли на рентген не сум бил божем си викам ке помине.ама страв ми е да не имам скршено нешто ама ко шо реков ударот не беше силен ама болка страшна имам.Некој совет да одам по болници или не е страшно
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Мене скоро секоја зима околу устата ми се појавуваат како мали лишаи/разранета кожа и ми траат по неколку недели, па и по месец два, а најверојатно настануваат од плунката, но можно е да ми настануваат и од тоа кога одам на забар (но и во лето сум одел на забар, па ги немало). Сега повторно ми се појави и е малку поголемо за разлика од тие порано. На тоа место кожата како во вид на пликче е црвена, иритирана, па дури и во моменти и кожата како испукана е и се лушти, а и устата ми е сува. Во моменти кога ја отварам посилно устата кај едниот усен агол кожата како да ми пука и ме боли. Ставам масло од кантарион и крема од невен пред да си легнам да спијам, а во текот на денот мачкам само крема од невен, но исто си стои еве веќе една недела, дури можеби е и полошо. Решение?
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574

Земи крема Канестен и мачкај се неколку дена, ако не помогне тоа земи маст за очи Хлорамфеникол или било која антибиотска крема/маст и ставај по 2-3 пати на ден. Кога се миеш заби после убаво исплакни се со вода околу устата, да не ти останува од пастата за заби. Исто така можеш и да ја смениш пастата, и таа знае да направи иритација понекогаш.
 
a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
495
Поени од реакции
274
Како иде постапката за сунет, цена за државно и приватно ако знае некој? Ми пречи кожинката на ерекцијата.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.600
Поени од реакции
34.794
Мене скоро секоја зима околу устата ми се појавуваат како мали лишаи/разранета кожа и ми траат по неколку недели, па и по месец два, а најверојатно настануваат од плунката, но можно е да ми настануваат и од тоа кога одам на забар (но и во лето сум одел на забар, па ги немало). Сега повторно ми се појави и е малку поголемо за разлика од тие порано. На тоа место кожата како во вид на пликче е црвена, иритирана, па дури и во моменти и кожата како испукана е и се лушти, а и устата ми е сува. Во моменти кога ја отварам посилно устата кај едниот усен агол кожата како да ми пука и ме боли. Ставам масло од кантарион и крема од невен пред да си легнам да спијам, а во текот на денот мачкам само крема од невен, но исто си стои еве веќе една недела, дури можеби е и полошо. Решение?
...највероватно имаш навика (може свесна може несвесна) на лижење на усната на аголот или горе со јазикот односно со цела долна усна ја поклопуваш горната усна со што не само усните ги навлажнуваш туку и другиот дел од кожата која треба да биде сува, затоа што со често влажнење настанува такви промени што ги укажуваш!...би рекла решение- смени ја навиката ! :rolleyes:
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Земи крема Канестен и мачкај се неколку дена, ако не помогне тоа земи маст за очи Хлорамфеникол или било која антибиотска крема/маст и ставај по 2-3 пати на ден. Кога се миеш заби после убаво исплакни се со вода околу устата, да не ти останува од пастата за заби. Исто така можеш и да ја смениш пастата, и таа знае да направи иритација понекогаш.
Вчера два пати ставив Канастен и малку е подсмирено. Дали да го користам Канастенот се додека не се изгуби црвенилото или и една недела по неговото губење за пак да не се повтори?
...највероватно имаш навика (може свесна може несвесна) на лижење на усната на аголот или горе со јазикот односно со цела долна усна ја поклопуваш горната усна со што не само усните ги навлажнуваш туку и другиот дел од кожата која треба да биде сува, затоа што со често влажнење настанува такви промени што ги укажуваш!...би рекла решение- смени ја навиката ! :rolleyes:
Немам таква навика, а и црвенилото/разранетото место се наоѓа на едниот усен агол, под долната уста и на горната усна.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Вчера два пати ставив Канастен и малку е подсмирено. Дали да го користам Канастенот се додека не се изгуби црвенилото или и една недела по неговото губење за пак да не се повтори?

Немам таква навика, а и црвенилото/разранетото место се наоѓа на едниот усен агол, под долната уста и на горната усна.
Доволни се неколку дена откако ќе се смири. И понатака внимавај, ако грицкаш нокти смени ја навиката, ако си допирал пари или си се ракувал со некој не ја допирај устата пред да се измиеш раце. Ако користиш лабело фрли го старото и купи ново откако ќе ти помине иритацијата.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
424
Поени од реакции
993
Вака и претходно имам пишано на оваа тема. Пред околу 6,7 месеци започнав да имам страшни болки во пределот на стернумот, повеќе кон левата страна, а понекогаш и како бодење со игла околу левата брадавица. На долен дел од грбот имам болка од левата страна. На стапалата, околу зглобовите и на листот имам пулсирање и болки, а и ми опаѓаат влакната во овој предел, премногу влакна изгубив. Кога се движам особено по угорнина страшно почнува да ме боли околу стернумот, се задишувам, понекогаш ме гуши. Горе долу, имам болка во срцето и симптоми на лоша циркулација во нозете. Бев пред околу 4,5 месеци летото на државна и ми извршија преглед на срце, ЕКГ, ми ја гледаа аорта на ехо и ми направија ехокардиографија. Докторот констатира дека немам никакви проблеми и дека најверојатно сето ова било од стрес. Отпрвин го прифатив мислењето на докторот и си продолжив нормално. Ама не е возможно па ова да е до стрес. Во средно и во основно се занимавав активно со спорт, играв кошарка и ракомет и немав никакви проблеми. Сум немал никакви проблеми на многу поголеми напори, отколку искачување една обична угорнина. Повоторно бев кај докторот пред еден месец да се консултирам, тој не ни ме дослуша, фино лепо ми рече : ,,Студирање медицина е многу голем стрес, од тоа ти е", и се изнасмеа како некој глупак и ме остави без одговор. Некој на темава да пише што да правам, каде да се обратам и на што би можело да се должат проблемите кои ги имам со циркулацијата?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Си пробал ли со магнезиум? каква ти е диетата? колку си тежок? дали имаш пролем со апнеа?
 
Член од
9 август 2014
Мислења
424
Поени од реакции
993
Да прва работа која ми ја препорачаа беше магнезиум. Избегавам фаст фуд, ретко мрсно, прилично здраво се хранам. Апнеа немам, а тежина 83 со висина 185.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Да прва работа која ми ја препорачаа беше магнезиум. Избегавам фаст фуд, ретко мрсно, прилично здраво се хранам. Апнеа немам, а тежина 83 со висина 185.
Пробај и со б комплекс од крка, по 3 комада на ден - 1x, после оброк.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Некој на темава да пише што да правам, каде да се обратам и на што би можело да се должат проблемите кои ги имам со циркулацијата?
Филип втори или систина ако го имаш кешот. Стрес тест направи? Во моментов е клучен! Ако ти е страв од стрес тест, неинванзивна коранографија. И тоа под итно.
Крвна слика?
Евентуални проблеми со желудник, киселини? Хијатус хернија прави вакви глупости.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.600
Поени од реакции
34.794
Вака и претходно имам пишано на оваа тема. Пред околу 6,7 месеци започнав да имам страшни болки во пределот на стернумот, повеќе кон левата страна, а понекогаш и како бодење со игла околу левата брадавица. На долен дел од грбот имам болка од левата страна. На стапалата, околу зглобовите и на листот имам пулсирање и болки, а и ми опаѓаат влакната во овој предел, премногу влакна изгубив. Кога се движам особено по угорнина страшно почнува да ме боли околу стернумот, се задишувам, понекогаш ме гуши. Горе долу, имам болка во срцето и симптоми на лоша циркулација во нозете. Бев пред околу 4,5 месеци летото на државна и ми извршија преглед на срце, ЕКГ, ми ја гледаа аорта на ехо и ми направија ехокардиографија. Докторот констатира дека немам никакви проблеми и дека најверојатно сето ова било од стрес. Отпрвин го прифатив мислењето на докторот и си продолжив нормално. Ама не е возможно па ова да е до стрес. Во средно и во основно се занимавав активно со спорт, играв кошарка и ракомет и немав никакви проблеми. Сум немал никакви проблеми на многу поголеми напори, отколку искачување една обична угорнина. Повоторно бев кај докторот пред еден месец да се консултирам, тој не ни ме дослуша, фино лепо ми рече : ,,Студирање медицина е многу голем стрес, од тоа ти е", и се изнасмеа како некој глупак и ме остави без одговор. Некој на темава да пише што да правам, каде да се обратам и на што би можело да се должат проблемите кои ги имам со циркулацијата?
Јас би рекла неколку причини (не верувам дека како студент по медицина штом немаш некоја наследна кардиоваскуларна болест дека имаш проблем со срцето...срцето не боли , а ти си релативно млад да би имал такви проблеми од каде иде и насмевот на докторот дека тоа ти е од стрес од учење!) затоа одговори :
1.) Дали имаш куче ?
2.) Дали си направил комплет лабораториско испитување ?
3.) Дали си направил рентген на рбетниот столб - кичма ?
4.) Дали се гледало со доплер на тие делови каде заклучуваш дека имаш лоша циркулација односно дали си направил скрининг тест на крвта?
5.) Дали си бил некаде на патување ( пред тие 5,6, месеци од кога почна да се жалиш) и да си бил во возило во седечка ситуација повеќе од 3,4 часа , а си патувал подолго? )[DOUBLEPOST=1484837995][/DOUBLEPOST]
1.) Филип II , урологија - хирургија 02/3091-500

2.) Ремедика 2 603 100; 072 443 496; 2 603 110

3.) Систина 2 3099 500 http://acibademsistina.mk/mk/odeli?id=162
4.) Сите хирушки одели во било која болница во МКД каде неофицијлно се спомнува цена од 20 Е со ЗЕК !
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom