Дежурна Ординација! #2

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Завчера почна да ме боли грло, а вчера имав мн висока температура (највисока 39.2).
Пиев парацетамол за намалување на температурата, а вчера најниска ми беше 37.8.
Денес сум мн подобро во тој поглед, скоро цел ден немав температура, вечерва ми се покачи на 37.9.
Бев на лекар, матичната ми кажа дека е вирус и дека сам ќе помине - само повеќе течности и по потреба парацетамол.

Мене ме нервира тоа што имам хиперактивни синуси, и веќе почнав да кашлам, а најмачно од се ми е кашлањето. Се мислам на своја рака да пијам антибиотик, конкретно ради кашлањето, бидејќи последно што сакам е да се тегавам 2 недели и исто толку да бидам на боледување.

Па ми треба мислење - ќе имам ли ќар од една доза антибиотик, или ич да не си ја мачам душава (од причина што не голтам апче, а антибиотиците се прилично горчливи за грицкање :( ) ?

П.С. Направив крвна слика, се е во нормални граници, едино железото вика 2.5 - само што матичната мисли дека е грешка на лаб. затоа што се останато е одлично, башка во јули кога правев крвна слика железото беше супер.. па во петок нова лаб треба да правам, за да видиме реална состојба на истото.
По мое мислење, антибиотици земање на своја рака е погрешно, плус антибиотици делуваат на бактерии а не на вируси. така да ем џабе ќе ги пиеш ем додатно ќе го истошиш организмот пошто антибиотикот ќе гиубива “добрите“ бактерии во тебе.
Јас не намалувам ни температура до 38,5 температурата е еден од начините со кои телото се бори против вирусите, евентуално ладни облоги на раце или нозе, не на глава, млак туш, расоблекување.... (те замислувам...) и над 38,5 парацетамол или ибруфен.
Многу течности, чаеви (не жешки) со лимон, готови пилешки супи, овошје богато со витамин Ц.. така правам јас.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.678
Поени од реакции
19.589
Некој лек за мало дете на кое му никнува прв заб? Тие геловите никако не помагаат, лудница е последните две недели.
Ladni oblogi so tie gumenite za gizenje, jas gi stavav vo frizider I posle im gi davav pa se smiruvaa malku, ili prsti izmij ubavo so ladna voda I neka griza :D
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Завчера почна да ме боли грло, а вчера имав мн висока температура (највисока 39.2).
Пиев парацетамол за намалување на температурата, а вчера најниска ми беше 37.8.
Денес сум мн подобро во тој поглед, скоро цел ден немав температура, вечерва ми се покачи на 37.9.
Бев на лекар, матичната ми кажа дека е вирус и дека сам ќе помине - само повеќе течности и по потреба парацетамол.

Мене ме нервира тоа што имам хиперактивни синуси, и веќе почнав да кашлам, а најмачно од се ми е кашлањето. Се мислам на своја рака да пијам антибиотик, конкретно ради кашлањето, бидејќи последно што сакам е да се тегавам 2 недели и исто толку да бидам на боледување.

Па ми треба мислење - ќе имам ли ќар од една доза антибиотик, или ич да не си ја мачам душава (од причина што не голтам апче, а антибиотиците се прилично горчливи за грицкање :( ) ?

П.С. Направив крвна слика, се е во нормални граници, едино железото вика 2.5 - само што матичната мисли дека е грешка на лаб. затоа што се останато е одлично, башка во јули кога правев крвна слика железото беше супер.. па во петок нова лаб треба да правам, за да видиме реална состојба на истото.
Која од која метода полоша :unsure: Нормално е да кашлаш - настината си. Многу често се случува во вечерните часови телесната температура да е малку повисока, штом не е над 38.5 нема зошто да се паничи. Како што ти рекла матичната, земај парацетамол и многу течности. Штом немаш бактериска инфекција нема баш никаква потреба од антибиотик. Може само да си создадеш резистентни бактерии.
Можеш да си купиш чај од бел слез, некој од сирупите против кашлање (пр. Проспан или сирупот од тегавец од Dr. Theiss) или некој друг природен препарат што го олеснува искашлувањето и го смирува кашлањето, можеш и да земеш ACC akut.
А, инаку сите тие апчиња и капсули се така направени со цел да се испијат и да се апсорбираат во одреден дел од системот за варење, една од најголемите грешки е таблетите да се кршат, раствораат или отвораат капсулите (кога антибиотикот е во капсула).
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
По мое мислење, антибиотици земање на своја рака е погрешно, плус антибиотици делуваат на бактерии а не на вируси. така да ем џабе ќе ги пиеш ем додатно ќе го истошиш организмот пошто антибиотикот ќе гиубива “добрите“ бактерии во тебе.
Јас не намалувам ни температура до 38,5 температурата е еден од начините со кои телото се бори против вирусите, евентуално ладни облоги на раце или нозе, не на глава, млак туш, расоблекување.... (те замислувам...) и над 38,5 парацетамол или ибруфен.
Многу течности, чаеви (не жешки) со лимон, готови пилешки супи, овошје богато со витамин Ц.. така правам јас.
Летко, и јас правам така кога не сум на работа, ама бидејќи не сакам да сум дома морам да се оправам побрзо, а со 38 не можам очи да отворам :)[DOUBLEPOST=1411457244][/DOUBLEPOST]
Која од која метода полоша :unsure: Нормално е да кашлаш - настината си. Многу често се случува во вечерните часови телесната температура да е малку повисока, штом не е над 38.5 нема зошто да се паничи. Како што ти рекла матичната, земај парацетамол и многу течности. Штом немаш бактериска инфекција нема баш никаква потреба од антибиотик. Може само да си создадеш резистентни бактерии.
Можеш да си купиш чај од бел слез, некој од сирупите против кашлање (пр. Проспан или сирупот од тегавец од Dr. Theiss) или некој друг природен препарат што го олеснува искашлувањето и го смирува кашлањето, можеш и да земеш ACC akut.
А, инаку сите тие апчиња и капсули се така направени со цел да се испијат и да се апсорбираат во одреден дел од системот за варење, една од најголемите грешки е таблетите да се кршат, раствораат или отвораат капсулите (кога антибиотикот е во капсула).
И тоа го знам, затоа и не преферирам да пијам таблети, повеќе преферирам инјекции, во животот немам голтнато ни едно апче, почнувам да се давам само што го гледам. Знам дека е глуп и нереален страв, ама тоа е што е. Матичната не ми е склона кон препишување ни таблети, а камоли инјекции, па изгледа ќе морам да си истрпам некако :) Фала!
 
Член од
23 февруари 2014
Мислења
72
Поени од реакции
68
што е подобро кога ке се затне носот мастики или бонбони лути, мислам кој држат поише
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Летко, и јас правам така кога не сум на работа, ама бидејќи не сакам да сум дома морам да се оправам побрзо, а со 38 не можам очи да отворам :)[DOUBLEPOST=1411457244][/DOUBLEPOST]
И тоа го знам, затоа и не преферирам да пијам таблети, повеќе преферирам инјекции, во животот немам голтнато ни едно апче, почнувам да се давам само што го гледам. Знам дека е глуп и нереален страв, ама тоа е што е. Матичната не ми е склона кон препишување ни таблети, а камоли инјекции, па изгледа ќе морам да си истрпам некако :) Фала!
Вироза ќе те држи недела дена најмалку. Нашите лекари знаат да препишуваат антибиотик и на вироза плашејќи се од секундарна инфекција која е обично бактериска. Освен парацетамол, и аналгинот знае да симнува температура. Е сега ако и после таа недела не осетиш подобрување во поглед на кашлица и температура можеби тогаш треба да побараш антибиотик. До тогаш само потпорна терапија. И многу чај со лимон. мене ми помага.
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.658
Пред 1 месец имав повреда на прстите на раката, односно паднав на нив, ме пратија на снимање ама немаше ништо скршено или пукнато, докторот ми кажа што беше, не ми беше познат терминот, ама ми даде гел за мачкање (Синедол) и ми рече да го нанесувам 2 пати дневно и да ставам мраз и дека за 1 недела ќе помине и отокот и болката, ама еве веќе цел месец имам проблеми, неможам целосно да ги свиткам прстите, се познава оток кај зглобовите и кога кревам потешки работи одма после тоа ме болат, знае некој како може да се лечи ова, сепак станува збор за рака, мирување би било невозможно.
 
Член од
14 август 2012
Мислења
1.705
Поени од реакции
738

Јас имам сличен случај.Пред 1 година ко одеше на тренинг на карате при еден напад си ја удари раката оти не ја беше затворил. УТРЕТО дента ојде на доктор оти ми ббеше отечен палецо и ме сликаа и немав никакви пукнатини или скршен ици ама била ми набиена и ми ја ставија у лангета скоро цела рака и ја носи месец дена и после два-три меесеца почна да ми функционира у нормала.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Вироза ќе те држи недела дена најмалку. Нашите лекари знаат да препишуваат антибиотик и на вироза плашејќи се од секундарна инфекција која е обично бактериска. Освен парацетамол, и аналгинот знае да симнува температура. Е сега ако и после таа недела не осетиш подобрување во поглед на кашлица и температура можеби тогаш треба да побараш антибиотик. До тогаш само потпорна терапија. И многу чај со лимон. мене ми помага.
Температура воопшто веќе немам (освен вчера пред спиење, ако може да се рачуна 37.1 како температура), општо многу подобро се чувствувам, си кркам чајчиња и супи, и Цвитамин.
Само што после втората анализа се докажа дека железото ми е ужас (во Авицена 2.5, во лаб. на 8ми септември 3.1) - па сега со тоа треба да се занимавам...
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Јајниците ме убија од болење. Замотана сум со волнен шал и држам топло цел ден, пак не ми се опуштија. Чаре некое?
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Јајниците ме убија од болење. Замотана сум со волнен шал и држам топло цел ден, пак не ми се опуштија. Чаре некое?
Мене не ми помага ништо друго освен кетонал и лежење.
 
Член од
13 април 2013
Мислења
49
Поени од реакции
16
пред 2-3 месеци ми дијагностицираа стеноза на десен бубрег а пред 2 дена ми кажаа дека треба да се правам операција за да го ресам тој проблем ми опишаа длабог зарез скоро од ципа и наоре цела педа сеченје на стеснатиот дел и пофорно зашиванје со микро конци па ако има некој шо ја претрпил оваа тортута нека кажи колку време е закрепнуванјето
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
113
Поени од реакции
20
Колку пари се плаќа снимање на магнетна резонанса на глава во државна болница? Имам закажано уште пред 3 месеци и деновиве треба да одам да се снимам, но сакам да знам колку чини.
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Јајниците ме убија од болење. Замотана сум со волнен шал и држам топло цел ден, пак не ми се опуштија. Чаре некое?
ништо, тоа е -.- ... ќе трпиш.. Кетоналче евентуално -.-
те осеќам и јас сум во болки <3
 
Kajgana Shop

На врв Bottom