Девизно или денарско орочено штедење?

  • Креатор на темата ViM
  • Време на започнување
Член од
16 ноември 2010
Мислења
70
Поени од реакции
10
Знаеш што се уморив да го повторувам. Со ризик и некој што ме чита да ме опомене, ама сепак ќе го кажам следново: јас десетина години еве слепец што велиш, му верувам на Денарот и како орочени депозити парите ги чувам во банките, зависно која колку дава камата и какви услови има. И за сите десетина години, зборувам со завршетокот на оваа година добивав убава камата, која во некој период беше и двоцифрена, значи 10-11% последната убава беше од Еуростандард 9,5%....Значи да претпоставиме дека просечната е 10% Земи дигитрон и удри 1,1 помношено со сумата, ќе видиш безмалку за 7 години со реинвестирање на каматата влогот се дуплира! Дааа има и такви кои ќе кажат дека за 7 години исто така инфлацијата и поскапувањата, како домашната така и увезената, значително го обезвредниле капиталот... исто така и депресијацијата на Еврото... Ама за што зборуваме!? За 100% се зголемиле трошоците? Па во РМ просечна инфлација во изминативе години (освен една која тамо беше 2007-8!?) не помина 4-5%! Во Еврозоната слично, се смета дека Еврото губи, но не повеќе од 2% на годишно ниво! Е сега види на се му доаѓа крај, ама преку таквото ми е веќе да слушам веќе 16-17 години (од 1996-7 ли беше!?) како Денарот не е стабилен, како секој ден се очекува да девалвира.... Знаеш овие муабети како твојов, исто како Христијан на Алфа, кој 3-4 години едно те исто: Сега инвеститори, сега му е мајката на берзата... е од ова поевтини акции неможете ни да сонувате... а тоа го говореше кога МП беше 28,000 а КБ 4500, АЛК 6000... и тн и тн....
Сега во петок да го пуштиш пак исто, па исто: од ова неможе да бидат пониски акциите, највече ризикува тој што не ризикува.... бла бла бла. Така и со инфлацијава од 1996 па навака, стручњаци кои предвидуваа девалвација, крах на Денарот, пропаст на економијата..... ми ги направија ко кокосови ораси, а мене во меѓувреме капиталот ете само за 7 години ми се дуплира! А штедам некаде десетина години! И тоа зборувам влогот дуплиран во Евра! Во овој момент можам да одам воЕу-стандард да си го подигнам влогот и да го конвертирам во Евра, Долари... повеќе од дуплиран од влогот од 2001 навака.... капиш? А ти батка во Австриски банки си добивал процент-два над официјалната инфлација во зоната, кој ти е крив!?:) Мора некој и тоа! Ова малку иронија.... затоа што како што вика zoraxe кобиш! Кобиш а тоа не е убаво!
Види, девалвација!?... Еден ден и ќе има! Тоа сигурно! Со оваа руина од економијата. Секако и Кристијанче еден ден ќе погоди со она неговото: се очекува раст на берзата, само што не почнал растот! (така 3-4 год).... Ама до тој ден ете да сме здрави и живи.... ќе ја преживееме... и јас дури ќе ја преживеам! Ќе претрпам преку ноќ загуба од 4-5,000 Евра, (ако оди на 70) ама вториот ден, ќе ги конвертирам во Евра и не како тебе во Австрија, туку ќе ги однесам во Токуда банка (јапонска со експозитура тука на балканите -на оддалеченост 200 км) за 6-7% годишно Капиш? А во меѓувреме, нема како тебе и како многумина да мислам на пропаста на Европа, Америка, Македонија..... се ќе гори и пропадне како поезијата на Др. Караџиќ.... не! Туку како што вика zoraxe пак ќе го цитирам, ќе си грицкам од каматата.... или ќе ја реинвестирам! Или во реалниот сектор или било каде, ама ќе барам чаре... се, само нема секојдневно да го чекам Армагедон!
Здраво другар. Дали сеуште стоиш зад ова мислење дека денарот е стабилен? Бидејќи јас сакам да штедам некои 250к ден. Уни има некоја најдобра камата моментално од 4,40% за 2 год. Што препорачуваш?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Здраво другар. Дали сеуште стоиш зад ова мислење дека денарот е стабилен? Бидејќи јас сакам да штедам некои 250к ден. Уни има некоја најдобра камата моментално од 4,40% за 2 год. Што препорачуваш?
Од 2012та е мојот пост.... реков тогаш дека некогаш и ќе се случи бум на берзата те Кристијан (кој веќе го заборавивме, а секој петок пропагираше на Алфа инвестирање на берзата) ќе биде во право.... и од друга страна и тоа дека еден ден можеби и ќе девалвира Денарот (иако стабилен е со курсот врзан со Еврото на 61,5 безмалку 20 години)... за првото ќе се изначекаме уште години, можеби и деценија, за второво што прашуваш да ти кажам право незнам. И не само јас што незнам, ми се чини незнае никој дури ни тој што е повикан Богов незнае! Тоа е прашање од милион Долари! Ако ме прашаш мене, мое мислење е дека сеуште нема услови за тоа... дека притисоците сега што се вршат се повеќе од опозицијата, за да прикаже фиаско на досегашните политики и добие нешто политички поени, отколку што е девалвацијата ризик од моменталната состојба со финансиите те во економијата! Сега барем имаме нула инфлација, прикажаа раст на ГДП-то од 3,4% (прогнозите за оваа се исто толку), девизните резерви се стабилни, раснат депозитите на граѓаните во банките, ... така да не гледам поголема причина за девалвација! Но да не бидам погрешно разбран, не верувам дека овој тренд ќе се одржи среднорочно, а камо ли долгорочно! Така да не советувам орочување депозити со долга рочност!.... Оно и каматите се никакви сега! Така да незнам колку се исплати штедење...Но доколку се решиш распрашај се во другите банки... незнам сега какви се условите во Еуростандард Банка, на времето беа најдобри!
 
Последно уредено:

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.720
Поени од реакции
1.477
Здраво другар. Дали сеуште стоиш зад ова мислење дека денарот е стабилен? Бидејќи јас сакам да штедам некои 250к ден. Уни има некоја најдобра камата моментално од 4,40% за 2 год. Што препорачуваш?
Немој најголеми апаши се Уни ! За се и сешто ти земат пари за работи кои во другите банки не се наплаќаат пример ако моја е сметката и ти викам упалти ми ти на моја сметка во ниедна банка нема да ти земат провизија ама затоа уни ќе ти наптатат за тоа. На секое реорочување наплаќат за одржување на сметка рачунајки како да си направил трансакција. Инаку да најдобро е да штедиш во денари ама најди друга алтернатива и убаво види тоа договорот да не биде после абе треба да ти наплатиме и за да ги извадиш парите.
Не е баш така. Доколку еврото "отиде" , шо знам јас каде, ама еве целосно нека се исклучи валутата, обврзниците што ќе ги земеш , нивната валута, ќе биде гарантирна над-државна од институција која ќе го врзе еврото со корпичка на валути или пак обврските ќе бидат ,спогодбено, поделени на земјите членки и деноминирани во соодветната државна валута.. Е сеа , кога имаш ваква ситуација , сакаш твоите побарувања да се кај земја која не е банкротирана, да не е близу банкрот и по можност да има "традиција" на одговорна и дисциплинирана финансиска политика. Грција не е тоа.
Ама, муабетов со еврото и драхмата е , скини-врзи. Веројатноста е многу мала.

Инаку, вториот дел од муабетот ти е чаршиски муабет. Генералниот консензус во врска со таа ситуација е дека последиците врз македонската економија ќе се негативни.
Види не би рекол дека е чаршиски муабет нешто што се изучува како лекција од економијата и дејството на мултипликаторот инаку во моментов наместо да паѓа вредноста на грчките обврзници расте на Волт Стрит абе викам ја нема зима за обврзиници и слични глупости.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.029
Поени од реакции
711
Каква ви се чини состојбата денес за штедење? Денарско или девизно орочено штедење? Има опасност од девалвација?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Каква ви се чини состојбата денес за штедење?
Полоша не била состојбата до сега.

Денарско или девизно орочено штедење? Има опасност од девалвација?
И двете се тапа, каматите се мизерија.

Има опасност од девалвација?
Секогаш постои опасност од девалвација (дури и Кина направи две девалвации за два дена оваа недела).
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.029
Поени од реакции
711
Полоша не била состојбата до сега.



И двете се тапа, каматите се мизерија.



Секогаш постои опасност од девалвација (дури и Кина направи две девалвации за два дена оваа недела).
Ај да речеме дека каматите се небитни, бидејќи сакам да ја орочам заштедата, која ионака не ја користам. Апсолутно ми е јасно дека приносите основ камата ништо нема да ми сменат во моментов.

А дали мислиш дека има реална опасност од девалвација во Македонија? Знам дека тоа е тешко да се предвиди ама барам мислење според економски параметри, што тоа би значело за економијата, државата итн.
Инаку јасно ми е дека живееме во земјата на чудата, само Алиса ни фали.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
А дали мислиш дека има реална опасност од девалвација во Македонија? Знам дека тоа е тешко да се предвиди ама барам мислење според економски параметри, што тоа би значело за економијата, државата итн.
Инаку јасно ми е дека живееме во земјата на чудата, само Алиса ни фали.
Сега пред избори веројатноста за девалвација е 0, јас би рекол и до следната есен исто така. После тоа влегуваме во ризична зона, колку што знам догодина има 400-500 милиони евра долгови за враќање. Плус девизните резерви се климави, за оваа година имаат пад од 250 милиони евра, странските инвестиции се намалени во споредба од лани. Едноставно за мене за камата од 1,8% годишно не се исплати ризикот, до крај на годината планирам да си повлечам тоа ситното што го имам како заштеда во денари и да го потрошам.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
А што е причинава за падот на каматите кај денарското орочено штедење (ако знаеш)?
Вишок на ликвидност на банките, и пад на каматите на благајничките записи... Банките си книжат добивки на товар на оние што имаат депозити.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.029
Поени од реакции
711
Какво мислење имате за Еуростандард банка?

И дали сметате дека може да се очекува пораст на каматите за денарско орочено општо земено?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Какво мислење имате за Еуростандард банка?

И дали сметате дека може да се очекува пораст на каматите за денарско орочено општо земено?
Малце покасно ти одговарам, али еве. Зависи што очекуваш, каматите се тие, можеш да ги разгледаш и да одлучиш ако прв критериум ти се камати. Ако ти е сигурноста, до 30.000 евра ти се осигурани, тоа е друг критериум.
Ако ти се услови, можда најдобри имаат во Еуростандард, зашто на флекси депозитот, (со 0,1 - 0,2% помала каматна стапка од истата рочност кај другите банки, сепак провери) можеш да повлекуваш веќе вложени пари до 500 евра (минимумот за депозит) без притоа да ја изгубиш каматата. Пример, вложуваш на 2 години, а планираш една година, кај друга банка за 1 година ти е 2%, ти имаш 4% за тие две години, со тоа што после 1 година ги вадиш парите со 4% камата, и само мораат да ти останат уште 500 евра уште една година по 4% камата (една финта).
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.967
Поени од реакции
11.777
Малце покасно ти одговарам, али еве. Зависи што очекуваш, каматите се тие, можеш да ги разгледаш и да одлучиш ако прв критериум ти се камати. Ако ти е сигурноста, до 30.000 евра ти се осигурани, тоа е друг критериум.
Ако ти се услови, можда најдобри имаат во Еуростандард, зашто на флекси депозитот, (со 0,1 - 0,2% помала каматна стапка од истата рочност кај другите банки, сепак провери) можеш да повлекуваш веќе вложени пари до 500 евра (минимумот за депозит) без притоа да ја изгубиш каматата. Пример, вложуваш на 2 години, а планираш една година, кај друга банка за 1 година ти е 2%, ти имаш 4% за тие две години, со тоа што после 1 година ги вадиш парите со 4% камата, и само мораат да ти останат уште 500 евра уште една година по 4% камата (една финта).
Каматите се ептен ниски, ама ваљда поарно у банка него дома...
 

Charon

Нинџа
Член од
31 октомври 2010
Мислења
428
Поени од реакции
1.104
Член од
30 август 2012
Мислења
3.287
Поени од реакции
5.453
ај коментар некој што се разбира, како е можно ова од 0.5 до 2.7 да бидат каматите.

камата за евра на 12 месеци:

Комерцијална 0.5%
Еуростандард 1.2%
Алфа 1.5%
Централна кооперативна 2,7% (на 13 месеци)

да не има некоја финта, пример сакам да орочам во Централна кооперативна.
Нема финта, банките на кои им требаат пари за кредитирање ги покачуваат каматите на депозитите .
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Во која валута е најдобро да се чуваат пари во моментов?
Која валута може да се очекува да порасне во следен период, тие што следите повеќе?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom