Девизно или денарско орочено штедење?

  • Креатор на темата ViM
  • Време на започнување
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.719
Во Комерицијална банка во Куманово има камери кај сефовите, се потпишуваш на список со лична карта пред да влезеш, и ти го имаш едниот од клучевите од сефовите. Со 1 клуч не може да ја отвориш касетата. Така да, нека не глуми овој лудило, единственото нешто што ми текнува е дека ги имаат помешано кутиите, ама пак, од друга страна, не дозволуваат во сефот да има повеќе од 1 клиент во одреден момент.
знам, ама овие жолти медиуми ( и од едните и од другите) многу многу не се мислат кога на интернет ќе објават нешто.... мува не ги лазе
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Каде даваат 4.5%? Моментално највисока камата нудат уни и цкб на 3 год. околу 3.8%.
WVP паричен фонд има принос од 4% цирка оваа година, 0% влез/0% излез, 0,02 стандардан девијација... Ризик според мене еднаков на штедење во банка..
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
55
Поени од реакции
44
WVP паричен фонд има принос од 4% цирка оваа година, 0% влез/0% излез, 0,02 стандардан девијација... Ризик според мене еднаков на штедење во банка..
Може да добијам линк на веб страната нивна поврзана со тој паричен фонд?
 

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
335
Поени од реакции
323
WVP паричен фонд има принос од 4% цирка оваа година, 0% влез/0% излез, 0,02 стандардан девијација... Ризик според мене еднаков на штедење во банка..
Да, но овие фондови мислам дека не се осигурани (во случај на измама и сл.) Е сега повеќето од нив се подфирми на угледни австриски, словенечки итн. фондови, па вреди да се вложи!
 
Член од
25 март 2014
Мислења
717
Поени од реакции
733

Извадиле од перница 15.000 евра, ги ставиле во банка, а УЈП им зела 10.500 евра!
Прописите се јасни: приходот за кој не може да се докаже од каде потекнува, се оданочува со 70 отсто, објаснуваат од Управата за јавни приходи.

Весна Дамчевска ● 10:17 17 ноември 2016 ● Прочитано 33792
Скопјанец, кому родителите по нивната смрт му оставиле 15.000 евра, што ги чувале „под перница“, решил да ги однесе во банка. Но, по извесно време тие му биле оданочени со данок од 70 проценти, односно му биле одземени 10.500 евра.

Упатените објаснуваат дека ова не е единствен случај. Голем број граѓани, исплашени од случувањата по распадот на поранешна Југославија, кога парите им останаа заробени во банките, своите заштеди долго време ги чувале „под перница“, за да подоцна почнат да ги внесуваат во банките. Но, сега тие се соочуваат со нов проблем - да докажат како се стекнати тие пари. Во спротивно, ќе им бидат оданочени - поточно одземени - повеќе од половина. Бидејќи сè уште нема регулатива со која таквите пари ќе бидат легализирани, и од која ќе бидат задоволни „двете страни“, излегува дека на граѓаните им е поисплатливо и натаму да ги чуваат дома.

Банкарите објаснуваат дека, според Законот за спречување на перење пари, имаат обврска да направат таканаречена анализа на клиент, доколку тој внесе на сметка сума од 15.000 евра, или поголема, независно дали е во девизи или во денари. За такви трансакции банкарите мора да ја известат Управата за финансиско разузнавање. Таа го анализира секој случај поединечно и во зависност од наодите, испраќа документи до некоја од надлежните институции. Ако документот стигне до Управата за јавни приходи, таа почнува постапка за утврдување на потеклото на имотот. Ако не може да се докаже како е стекнат, имотот се оданочува со персонален данок од 70 проценти.

Во УЈП велат дека вакви случаи имало и сè уште има. Потенцираат дека регулативата е прецизна и дека тие во многу наврати ја информирале јавноста.

- За тоа постојат годишни даночни пријави. Ако некој не пријавил приход за оданочување, ако има несразмерни примања во споредба со тоа што го поседува, нормално е да се постапува. Во посебните постапки за утврдување персоналниот данок, Управата утврдува дали лицетo поседува имот или располага со средства поголеми од оданочените, кои потекнуваат од приходи за кои не е утврден данок или не може да се докаже нивното потекло. Основа за пресметување на данокот претставува разликата помеѓу вредноста на имотот и докажаната висина на средствата за нејзино стекнување. Данокот на непријавените приходи се пресметува по стапка од 70 проценти - објаснуваат во УЈП.

И од Народната банка потврдуваат дека постојат заштеди што не се внесени во банкарскиот систем. Но, исто така, постојат сознанија дека еден дел од овие пари, особено во времето кога имаше повисоки каматни стапки, граѓаните ги внесоа во банките. Дел од тие заштеди „настрадаа“ од даночната регулатива.

Според извештајот за 2015 година на Управата за финансиско разузнавање, банките и штедилниците лани до Управата доставиле 84.912 извештаи за готовински трансакции на фирми и на граѓани од 15.000 евра или повисоки или за неколку поврзани трансакции што го надминуваат овој износ.

Не сите пријави биле оданочени со 70 проценти. Управата за јавни приходи го утврдува данокот врз основа на податоците во даночната пријава, деловните книги што ги води обврзникот, службените податоци со кои располага УЈП и врз основа на други податоци и докази до кои ќе дојде во постапката за утврдување на данокот.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
^
До 14999 евра смееш да внесуваш и никој да не ти ги земе.

Овие нашиве политичари кога би ги оданочиле со 70% ќе има пари за се и сешто.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
^
До 14999 евра смееш да внесуваш и никој да не ти ги земе.

Овие нашиве политичари кога би ги оданочиле со 70% ќе има пари за се и сешто.
...или варијанта два: чувај пари у Белизе :)
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
...или варијанта два: чувај пари у Белизе :)
Побезбедно е да направеш фирма во Белизе и да ги потрошиш парите тука, не се знае кога и на Белизе ќе го направат онаа што го направија на Кипар.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Побезбедно е да направеш фирма во Белизе и да ги потрошиш парите тука, не се знае кога и на Белизе ќе го направат онаа што го направија на Кипар.
..ако знаеш како се прават големи пари и овде и надвор не ти требаат Белизиња... :)
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
..ако знаеш како се прават големи пари и овде и надвор не ти требаат Белизиња... :)
Тоа во некој држави каде што политичарите не се бизнисмени, кај нас се знае политичарите се најголеми бизнисмени!
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
311
Поени од реакции
464
Па нормално дека законот за потекло на имот ќе се спроведе на некој што извадил 15 000 евра. Сигурно нема да се спроведе на поединции и компании што имаат милионски капитал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom