Девизно или денарско орочено штедење?

  • Креатор на темата ViM
  • Време на започнување
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Катастрофа се каматниве стапки, жива катастрофа.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.964
Поени од реакции
11.767
А што е причината што паѓаат каматите?
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.065
Поени од реакции
3.211
Не видов тема за кредитни картички па овде ќе прашам.

Ме интересира оние што веќе користат кредитни картички да ми објаснат дали има некој скриени трошоци.
Она што всушност ме интересира е освен годишната членарина при редовно плаќање на ратите, дали постои и некој процент што го лапа банката.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Катастофа ова каматите, пред околу 3 години отворив денарско орочено штедење на 3 години, 8% камата на година, секој месец ставав по ХХХ пари околу една година, на првите пари се истечени 3 години значи само на првите пари што сум ги ставил, и скоро кога прашав ми рекоа дека можам веднаш да ги извадам парите и ќе имам камата на СИТЕ ПАРИ, интересно, малце чудно ми е ова.
Ако парите си останат ништо да не се чепка, кога ќе поминат 3 години автоматски се продолжува договорот на исто каматна стапка ??
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
2.540
Катастофа ова каматите, пред околу 3 години отворив денарско орочено штедење на 3 години, 8% камата на година, секој месец ставав по ХХХ пари околу една година, на првите пари се истечени 3 години значи само на првите пари што сум ги ставил, и скоро кога прашав ми рекоа дека можам веднаш да ги извадам парите и ќе имам камата на СИТЕ ПАРИ, интересно, малце чудно ми е ова.
Ако парите си останат ништо да не се чепка, кога ќе поминат 3 години автоматски се продолжува договорот на исто каматна стапка ??
Ќе имаш камата за сите пари, само што на сите пари нема да биде каматата за три години, туку само за времето кое седеле на сметка.
А ако се реорочува автоматски, ќе биде според моментално важечките услови, не според тогашните.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.433
кога ќе поминат 3 години автоматски се продолжува договорот на исто каматна стапка ??
Не, се преорочуваат по новите важечки каматни стапки (кои најчесто се помали).
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.023
Поени од реакции
949
Богов: каматите нема да одат подолу од ова
Компаниите полесно доаѓаат до кредити, особено откако државата го намали задолжувањето на домашниот пазар по издавањето на еврообврзницата. Сепак, гувернерот Богов за АЛФА ТВ објаснува дека Народната банка не очекува натамошен пад на каматите.
07.12.2014 14:51:12
Share on facebookShare on twitter Share on emailShare on print More Sharing Services0
Стопанството ќе добие повеќе свежи пари догодина. Банките ќе продолжат забрзано да го кредитираат приватниот сектор. Гувернерот на Народната Банка, Димитар Богов, за АЛФА вели дека намалувањето на каматите на државните записи и обврзници е сигнал дека Владата има помала потреба да се задолжува на домашниот пазар и притисок врз банките вишокот пари да го вложат во кредити. Така и банките ќе се стекнат со повисоки приноси, и фирмите ќе добијат поволни кредити за финансирање на идните инвестиции.

„Лани во јули кредитирањето на претпријатијата имаше раст од само 0.3% годишно. Од тогаш континуирано се зголемува. Во октомври беше 7.8%. Овој тренд ќе продолжи. Вкупниот кредитен раст наредната година би требало да биде околу 9%, а кредитирањето на претпријатијата да се зголеми за околу 8%“ - вели Богов.

Сепак каматните стапки кои во моментов се на историски најниско ниво, особено оние на станбените и потрошувачките кредити не можат да се спуштат уште подолу. Според Богов, тие веќе го достигнале минимумот. Според последните податоци, во октомври просечната камата на кредитите во денари изнесувала 7.3%, а на депозитите во домашна валута 3.6 отсто.

„Прашање е до каде може да оди намалувањето на депозитите. Тоа е веќе на ниско ниво. Нема уште простор и натаму да се спуштаат каматите во овој дел. Од тука јасно е дека сме на најниско ниво и кај кредитите. затоа мислам дека нема простор за натамошно намалување на каматите - и на депозитите и на кредитите“ - смета Богов.

Неодамна Меѓународниот монетарен фонд им сугерираше на монетарните власти да престанат со натамошно релаксирање на монетарната политика, бидејќи наместо раст на кредитирањето, може се дестимулира штедењето. Богов кој како гувернер неколку пати ја намали основната камата и воведе нестандардни мерки за поголемо кредитирање на нето извозниците и енергетските компании, вели дека состојбата будно се следи и дека и при најмали нерамнотежи ќе се реагира веднаш. Ги потврди и очекувањата за пад на девизните резерви во 2015-та, но вели тие прво растеле поради издавањето еврообврзница, па исплаќањето на обврските догодина е однапред планирано. Смета дека обемот на девизни резерви повторно ќе се врати на ниво поголемо од она во јули годинава кога Владата се задолжи со еврообврзница.

Тања Попова
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.023
Поени од реакции
949
освен советот за орочување не повеќе од 30 000 евра, во една банка, не гледам друго полезно во овие совети или нешто што не е познато. Советот каде што вели земање на камата во моментот кога ќе ги орочиш, поголема глупост не може!
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.287
Поени од реакции
5.453

2.Орочувајте ги вашите средства во Неделата на штедење - избегнувајте ги продолжените акции на банките за орочување, затоа што ваквиот потег може да ви создаде проблеми при повторно реорочување по стимулирани каматни стапки доколку продолжените акции на банките не се повеќе актуелни-- Ова е неточно,банките врз основа дали имаат потреба од депозити или не манипулират со понудите и акциите.

5.Избегнувајте рокови пократки од 12 месеци - ако планирате да штедите на долг рок, единствено заштедите орочени на 12, 24 , 36, 48 и 60 месеци за време на неделата на штедење ви овозможува да ги реорочите вашите заштеди под стимулирани услови и следната година.--- Ова е тешка глупост,никаде не е обврзана банката дека и кога ѓе заврши депозитот е обврзана да даде стимулирани услови.Незнам само што толку се запнале за таа недела на штедење :popce:
А точките 6,7,8 се колку да се има нешто напишано :pijanco:
[DOUBLEPOST=1418589790][/DOUBLEPOST]
Не видов тема за кредитни картички па овде ќе прашам.

Ме интересира оние што веќе користат кредитни картички да ми објаснат дали има некој скриени трошоци.
Она што всушност ме интересира е освен годишната членарина при редовно плаќање на ратите, дали постои и некој процент што го лапа банката.
На што процент мислиш ?
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
385
Поени од реакции
139
kako e podobro da se stedi vo banka vo denari ili devizi i koja banka e posigurna?
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.287
Поени од реакции
5.453
kako e podobro da se stedi vo banka vo denari ili devizi i koja banka e posigurna?
Во денари ти е поисплатливо, но ако ги имаш парите во девизи зависи колку имаш и кој период сакаш да ги штедиш треба да си израчунаш да видиш дали се исплаќа да ги претвориш во денари.
Инаку исто е во било која банка.Депозитите се осигурани 100% за заштеди до 30.000 евра.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.023
Поени од реакции
949
Дали и каматата од банка, со новиве измени ќе биде оданочена???имате ли точни информации?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom