Девизно или денарско орочено штедење?

  • Креатор на темата ViM
  • Време на започнување
Член од
4 ноември 2010
Мислења
127
Поени од реакции
54
Знае ли некој дали има некој минус што имам отворена трансакциска сметка во банка која веќе не ја користам, дали некогаш може да ми направи некаков проблем таа трансакциска што воопшто постои? Знам дека не е точно за оваа тема прашањето, но ако некој знае нека каже.
Treba da kazes vo koja banka ima nekoj banki koi naplacaat od 20-30 den provizija mesecno bez razlika dali imas transakcii ili ne. Problemot ce ti bide po gebot da platis za site meseci. Nekoj banki naplacat za odrzuvanje samo ako imas povece od edna transakcija vo mesecot kaj niv nema da imas nikakov problem.

Sent from my SM-T210 using Tapatalk
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.023
Поени од реакции
949

Конкретно во алфа банка, ја затворија филијалата во мојот град, имав неколку депозити, ги извадив штедните влогови од таму, меѓутоа остана да постои трансакциската таму, некои велат, дека доколку не е активна некој период, сама ќе згасне, затоа ме интересираше.
 
Depozitni smetki vo stranska i domasna valuta, da sami ce zgasnat no transakciska nema da zgasne i treba da vidis dali alfa banka na sajtot naplaca za odrzuvanje bez razlika dali imas promet.

Sent from my SM-T210 using Tapatalk
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Со оглед дека преку 55% проценти од заштедите на Македонците се во денари, нема логика да се штеди, барем краткорочно (1-2 години), во девизи.
Со оглед дека каматите се катастрофални без разлика дали се во денари или останата валута, а климата за да инвестираш во нешто тука е уште покатострофална, можеби и попаметно е човек да си ги конвертира заштедите во некоја постабилна валута како австралиски долар, канадски долар, франци.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.029
Поени од реакции
711

Држи и тоа, нема збор, но на банките им се потребни денари, а економијата ни е венчана со фиксен курс кон еврото, така да штедење во денари на краток рок не е ризично.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.518
Поени од реакции
62.368
Не е ризично, но е сосема неисплатливо. Имам депозит кој доспева наредниот месец, и пробуричкав по банкиве да ги видам стапките, и ова е апсолутно најниско ниво на камати откако почнав да штедам.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Peer-to-peer lending е иднината... посебно во македонија каде што каматите сега ќе бидат по 22% на кредитните картички...

една добра платформа .. добри кредитнит аналитичари

и секако отворено за инврститори од цел свет а кредитирање домашно...

Само најголем проблем е како ќе се изведе од регулаторен аспект, поради капитални контроли и милион глупави нефлексибилни и бизнис убивачки закони...

Lending club веќе има направено 10 милјарди долари кредити...
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

...објасни подетално, кои се гаранциите за инвеститорите , а со што гарантира позајмувачот??? ...во нешто ко овој Lending Club-ов ???
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
...објасни подетално, кои се гаранциите за инвеститорите , а со што гарантира позајмувачот??? ...во нешто ко овој Lending Club-ов ???
Значи прајме муабет за необезбедни кредити кај што луѓе аплицираат кај лендинг клубот и даваат кредитна истроија, доход и све што постои за стандарден кредит.. некој има и со колатерала што се ... енивеј... клубов ти ги сервира податоците на сите кредито баратели по доход, кредитн рејтин, долг-во-однос на доход, каматна стапка итн.. и даваат кредитии од 500 долари до 35000 долари... на рок од 3 до 5 години... кредитобарателите добиваат пониска камата од банка, а позајмувачите добиваат повисок принос од банака.. клубот зема провизија за апликација за кредит, и за отплата... финтата е што можеш да инвестираш минимум 25 долари во многу потрошувачки кредитит.. и така ризикот ти е распореден и нормално ќе има некој што нема да врати.. ама сето тоа е 3%-5% и тогаш паак се тужи кредитобарателот па дел ќе се врти.. на крајјотт на денотт ти ќее оствариш принос од 5-10% нето (со вкалклуирани загуби за лош долг)...

ИСто можеш да го продадеш кредитот пред достастување...

на крајот на денот во отсуство на економски армагедон кај што ќе се соочиш со стапка од над 10%-15% ненаплатлви побарувњае ... односо некоја тешка рецесја... би требало да однесиш дома 8% камата на долари/евра... што е колку берза.... ама ризикот според мене е помал оти не си толку зависен од изборот, можеш да играш со малце, и секој момент можеш да продадеш или да решиш да ги збираш ратите од кредитот и да не ги реивестираш... штета што кај нас не е достапно ова..

само да напоменам дека ми се гледа подобро од акција во компанија од аспект што директорот на компанијата ако го заринка бизнисот ќе има некој милон помаце ама пак ќе има милони... во овие потрошувачи кредити влегуваат во кредитна историја а тоа е алфа и омега на запад.. ќе мора струјата унапред да ја плаќаш ако имаш лош кредитен рејтинг

формално правно има различни начини на кои е регулирано... некаде ти правиш позајмица на клубот и тој ти борчи.. ако пропадне, под услов да ги наплати твоите кредити ти може да ги изгубиш парите...

а некаде пак во односот е меѓу тебе и кредитобарателот... е сеа ти нема да тужиш за 25 долари.. затоа лендинг клубот ќе ве групира сите доверители и заедно ќе ја терате тужбата како класна тужба кај што ќе си ги барате парите од должникот.
 
Последно уредено:
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.023
Поени од реакции
949
Во про кредит банка, гледам дека има зголемување на каматите, од 23 декенвмри, можно ли е да почнат да одат нагоре?
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.294
Поени од реакции
5.495
http://telma.com.mk/vesti/nbrm-ja-zgolemi-kamatata
Какви се шансите за зголемување на процентите кај депозитите? Ваши мислења?
Вo вaкви услoви кaквa штo ни е држaвaтa 100% ќе се нaмaли кредитирaњетo.Штoм се нaмaли кредитирaњетo ќе се згoлемaт кaмaтите нa кредитите и следственo нa тoa и кaмaти нa депoзити ќе се пoкaчaт. Тaкa дa пoсле Септември јaс oчекувaм уште еднaш дa нaпрaт кoрекцијa oд НБРМ.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
755
Поени од реакции
356
Народна банка: Штедењето во денари на долг рок е најисплатливо
Штедењето во денари на долг рок е најисплатливо, затоа што овие депозити нудат највисока каматна стапка, пишува на страницата на „Фејсбук“ на Народна банка.
– Така, според последните расположливи податоци со март 2016 година просечната каматна стапка на долгорочните денарски депозити на населението (над 2 години без валутна клаузула) изнесува 3,7 проценти, додека каматната стапка на краткорочните депозити во евра до една година изнесува 0,8%. Со чување на заштедите дома „под перница” не остварувате никаков принос – порачуваат од Народна банка.

Тие нудат и графички приказ кој покажува колку би изнесувале заштедите на граѓаните за пет години доколку ги чуваат дома или ги стават во банка како краткорочен депозит во евра или пак како долгорочен депозит во денари.

www.meta.mk/narodna-banka-porachuva-na-dolg-rok-da-se-shtedi-vo-denari/
 
Kajgana Shop

На врв Bottom